логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 Словенечки центар, Скопје организира промоција на книгата „Втора жена во харемот“.
Автор на книгата е Зоран Предин, познатиот словенечки музичар, кантавтор, лидер на култната словенечката рок група „Лачни Франз“ и автор на химната на Евробаскет 2013.
Покрај авторот Зоран Предин соработници при реализацијата на овaa промоција се: Сашо Стојковски, Олга Станковиќ, проф. д-р. Лидија Аризанковска – промотор на книгата, м-р Александер Кребл - промотор на книгата, Драган Б. Костиќ.
Авторот Зоран Предин ќе ја претстави својата книга, пред македонската јавност, на промоцијата која ќе се одржи во вторник, 17.09.2013, во 20:00 часот, во Друштвото на писателите на Македонија, ул. „Максим Горки“ бр.18, Скопје.

Следниот ден, 18.09.2013, Словенечкиот центар, Скопје организира Вечер на словенечка музика и поезија и средба со г-ѓа Тина Комел, министерка во Владата на Република Словенија и воедно раководител на Службата на Владата на Р. Словенија за Словенците во соседството и во светот, г. Санди Бонаца, раководител на кабинетот на министерката, г. Алеш Селан, виш советник во оваа служба на Владата на Р. Словенија.
На овој настан ќе настапат членови на Словенечкиот центар, Скопје, односно младите Словенци кои живеат во Скопје, а настап ќе има и кантавторот Зоран Предин.
Словенечкиот центар, Скопје оваа Вечер на словенечка музика и поезија ќе ја организира во среда, 18.09.2013, во 20:00 часот, во НУБ – Националната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски, Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, Скопје.
Настаните ќе бидат реализирани во соработка со Аdrija airways - Љубљана, ААМ - Скопје, хотел Континентал - Скопје, Друштвото на писателите на Македонија и Националната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски, Скопје.

Срдечно Ве покануваме.
 
Поздрав
Сашо Стојковски
Претседател
Словенечки центар, Скопје
ул. ,,Васко Карангелевски" 25/49,
Скопје 1000,
Република Македонија
Тел. +389-76-981-076
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport