логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Летото е едно од најомилените годишни времиња за децата. Ова лето, Скопје беше исклучително топол град со високи температури, па решивме да понудивме едно поинакво скопско разладување. Во текот на летниот период се реализираше циклус од детски креативни работилници под наслов „Летни приказни“. Во креативниот циклус беа анимирани теми кои се составен дел од летниот распуст како: „Во Морските длабочини“, „Сладолед“, „Овошјето како уметност“, „Градот убав пак ќе никне“, „Жнееме и твориме“. Во текот на летните креативни другарувања во светот на имагинацијата бевме на море, нуркавме во морските длабочини и се дружевме со морскиот свет. јадевме вкусни овошја, сладоледи. Летото е забавно и на село, кај баба и дедо, бевме и на поле, жнеевме и творевме. Се запознавме со јогата како техника за правилен психо-физички развој, социјализација и подигнување на креативноста. Го одбележавме 26 јули, денот на катастрофалниот земјотрес, го градевме Скопје и што ли уште не ... Резултатот беше: насмеани и среќни креативци.
Ова лето, 2019 год, во проектот насловен „ Летни приказни“ учествуваа деца од повеќе училишта и едукативни центри, имаа можност да работат во различни ликовни техники на споменатите теми, создадоа нови пријателства и многу моменти за паметење.

Како финале на претходното, Ве каниме да ги видите најубавите раскажани летни приказни на 5 септември (четврток) 2019 год, во дворот на објектот Даут пашин амам, во 13 часот.

Работилниците беа водени под менторство на едукатор : Маја Димитрова.

Воедно, Националната галерија на Република Северна Македонија на сите ученици им посакува среќен почеток во новата учебна година!

Ве очекуваме!


https://www.facebook.com/Nacionalna.galerija.na.Makedonija/photos/pcb.2424893160920771/2424892574254163/?type=3&theater
https://www.facebook.com/Nacionalna.galerija.na.Makedonija/videos/495460321243679/  
https://www.facebook.com/Nacionalna.galerija.na.Makedonija/photos/pcb.2413236662086421/2413236472086440/?type=3&theater
https://www.facebook.com/Nacionalna.galerija.na.Makedonija/photos/pcb.2380044915405596/2380044458738975/?type=3&theater  
https://www.facebook.com/Nacionalna.galerija.na.Makedonija/photos/pcb.2373994059344015/2373993676010720/?type=3&theater  
https://www.facebook.com/edukativencentarsonce/photos/pcb.2376889169040683/2376887279040872/?type=3&theater
https://www.facebook.com/Nacionalna.galerija.na.Makedonija/photos/pcb.2372444119499009/2372444036165684/?type=3&theater
https://www.facebook.com/Nacionalna.galerija.na.Makedonija/photos/pcb.2370250753051679/2370250333051721/?type=3&theater
https://www.facebook.com/Nacionalna.galerija.na.Makedonija/photos/pcb.2352597874816967/2352597401483681/?type=3&theater
https://www.facebook.com/Nacionalna.galerija.na.Makedonija/photos/pcb.2344973242246097/2344973095579445/?type=3&theater



Поуки од Светите Отци

krusevoexport