логоFacebookTwitterYouTubeeMail

  Izlozba.H.jpg

 Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 19 септември 2013 (четврток) во 20 часот ќе се отвори самостојна изложба на авторот Зоран Тодовиќ (Србија), со наслов „Тишина“.

            Уметникот Зоран Тодовиќ ќе се претстави со проектот „Тишина“, кој е во целост замислен и инспириран од импозантниот објект Чифте амам, поточно се состои од повеќе инсталации специјално осмислени за овој простор. Промислувајќи ја елементарната намена за прочистувањето на мажите, како и на жените, изложбата зборува за чистењето на телото, но и чистењето на духот. Одредени елементи на проектот ја истакнуваат длабоката поврзаност на новонастанатото дело, локалната историја и богатството кое се негува и чува во Чифте амамот.

            Зоран Тодовиќ е роден во 1958 година во Горњи Милановац, Србија.. Дипломирал во 1983 година на Факултетот за применети уметности во Белград, а магистрирал на графичкиот оддел во 1985 година на Факултетот за ликовна уметност во Белград. Работи како редовен професор на Академијата за уметности на Факултетот во Нови Сад.

Izlozba.H.jpg

            До сега има реализирано над 30 самостојни изложби во Србија (Белград, Нови Сад, Чачак, Ниш, Крушевац, Пожега, Панчево, Ужице, Врњачка Бања, Земун), Македонија (Скопје), Црна Гора (Бар, Подгорица), Германија (Берлин), Франција (Париз, Fontenay sous Bois), Грција (Солун) и Бугарија (Варна).

            Учествувал во над 200 групни изложби во Србија, Грција, Франција, Босна и Херцеговина, Шведска, Словачка, Република Српска, Германија, Словенија, Швајцарија, Унгарија, Црна Гора, Чешка, Полска, Јапонија, Белгија, Бугарија, Македонија, Холандија, Индија, Италија, Шпанија, Аргентина. Добитник е на 18 награди и признанија во: Србија, САД, Грција, Јапонија, Индија, Црна Гора, Бугарија и Германија.

           

            Одговорен кустос на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска.

 

            Изложбата ќе биде отворена до 2 октомври 2013 (среда).

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport