логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 Почитувани,

Ве известуваме дека предселекцијата за 64-то Издание на Берлинскиот Филмски Фестивал (кој ќе се оддржи во Берлин, Германија во периодот од 6 до 16 февруари 2014 година) за земјите во регионот, оваа година ќе се одржи во Подгорица, Црна Гора во периодот од 18 до 20 ноември 2013 год.

За пријавување на Вашите филмови потребно е да ни ги испратите следните податоци:
Име на филм; име на режисер, времетраење, тип на филм, во која фаза од постпродукција е филмот, име на продуцент и контакт

Вашите филмови можете да ги пријавите најдоцна до 25.10.2013год. на емаил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Филмовите кои ќе ги пријавите потребно е да бидат доставени до архивата на Филмски фонд на РМ најдоцна до 10.11.2013 год. на РМ до 16:00 часот на следниве формати: 35 mm, DCP, Blu-ray ili DVD.

Правилата на Берлинскиот филмски фестивал налагаат интернационална премиера на пријавените филмови или најмалку европска премиера на истите. Сите завршени филмови или rough cuts од филмовите кои ќе бидат завршени до средината на декември 2013 година се прифатливи за прикажување на предселекцијата за следниве програми на фестивалот:
- Official Competition
- Short Film Competition
- Panorama
- Forum ili Forum Expanded
- Generation
Повеќе информации за фестивалот>>>> https://www.berlinale.de/en/HomePage.html

Со почит,
Анита Стојческа
--
 
Филмски Фонд на РМ
Анита Стојческа
Координатор за меѓународна соработка
ул. 8 Март бр. 4

Macedonian Film Fund
Anita Stojceska
Coordinator for International Cooperation
8 Mart No.4

tel:+389 2 3224 100
fax:+389 2 3224 111
mob:+389 75 240 090



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport