логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Свети Климент, архиепископ Охридски

Vovedenie.Presveta Глас четврти:

Со зборови си ги упатил народите во верата Божја; со делата си се издигнал, преблажени; кон божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветлил оние што пристапуваат верно кон тебе, со знаменија си ја осветлил темнината. Поради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте.  Повеќе...


Вечерва во рамките на „Скопско лето“, во Музејот на град Скопје во 20,30 часот, ќе се одржи концерт на Кери Рустои, сопран од САД и Мацуми Мотеки, пијано од Јапонија. Гостин на концертот ќе биде младата македонска сопранистка Елена Голомеова која студиите по пеење ги заврши на Државниот конзерваториум во Ница, Франција.

Сопранот Кери Рустои зад себе има голем број на настапи во САД, но и во Европа, пеејќи фрагменти од оперите „Фантом“, „Травијата“, „Така прават сите“, „Мадам Батерфлај“, „Волшебната флејта“, „Боеми“... Во нејзината кариера забележани се и настапите во неколку познати оперски куќи во Италија, со врвни светски оркестри со кои изведувала вокално- инструментални дела од Бах, Хендл, Моцарт, Шуберт, Брамс. Таа е основач и уметнички директор на операта „Емералд Сити“. Добитник е на повеќе награди за најдобра вокална изведба.

Во рамките на циклусот „Кафе-кино“, вечерва во Забавниот парк „Луна“ во 21 часот, ќе се прикаже американскиот филм „Чак и Лери“ на Денис Даген.

Во комедијата „Чак и Лери“, која зборува за двајца пожарникари од Бруклин кои мораат да се претстават како партнери за да ги добијат бенефициите предвидени за парови, играат: Адам Сендлер, Кевин Џејмс, Џесика Бил, Ден Ејкројд, Стив Бушеми. (Т.И.)



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie