логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 
  • Од 20 јануари, традиционално, 14 години по ред, клубот „Матица“ го започнува саемот на книгата „Книга во секој дом“. Годинава со поднаслов „300.000 книги во Матица“, во соработка со повеќето македонски издавачки куќи и реномирани светски и регионални издавачки компании како „Харпер Колинс“, „Парагон“, „Трансворлд“, „Те Неус“, „Орион“, „Лагуна“, „Делфи“, „Вулкан“ и други, ќе бидат понудени најновите остварувања од домашната и светската прозаистика, архитектура и уметност, најбараните наслови и автори од областа на економијата, филозофијата, гастрономијата, лексикографијата, енциклопедии и книги за најмладите.
Во однос на 2000 -та година, кога книгите на македонски јазик биле застапени со само 7 отсто од вкупната продажба, во 2013 година македонската продукција е застапена со 83 отсто. Бројот на читатели-членови во 2000 година бил 1.700, а во 2013 година 31.329. За 8 пати е зголемена квантитативната продажба на книги, за 50 пати е зголемена продажбата на книги на македонски јазик, за 30 пати е зголемена читателската публика, а вкупно се продадени приближно 800.000 книги. Саемот на книгата „Книга во секој дом“ секоја година се одржува во сите поголеми градови во Македонија и ќе трае до 31 јануари.
 
 
 
http://libertas.mk/%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D1%81%D0%B0%D0%B5%D0%BC%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BC%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%86%D0%B0/


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie