логоFacebookTwitterYouTubeeMail


vozdvizenie.jpg

ЗА ОПТИМИЗМОТ НА СВЕТОТ
(Благосостојбата, просперитетот и среќата)

На што го темели светот и човекот својот оптимизам, сигурно на она што постојано го слушаме преку медиумите: благосостојба, просперитет и среќа. Благосостојбата е секогаш измерена со материјалното богатство, просперитетот е измерен со напредокот на технологијата која на човекот ќе треба да му овозможи поголем комодитет во животот, т.е. полесен начин на живот, а светот пак да се справи со природните предизвици, среќата е измерена со живот без страдања, болки и болести. Сето ова е измерено според човечката мерка, според мерката на индивидуалната самобендисаност. Но, да не се залажуваме дека сето ова не го посакуваме сите, да, точно е дека го посакуваме ова, сакаме благосостојба, просперитет и среќа, но дали можеме сами по себе, или поточно сами за себе тоа да го постигнеме? Одговорот на секуларизмот е токму во тоа, дека светот и човекот постојат сами за себе и како такви постигнувањата на своите цели ги темелат врз поредок во кој треба преку закони на моќни сојузи, организации и алијанси да се спороведе она кое ќе го донесе човекот и светот до посакуваната благосостојба, просперитет и среќа. Слободата и мирот се можеби услови, но секако не се цели на секуларниот човек и свет, тие се посакувани, но можат да бидат и на сила наметнати во интерес на трите горенаведени цели. Законите во секуларниот свет и за секуларниот човек секогаш се проследени со санкција за нивното неизвршување, значи законот мора да се спроведе бидејќи е во интерес на благосостојбата. Војната од секаков вид понекогаш мора да се случи (во последниве два века, и се почесто) во интерес на просперитетот, а наметнатите стандарди, права и слободи се во интерес на среќата. Сето ова кога медиумски ќе се обработи веќе не станува збор за наметнување, нити за загрозување на слободата, нити пак за нафрлање врз интелектуалната мисла. Од друга страна, кога ќе се спомене законот Божји, Богочовекот Христос и Неговите заповеди, постот, молитвата, Причеста, повикот за светост, вечниот живот, Царството Божјо, веднаш е присутен бунтот на човекот проследен со изјави како тоа го навредува неговото лично достоинство, неговата слобода, интелектуална мисла, уметнички израз, политичко дејствување, сексуална ориентација, дека сето тоа е наметливо преку догмите на Црквата Божја, ретроградно, дека Христос е само обичен човек кој дал добри поуки, дека Црквата треба да ја врши само својата каритативна дејност, но сето тоа не може да се измери според “светогледот” на секуларниот човек кој веќе во својата глава си го моделира бог во своите мисли, и го замислува како се и сешто, но само не како Личност, Творец, Промислител, Искупител, Спасител, Животодавател и Дарител на сите благодатни дарови, и сето ова заради нашата падната природа предизвикана од гревот и острастеноста, и прелеста во која сме паднати, па не сакаме да видиме никој друг на врвот освен самите себе, па во таа самозаљубеност не сакаме да примиме помош од никој друг, освен ако не се работи за пари.
За жал, и христијаните во светот се повеќе го прифаќаат секуларното размислување и начин на живеење и постоење, па заради нашите секојдневни “грижи” и трката по благосостојбата, просперитетот и среќата, забораваме на зборовите Христови, Јас дојдов за да имате живот и изобилие. А уште повеќе забораваме на делата Христови, овоплотувањето, благовеста за Царството Божјо и вечниот живот, страдањата, Крстот, смртта, Неговото слегување во адот, славното Воскресение, Вознесение…Зарем, ова Христос н# го направи за нас и за живот на светот. Забораваме дека изворот на секоја благосостојба е стоењето во Христовата благодат, забораваме и дека просперитетот е растење во благодатните дарови од Светиот Дух кои ги примивме при Крштевањето кога сме измиени од гревот, умрени за гревот со потопувањето во водата, а воскреснати во Христа со примањето на благодатта во која треба да растеме до достигнувањето на подобието Божјо во нас. Забораваме дека среќата е средба со Нашиот Создател, средба со Богочовекот Христос, Нашиот Воскреснат Господ и Спасител Кој ни се дава преку примањето на Неговото Тело и Крв во Светата Литургија (која како свештенство забораваме дека е) благодатното дело на Црквата во која дише Светиот Дух, дека се собираме околу својот епископ, како икона Христова и заедно со свештенството, ѓаконството и монаштвото, како народ Божји сите сослужуваме и учествуваме во тоа заедничко дело како Црква и дека кога го примаме Христос преку причестувањето со Него, го примаме и залогот за нашето воскресение налик на Неговото, дека го примаме залогот за вечниот живот, забораваме дека на тој начин се соединуваме сите ние преку Него, како еднокрвни, и дека принесуваме и молитви за сите наши ближни кои отсуствуваат, но и за оние што починале, а забораваме дека ја оставивме секоја животна грижа и дека заедно со ангелите и светителите сослужуваме, и дека на тој начин го актуелизираме и сведочиме за Царството Божјо, како Црква Божја во овој свет за слава на Нашиот Отец. Зарем и кога, Христос с# што стори за нас, можеме ли да кажеме дека немаме благосостојба, просперитет и среќа, но ако за сите Негови зборови и дела не принесуваме благодарност, значи дека забораваме дека сета надеж ја полагаме во Него, барајте го најнапред Царството Божјо и неговата Правда и с# друго ќе ви се придодаде, заборавивме ли? А некој може да каже, а каде светот во сето ова, но свети апостол Павле и свети Симеон Нов Богослов ќе речат, тварите (светот) го чекаат прославувањето на синовите човечки, та да биде прославен и светот, и да биде Бог с# во с#.
И покрај с#, и трудот и напорот, страдањата и смртта се насекаде околу нас, страдаат ближните (сите луѓе), страда и светот, па зарем ова ќе го решиме сами, со закони, самити, форуми, конференции, каде сакаме од светот да направиме зелена гробница со анимален поредок, или ќе подадеме рака на Христос во Црквата, за да го очистиме срцето, па да го љубиме ближниот и да го благословуваме непријателот, тогаш сигурно на друг начин и со Христови очи ќе гледаме на светот и сите созданија. Црквата Христова е таа во која преку несоздадената благодат Божја ни е дадено покајнието за обновување на благодатните дарови од Крштевањето, постот за зацврстување и зачувување на благодатните дарови Божји, молитвата за задржување на благодатта и за соочување со секоја противна сила, преку непрестаното повикувањето на името на Нашиот Господ Исус Христос, кое име е над секое друго име и без кого не можеме да направиме ништо, Господи Исусе Христе Сине Божји помилуј ме мене грешниот, за очистување на нашето срце од гревот, за просветлување на нашиот ум, преку причестувањето за соединување со Него и обожување, за сведоштво дека ги пазиме Неговите заповеди, за здравје и спасение и живот вечен во Неговото Царство. Тесен е тој пат, до вистинската благосостојба, просперитет и среќа, пат на страдање и крст, но и пат Кој е Христос, кој е вистински, бидејќи Он е Вистината, а јаремот Негов благ, бремето Негово лесно, бидејќи Он го помина тој пат за сите и за с#, и го круниса со Воскресението, со победата над гревот, смртта и ѓаволот, и кога смртта во Него е обесилена, бидејќи ја вкуси за нас, за да стане во Него наш премин кон нашето воскресение и живот вечен. Светот го чека пробразувањето на човекот, преку очистувањето на срцето од гревот, гордоста, страста и прелеста, го чека просветлувањето на умот човечки, кога човекот богочовечки, со очи Христови ќе гледа на ближниот, светот и секое создание, го чека обожувањето на човекот, преку единството на човекот со Бог, кога веќе ќе биде прославен од Светотроичниот Бог, како бог по благодат преку своето преобразување да го преобрази и светот и секое создание, на ова се однесуваат зборовите Христови, ете с# ново создавам, во ова човекот во Христос е активен чинител. 
Сега дали можеме да кажеме дека слободата ни е одземена, бидејќи светиот апостол вели дека ние веќе не стоиме под законот, туку слободни сме во благодатта Христова, значи Оној Кој н# ослободи од робувањето на ѓаволот, смртта и гревот, ќе го прогласиме за наш тиранин, а законите кои ни се наложуваат заради некоја идна безгрижност во ваков свет ќе ги прогласиме за ослободители на нашата свест, мисла и израз, или мирот наметнат со војна ќе се измери ли со мирот и радоста во Светиот Дух. Сите закони во овој свет (кои како Црква велиме да ги почитуваме, се додека не значат присилно откажување од верата) не можат да се измерат само со две Христови заповеди, возљуби го Господ Твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа и со сиот свој разум, и возљуби го ближниот свој како себе си. Ете, ја благосостојбата, просперитетот и среќата на човекот и светот. Бог со еден збор фиат (нека биде) ни од што ни ја подарил благосостојбата, просперитетот и среќата, останува на нас преку Црквата Божја да ги приведеме кон вечност.  

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 640
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

    Остатокот од времето поминато надвор од молитва, на оние кои немаат непрестајна умно-срдечна молитва, Црквата им го покрива со послушанието. Оние кои го чистат своето срце од страстите, го...

« »