логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Ве поканувам на отворањето на годишната студентска изложба на студентите од Факултетот за Арт и Дизајн при ЕУРМ во Среда, 13 ти Јуни со почеток од 20 часот во КИЦ ( Културно-Информативен Центар, работнички Универзитет) спроти центар Соравија.

На изложбата ќе бидат изложени дела од студентите од прв и втор циклус студии на ФАД од сите три насоки: графички дизајн, моден дизајн и дизајн на ентериер.

 

 

Третото издание на ФЕМИНА 8 дефинира ликовен пристап со контекстуализирано значење на „фемина“, само како едно од многуте значења што ги продуцира една „слика“ со ликовна содржина и опис. ФЕМИНА 8/III во сите шеснаесет авторски потписи има забележителни и помалку забележителни женски ликови, што како парадигми, во конотација на културата на жените, креираат препознатливи локални и глобални „слики“. Женско тело, автопотрет, објект, фотографија, боја, цртеж, колаж; сите тие го создаваат ликот на ФЕМИНА 8/III како заштитен ликовен знак што сепак прецизно го наметнува женското ликовно писмо. „Негативниот“ и „проблематичен“ ликовен концепт на „наметнување тема“: политика и уметност - поседува многу иронија, игра, заплет и расплет што прецизно ја категоризира ФЕМИНА 8/III како бунтовничка што пркоси во заштита на сопствениот ликовен идентитет.


- Јана Манева-Чупоска (куратор)
- Жанета Вангели
- Славица Јанашлиева
- Петра Јовановска
- Маријана Костојчиновска - Узунчева
- Александра Петрушевска -Ристовска
- Илина Арсова
- Дороти Пачкова

- Сергеј Андреевски
- Фехим Хусковиќ
- Жарко Башевски
- Јован Балов
- Миле Ничевски
- Ангел Мијов
- Милан Андов
- Борче Богоевски

Изложбата е во организација на ДЛУМ и е во рамките на Скопско културно лето/2017



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie