логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Последниве години локалитетот Долен град на Калето многупати беше предмет на расправа меѓу археолозите и заштитарите, од кои дел се категорични дека локалитетот што е доста широк (80.000 квадратни метри) во добар дел е затрупан со изградбата на неколку нови објекти во непосредна близина на тврдината
  
 
 
И покрај алармирањето на дел од археолозите за изградбата на новите објекти врз локалитетот Долен град што се протега во широк појас околу тврдината Кале, од Управата за заштита на културното наследство велат дека најважниот потег од локалитетот е истражен и соодветно заштитен.
- На Долниот град на Калето, кој се наоѓа меѓу првиот и вториот бедем на тврдината, поточно меѓу осветлениот и стариот бедем, се направени ревизиони археолошки истражувања, канални сонди и се пронајдени остатоци на градби од 12 век. Откриени се и движни артефакти од средновековниот период, но не во големи количества, кои ќе бидат изложени во музејот што се гради на Калето. Недвижните наоди што остануваат на самото место ќе бидат конзервирани, реставрирани, реконструирани - вели директорот на Управата за заштита на културно наследство, Паско Кузман.
За локалитетот што се наоѓа надвор од тврдината Кузман вели дека, всушност, станува збор за „подградието“ на Калето, каде што уште не почнале да работат, но дека таа локација е заштитена и чека да се почне со ископувања.

Неповратно затрупана историја

Последниве години локалитетот Долен град многупати беше предмет на расправа меѓу археолозите и заштитарите, меѓу кои дел категорично тврдат дека тој е многу поширок и дека практично е затрупан со изградбата на новата управна зграда на „Водовод и канализација“, Музејот на холокаустот, новиот театар, Музејот на македонската борба и комплексот Археолошкиот музеј и Филхармонијата.
- Факт е дека стручната јавност ја премолчи загубата на огромни културни ресурси од наследството на Скопје и на Република Македонија. Доколку се пронајдени археолошки артефакти или темели од стари објекти при градењето на споменатите објекти, тие не се пријавени и објавени. Познато е дека кога над некој локалитет ќе мине булдожер, тој засекогаш и неповратно е загубен за науката. Ако се има предвид дека на ниту една од овие локации претходно немало археолошки ископувања, се поставува прашањето дали Скопје и Македонија загубија дел од своето богато културно наследство - вели археологот Василка Димитровска.
Како споредба, таа посочува неколку светски примери на поинаков третман на градежните локации што имаат статус на археолошки наоѓалишта.
- Доволни се примерите од Сеул или од Пекинг, кои се градови со огромно културно наследство. Во медиумите може да се види како едни до други работат градежници и археолози, со тоа што археолозите напредуваат пред работниците, внимателно истражувајќи го теренот, а потоа кажуваат каде смее да се продолжи со расчистување. Ваквиот начин на работа овозможува археолозите да стекнат увид во најстарата историја на еден град, и тоа без поголеми материјални трошоци - подвлекува Димитровска.
Ваков принцип на работа најавуваше и Управата за заштита на културното наследство, но само за локацијата каде што се градеше објектот на управната зграда на „Водовод и канализација“, каде што беше препорачан надзор од стручно лице, под претпоставка дека се можни археолошки наоди.

Долниот град - слика на животот на обичните луѓе

Според податоците на историчарите, градот на средновековното Кале се ширел и на падините околу тврдината. Археолозите претпоставуваат дека скопскиот Долен град се протегал на површина од најмалку 8 хектари или 80.000 квадратни метри.
- Секаде каде што се ископува, таканаречениот Долен град е скапоцен извор на информации за секојдневниот живот: за начинот на живеење, обредите, трговијата, занаетите, производството, алатите и садовите што се користеле, дури и за храната што ја користеле. Ако во Горниот град ги гледаме официјалната слика за градот, државните градби и официјалните институции, во Долниот град се гледа битот на населението - вели д-р Војислав Саракински од Катедрата по историја при УКИМ.
Тој укажува на тоа дека со девастирањето на овој локалитет ги губиме сите податоци што се однесуваат на секојдневниот живот на средновековните скопјани.
- Ако нешто се изгради врз локалитет, тој веќе не може да се истражува, барем додека новата градба не се урне, а и тогаш, поради копањето темели за новите градби, тешко дека локалитетот ќе биде онаков каков што бил претходно- подвлекува Саракиновски.

Извор: Нова Македонија

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Јули 04, 2019

Рабиндранат Тагоре:„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици. Поезијата на Рабиндранат Тагоре, индиски книжевник, филозоф и драматург, е сплетена од стихови кои го докажуваат тоа.Творечкиот опус на овој книжевник го чинат 1000 поеми,…
Јули 02, 2019

Петтата сесија на Охридската школа на природното право

Првата сесија од овој настан ја отвори акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ. Тој ја потенцираше значајноста на овој настан, кој, како што рече, се одржува на истото место каде е основана МАНУ во…

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Мај 18, 2019 Филм, Театар 206
Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков…

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Апр 08, 2019 Друго од култура 415
Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 564
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »