логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Во Културниот центар во Нови Сад, на ден 19 ноември 2013 година (вторник) во 19 часот, ќе се отвори авторска изложба на Горанчо Ѓорѓиевски, насловена Curatorial Workshop. Оваа изложба е програмска и во целост е финансирана од страна на Културниот центар во Нови Сад.


Curatorial Workshop на Горанчо Ѓорѓиевски е замислен како едноставен проект во кој кустосот е фотографиран со одбраниот уметник во контекст на уметниковото творештво. Преку овој проект се разгледуваат сложените промени во „природата“ на уметничкото дело, односно се разгледуваат ситуацијата во која кустосот превзема извесни компетенции на уметникот и на трагите на материјалната практика на уметникот го изведува својот кураторски проект.

Во проектот учествуваат светски познатата уметничка група Irwin, Колективот ЗЕРО, Урош Ѓуриќ (познат на македонската јавност по улогата на Ангелот во филмската трилогија Ние не сме ангели), Атанас Ботев, Александар Станкоски, Жанета Вангели, Ирена Паскали, Ѓорѓе Јовановиќ, Мирослав Стојановиќ, Нина Тодоровиќ, Милош Коџоман, Зоран Попоски, Милија Павиќевиќ, Синиша Цветковски, Александра Петрушевска, АРТ И.Н.С.Т.И.Т.У.Т., Игор Тошевски, Тоше Ристов и Борјана Божиновска, како и фотографите Бојан Симовски, Роберт Јанкулоски, Лазар Пејовиќ, Предраг Терзиќ, Бојан Радовиќ; Ladislav King, Тоше Ристов, Владимир Чачаровски и Златан Давидов.

Текстот за изложбата го напиша Сунчица Ламбиќ-Фењчев, кустос во Модерна галерија, Зрењанин, а организарот на изложата е Ксенија Чобановиќ, координатор на галерискиот простор Трибина младих, при Културниот центар на Нови Сад.

Истата изложба во 2009 година беше претставена во Галеријата Ремонт во Белград, каде во списанието за уметност Арт Фама беше прогласена за изложба на годината, а за изложбата во Местна галерија во Љубљана (2010 година) излезе критика во која беше напишано: „To boldy go where no man has before, значи нашиот кустос отишол во простори каде до сега не бил ниту еден кустос“, оваа година во месец мај беше отворена истата изложбата во Народни музеј Црне Горе, а за овој проект се отстапени 9 страници во најновата книга „Уметност и политика“ на признатиот европски теоретичар на концептуалната уметност Мишко Шуваковиќ.

Со почит



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie