И што значи духовниот живот? Тоа е животот кој е облагодатен од Светиот Дух. Односно, извини, Светиот Дух го облагодатува твојот живот само но ретки моменти? Ти си го поделил твојот живот? Си го разделил животот на делови? И велиш: овој дел Му припаѓа на Бога, овој на работата, овој на јадењето, овој на домот, овој на чистењето.
Атанасиј Митрополит Лимасолски: За тешката и прекрасна возраст на пубертетот – (II дел)
Стигнавме дотаму што кога ќе сакаш да му кажеш на детето да ги слуша своите родители, прво ти минува низ глава мислата: „А дали воопшто живее заедно со родителите?“ Не знаеш како стојат работите. Му зборуваш за дом. Потоа ќе му ги видиш родителите и си велиш: „И јас да бев нивно дете, немаше да можам да живеам во тој дом“.