логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 7.Vselenski.sobor

Биоинженерот Горан Кунгуловски, дизајнерот во „Мерцедес“, Славче Таневски, и нуклеарната физичарка Ивона Василеска советуваат како учениците да научат во ваков систем на образование

Дека на македонските ученици не им е лесно да се снајдат во образовен систем кој не ги учи да научат, туку само да меморираат податоци без да знаат како да ги употребат, е јасно од резултатите на ПИСА-тестовите. Но, исто така, голем дел од нив наоѓаат начин како да го „преживеат“, а доказ за тоа се нивните успеси во и надвор од Македонија како научници, инженери, лекари, професори... Некои од нив ги прашавме како научиле да учат, кој им помогнал, дали влијаеле родителите, наставниците? Што правеле за да успеат во животот? Ова се нивните совети:

Кунгуловски: Не е важно да знаеш дека ДНК се вика ДНК, туку да знаеш какви својства има

Д-р Горан Кунгуловски е биоинженер кој работи во Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина, како дел од клиниката „Жан Митрев“ и компанијата „Биоинженеринг ДОО“. Тој вели дека учењето е составено од два брана.
- Првиот е изучување, разбирање и поимање на концептите за функционирањето на природата и општеството - односно стекнување квантум на основни знаења. Врз основа на тие знаења се гради и стапува на сцена вториот, креативниот бран, а тоа е примена на сите сознанија за унапредување на нашето поимање на природата и општеството.
За да се биде успешен во реализацијата на тој прв бран, важно е да не се учи напамет, мемориски - туку да се разберат основните концепти на одредена тематика, интуитивно, како една приказна. Јас тоа, всушност, од млади години го применував. По секое предавање во средно, основно и на факултет, читав на темата и пробував да ја разберам есенцијално како една приказна, без да обрнам внимание на терминологијата. Односно во глава си велев „има едно нешто и тоа нешто со едно друго нешто прави тоа и тоа“. Според мене, не е важно да знаеш дека ДНК се вика ДНК (истата може да има илјадници имиња), туку да знаеш какви својства има таа ДНК и како функционира.



Д-р Горан Кунгуловски, биоинженер

Кога ги разбираш поединечните концепти (делчиња од сложувалката) за тоа како функционираат природата и општеството, тогаш многу полесно ќе биде да ја склопиш слoжувалката и да видиш што таа ти кажува. Потоа следува интересниот, креативниот дел во знаењето, кога разбираш како функционираат поединечни мали сложувалки и истите можеш да ги комбинираш во една суперголема сложувалка, која претставува близок модел за тоа како функционира природата и општеството. И всушност тоа е науката, највозбудливата приказна за реалноста преку призмата на интелектулната искреност.
Успеав да се изборам со македонското образование со многу инает, многу прашања и предизвикување на многу идеи и тврдења што се наоѓаа во образовниот курикулум. Секогаш кога немаше да добијам задоволителен одговор на некое прашање од мојот наставник или професор, истражував сам на темата и го споделував тоа знаење. Тоа е единствениот начин да се „преживее“ македонското образование, преку индивидуална љубопитност и индивидуални истражувања. Во спротивно, нашето образование (со одредени исклучоци) ќе те однесе во состојба на „мисловно ропство и тупост“.
И денеска со некои од моите бивши професори се наоѓам во конфликт бидејќи до ден-денес секое „предизвикувачко прашање“ го разбираат како личен напад, а не како поле за скокотлива научна дебата.

Мотивацијата не ја добил од ниту еден наставник.
- Не, немаше таков во Македонија. Имаше во Германија, мојот докторски ментор, проф. Алберт Јелч - кој негуваше интелектуална искреност и креативност и имаше многу знаење кое го споделуваше.
Мојот совет за младите е да ги предизвикуваат воспоставените теркови и рамки, да бидат љубопитни и да прашуваат. Да бидат позитивно досадни кон наставниците и професорите. Со знаење да колваат до вистината. Но, исто така, и би ги критикувал цитирајќи ја Симона Кафеџиска-Шенбакар, успешен македонски научник во Германија, која рече: „Секогаш ми било нејасно како може на некое дете/младич да не му се учи. И основно и средно ми поминаа со деца кои и како возрасни останаа лоботомирани мајмуни без интерес за што било. Толку природни феномени, прекрасни јазици, фасцинантни книги, а ти одбираш да останеш табула раса“.

Во македонското образование, од едукаторите најпрво би го искосил „пирејот“ кој вирее и би го заменил со строго селектирани луѓе што го сакаат знаењето, ја сакаат вистината и трагаат по неа. Луѓе што негуваат критичко мислење и логика. Со луѓе што користат научно докажани методи на пренесување на знаењето и учење во една отворена и пријателски настроена атмосфера. Понатаму би направил кампањи кои би им укажале на младите дека да се знае е кул, корисно и доходовно.

Славче Таневски: Секогаш сум ја гледал поголемата цел

Славче Таневски е дизајнер во „Мерцедес“. Тој оваа година го дизајнира третиот автомобил за светскиот автомобилски гигант, овој пат самостојно, без директна супервизија од претпоставените.
Образованието во Македонија, Славче го има завршено пред 13 години и вели: „Може да се осврнам само на тој период“.
- Морам да признам дека сум среќен што сум поминал квалитетен период и во Основното училиште „Лазо Ангеловски“, како и во средно во „Раде Јовчевски-Корчагин“. Иако се чувствував под стрес и некогаш принуден да учам нешто што не ми било афинитет, секогаш сум ја гледал поголемата цел и тоа ми давало мотивација да ги исполнам сите задачи и на крај да бидам одличен. Благодарен сум им, пред сѐ, на моите родители кои уште од мал ме научиле дека можам само со сопствен труд и работа да успеам во животот. Во текот на образованието се стекнав и со дисциплина која до ден-денес ми користи во исполнувањето на работните задачи и менаџирањето на времето. Секако, имав и квалитетни професори кои ми помогнаа пред сѐ да се изразувам и да запознаам многу области од животот и науката, информации кои можеби директно не ми се потребни или сум сметал дека се ирелевантни своевремено, но имаат удел во креативноста, способноста за изнаоѓање решенија и сл. Секако, имало и не толку позитивни примери, но сум научил и како не треба.


Славче Таневски, дизајнер во „Мерцедес“

Пристапот на пренесување знаење сега го користам и во обуката на моите студенти од Кина.
Не ме чуди тоа што доаѓаат негативни резултати од разни меѓународни институции за квалитетот на учениците, односно образованието во Македонија. Мислам дека проблемот е во самото нефункционално општество, кое има малку да им понуди на младите луѓе, па затоа тие не можат да детектираат некоја цел кон која би се стремеле во ваква максимално корумпирана држава. Од друга страна, образованието им нуди само суво знаење, без можности за практично да го применат или да го искусат како се применува. Баш тој аспект на практична работа е фокусот на високото образование во Германија низ кое имам поминато.

Ивона Василеска: Срамота е да се има диплома, а да не знаеш што си учел

Ивона Василеска е нуклеарен физичар. Факултет и магистерски студии од областа на атомска и нуклеарна физика завршила во Москва, како првенец на генерација, а сега е на докторски студии во Словенија. Таа е и соработник на ИТЕР, светска организација од Франција посветена на искористување на плазмата како нов вид енергија.
Василеска вели дека образованието, пред да замине на студии во Русија, го стекнала во Струга, најпрво во државното Основно училиште „Браќа Миладиновци“, а потоа во средно општинско училиште, гимназијата „Д-р Ибрахим Темо“.

- И ден-денес сум им благодарна на сите мои наставници и професори што ми предаваа затоа што навистина стекнав квалитетно образование. Тајната најпрво можеби се состои во тоа што моите родители уште од прво до трето одделение ми дадоа некој пат и ми помогнаа да стекнам навика, за понатаму сама да си ги извршувам своите училишни обврски, без некој да ме контролира, а, исто така да го ценам наставникот или професорот. На второ место, а и една од најважните во едно квалитетно образование, е правилната програма. Сепак, јас учев од програма на веќе реформирано образование, кога во гимназија во прва и втора се сите општа, па потоа во трета и четврта се делат според избраните предмети, но сепак правилно приспособена. За разлика од она што се случува денес со новите програми „Кембриџ“ или со кои било, за во прво одделение да учат по математика текстуални задачи, а по македонски јазик и литература сѐ уште не ја имаат изучено азбуката, и на крај родителот е принуден да ја пишува домашната работа на своето дете, е тоа доведува до хаос. Резултатите на тој хаос се големите процентуални бројки дека децата се функционално неписмени.



Ивона Василеска, нуклеарен физичар

За едно дете да почне логички да размислува, според мое мислење, треба најпрво предметите од природните науки да ги приспособат на возраста и да се предаваат така што да го заинтересираат ученикот. И не важи тоа само за природните науки, важи и за начинот како да се учат странските јазици и предметите од општествен карактер. Затоа што секој предмет има свој удел, а не како што коментираат повеќето: „Зошто ми е математика или физика, каде ќе ми треба?“ и сл. Јас сум учела и филозофија, и бизнис, во Русија учев и руско право и историја на Русија, за начинот на кој размислувам да не биде константен, ист цело време, како што е пример во физиката.
Јас сум секогаш за тоа колку-толку да се има основно познавање од сите области, а не насочено само на една, како што е во многу земји. На пример, да не се знае кој е главен град на Франција, или хемиска ознака за водород, да не се знае сопствената историја и тоа како одат по редослед аритметичките операции, е тоа е тој вистински хаос.

И трет фактор е нормално образовниот кадар затоа што секој не може да биде професор или наставник. Но, и самата ситуација дека е таков тип професија која генерално не е толку платена, а и сѐ помалку студенти завршуваат, некои завршуваат колку да се има диплома, доведува до дополнителни негативни резултати кои се рефлектираат врз целото образование. Тогаш самите родители се принудени да плаќаат приватни часови за дополнително да му биде објаснето на детето затоа што наставникот немал време и слично.
Сѐ додека самиот родител и ученикот не сфатат дека професорите не мразат, и дека математиката мора да ја учи онаква каква што е, сѐ додека професорот не сфати дека неговата професија е благородна затоа што пренесува наука и знаење, и за на крај сѐ додека не се сменат програмите, нема да имаме правилно образование какво што сме го имале.
Мал совет за младите би бил дека не треба да учат само за оценка или само за да добијат диплома, туку да учат за себе. Не е срамота да се нема диплома, срамота е да се има, а да не знаеш што си учел.

 

Подготвил: Милена Атанасоска-Манасиева / Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Лектор: Ивана Кузманоска

 

 Извор:

https://www.fakulteti.mk/news/27122019/kako-go-prezhiveav-makedonskoto-obrazovanie-uspeshni-makedonci-ni-otkrija-kako-treba-da-se-uchi

 

 

 

 


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Јануари 12, 2020
Mudreci.pustina1

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше убеиен од Ирод.Наскоро Елисавета премина, а Св Јован остана сам во Пустината каде што Бог и Ангелите се грижеа негоСв Јован целиот свој живот ќе го наговестува народот за…
Ноември 24, 2019
7.Vselenski.sobor

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните култури. Динамиката на културните размени меѓу Скопје и Истанбул со овој проект се обележува низ значајните пунктови на тие релации (јазик – литература и историја – култура) со…

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Ное 07, 2019 Друго од култура 538
7.Vselenski.sobor
Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи…

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Окт 19, 2019 Наука и Религија 609
Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци.…

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Окт 08, 2019 Литература 562
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј…

Беседи

 о. Горан Стојчевски:  МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

о. Горан Стојчевски: МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

Во Светото Евангелие, како и на фреските и иконите што ги доловуваат сите искупителни и спасителни моменти од сведоштвото на Богочовекот, преку кои човекот и светот се спасени, наидуваме и...

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Кога го слушаме Евангелието за блудниот син најголем проблем е што го поврзуваме со други луѓе а не со самите нас.Така секогаш се сеќаваме на некој мал човек што прокоцкал...

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се...

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла,...

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

 Бог и Отец на секого од нас подеднакво, без збор и без услов, ни ја дава полнотата на Својата благодат. Од нас самите, од нашата слободна волја зависи како ќе...

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

 Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Во третата недела од подготовката за Великиот пост, ние ја слушаме параболата за блудниот син (Лк 15,11-32). Параболата и химните што се пеат тој ден, зборуваат за покајанието како за...

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

Заради соединувањето според Ипостас, Богочовекот Христос немаше потреба, Он лично како Бог – како една сложена Божествена Ипостас која во себе содржи две природи неразделно, неслиено, неразлучно и непроменливо соединети...

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

Кадe и да сe сака нeкoe дoбрo вo свeтoт да сe надгради, Oн e пoчeтoк. Бeз Нeгo нe сe мoжe. Акo сe сака да сe искoрeни нeслoгата и злoбата вo...

« »