логоFacebookTwitterYouTubeeMail


---
14 декември 2017; Четврток; во салата на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“; 18 часот
предавање на тема: „Човекот во Светото Писмо и Светото Писмо за Човекот!“
предавач: протопрезвитер проф. д-р Стефан Санџакоски
---
15 декември 2017; Петок; во салата на црквата „Св. Петка“ – Црниче; 18 часот
предавање на тема: „Светото Писмо, сведоштво за воплотениот Логос“
предавач: протопрезвитер проф. д-р Јован Таковски
---
22 декември 2017; Петок, во салата на црквата „Св. Петар и Павле“ – Ѓ. Петров; 18 часот
предавање на тема: „Светото Писмо, патеводител во решавање на лични и општествени кризи“
предавач: презвитер м-р Ивица Тодоров
-------
Овој циклус на предавања се организира во слава на Бога, за актелизирање на потребата да се чита Светото Писмо и по повод 50 годишнината од афтокефалноста на МПЦ – Охридска архиепископија.
На секое од горенаведените предавања Библиското здружение на РМ ќе подарува примероци од Светото Писмо за оние кои истото го немаат!
Оваа покана споделете ја со сите оние за кои знаете или насетувате дека сакаат Светото Писмо да стане нивниот Пат што ќе ги доведе до Вистината и смислата на Животот, како во овој свет, така и во вечноста! Благодариме:)
-------
организатори:
Библиско здружение на Р. Македонија
Мисионерски центар „Св. апостоли Петар и Павле“
-------
Скопска Епархија/ МПЦ - ОА



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie