логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Во петок, 15 декември,  во камерната сала на Македонската филхармонија во 20 часот, ќе се одржи Мултимедијален концерт на кој ќе бидат изведени дела од двете истакнати македонски композиторки Дарија Андовска и Ана Пандевска. Покрај звукот, концертот ќе биде збогатен и со видео проекција, како и со танцов перформанс, а повеќето од делата се создадени за акустични инструменти и фиксен медиум.

Публиката ќе има можност да ги слушне делата на Дарија Андовска: „ThERanatOS – part 4 – Operating System“ за фиксен медиум и видео (видеото го изработи Мартин Иванов), „Zugzwang“ за виолина, пијано, удиралки и фиксен медиум, „Book of the Devil Valley Master“ за соло удиралки и фиксен медиум и „Apoptosis – a brief history of small deaths“ за фиксен медиум и танцов перформанс, на кој ќе учествуваат студенти од одделот за современ танц при ДМБУЦ во кореографија на  Елена Антонова Петровиќ. Во изведбата на композициите на Андовска ќе учествуваат Влатко Нушев на удиралки, Владимир Костов на виолина и Марија Вршкова на пијано.

"Book of the Devil Valley Master" веќе 4 години се презентира на циклусот предавања "Writing for percussion" на CalArts University, Калифорнија, САД. Од 2014 "Book of the Devil Valley Master" е дел од задолжителната литература за перкусионисти на Конзерваториумот за музика во Осака, Јапонија. "Zugzwang" неодамна беше изведена од ERGON ensemble во престижната концертна сала Megaron во Атина, а и' претходеа изведби од E.A.R Unit во Boston Court, Бостон и Disney Hall, Лос Анџелес, САД. Во 2015, во Theater Rigiblick, "Zugzwang" во изведба на Tzara ensemble беше дел од авторскиот концерт на Дарија Андовска по повод изборот за Истакнат уметник на Град Цирих- композитор за 2014/2015. "Apoptosis- a brief history of small deaths" е првонаградена композиција на минатогодишниот конкурс на Министерството за култура на Република Македонија, како и „ThERanatOS – part 4 – Operating System“, која  е дел од покрупно мултимедијално музичко-сценско дело за симфониски оркестар, фиксен медиум, видео, простор, светло и кореографија, во кое постојат 4 траки и 3 композиции за оркестар, кои можат взаемно да се комбинираат по избор на диригентот, па делото може да трае од 40 минути до речиси 3 часа.

Ќе бидат изведени и три дела на Ана Пандевска: „Дуња и Дарин“ – пет пиеси за пијано и лента, „Landscape Atmosphere“ за пијано и лента и „Life in a Box“ – за пијано и лента, во чија изведба ќе учествува пијанистката Дуња Иванова. „Life in a Box“ е композиција за лента и пијано, напишана во 2015 година. Инспирација за делото се тогашните актуелни општествени случувања, особено прашањето за слободата на медиумите. Од тука и поврзаноста со случајот на новинарот Томислав Кежаровски, кој е еден од најгласните борци за слобода на медиуми. Во делото е претставен целиот процес низ кој што помина Кежаровски заедно со своето семејство, а воедно композицијата е и своевиден печат за едно време низ кое поминуваше нашата држава.


-----------------------
Assoc. Prof. Darija Andovska, MA
University Ss. Cyril and Methodius, Faculty of Music - Skopje
Theory and Composition Department



Видео содржини

Икона на Мајката Божја Одигитрија

Ное 16, 2018
Помага при сите болести, лекува од најтешки болести, опседнатост од нечиста сила и ги штити малите деца.

Руски Светец Александар Свирски

Сеп 29, 2018
Рускиот светец Александар Свирски - мошти со бела боја и кожа стара повеќе од 500 години, како да е жив

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Православен календар

19/11/2018 - понеделник

Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Тропар

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2018

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2018

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2018

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2018

Вера имајќи повредна од животот земен,дарувана ви беше о Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени...

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2018

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2018

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот, прибежиште Синот, а покров Духот Свети, моли се о ти кој велик...

Добредојде Православие.мк

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Последни коментари

За Божествената правда

Кога некој би ми рекол: ’Отец, морате да ја напуштите својата ќелија зашто таа ми припаѓа мене. Слезете и одете под чемпресот во градината’, ако поседувам Божествена правда, јас тоа со радост ќе го прифатам. Ако постапам според човечката правда, би ја одбил неговата понуда и би почнал да се расправам со него, а може да завршиме и на суд Повеќе...

Архимандрит Георгиј Капсанис

Личноста на архимандритот Георгиј ќе остане во вечно паметење во срцата на оние што го запознале, но генерално и во целата Православна Црква, затоа што преголеми се неговите заслуги за чистотата на верата и за автентичното живеење според неа..Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

Протоереј Андреј Ткачев: Примете, јадете

 

Во Рајот Господ им рекол на луѓето да не јадат од дрвото на познанието. А злиот лукавец велел – јадете. Христос вели „јадете“, „пијте од Неа сите“, а злиот говори: „не јадете“, „недостојни сте“, „потребно е долго и тешко да се подготвувате“. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Икона на Пресвета Богородица „Нажалена за бебињата убиени во утроба“

 

Божјата Мајка е добра застапничка во сé, особено голема е Нејзината помош за жените и децата. Во христијанството постојат голем број на икони на Богородица и тие толку се разликуваат една од друга што тешко е да се претстави дека на нив е изобразена едната и иста Божја Мајка.  Повеќе...

За Моето име

Взбранной Воеводе победительная