логоFacebookTwitterYouTubeeMail



Членовите на „Театар Пи“ Златко Митрески и Македонка Илиевска изминатиов период работеа со лица со интелектуална попреченост од дневниот центар „Порака“. Резултатот е мултимедијалниот проект „ОКСИГЕН“ кој на 08.12.2018 од 20 часот ќе биде прикажан во НГМ Мала станица ,Скопје.Влезот е слободен.
 Низ серија на специфични актерски техники и процес на импровизација,во работата ќе се истражуваат можностите за создавање на театар со  слики и приказни од секојдневниот живот на лицата со интелектуална попреченост.Низ ситуации и театарски игри, со лицата со интелектуална попреченост се создаде материјал, кој ќе биде дел на драматургијата во театарскиот перформанс ,,ОКСИГЕН’ кој е четврт заеднички проект на Театар Пи со лица со попреченост од центарот „Порака“. Акцентот ќе биде ставен на нивната способност да бидат изведувачи- перформери и ангажирано низ говорот на телото на сцена да споделат со публиката еден интимен театарски чин.
Режијата и видео мапингот е на Златко Митрески и Македонка Илиевска. Камерман е Гаврило Миловановиќ. На фагот свири Јован Витанов.
Голема благодарност за поткрепата до НГМ Мала станица и Сара Фешн.

Ви Благодарам

Видео-
https://www.youtube.com/watch?v=06w-Da2DMCA&feature=youtu.be&fbclid=IwAR2qshvKuvz3-T3CUia2EjE4ghaOm1d7FI1RJ2RlVaUgXZGe98YBckF89aw



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport