логоFacebookTwitterYouTubeeMail



На 7-ми март со почеток во 13.00 ќе се отвори светски познатиот Интернационален саем за современа уметност во Токио каде од Р. Северна Македонија ќе учествува проф.д-р Јана Манева – Чупоска. Овој саем е во соработка со амбасадите од сите земји во Токио каде предлагаат по еден претставник ликовен уметник од нивните земји. На предлог на бившиот Амбасадор на Р.Македонија во Токио, проф.д-р Андријана Цветковиќ, Манева – Чупоска има прилика да го претстави своето творештво за прв пат во оваа далечна земја пред  јапонската публика. Ова е настан од големо и престижно значење за Р.С. Македонија, како и за познавачите на ликовната уметност,каде преку творештвото на Јана Манева – Чупоска, во Токио ќе биде претставено македонското современо сликарство.
Таа се претставува  со дела и едно видео од циклусот „Портетирани сеќавања“.
Изложбата е финансирана од проектите за Национален интерес на Министерство за Култура на Р.С. Македонија за 2019 год.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport