логоFacebookTwitterYouTubeeMail

  prepodobniy german alyaskinskiy

12/12/2015   Поуки - совети

Преподобен Герман се родил во Серпухов, во семејство на трговци и на шеснаесет години стапил на монашкиот пат. Со сета душа отец Герман ја засакал величенствената Валаамска обител, нејзиниот игумен и сите браќа.

После внимателното испитување со многу послушанија, игуменот Назариј го благословил младиот подвижник на постојан живот во шумата, во пустинско осамеништво. Академикот Н. Ј. Озерецковскиј, посетувајќи го Валаамскиот манастир во 1785 г., напишал: „Денешните пустиници водат трудољубив живот. Во нивната општина, која се состои, барем од дваесет луѓе, нема ни најмала несогласност, тие немаат ништо сопствено, а со сè располагаат заедно“. На празниците, отец Герман доаѓал од пустината во манастирот. И се случувало, на малата вечерна, стоејќи на певница, ги пеел заедно со браќата припевите на канонот: „Исусе најсладок, спаси нè нас грешните“, „Пресвета Богородице, спаси нè“, и солзи се тркалале од неговите очи. Десет години поминал отец Герман во Валаамскиот манастир во непрестајни подвизи со пост и молитва, но на Господ Му било угодно, да послужи на другиот крај на земјата – на Алјаска, меѓу народ, кој сеуште не ја видел вистинската вера.

Во 1793 г., била создадена духовна мисија, која го добила името Кадјакска, со центар на островот Кодијак: „Од Ладожското езеро до далечните Курилски острови и на брегот на Алјаска тогаш се простирала руската православна мисија, – забележува Светејшиот Патријарх Московски и на цела Русија, Кирил. – Оттогаш, во Соединетите Држави започнал да се развива православниот живот. Американската Црква се појавила како резултат на мисионерските усилија на Руската Православна Црква, и пред сè – на валаамските монаси…“.

Најпрвин, на отец Герман му биле доверени градежните работи. Подоцна, после смртта на епископот Јоасаф, кој ја возглавувал мисијата, и заминувањето на јеромонахот Гедеон, монахот Герман до крајот на неговиот жвот останал духовен отец на алеутите, пастир и застапник за човечките души во мисијата што му била доверена. Преподобниот сакале да го посветат во јеромонашки чин и да го повишат во архимандрит, но смирениот монах се откажал од секакво возвишување и до крајот на своите дни останал прост монах: „Јас – сум најнизок слуга на овдешните народи и дадилка“.

Навистина, тоа е уникатен случај во историјата, кога еден единствен монах во мисија, необлечен со свештенички чин, станува нејзина духовна основа. Преподобниот Герман за месните жители бил добар пастир и ги заштитувал од зли луѓе, кои во островјаните гледале само предмет за жестока експлоатација. Непоколебливо и упорно, немајќи никаква поддршка, освен својата пламена вера, старецот го продолжувал своето застапништво за понижените и угнетените, гледајќи во тоа свој долг и призив.

Во 1836 г, старецот Герман преминал од земните трудови кон небесното упокојување на 81-та година од животот. Над гробот на светителот била изградена скромна дрвена црквичка, осветена во чест на преподобните Сергеј и Герман, Валаамските чудотворци. Кон иконата на преподобниот со честичка од неговите мошти и денес може да се поклониме во храмот на преподобните Сергеј и Герман во Спасо-Преображенскиот собор на Валаамскиот манастир. И некои поклоници, приоѓајќи кон оваа најголема светиња, имено така за првпат се запознаваат со о. Герман.
st. herman

Icon with a relics of st. Herman of Alaska, Orthodox monastery in South Korea. Photo by father Takayuki Timotheos Kozaki

Преподобен Герман Алјаски извршил многу чуда, но најголемото, е неговата Христова љубов кон луѓето, и дури до денес, верните на островот Кодијак се обраќаат кон светиот Герман – „апа“ (деденце), тој „нè поддржува во земните потреби и со зборови на вечниот живот“, така читаме во акатистот на Преподобниот Герман Алјаски.

Есента, 1819 г, од екипаж на американското морепловство, на островот Кодијак била донесена епидемија на грип. Болеста заполнувала со температура, голема затнатост и задушување, и завршувала со грчеви, после што луѓето умирале. Епидемијата брзо се распространила по алеутските населби. Смртноста била толку голема, што алеутите умирале по цели семејства, телата на починатите се наоѓале во домовите по неколку дена, затоа што немало кој да ги погреба. „Тука, едни веќе умреа, остинаа и лежеа покрај живите, други умираа пред очи; офкања, лелеци кои ја параат душата!“ – напишал главниот раководител на Руско-Американската компанија Симеон Иванович Јановскиј. Само монахот Герман неуморно ги посетувал болните, ги убедувал да трпат, да се молат, да принесат покајание, оние што умирале ги подготвувал за смртта, а преживеаните кодијачки алеути уште повеќе го засакале отец Герман, кој, ризикувајќи го својот живот, им ја докажал својата љубов во трагедијата која ги погодила.

Еднаш, на Еловиот остров надошла поплава. Жителите во страв отрчале кон келијата на отец Герман. Тој ја зел иконата на Мајката Божја, ја изнесол, ја поставил на морскиот брег и почнал да се моли. После молитвата им рекол на присутните: „Не плашете се, подалеку од ова место, каде што стои светата икона, водата нема да помине.“. И поплавата веднаш престанала. Потоа, ветувајќи им ја истата помош за во иднина – по застапништвото на Пресвета Богородица, ѝ рекол на својата ученичка, во случај на поплава, да ја постави иконата на брегот.

Еднаш, на островот Елов избувнал пожар. Отец Герман, заедно со неговиот ученик Игнатиј направил трага на земјата, ја тргнал мовта од неа, и рекол: „Бидете спокојни – огнот нема да ја помине оваа линија!“. Другиот ден, кога немало надеж за спасение, оганот потпомогнат од силниот ветер ја достигнал линијата повлечена од старецот, поминал покрај неа и застанал, не допирајќи ја густата шума, која се наоѓала зад линијата.

Сето негово слободно време од богослужбите, старецот го поминувал во труд. Во близина на келијата направил градина, каде што правел леи, садел компири, зелка и друг зеленчук, сеел јачмен. За зимата собирал печурки и риби. Плетената кошница, во која о. Герман носел од брегот морска зелка за нагнојување на земјата, била толку голема, што обичен човек би ја кренал со голема мака, а старецот, за чудење на сите, ја пренесувал на големо растојание без ничија помош. Еднаш виделе, како отец Герман носел греда, која со тешкотии би ја кренале четворица.

Тајните подвизи и келијните молитви на преподобниот Герман Алјаски останале непознати за светот, но се гледала светлината која го опкружувала неговиот благодатен живот, поминат во услови на целосно самоодрекување, нестекнување и сурово занемарување на сите удобности. Со сиот свој изглед, со сите свои навики свети Герман живо им напомнувал на современиците за древните отшелници, кои се прославиле со подвизи на воздржание и Богоугодување. Примерите на житијата на светите угодници Божји сведочат за тоа, дека секој човек е роден за светлина, добро, убавина, чистота, за спасение. Апостол Павле ги нарекува светии сите верни христијани и смислата на животот на христијанинот се состои во тоа, од образот, кој е заложен во секого од нас, да преминеме кон подобието Божјо: „бидете свети, како што е вашиот Отец Небесен“.

Историјата на Руската Америка завршила на 30 март, 1867 год, кога Алјаска и Алеутските острови биле продадени на САД од Императорот Александар II, но православието и руската култура, како и претходно се живи тука. Денес на Алјаска има околу 90 православни парохии. Без оглед на тоа, што мисијата на преподобниот Герман била во Северна Америка, него некогаш го нарекуваат едноставно: „Просветител на Америка“.

 

Извор:http://valaam.ru/heritage/patericon/7495/

Поврзано: Поклоничко патување до островот Спрус, Алјаска

Извор: Преспанско- пелагониска епархија



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 728
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

« »