логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Изложба на дигитални колажи на академик Влада Урошевиќ

Изложба на дигитални колажи на академик Влада Урошевиќ под наслов „Laterna magica“ ќе биде вечерва отворена во Ликовниот салон на МАНУ во 19 часот со обраќање на академик Глигор Чемерски. Ќе бидат презентирани 40 дела, во најголем број дигитални колажи работени со помош на компјутер, со техника која се базира врз познатата техника на сечење и лепење.

„За посетителите на изложбата ќе има и други изненадувања, некој вид најдени предмети со помош на случајност кои потоа се подложени на промена на обликот и смислата. Во еден случај, станува збор за најден предмет на морски брег кому потоа му е дадена нова смисла, а потоа тоа е поврзано со моето книжевно дело. Освен колажите, ќе има и уште некои кругови на ликовно интересирање. Изложувам и нацрт за роман во продолжение и со илустрации“, рече вчера академик Влада Урошевиќ, кој ја дал замислата за делата, а компјутерот и човекот чие име не сакаше да го открие, тоа го претвориле во слика. (К.Б.)

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport