логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Позлатена мермерна глава откопана во Стоби

Главата е пронајдена падната покрај една од засведените ниши на Римскиот форум и иако е во неколку дела, може целосно да се реконструира


Позлатена мермерна глава пронајдоа археолозите истражувајќи го Римскиот форум, кој во минатото служел како плоштад на античкиот град Стоби, кај Градско. Главата е пронајдена падната покрај една од засведените ниши на објектот. Иако е во неколку дела, може целосно да се реконструира.- Пронајдокот е единствен во поширокиот регион. Тоа зборува колкав бил подемот на Рим на овие простори и колкаво значење имал овој град во тоа време - вели археологот Мила Шурбаноска, раководителка на ископувањата.

Според првичните податоци, археолозите може само да потврдат дека скулптурата била изработена во 2 век, од бел, ситнозрнест мермер. Ликот и косата се прецизно изделкани и измазнети. Делови од образот, усните и носот се црни, веројатно од пожарот во античко време, што бил предизвикан кога била скршена скулптурата. Тогаш веројатно изгорел целиот Форум. pozlatena.glava1.jpg

Бидејќи засега не се пронајдени други елементи од скулптурата, археолозите немаат атрибути според кои би можеле да оценат кому му била посветена. Откако била изработена, била премачкана со црвена боја и целата била облепена со тенки листови од злато. Ако загледате повнимателно, ќе ги видите убаво нацртаните веѓи. Истражувачите очекуваат во земјата да пронајдат уште делови од скулптурата, бидејќи се' уште не е детаљно истражен просторот од каде што излегла глава.

Плодната почва во Римскиот форум деновиве дала уште два ексклузивни предмета, пронајдени независно од главата - позлатена мермерна рака, која држи нешто во дланката и позлатен мермерен кантарос (чаша со две рачки од која се пиело вино).

- Штом граделе ваков објект, богато украсен со скулптури, покажува какво значење имала Македонија, првата римска провинција во тоа време - објаснува Шурбаноска.

Истражувајќи го објектот, археолозите пронајдоа големи камени плочи наредени на подот. Археологот Антонио Јакимовски претпоставува дека на нив биле поставени гредите на кои се потпирал внатрешниот трем на Форумот. Така, граѓаните можеле да шетаат и во засведен дел од објектот, на чии ѕидови имало ниши украсени со скулптури. Јакимовски тврди дека Форумот е еден од најрепрезентативните и најдобро зачувани објекти од римскиот период во регионот.

 

Истражувањата на Римскиот форум ќе траат до средината на декември. Се реализираат во рамките на проектот „Археолошка и туристичка валоризација на античкиот град Стоби“ што го финансира Министерството за надворешни работи на Италија, во соработка со невладината организација ЧИСС од Палермо и Музејот на Македонија. Истражувањата траат веќе три години и досега покажаа дека Форумот, градба од 2 и 3 век, имал монументален отворен влез, составен од три столба високи 7 метри, на врвот споени со аркади.

Горан Бошков, претставник на ЧИСС за Македонија вели дека ќе се обидат да продолжат да ги финансираат ископувањата. Тој додава дека е многу полесно да се обезбедат пари за заштита на објектот. pozlatena.glava.jpg

Во ископувањата, покрај Шурбаноска и Јакимовски учествуваат и нивниот колега Горан Санев, Мирослав Димовски, фотограф, Петар Ризов, препаратор, Катарина Каспинова, документатор и Костадин Саздов, архитект.

Новите пронајдоци завчера ги видоа и Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, Мери Аницин-Пејоска, директорка на Музејот на Македонија и Перо Јосифовски, програмски директор на музејот.

Форумот бил широк 23 метри, долг 35 метри. Ѕидовите на објектот се зачувани до 5,5 метри во височина. Според археолозите, изградбата на Форумот веројатно почнала кон крајот на 1 век, кога градот доживеал голем економски подем. Кон крајот на 3 век заедно со другите објекти во градот бил опожарен, а скулптурите насилно искршени. Археолошки, уништувањето на објектот се врзува со наездата на Готите во 268 и во 269 година. Потоа објектот бил напуштен, а кон крајот на 4 век врз него бил подигнат внатрешниот градски бедем.

Весна Ивановска
 



Видео содржини

Икона на Мајката Божја Одигитрија

Ное 16, 2018
Помага при сите болести, лекува од најтешки болести, опседнатост од нечиста сила и ги штити малите деца.

Руски Светец Александар Свирски

Сеп 29, 2018
Рускиот светец Александар Свирски - мошти со бела боја и кожа стара повеќе од 500 години, како да е жив

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Февруари 14, 2019

Карикатурите на Златко Крстевски од Прилеп прошетале низ цел свет

Светот доволно го знае Крстевски. Импресивен е неговиот пат низ светските изложби, работилници, музеи. Го има во повеќе меѓународни антологии во Јапонија, Во 1990 година учествувал на Цетинскиот салон на современа ликовна уметност во Црна Гора, во музејот Миа…
Јануари 21, 2019

Најбогатите 26 луѓе на светот поседуваат исто колку и најсиромашните 3,8 милијарди луѓе

Оксфам пресметале и дека богатството на 2.200 милијардери околу светот во 2018 пораснало за 900 милијарди долари, или по 2,5 милијарди долари на ден. Ова е раст од 12% на богатството на најбогатите луѓе, додека за истиот период најсиромашниот дел од светската…

Катица Ќулавкова е добитник на меѓународната награда „Антево слово“ во Италија

Јан 21, 2019 Литература 116
По објавениот повик за испраќање на песна по слободен избор за учество на вториот…

Православната црква мора да има исти критериуми за сите народи

Јан 04, 2019 Интервју 235
Или секој народ и секоја држава треба да имаат своја самостојна црква, или ниту еден…

Просветител и апостол на македонизмот

Светиклиментовото дело како основоположник на македонската просветителска и духовна…

Беседи

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Како што чувме денес од Евангелието, тој, воден од Светиот Дух, влегол во храмот во моментот кога праведниот Јосиф и Преблагословената Дева Марија Го донеле Младенецот, за според тогашниот закон,...

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пред Бога сите сме еднакви

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пред Бога сите сме еднакви

Од црковната историја сме сведоци дека многупати се појавиле раздори и несогласувања во Црквата, но никогаш Бог нè дозволувал тоа неразумие да надвладее. Уште во апостолско време, Посланието сведочи дека...

Епископ Јаков Полјански: „Денес дојде спасението на овој дом“

Епископ Јаков Полјански: „Денес дојде спасението на овој дом“

Многупати сум говорел дека живееме во карактеристично време. Не ги сакаме фанатизмот и апокалиптичниот дух во Црквата, ниту пак, да говориме дека живееме во последните времиња. За оној што живее...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Токму тој конинуитет на овој христијански идентитет кој е спознаен и пренесен од Светите Отци во три степени според начинот на животот во Христа, очистување, просветлување и обожение се поврзува...

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

Љубoвта на хрстијанинoт, пак, би мeжeла да рeчe: “Ти, Гoспoди, ми даваш здравјe и тoа e дoбрo. Ти ја палиш свeтлината, пушташ дoждoви, сo грoм вoздухoт гo oсвeжуваш и тoа...

БEСEДА за таинствeнoтo Бoжјo Трoјствo

БEСEДА за таинствeнoтo Бoжјo Трoјствo

Вoдата и крвта гo прават тeлoтo, а духoт e дух. “Тeлoтo сака спрoтивни рабoти на духoт, а духoт – спрoтивни на тeлoтo” (Гал. 5:17), штo значи дeка нe сe eднo,...

СЛОВО НА СВЕТОТО БОГОЈАВЕНИЕ    на нашиот свет отец Јован Златоуст

СЛОВО НА СВЕТОТО БОГОЈАВЕНИЕ на нашиот свет отец Јован Златоуст

Христос се бори, а јас венец примам! Он војува против ѓаволот, а јас ја земам победата над ѓаволот! Он ја смачкува главата на змијата во вода, а јас како законски...

БEСEДА за нашата нeмoќ бeз Гoспoда Христа

БEСEДА за нашата нeмoќ бeз Гoспoда Христа

Нашиoт Гoспoд нeмал oбичај да збoрува прeувeличeнo. Ничии збoрoви вo свeтoт нe сe пooдмeрeни oд Нeгoвитe. Па кoга Oн вeли дeка бeз Нeгo нe мoжeмe да направимe ништo тoгаш тoа...

« »