логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 Епископ  Велички Гаврил Светогорец

ЧУДО 20.
За Јован Кукузел

Bogorodica.portaitisa.jpgВо големиот град Лирахија имало едно момче, по име Јован, кое немало татко; мајка му, бидејќи била благочестива жена, го дала на учење. Тоа за кратко време научило многу и поради неговиот убав глас, го нарекле ангелогласен. Во тоа време царот барал добар певец и го нашле Јована, па го дале да учи музика за да стане добар певец. Тој за кусо време ги надминал сите свои соученици, поради што царот сакал да го ожени за некоја богата девојка. Но Јован кога видел дека сите се однесуваат со почит кон него поради царот, а и заради неговиот милозвучен глас, многу се уплашил да не падне во гордост, па да се оддалечи од Бога. Поради тоа барал погодна прилика да ја напушти таа средина. Тогаш се случило во царскиот дворец да дојде игуменот на светогорскиот манастир „Велика Лавра" по некаква работа, па откако ја свршил, си отишол во манастирот.

Јован кога го видел ангелскиот живот на игуменот, ја оставил славата и почестите, ја соблекол раскошната дворска облека и си ставил козинена, па зел во раката еден стап и отишол во Света Гора во манастирот „Лавра". Таму кога го видел вратарот на манастирот, го прашал од каде доаѓа и дали има некаков занает? Тој му рекол дека дома бил овчар и доаѓа овде да се замонаши. Вратарот му го кажал тоа на игуменот, кој многу се израдувал, бидејќи немал козар; го примиле и по малку време го замонашиле, па го испратиле во гората да ги пасе козите. Јован сакал да живее во тишина, па со радост ја прифатил таа работа и отишол со козите во гората, каде што непрестајно Му се молел на Бога и пеел духовни песни.

Царот многу се натажил поради неговото одење, па испратил луѓе да го бараат насекаде. Кога дошле во Света Гора, го виделе, но не можеле да го познаат онака облечен во козинена облека.

Еден ден, кога ги пасел козите, мислејќи дека никој нема да го виде и чуе, почнал да пее духовни песни. Меѓутоа, во близината имало пештера во која живеел еден испосник. Кога го чул тоа слатко пеење, зачуден излегол од пештерата, го видел пастирот кој пеел така убаво, а козите не паселе, но зачудени стоеле и гледале во него и се насладувале од неговиот ангелски глас.

Кога го видел тоа испосникот, отишол во манастирот и му кажал на игуменот. Тој испратил да го повикаат и му рекол: „Те заколнувам во живиот Бог да ми кажеш, ти ли си Јован Кукузел, кого царот толку многу го бара?" А тој му се поклонил на игуменот и со плачење го молел, велејќи: „Јас сум грешен и недостоен слуга, Ваше Преподобие, но молам заради Бога, оставете ме да ги пасам козите и да не разбере царот дека сум тука оти ќе ме земе од ова спасително место". Тогаш игуменот му рекол: „Не грижи се за тоа, чедо мое, но само слушај што ќе ти речам: биди во една ќелија, што ќе ти ја дадеме во манастирот, а јас ќе отидам ќај царот да го молам да те остави". И така, игуменот отишол кај царот, паднал на колена и му рекол: „Честити царе! Те молам да ослободиш еден човек заради неговото спасение". Царот прашал кој е тој човек, а игуменот одговорил: „Дури не ми дадеш написмено дека си го ослободил, нема да ти кажам кој е". Тој се согласил и му дал писмо за ослободување. Тогаш игуменот подробно му раскажал за Јована. Царот кога го чул тоа, од жалост се расплакал, но потоа се зарадувал, при помислата дека Јован напуштил толкава световна слава и отишол да си ја спасува душата. Потоа игуменот го поучил и го утешил царот, па се вратил во манастирот и им раскажал на браќата затој случај.

Блажениот Јован се ослободил од царевиот страв и Му слугувал на небесниот Цар. Потоа зел благослов од игуменот и во манастирот си направил мала црква и ќелија, посветена на светите ангели, каде што поминувал шест дена во седмицата, а во неделите и во празниците стоел на десната певница во соборната црква во манастирот и пеел со голема љубов и умиление.

Еднаш, во сабота, кога пеел акатистни песни на света Богородица, од умор задремал и ја видел пресвета Богородица, која му рекла: „Радувај се, Мое чедо, Јоване! Ти ми пееш и јас нема да те оставам". Тоа го кажала и му дала една жолтица. Кога се разбудил Јован, жолтицата му била во раката и тогаш со солзи и благодарил на Мајката Божја и оттогаш почнал повеќе да пее и да Го слави Бога. Од долгото стоење на нозе, едната нога му отекла, загноила и испуштала тешка миризба. Но добриот небесен Лекар го излекувал, како и свети Јован Дамаскин. Му се јавила света Богородица и му рекла: „Отсега биди здрав". Во тој час потполно оздравел и и благодарел на пресвета Богородица и до крајот на животот бил здрав. Амин.

(Продолжува)

 Друго:



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 708
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Наравоучение: православната психотерапија прави разлика меѓу искушенија што ни се случуваат затоа што душевно оздравуваме (очистување на срцето од страстите) или сме доволно здрави (просветлување на умот), од искушенија што...

Митрополит Струмички Наум: АНТИНОМИЧНОСТ (20.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: АНТИНОМИЧНОСТ (20.06.2020)

 Антиномично е и кога просторно и временски ограничениот човек станува благодатно секаде присутен, и во време и во простор. Антиномична е и ситуацијата кога обичен човек стекнува таква слобода пред...

БEСEДА  за угледувањe на мравкитe

БEСEДА за угледувањe на мравкитe

Вoлјата на Твoрeцoт, Кoј нè испратил вo oвoј свeт e да твoримe дoдeка смe вo свeтoт. Самиoт Гoспoд Исус запoвeда: Твoрeтe, стражарeтe! Oн ги фали oниe кoи ги умнoжуваат дадeнитe...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

Митрополит Струмички Наум: Недела на сите Светии (13.06.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Недела на сите Светии (13.06.2020 )

 Изгледа дека од темата на самоидентификување со Христос или, не дај Боже, со нешто од овој свет – па не знам колку и да ни значело тоа нам, нема бегање....

Митрополит Струмички Наум: Дарот на Светиот Дух Господ (06.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Дарот на Светиот Дух Господ (06.06.2020)

 И претпоставувате дека секој еден од нас, што ги сее зрната од семето на побожноста, внимава на два момента. Првиот и најважен е зрната да не се расипани или празни,...

« »