логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 

 Букурешкиот договор е пример како не треба да се прави меѓународен договор

Годинава престанува важноста на Букурешкиот договор, еден од многуте договори со кои е распарчена и поделена Македонија. Проф. д-р Ванче Стојчев, кој почина во 2009 година, автор на книгата „Букурешкиот договор и поделбата на Македонија во 1913 година“,  долги години работеше на оваа студија користејќи многубројни оригинални документи, билатерални договори и меѓународни конференции кои му претходеле на Букурешкиот договор, собирани од најзначајните државни архиви кои ја чуваат архивската документација за Македонија.

- Букурешкиот договор е пример како не треба да се прави меѓународен договор, пример како се измамени народите и државите, пример како се измамуваат помалите држави од соседите, а соседите од уште поголемите држави – категоричен е д-р Ванче Стојчев.

Според професорот, за разбирање на Букурешкиот договор неопходно е изучување на Берлинскиот конгрес кој му претходел, кој е суштински за Букурешкиот затоа што принципите на преговарање на Букурешкиот договор се преземени од принципите на преговарањето на Берлинскиот конгрес. При тоа особено е неопходно пошироко анализирање на членот 23 од Берлинскиот конгрес кој директно се однесува на начинот на решавањето на прашањето на териториите во Балканскиот дел на Отоманската империја кои не се решени со Берлинскиот конгрес, меѓу кои спаѓа и Македонија.

-Целиот проблем започнува со распаѓањето на Отоманската империја. Историски, еден период од 1875 до 1881 година се нарекува Источна криза. Во тој период настанале многубројни востанички па и воени движења на Балканот, а причина за тие движења бил распадот на Империјата. Овој период е значаен за македонското национално-ослободително движење заради тоа што Македонците учествувале во сите револуционерни и востанички движења и во сите војни кои што во периодот на Источната криза се воделе на Балканот. Истата година кога започнува Источната криза 1875 година почнува и Херцеговското востание во кое учествува и една легија Македонци. Година подоцна започнува, 1876, започнува и Српско-Турската војна во која учествуваат голем број Македонци меѓу кои истакнатите војводи како Иљо Малешевски, Ѓорѓија Пулевски, Христо Македонски…Ги истакнувам нив затоа што воделе чети, односно околу 2000 луѓе од Македонија учествуваат во Српско-Турската војна. Во 1877-78 година започнува и Руско-Турската војна па овие Македонци се префрлуваат во Романија каде што било зборното место за собирање на европската руска војска (имало и европска азиска војска) што говори дека во Руската војска учествуваат истите македонски војводи со свои чети. Тие го преминуваат Дунав и почнува Руско-турската војна на територијата на Бугарија. Овие македонски чети главно се претходница или извидница на руските поголеми сили и нивно тежнение е да му помогнат на бугарскиот народ да се ослободи, но исто така и рускиот и бугарскиот народ да помогне да се ослободи Македонија. И тие веднаш по ослободувањето на Софија продолжуваат кон Ќустендил за да навлезат во Македонија.Меѓутоа руската војска, наместо кон Македонија, тргнува кон Цариград (Истанбул) каде Турците се повлекуваат. По диктат на Русите на 3 март 1878 година во местото Сан Стефано е потпишана Санстефанската прелиминарна спогодба со која се ослободува Бугарија од Турција со тоа што таму останува руската војска. Таа руска војска доаѓа до Ќустендил и до Горна Џумаја, денешен Благоевград.Според оваа Санстефанска Бугарија речиси цела Македонија, освен Солун и Халкидик, влегува во состав на Санстефанска Бугарија. Но, со оглед дека руската војска дошла до Ќустендил и Горна Џумаја, територијално Македонија фактички останува под Турска управа, а само по документ е во Санстефанска Бугарија.

 

Ви го пренесуваме и интервјуто на новинарот Миленко Неделковски со професорот Стојчев дадено во емисијата „Лејт најт шоу“ во 2008 година.

Неделковски: Што се случува на Берлинскиот конгрес?

Проф. Стојчев: Согласно одлуките на Берлинскиот конгрес старата Бугарија добива статус на трибутарно кнежевство, источна Румелија добива статус на автономија во рамките на Отоманската империја. Турција останува на Балканот од Албанија до Тесалија. Статус на независност добиваат Црна Гора и Србија, Грција е веќе независна. За Македонија, за Тракија и за Тесалија е речено дека со членот 23 ќе им се даде статус на политичка автономија.

Неделковски: Која е суштината на членот 23?

Проф. Стојчев: Поврзан е со органскиот устав за Крит од 1868 година каде што регулира месни управни власти од месното население кои ќе ги одреди турската влада, а кога ќе се формира таа месна влада ќе побара комисија од големите сили и тогаш тоа ќе биде регуларно прифатено. Тие области ќе имаат и свој гувернер, а гувернерот треба да е христијанин. Ова за Македонија, според членот 23 од Берлинскиот конгрес, значи дека се предвидува статус на политичка автономија во рамките на Осмалиската империја. Што значи локалната управа да е македонска, христијанска  со мешани органи на власта и од македонското и од турското население. Со овој член 23 Македонија е всушност размеѓена, разграничена од другите области со кои се граничи. Затоа е овој член суштински за Македонија, бидејќи сите политички активности од Берлинскиот конгрес наваму се врзани директно за членот 23. За членот 23 е врзано барањето на Димитар Поп Ѓеоргиев –Беровски за време на Кресенското востание за политичка автономија на Македонија во рамките на Империјата. За членот 23 е врзано и формирањето на  Македонската револуционерна организација (ВМРО) бидејќи со тој член таа добива меѓународно правен статус. Со членот 23 исто е поставено барањето на земјите на Балканскиот сојуз во 1912 година Отоманската империја на Македонија да и даде статус на поличка автономија. Осмалиската империја одговара дека ќе и даде на Македонија таков статус во согласност со членот 23, односно дека ќе ги спроведе реформите.Но и покрај ова, сепак, Балканските сојузи одлучиле да поведат војна.

Неделковски: Тогаш, зошто толку многу се форсира Санстефанскиот договор од страна на Бугарите, за разлика од нас кои го маргинализираме Берлинскиот конгрес кој историски гледано е значаен и позитивен за Македонија?

Проф. Стојчев:  Веројатно е недостаток на една научна анализа на меѓународните договори, недостаток на едно континуирано методолошко поврзување на настаните, а мислам и дека голем број на историчари не го запоставуваа овој член, туку и многу често го споменуваа. Меѓутоа, при формирањето на Македонија како автономија тој многу често се споменува, но не се споменуваше за време на Балканските војни, а јас го поврзувам со Букурешкиот договор бидејќи е тој непосредно поврзан со него затоа што на Балканските војни е поставено прашањето за автономија на Македонија во рамките на членот 23 од Берлинскиот конгрес.

Неделковски: Меѓу Берлинскиот конгрес и Букурешкиот договор има три децении? Како е можно работите едноставно да се пресликаат во едно ново историско миље?

Проф. Стојчев: Од Берлинскиот конгрес кој е одржан 1878 година а потпишан на 13 јули па до 10 август 1913 година изминуваат 35 години. За тоа време се случуваат борби на Балканскиот полуостров на христијанските народи за ослободување и за создавање на самостојни држави, а од друга страна распад на Отоманската империја, а од трета големите сили изразуваат свои интереси кон Балканскиот полуостров. Конкретно по територијата која по распадот на Отоманската империја ќе остане на балканците, но балканците треба да бидат продолжена рака на големите сили. Така, секоја од балканските држави која што изразувала претензии кон Македонија во исто време била и продолжена рака на една од големите сили- Автро-Унгарија и Русија во тоа време кои имале главен збор кога се однесува до интересите на Балканот, потоа Франција и Германија и Велика Британија. Во тој период веќе се создаваат двата големи воени сојузи –Антантата (Франција, Велика Британија и Русија) и Централните сили (Германија, Австро-Унгарија и Италија). Тие на свој начин водат борба за привлекување на Балканските држави кон овие големи сојузи. Во исто време Централните сили се борат за проширување на своите колонии и да и се спротистават на Антантата и тежнение за продор кон Исток, за што вложуваат многу средства.Во тој сплет на интереси на големите сили се појавуваат и интересите на големо државни програми на балканските земји.Сите тие големо државни програми присутни се и во почетокот на Балканските војни. Од тука и поддршката на Бугарија со разни територијални ветувања на штета на Македонија. Бугарија всушност ја води најагресивната политика за Балканските војни. Бугарија, Србија во сојуз и Грција имаат исти интереси кон иста територија – Македонија. Заради намалување на интересите на Србија, Италија и Австро-Унгарија  ја создаваат Албанија, по првата Балканска војна. Тоа е уште една поголема причина постигнатите спогодби со балканскиот сојуз да се поништат, особено со Србија, за таа да бара излез на Егејското море затоа што не може на Јадранското.Заради тоа таа го крши договорот со Бугарија постигнат на 29 февруари 1912 година. Тука се бара и причина за започнување на Втората балканска војна. Сите овие војни се водат на етничка територија на Македонија, а македонците учествуваат во сите балкански сили. Се надевале дека Балканскиот сојуз, како што била и нивната пропаганда води борба за ослободување на христијаните. Но, која како тие навлегувала во Македонија (Прва Балканска војна) веднаш воспоставувала окупациона власт на територијата на Македонија на која пристигнале нејзините војски. Ревизијата на Бугарско-српскиот сојуз Бугарија не ја дозволува, па Србија во сојуз со Црна Гора и Србија војува со Бугарија. Ним им се приклучуваат и Романија и Турција, па Бугарија е доведена во ситуација да е згазена и уништена. Бара помош од Русија и Австро-Унгарија за војната а другите пак помош за поделба на Македонија.И токму Балканските војни се започнати за поделба на територии, особено за поделба на Македонија.Македонија е делена паралелно со воени дејства, како тие напредувале така биле поставувани границите. Затоа по интервенција на големите сили донесена е одлука да се прекинат борбите и да се започнат преговори за поделба на територијата, за поделба на Македонија.Преговорите започнуваат на 27 јули 1913 година. Се планирало договорот да трае многу кратко, бидејќи Бугарија е принудена да капитулира и од страв да не навлезат победниците на нејзина територија да прифати да потпише се што се барало од неа. . Затоа е прифатено преговарање во Букурешт и тоа без ситуација на мировна состојба. Ете во такви услови е донесен Букурешкиот договор со кој во 1913 година е поделена Македонија.

Неделковски: Што се случило во таа ситуација на закана и принуда?

Проф. Стојчев: Има еден измамнички аспект. Австро-Унгарија и Русија и ветувале на Бугарија да потпише тоа што ќе се бараат од неа Србија и Грција, а за возврат по завршувањето на војните тие две држави ќе бараат ревизија на договорот и ќе се исправат дотогашните грешки. Исто како што со Санстефанскиот договор се ревидирани одлуките на Берлинскиот конгрес. Од тој аспект Букурешкиот договор ја нема меѓународната важност, е краткотраен, затоа што тие морале да го потпишат тоа што го барале од нив.

Неделковски: Што мислите дали е можно Македонија некогаш да ги има сите свои делови?

Проф. Стојчев: Па ние ги имаме сите делови, само прашање е да бидат сите наши. Кон тоа се тежнее со евроинтеграциите, со тргнувањето на границите. Но за да биде Македонија она што била неопходно е свеста за националната припадност кај Македонците да се подигне на многу повисоко ниво. Имено, не е доволно да се има чувство, да се биде Македонец, туку треба да се познаваат сите белези на македонската нација.

 

 Извор: http://toppost.mk/2013/06/23/%d0%b1%d1%83%d0%ba%d1%83%d1%80%d0%b5%d1%88%d0%ba%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%b4%d0%be%d0%b3%d0%be%d0%b2%d0%be%d1%80-%d0%b5-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d0%bc%d0%b5%d1%80-%d0%ba%d0%b0%d0%ba%d0%be-%d0%bd%d0%b5-%d1%82/#more-7055



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Април 08, 2019

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое…
Март 28, 2019

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е токсичен. Употребуван е во електронската индустрија и за изработка на стакло. Исто така е употребуван и во отров за глувци и инсектициди. Лорандит или талиумов арсеничен…

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Мар 24, 2019 Ликовна уметност 164
Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Мар 07, 2019 Литература 173
Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот…

Срамота е младите да знаат повеќе странски, отколку македонски јазик

Фев 22, 2019 Литература 249
Foto
Младите подобро ги познаваат странските јазици одошто македонскиот јазик. Со цел да си…

Беседи

БEСEДА  за живата надeж

БEСEДА за живата надeж

Нo, кoј дeнeс им пoкажа живo надeвањe на луѓeтo, кoј и какo? Апoстoлoт Пeтар oдгoвара на oва прашањe: “Гoспoд наш Исус Христoс и тoа сo вoскрeсeниeтo oд мртвитe. Никoј друг...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Ајде повторно и оваа година – како во годините наназад, на Нејзиниот ден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило „Богородице Дево...“ Оваа молитва, за нас раслабените, е последна...

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј...

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Ете она што дојде да нѐ повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува...

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа...

« »