логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Проектот од Годишната програма за 2018 година,  Ретроспективно-монографската изложба на Драган Попоски Дада, НУ Национална галерија на Македонија ќе ја прикаже пред публиката на отворањето на 24 октомври 2018 година, (среда). И оваа изложба е организирана во рамките на одбележувањето на Јубилејот посветен на 70 годишнината од основањето на нашата институција.
Драган Попоски Дада е доајен на македонската современа скулптура, даде силен белег и остави неизбришливи траги во развојот и афирмацијата на македонската современа ликовна уметност.
Изложбата ќе биде отворена во 19 часот, во изложбениот простор на Даут пашин амам. На отворањето ќе се обратат Министерот за култура на РМ, господинот Асаф Адеми, Директорот на НУ Национална галерија на Македонија, д-р Дита Старова Ќерими, д-р Маја Стевкова Штериева, главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална Банка АД Скопје, покровител на монографското издание.
Изложбата претставува одбележување на повеќедецениското творештво кое се издвојува со својот каракатеристичен авторски белег на нашиот еминентен скулптор Драган Попоски Дада. На изложбата ќе бидат презентирани дела (скулптури и цртежи) од сите фази од неговото творештво, кое започнува далечната 1964 год. Со оглед на неговото големо значење и силниот и препознатлив белег кој беше инспирација за многу нови генерации на ликовни автори, а земaјќи во предвид дека и веќе подолг временски период не е активно присутен на македонската ликовна сцена, и покрај парцијалните претставувања на неговите дела во последните 20-ина години, оваа ретроспективна изложба ќе преставува своевиден пресек на неговото творештво, укажувајќи на неговото исклучително значење за современата македонска ликовна уметност.
Изложбата која ќе биде отворена во атрактивниот објект - Даут пашин амам ќе содржи над стотина скулптури и цртежи од сите творечки периоди на значајниот македонски уметник Драган Попоски Дада.
Делата кои ќе бидат претставени се сопственост на авторот, на повеќе институции (НУ Национална галерија на Македонија, НУ Музеј на современата уметност, НУ Музеј на Македонија, Центар за современа ликовна уметност - Прилеп, СОЗР при Влада на РМ и др.), како и на значаен број приватни сопственици. Куратори на проектот Маја Чанкуловска Михајловска и Маја Неделкоска Брзанова информираат дека изложбата ќе биде отворена до 24.11.2018 година.
И оваа изложба, како сите претходни, ќе биде подржана од нашиот  јубилеен придружник, Винарската визба Тиквеш.  

Национална галерија на Македонија



Видео содржини

Икона на Мајката Божја Одигитрија

Ное 16, 2018
Помага при сите болести, лекува од најтешки болести, опседнатост од нечиста сила и ги штити малите деца.

Руски Светец Александар Свирски

Сеп 29, 2018
Рускиот светец Александар Свирски - мошти со бела боја и кожа стара повеќе од 500 години, како да е жив

Поуки од Светите Отци

krusevoexport