логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Македонската академија на науките и уметностите

Ве поканува на Чествувањето  по повод 1100 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски што ќе се одржи на 8 август 2016 (понеделник) во Охрид.

Во 12,00 часот во црквата Света Софија ќе биде отворена Изложбата  „Портретите на Свети Климент Охридски во ликовната уметност на Македонија и на соседните земји“.

Изложбата ќе ја отвори академик Цветан Грозданов.

Во 21.00 часот во Античкиот театар ќе се одржи Свечена академија на која поздравно обраќање ќе одржи Н.Е. д-р Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија.

Акад. Таки Фити, претседател на МАНУ ќе одржи пригодно обраќање: „Трајните пораки на Свети Климент Охридски со кои опстојуваме низ столетијата“.

Потоа ќе се обрати д-р Никола Бакрачески, градоначалник на Општина Охрид и претставници на академии од странство.

Свечен концерт ќе одржи Симфонискиот оркестар на Македонската филхармонија.
Диригент: Борјан Цанев. Солисти: Ана и Игор Дурловски.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie