логоFacebookTwitterYouTubeeMail

tСкопски летен ритам
Програма на активности 12 јули - 16 јули 2017
 
12.07.2017 Среда
 Концерт на група „Чардаш“
 20: 30 часот Плоштад Филип Втори
Две децении музиката на Чардаш Бенд е заштитен знак на доброто расположение, а нивниот реперотар се староградски изворни песни.
chardash.mk
 
13.07.2017 Четврток
Концерт на Тумбао Салса Бенд - Салса, Самба, Латино Џез
 20:30 часот Плоштад Мајка Тереза
Тумбао Салса Бенд десет години создаваат латино еуфорија. Свират музика која им доаѓа од срцето, интерпретирајќи традиционална кубанска салса музика, бразилска самба и латино џез музика, и на свој сопствен начин ја поврзуваат со Македонската народна музика.
 
14.07.2017 Петок  
Концерт на група „Replay“
20:30 часот Плоштад ВМРО
Водени од мотото „REPLAY NEVER STOPS“, бендот  „Replay“ им дава нов звук на македонските евергрини отсвирени од гитара и саксофон.
 
15.07.2017 Сабота
Концерт на „Баклава“
20:30 часот Плоштад Филип Втори
По трите објавени албуми, многуте концерти, музички спотови и музика за филм, „Баклава“ се вистинскиот музички деликатес.
 
16.07.2017 Недела  
Фолклорен ансамбл „Вапцаров “ од Скопје
20:00 часот Плоштад Богородица
Сплет на традиционални игри и танци од земјава и Балканскиот регион.
 
    
  



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie