логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 На 13.12.2018 година

научна  дебата „ПОЛИТИКАТА И РЕЛИГИЈАТА“ во  организација на МАКЕДОНСКОТО ПОЛИТОЛОШКО ДРУШТВО И БОГОСЛОВСКИОТ ФАКУЛТЕТ при  УКИМ-Скопје


Почитувани,
Македонското политолошко друштво и Православниот богословски факултет-Скопје на 13.12.2018 година (Четврток) во 10:00 часот во салата на Православниот богословски факултет ќе организираат научна дебата на тема „Политиката и религијата„. Со особено задоволство Ве покануваме да присуствувате на научната дебата и да земете Ваше учество во неа.


Поздравни обраќања на Научната дебата се очекува да имаат Проф. д-р Никола Јанкуловски, Ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„- Скопје, М-р Даријан Сотировски, Претседател на Комисијата за односи со верските заедници, проф. д-р Ѓоко Ѓоргиевски Декан на Православниот богословски факултет и доц. д-р Марјан Ѓуровски, Претседател на Македонското политолошко друштво.

Воведничари на научната дебата ќе бидат Митрополит Европски г.Пимен, Проф. д-р Цане Мојаноски, Факултет за безбедност- Скопје, Проф. д-р Хасан Џило од Факултетот за исламски науки и Доц. д-р Милан Ѓорѓевиќ, Продекан на Богословскиот факултет-Скопје.


Свои излагање на дебата ќе имаа повеќе професори од академската заедница во Република Македонија меѓу кои Проф. д-р Александар Спасеновски Правен факултет-Скопје, Проф. д-р Милорад Јефтиќ Факултет за политички науки-Белград (видео врска), Проф. д-р Ратомир Гроздановски Богословски факултет-Скопје, Проф. д-р Проф. д-р Славејко Сасајковски ИСППИ при УКИМ-Скопје, проф. д-р Владимир Божиновски Правен факултет-Скопје и други.


Македонија уставно е декларирана како секуларна држава, но во исто време, пет верски заедници и цркви се нотирани како институции, кои на еден или друг начин, се поврзани со историскиот контекст на државата.
Во Македонија честопати во пракса во голем дел од настаните и процесите лесно може да се препознае блиската врска на религијата и политиката. Влијанието на религијата во политичките процеси е јасно препознатлива, а од друга страна исто така и влијанието на политиката во религиските процеси. Медиумски покровители на дебатата се порталите Религија.мк и Премин Портал.

Однапред Ви благодариме за Вашето присуство.
Со почит, Македонско Политолошко друштво и Православен Богословски факултет

 

 



Видео содржини

Икона на Мајката Божја Одигитрија

Ное 16, 2018
Помага при сите болести, лекува од најтешки болести, опседнатост од нечиста сила и ги штити малите деца.

Руски Светец Александар Свирски

Сеп 29, 2018
Рускиот светец Александар Свирски - мошти со бела боја и кожа стара повеќе од 500 години, како да е жив

Поуки од Светите Отци

krusevoexport