логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Локалитетот Грнчарица најстарата рано неолитска населба


Штип, 19 ноември (MИA) - На локалитетот „Грнчарица“ во близина на селото Крупиште, е откриена рано неолитска населба во Македонија.

Според тимот археолози што работи на локалитетите долж цевководот на Хидросистемот „Злетовица“, станува збор за најголемото откритие од каменото време.

- Со поставувањето на првите сонди наидовме на предмети и керамика што всушност го определувааат овој локалитет и го лоцираат во неолитот, некаде околу 6.000 години п.н.е. Претпоставките се дека станува збор за локалитет од првата фаза на неолитот што досега не можевме да ја фатиме поради што овој локалитет е многу значаен и во понатамошните истражувања во поврзувањето на сите фази од неолитот, изјави Трајанка Јовчевска раководител на археолошкиот тим.

 - Веќе сме влезени во живеалиште, куќа од времето на неолитот, со преградни ѕидови карактеристични за тоа време, но колку ќе успееме со овие заштитни ископувања да истражиме една цела куќа е отворено прашање бидејќи ние во основа не знаеме како изгледале куќите во раниот неолит, објасни Јовчевска.

Истражувањата на локалитетот „Грнчарица“ ги отежнуваат и последните врнежи поради што се работи со прекини.

- Во услови на дожд е многу тешко да се работи со оглед на тоа дека станува збор за населба од неолитот во кој немаме некоја цврста градба туку се следат нијансите на земјата, единствена олеснителна околност е тоа што конструкцијата на целата населба е направена на карпа, а не на земја поради што барем не ги губиме основите, додаде Јовчевска.

Јовчевска нагласи дека огништето на луѓето од каменото време било надвор од куќите. На истражувањето на ранонеолитската населба и на римската некропола на локалитетот „Грнчарица“ работат околу 30 луѓе. „Грнчарица“ е еден од 20-те археолошки локалитети што треба да се истражуваат долж цевководот на Хидросистемот „Злетовица“.

Раководителот на археолошкиот тим Трајче Нацев истакнува дека ова е најголемата археолошка акција во Источна Македонија која ќе трае се до септември 2008 година. вд/гс/9:08



Откриената куќа ќе фрли повеќе светлина на начинот на живеење пред шест илјади години

Иван Бојаџиски

Штип - Населба од најраната фаза на неолитот, единствена од таков вид во Македонија е пронајдена во близина на Штип. Екипа археолози, која работи на теренот во близина на селото Крупиште, населбата ја детектира кај месноста Грнчарица.

- Имавме голема среќа да наидеме на локалитет од исклучително значење за археолошката наука, доста редок на нашите простори. Теренот е каллив и мошне тежок за работа поради обилните дождови, а археолошкиот материјал го нема на површината бидејќи е сконцентриран во подолните слоеви, вели археологот Трајанка Јовчевска, раководител на проектот.

Јовчевска потенцира дека сондирањето на теренот на кој е лоцирано археолошкото наоѓалиште покажало оти се работи за најстарата населба од времето на неолитот во нашава држава. Таа е дел од првата фаза на Амзабегово-Вршничката група која археолозите досега не можеле да ја фатат во пошироки рамки. Таа твди дека токму поради тоа важноста на овој локалитет за археолошката наука е мошне голема.

- И покрај лошите состојби на теренот на кој работиме ние настојуваме да извадиме што повеќе материјал преку кој добиваме податоци за поврзување на сите фази значајни за Амзабеговско-Вршничката група. Досега откривме керамички предмети кои прецизно определуваат дека се работи за населба од раната фаза на неолитот. Со поставување повеќе сонди имавме среќа да налетаме на живеалиште и веќе сме влезени во објектот-куќа за живеење со преградни ѕидови поради што имаме определени индикации за градењето на куќите. Досега немаме сознанија како изгледале куќите од тоа време шест илјади години пред нашата ера, вели Јовчевска.

Археолошките истражувања се вршат на теренот на кој е предвидена изградбата на цевководот од Пробиштип кон Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово преку кој е предвидено да се транспортира водата од хидросистемот „Злетовица“. Откако на тој потег се открија археолошки остатоци работите на цевководот на тој дел беа стопирани а на теренот се најде археолошка екипа од шестмина археолози и петнаесеттина работници. Владата одобри 11 милиони денари за археолошките истражувања.

Извор: Утрински весник

 

Позлатена мермерна глава откопана во Стоби

Главата е пронајдена падната покрај една од засведените ниши на Римскиот форум и иако е во неколку дела, може целосно да се реконструира


Позлатена мермерна глава пронајдоа археолозите истражувајќи го Римскиот форум, кој во минатото служел како плоштад на античкиот град Стоби, кај Градско. Главата е пронајдена падната покрај една од засведените ниши на објектот. Иако е во неколку дела, може целосно да се реконструира.- Пронајдокот е единствен во поширокиот регион. Тоа зборува колкав бил подемот на Рим на овие простори и колкаво значење имал овој град во тоа време - вели археологот Мила Шурбаноска, раководителка на ископувањата.

Според првичните податоци, археолозите може само да потврдат дека скулптурата била изработена во 2 век, од бел, ситнозрнест мермер. Ликот и косата се прецизно изделкани и измазнети. Делови од образот, усните и носот се црни, веројатно од пожарот во античко време, што бил предизвикан кога била скршена скулптурата. Тогаш веројатно изгорел целиот Форум. pozlatena.glava1.jpg

Бидејќи засега не се пронајдени други елементи од скулптурата, археолозите немаат атрибути според кои би можеле да оценат кому му била посветена. Откако била изработена, била премачкана со црвена боја и целата била облепена со тенки листови од злато. Ако загледате повнимателно, ќе ги видите убаво нацртаните веѓи. Истражувачите очекуваат во земјата да пронајдат уште делови од скулптурата, бидејќи се' уште не е детаљно истражен просторот од каде што излегла глава.

Плодната почва во Римскиот форум деновиве дала уште два ексклузивни предмета, пронајдени независно од главата - позлатена мермерна рака, која држи нешто во дланката и позлатен мермерен кантарос (чаша со две рачки од која се пиело вино).

- Штом граделе ваков објект, богато украсен со скулптури, покажува какво значење имала Македонија, првата римска провинција во тоа време - објаснува Шурбаноска.

Истражувајќи го објектот, археолозите пронајдоа големи камени плочи наредени на подот. Археологот Антонио Јакимовски претпоставува дека на нив биле поставени гредите на кои се потпирал внатрешниот трем на Форумот. Така, граѓаните можеле да шетаат и во засведен дел од објектот, на чии ѕидови имало ниши украсени со скулптури. Јакимовски тврди дека Форумот е еден од најрепрезентативните и најдобро зачувани објекти од римскиот период во регионот.

 

Истражувањата на Римскиот форум ќе траат до средината на декември. Се реализираат во рамките на проектот „Археолошка и туристичка валоризација на античкиот град Стоби“ што го финансира Министерството за надворешни работи на Италија, во соработка со невладината организација ЧИСС од Палермо и Музејот на Македонија. Истражувањата траат веќе три години и досега покажаа дека Форумот, градба од 2 и 3 век, имал монументален отворен влез, составен од три столба високи 7 метри, на врвот споени со аркади.

Горан Бошков, претставник на ЧИСС за Македонија вели дека ќе се обидат да продолжат да ги финансираат ископувањата. Тој додава дека е многу полесно да се обезбедат пари за заштита на објектот. pozlatena.glava.jpg

Во ископувањата, покрај Шурбаноска и Јакимовски учествуваат и нивниот колега Горан Санев, Мирослав Димовски, фотограф, Петар Ризов, препаратор, Катарина Каспинова, документатор и Костадин Саздов, архитект.

Новите пронајдоци завчера ги видоа и Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, Мери Аницин-Пејоска, директорка на Музејот на Македонија и Перо Јосифовски, програмски директор на музејот.

Форумот бил широк 23 метри, долг 35 метри. Ѕидовите на објектот се зачувани до 5,5 метри во височина. Според археолозите, изградбата на Форумот веројатно почнала кон крајот на 1 век, кога градот доживеал голем економски подем. Кон крајот на 3 век заедно со другите објекти во градот бил опожарен, а скулптурите насилно искршени. Археолошки, уништувањето на објектот се врзува со наездата на Готите во 268 и во 269 година. Потоа објектот бил напуштен, а кон крајот на 4 век врз него бил подигнат внатрешниот градски бедем.

Весна Ивановска
 


Скопје, 13 ноември (МИА) - По повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, во Музејот на Град Скопје вечер ќе биде одржана деветтата по ред манифестација АСК-Архитектура Скопје 2007.

Се работи за изложба на која ќе бидат презентирани 14 труда, реализирани објекти, ентериер и проекти, кои се избрани од пристигнатите дваесет труда. Селектор на делата за годинашната манифестација е архитект Миодраг Радоњиќ-Бато.

На 19 ноември жирито на АСК ќе ја додели Наградата за архитектура на Град Скопје за 2007 година и уште неколку признанија. Според правилата на АСК, наградата се доделува за изведен објект на територијата на Скопје во оваа година. хс/паг/9:25


Истражувања на тврдината во Градиште


- На двата објавени меѓународни тендери за модификација на дрвото од коешто треба да се изгради музејот на вода - наколната населба од бронзено време кај Градиште, не се јави ниту една фирма. Сега треба да се направи директен договор со некоја фирма во странство и тоа мора да се случи до крајот на годинава, вели директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман.

Тој објаснува дека преку модификацијата, дрвото треба да се направи отпорно на водата, да биде зацврстено преку посебна постапка. Најголеми изгледи за склучување директен договор за модификација на дрвото имала компанија во Хрватска, а се размислува и за Турција.
Кузман најавува дека до крајот на годината треба да се изведат археолошки ископувања на тврдината кај Градиште, а на почетокот на идната година таа треба да се конзервира и реставрира.

- Оваа тврдина е замислена како привлечна дестинација за туристите кои ќе го посетуваат музејот на вода. Во план е и да почне да се гради копнениот пристап до музејот на вода. Копнениот пристап ќе биде изграден од камен. Замислата е просторот да биде збогатен со објекти во коишто ќе се продаваат билети за музејот на вода, експонати, односно копии од пронајдените наоди, а ќе има и канцеларија за вработените во музејот на вода, додава Кузман.

Дрвото од кое ќе бидат изработени реконструирани наколни живеалишта од бронзеното време, веќе е набавено. Ќе се возобноват седум куќички, а Музејот на вода, финансиран од Владата, за јавноста ќе биде достапен кон крајот на 2008 година.

(А.Ј.)

 

Проект: Центар за литургиски уметности „Св Јован Крстител“


ИГОР КОТЛАРОВСКИ



Музејскиот и археолошки пристап кон сопственото културно и духовно наследство во изминатите години доведе до умртвување и заробување на голем број уметнички дела со литургиска функција и повеќето од нив се чуваат како мртви експонати на кои им е одземена можноста да имаат сопствен живот во склад со намената за која се создадени.

Литургиското творештво е премногу поврзано со литургијата, за да може да се смести во некаков стил, или да се разгледува надвор од неа. Тоа бара однос кон него како кон „жив организам“ кој има способност да ги преобразува сите и сe што ќе дојде во чист допир со него. Оттука се појавува потребата ос постоење центри каде со научна и духовна зрелост правилно ќе се сфати и протолкува ваквата уметност и ќе се пронаоѓаат механизми за продолжување на творечкиот процес.

Во таквиот центар би биле истражувани и документирани повеќето артефакти кои како потреба произлегле од литургискиот живот на Црквата на овие простори, а тоа значи враќање на нивната основна функција и продолжеток на создавање дела од таква природа. Живото присуство и функционирање на овој центар ќе доведе до правилно разбирање и вреднување на богослужбените уметности, а негова крајна цел е повторно воспоставување органско единство на литургијата со од неа произлезеното творештво. Таквата уметност со векови ја символизира смислата на нашето постоење.


 
Преземи ги pdf фајловите со подетален приказ на Центарот: „Св Јован Крстител“ со нацрт план на истиот:


 

ИГОР КОТЛАРОВСКИ


Новиот Соборен храм во Струмица


   Во однос на духовниот свет, Црквата, секогаш жива и творечка, воопшто не бара заштита на старите форми како такви, и не се спротиставува на новите, како такви. Црковното поимање на уметноста беше, е и ќе биде секогаш само - реализам. Тоа значи дека Црквата како столб и тврдина на Вистината, бара само едно - вистина. А дали е вистината во стари или нови облици, Црквата за тоа не прашува, туку секогаш за тоа бара доказ дали е нешто вистинито и, ако е докажано, го благословува и гo вложува во својата ризница на вистината; а ако не е даден доказ - го отфрла...


...Канонот никогаш на служел како пречка и строгите канонски облици во сите области на уметноста секогаш биле само точило на кое се кршат недаровитите, а острат вистинските таленти.

П.Флоренски
 
   Проектот за соборениот храм во Струмица, посветен на Успение на Пресвета Богородица, преставува обид за создавање на простор за вршење богослужба. Имајќи ги предвид каноните на православното градителство како совршена мера и средство, како и нивното правилно користење, се избегнува опасноста од каков било маниризам на старите храмови. На тој начин се доаѓа до оригиналност на делото, која е еден од главните услови тоа да биде живо и вистински убаво. Црковната архитектура не е некаков стил, својствен за одредено место и време. Таа е пред сe обид да пронајде сe што е вистински вредно во сите
стилови на таа епоха и на тоа место, и пуштајќи го низ својот метаболизам, да го преобрази и осмисли со вечни вредности.
   Местоположбата на овој храм е во централното градско подрачје, каде со својата монументална композиција составена од петкуполно централно решение во впишан крст со странични капели и трем, треба да постане оска околу која ќе гравитираат останатите градби, секогаш сфатени како дел од целината. Корисната површина на објектот е околу 1600м2 со висина од 30м до темето на куполата.
Самиот храм во себе ги содржи главните архетипови, својствени за црковната архитектура на овие простори. Користејќи се со нив се создава една органска целина, која не
допушта да биде разгранета на само еден од нив. Квадратот, крстот и сферата се во заемно проникнување и надополнување, преку кои јасно се отсликува единството на Црквата и тајната на нејзиното историско и вечно постоење. Правилното користење на пропорциите на конструктивните елементи, распоредот на светлината и употребата на природните материјали го обликуваат просторот и создаваат Тело во кое Литургијата ќе може непречено да се извршува, како суштина и смисла на секој храм.



Игор Котларовски
Андреј Лазаров
Александар Рајчевски


НАГРАДИ ЗА АРХИТЕКТУРА



Васил Иљов и Јордан Чешмеџиски се закитија со "Јустинијан"




Признанијата традиционално ги доделува Здружението на архитекти на град Скопје



Архитектот Васил Иљов и фотографот Јордан Чешмеџиски се годинашни добитници на наградата за архитектура, која традиционално ја доделува Здружението на архитекти на Град Скопје.
На вчерашното врачување на наградите што се случи во холот на МРТВ, директорот на оваа национална телевизија, Борис Ставров рече дека архитектите треба да ја зачуваат архитектонската традиција и естетика на оваа земја.
Архитектот и фотограф Јордан Чешмеџиски наградата "Јустинијанова порта" ја доби за изложбата "Минато сегашно", која изминатата година беше претставена во Софија. Тоа беше прва изложба, по цели 35 години, претставена во странство, во која во фокусот ја има старата скопска архитектура. Чешмеџиски е награден и за долгогодишната работа во областа на фотографијата и тој важи за првиот фотограф чиј објектив е насочен кон старата архитектура.
Васил Иљов ја прими наградата "Повелба - Љубен Најдов" за неговиот теоретски и практичен придонес за афирмација на македонското градителско наследство.
- Со оваа награда Здружението на архитеките на град Скопје му се одолжува на Иљов, за големиот придонес што го дава последните 30 години во претставувањето на вистината за македонската цивилизација, рече Вангел Божиновски, претседател на Здружението.
На свеченоста беше возобновена и традиционалната награда "Куќа која сонува", која ја доделува националната телевизија за најуспешен индивидуален станбен објект кој го следи духот на традицијата.
(А. Ј.)

Фото:Д.АНДОНОВСКИ


 


Мочуриште го голта римскиот аквадукт


ЗНАЧАЈНИОТ СПОМЕНИК ПРОПАЃА ПОРАДИ НЕГРИЖА

Мочуриште го голта римскиот аквадукт

Водата не е некој голем проблем, бидејќи се создава само по дожд и се повлекува по два-три дена, велат од скопскиот Центар за конзервација


Неколку столба од римскиот аквадукт во Бутел по секој поголем дожд до половина се во вода, која ги нагризува и ги оштетува. Веќе неколку години до Аквадуктот има мочуриште обраснато со треви, гранки и жабурници, чие ниво се покачува по врнежи. Културно-историскиот споменик датира од римскиот период, изграден за снабдување на градот со вода за пиење. Објектот, кој е направен од камен и тули, има импресивна големина. Долг е околу 400 метри, а имал 200 лака, од кои денес се зачувани 55.

Иако има огромно културно-историско значење, импресивниот споменик воопшто не е афирмиран меѓу граѓаните и туристите. Локацијата на која се наоѓа е запуштена, обрасната со треви и коров. Поради негрижата, на дел од столбовите има видливи оштетувања, распаднати камења и искршени тули. За анонимноста на Аквадуктот најмногу придонесува непостоењето на пристапен пат до градбата и патокази што ќе ги насочуваат луѓето. До Аквадуктот се стасува преку ливади на кои месното население го напасува добитокот.

- Мочуриштето постои веќе четири години и редовно поплавува три-четири столба од Аквадуктот. Не знам точно од што се создава. Може да е од реката Серава или од некоја водоводна мрежа, но важно создава проблеми - раскажува вработен со долг стаж во касарната „Илинден“.

Од скопскиот Центар за конзервација објаснуваат дека генерално Аквадуктот се наоѓа во добра состојба и не е неопходна темелна реконструкција. Според директорот Јани Антониев, за конзервација на Аквадуктот се потребни многу пари, кои Министерството за култура не може да ги обезбеди.

- Мочуриштето не е некој голем проблем, бидејќи се создава само по дожд и се повлекува по два-три дена. Со вработените во касарната неколкупати правевме одводен канал за водата, но цевките секогаш се затнуваат со гранки и кал. Годинава ќе правиме сондажни истражувања на објектот и притоа ќе се обидеме да го средиме и мочуриштето - вели Антониев.

Според него, најважно е прво да се направи пристапен пат до објектот и да се уреди неговата околина, а потоа да се размислува за евентуална реставрација.

Општинските власти од Бутел веќе имаат готов проект за уредување на просторот околу Аквадуктот. Според него, околу споменикот ќе се направат уредени пешачки патеки и големо шеталиште за посетителите. Ќе има и отворена сцена на која ќе се одржуваат културни манифестаци. Проектот предвидува комплетно осветлување на Аквадуктот и неговата околина. Но, за неговата реализација општинските власти чекаат Градот да го измени Генералниот урбанистички план на Скопје, по што Општината ќе може да донесе детален план за локацијата.

- Во спротивно, се' што ќе изградиме ќе биде бесправно направено. Проектот го доставивме до Управата за заштита на културното наследство, која треба да ги координира активностите на сите институции надлежни околу Аквадуктот. За нашиот проект се заинтересираа и странски донатори, кои сакаат да инвеститраат во уредувањето на просторот околу објектот - вели Снежана Клинчарова, портпаролка на Општина Бутел.

Градските власти можноста за промоција на Аквадуктот ја гледаат во довршувањето на булеварот Словенечка, кој треба да го олесни пристапот до него.

„Синтезис“ ќе донесе посетители

Етногрупата „Синтезис“ денеска во 13 часот ќе одржи концерт кај Аквадуктот, со бесплатен влез за посетителите. Настапот на „Синтезис“ е прв од планираните осум низ земјава со кои треба да се промовираат нашите културно-историски споменици и локалитети. Според организаторите, концертите се организираат за да ги заживеат веќе заборавените споменици што имаат големо значење за македонската историја.

До римскиот аквадукт се стигнува преку булеварот Словенечка кој е во изградба, и тоа од страната на Бутел. Возилата може да минуваат преку асфалтираниот дел од коловозот, па веднаш по новиот мост на реката Серава да свртат лево, од каде по земјен, необележан пат се стасува до Аквадуктот.

Даница Тунтевска
 


 
Концерти на „Синтезис“ во „заборавените“ места во Македонија


„Синтезис“ ја започнаа својата концертна турнеја со мотото „Заживување на заборавените места во Македонија“. Во саботата, на 5 мај, на локалитетот кај римскиот Аквадукт, крај Скопје, го одржа својот прв концерт, каде што нивната музика прозвучи величествено и природно во древниот амбиент. Следуваат концерти во Струмица, на локалитетот Струмин Гроб, Чифте-амам во Скопје, Исар кај Штип, Хераклеја - Битола, Матка - Скопје, Витолиште - Прилеп и Стоби - Велес.


ВОДОЧА - НАЈБОГАТ ЛОКАЛИТЕТ НА СРЕДНОВЕКОВНА КЕРАМИКА НА БАЛКАНОТ

 


Струмица, (МИА) - Археолошкиот локалитет во дворот и околината на средновековниот манастирски комплекс "Свети Леонтиј" во Водоча, според наодите на археолозите од Заводот за заштита на спомениците на културата, природните реткости и Музеј во Струмица, како и според бројот и разновидноста на ископаните предмети од керамика, претставува најбогато вакво наоѓалиште не само кај нас, туку и на Балканот.
На овој локалитет во текот на последните неколку години се истражени стотина нови некрополи од 14 до 16 век, остатоци од водовод и манастирска бања, темели на ранохристијански цркви од 5 и 6 век, при што е пронајден и евидентиран богат керамички материјал, кој го надополнува мозаикот за културно-историскиот и духовниот живот на овој регион низ вековите.
Инаку, покрај целосното заокружување на истражувањата сврзани со и околу Водочкиот манастир, со програмата на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј во Струмица, која е финансирана од Министерството за култура на Република Македонија, се опфатени и археолошки ископувања на локалитетот Орта Џамија, под која се пронајдени темели на ранохристијанска базилика, потоа на познатиот комплекс Цареви кули, средновековна тврдина во непосредна близина на градот, на локалитетот околу црквата "Свети четириесет севастиски маченици" и Римската терма во Бања-Банско кај Струмица. ив/паг/09:42

Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Април 08, 2019

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое…
Март 28, 2019

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е токсичен. Употребуван е во електронската индустрија и за изработка на стакло. Исто така е употребуван и во отров за глувци и инсектициди. Лорандит или талиумов арсеничен…

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Мар 24, 2019 Ликовна уметност 164
Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Мар 07, 2019 Литература 172
Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот…

Срамота е младите да знаат повеќе странски, отколку македонски јазик

Фев 22, 2019 Литература 249
Foto
Младите подобро ги познаваат странските јазици одошто македонскиот јазик. Со цел да си…

Беседи

БEСEДА  за живата надeж

БEСEДА за живата надeж

Нo, кoј дeнeс им пoкажа живo надeвањe на луѓeтo, кoј и какo? Апoстoлoт Пeтар oдгoвара на oва прашањe: “Гoспoд наш Исус Христoс и тoа сo вoскрeсeниeтo oд мртвитe. Никoј друг...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Ајде повторно и оваа година – како во годините наназад, на Нејзиниот ден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило „Богородице Дево...“ Оваа молитва, за нас раслабените, е последна...

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј...

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Ете она што дојде да нѐ повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува...

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа...

« »