Духовност
Поуки од Светите Отци
Св. Јован Дамаскин - БЕСЕДА НА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
| Св. Јован Дамаскин - БЕСЕДА НА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА |
|
|
|
2. Зошто девствената Марија се родила од нероткиња? Затоа што требало на единствената новост под сонцето, на главното меѓу чудата, да му се втемели пат преку други чуда, постепено одејќи од помалото кон поголемото. Постои и друга причина, многу повозвишена и побожествена: природата, победена со благодатта, треперела, не осмелувајќи се да ја испревари. Кога требало Богородица Дева да се роди од Ана, природата не се осмелила да плодоноси пред благодатта, туку и понатаму бесплодувала, сè додека благодатта не го родила својот плод. Требало онаа, којашто ќе Го роди Родениот пред секоја твар ... и преку Кого сè постои, да биде првородена. О, блажени сопружници, Јоакиме и Ана! Севкупното создание ви должи благодарност, зашто преку вас и тоа му принесе на Творецот дар над секој дар – Свештена Мајка, единствена достојна на Создателот. О, најблажени бедра Јоакимови, од кои истече најчистото семе! О, преславна утробо на Ана, во која малку по малку растеше, се формираше и се роди најсветиот плод! О, материце, којашто го носеше одушевеното небо, пошироко од небесниот простор! О, гумно, коешто содржеше стогови живототворен леб! Самиот Христос вели: „Ако зрното пченично, што паднало на земја, не умре, останува само“. О, гради, коишто ја одгледавте Хранителката на Хранителот на светот! О, чуда над чудата и убавино над убавините! Требало преку чуда да се подготви патот на неискажливото и снисходливо воплотување Божјо. Како да продолжам понатаму? Мојот ум се поматува: час стравот, час желбата да говорам се испреплетуваат во мене; срцето ми трепери, јазикот ми се врза; не можам да ја искажам радоста; ме надвладеа возвишеноста на чудата, но желбата да беседам ме поттикнува. Та нека победи оваа желба, нека отстапи стравот и нека запее лирата на Духот: „Нека се развесели небото и да се возрадува земјата“. 3. Денес се отвораат вратите на бесплодноста и се појавуваат божествени и девствени двери од кои и низ кои, Суштиот над сите Бог, телесно влегува во светот, како што вели Павле, восхитен од неискажливите зборови. Денес преку пенушката на Јесеев израсна жезол на кој за сиот свет процути богоипостасниот цвет. Денес од земната природа на земјата го устрои небото Оној Кој некогаш, во древноста, од водата го создал и го извишил сводот. Навистина, ова небо е многу побожествено и почудесно од она првото, зашто Оној, Кој на тварното небо го поставил сонцето, Самиот, како Сонце на правдата, блеснува од него. ...
О, на какви сè чуда, и на кави сојузи стана ковач тоа Девојче! Таа е пород на неплодноста; девство коештоо раѓа; преку неа се соединува Божеството и човештвото, страста и бестрасноста, животот и смртта, за во секој случај полошото да биде победено од подоброто. И сето тоа заради моето спасение, Владико; Ти толку ме засака, што моето спасение не го изврши преку ангели или некоја друга твар, туку, како и создавањето, така и моето ново создавање го изврши лично. Затоа ќе го поведам орото, ќе те фалам, ќе се радувам, ќе се вратам на изворот на чудата и, презаситувајќи се од потоците на веселост, повторно ќе ја затреперам струната на лирата на Светиот Дух и ќе ја пеам божествената химна на Раѓањето на Дева.
О, најчист пару на разумни грлици, Јоакиме и Ана! Вие, запазувајќи го природниот закон на чистота, бевте удостоени со натприроден дар – на светот му ја родивте Онаа која не знае за маж – Мајката Божја. Вие, живеејќи во човечка природа побожно и праведно, сега ја родивте Ќерката повозвишена од ангели, која господари над ангелите. О, Ќерко, најубава и најслатка. О, крину израснат меѓу трњето, од најблагородниот и најцарствениот Давидов корен! Преку тебе царството се збогати со свештенство. Преку тебе е извршена промена на законот и се откри духот кој беше прикриен зад зборови кога достоинството на свештенството премна од Левиево на Давидово колено. О, трендафилу израснат меѓу трњето јудејско, којшто сè исполни со божествено благоухание! О, ќерко Адамова и Мајко Божја! Подготви: д-р Драган Михајловиќ Друго: Рождество на Пресвета Богородица
Посети: 1781
Е-пошта
|
|||||||||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
Premin Portal on Facebook |
![]() |
![]() отец Игор Калпаковски Преглед на разговор од 22.12.2009 |
![]() Митрополит Европски г. Пимен Преглед на разговор од 04.08.2009 |
| Η Ρωμανία επάρθεν – „Романија ја зедоа“ – Оплакување... |
| Понтискиот е ... |
| 13/03/10 13:51 Повеќе... |
| Од Romaia |
| Литургија на Претходноосветени дарови во храмот на св.... |
| :zzz |
| 13/03/10 13:35 Повеќе... |
| Од S. |
| Η Ρωμανία επάρθεν – „Романија ја зедоа“ – Оплакување... |
| Понтискиот на... |
| 13/03/10 13:30 Повеќе... |
| Од ? |
| Крстопоклона недела (07.03.2010) |
| mu blagodaram na Boga sto... |
| 13/03/10 11:51 Повеќе... |
| Од andrej |
| Д-р Исак Адижес промовиран за член на МАНУ надвор од ра... |
| Дедо ќе одам с... |
| 13/03/10 11:26 Повеќе... |
| Од Марија |
![]() |
![]() |
Повеќе... |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
Претплатете се на некои од следните RSS Линкови:
Вести
Полезно и потребно
Колумни
Наука и религија
Одговори на Вашите прашања
Беседи
Поуки од Светите Отци