логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Романот на македонскиот писател Влада Урошевиќ, „Мојата роднина Емилија“ (со поднаслов: „Осумнаесет затворени раскази што сочинуваат еден отворен роман“) објавен е во оригинал на македонски јазик во 1994 година. По преводите на француски и на германски јазик, објавени во изминатите години, книгата сега, на почетокот од пролетта, се појави и во Данска и во Србија. Во Данска ја објави издавачот Турбине форлагет во превод на Ерик Тау - Кнудсен, а во Србија издавачката куќа Градац во превод на Миленко Пајиќ.

„Мојата роднина Емилија“ е едно од ретките книжевни дела на македонски писатели кои досега се преведени на дански јазик.

И двете изданија се објавени со помош на Комисијата за помагање на преводи на дела од македонската книжевност во странство при Министерството за култура.


Срдечно,
Магор



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie