логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Свети Климент, архиепископ Охридски

Vovedenie.Presveta Глас четврти:

Со зборови си ги упатил народите во верата Божја; со делата си се издигнал, преблажени; кон божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветлил оние што пристапуваат верно кон тебе, со знаменија си ја осветлил темнината. Поради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте.  Повеќе...


vozdvizenie.jpg

Почитувани,
На 13.10 (вторник) во 20ч. во книжарницата ИЛИ-ИЛИ ќе се одржи промоција на преводот на делото ОТИКВУВАЊЕТО НА БОЖЕСТВЕНИОТ КЛАУДИЈ од Лукиј Анеј Сенека. Преводот од латински е на Наталија Поповска, а предговорот на д-р Софија Грандаковска, која воедно ќе ја одржи и промотивната реч за делото пред посетителите.


Идејата за деификацијата е стожерна во Отиквувањето на божествениот Клаудиј од Сенека. Но, во самото дело недостасува токму делот којшто би требало да биде приказ за свеченото прогласување или историзирањето на божественоста на Клаудиј, кому уште за време на неговиот живот му бил подигнат храм во Камулодунум, во новата провинција на Британија. Наспроти тоа, во оваа менипска сатира, критиката кон ликот и делото на овој римски император, стануваат висока естетика на генерално потсмевање кон Клаудиј со помош на книжевни средства. Деификацијата станува само успешна мимикрија на алузијата за неа. Содржината во делото е конципирана врз динамиката на сатирична метаморфоза на буквално истакнување на ликот и делото на Клаудија како симбол на празното, излишното, односно на едно големо ништо”, истакнува во предговорот д-р Софија Грандаковска.
Луkиј Анеј Сенека, римски филозоф и писател, е роден околу IV г. пр.н.е, во Кордоба,а умрел во 65-тата во Рим. Тој е претставник на римскиот стоицизам и еден од најголемите моралисти, правник и сенатор, прогонет од Калигула и Клаудиј. Моралните побуди се основниот придвижувач на филозофската и литературната работа на Сенека. И неговите трагедии и драмските сатири, пишувани со извонреден стил, се насочени првенствено на проучување, а не и на изведување.
Дејствувајќи во времето на сурово самовладеење, Сенека со сите сили се трудел да ги поттикне современиците на морален живот. Поради тоа во филозофијата посегнува по различни извори, по Сократ и платонизмот, циниците и Епикур, па неговиот еклектицизам во целина не поприма форма на кохерентна теорија. Сепак, стоичкиот карактер на мислата на Сенека се огледа во единствената задача на филозофијата да одгледува и истражува добродетелства.
Книжевното дело на Сенека опфаќа девет трагедии, во кои го анализира погубното дејство на човечките страсти, меѓу кои спаѓа и гротескната сатира "Apocolocyntosis" ("Отиквувањето....")
Сенека е исто така писател и на многу епиграми, чијашто популарност се одржала низ столетијата.

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie