логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

1. На 14 мај (вторник) во 11.00 часот во организација на МАНУ, Филозофскиот факултет во Скопје и Редакцијата на списанието Жива антика ќе се одржи Промоција на зборникот на трудови од меѓународната конференција СТО ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА АКАД. МИХАИЛ Д. ПЕТРУШЕВСКИ.


2. На 15 мај (среда) во 12.00 часот во организацијата на МАНУ и Фондацијата Трифун Костовски ќе се одржи традиционалното одбележување на ДЕНОТ НА ФОНДАЦИЈАТА ТРИФУН КОСТОВСКИ, на кое ќе биде претставено најновото издание БАЛКАНСКА САГА - ФРАНЦУСКА РЕЦЕПЦИЈА од акад. Луан Старова. 


3. На 16 и 17 мај во организација на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ ќе се одржи меѓународната конференција РЕЛАЦИЈА СЕЛО < > ГРАД НА СЛОВЕНСКАТА ТЕРИТОРИЈА ДЕНЕС (ЛИНГВИСТИЧКО-СОЦИОЛОШКА АНАЛИЗА). Конференцијата ќе започне на 16 мај (четврток) во 10.00 часот.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport