Духовност
Духовен Азбучник
„ПАСТИР“ (Видение третo. Глави 3-6.)
| „ПАСТИР“ (Видение третo. Глави 3-6.) |
|
|
|
од Ерма
Глава 3. - Госпоѓо, каква полза имам што го видов ова, ако не разбирам што значи таа градба? Таа ми одговори: - Љубопитен човек си, штом сакаш да го разбереш значењето на Кулата. - Навистина, госпоѓо, би сакал да разберам и да им пренесам на браќата, за и тие да се зарадуваат кога ќе го слушнат тоа, и да го прослават Господа. - Многумина ќе го слушнат ова, но откако ќе го слушнат, некои ќе се зарадуваат, а некои ќе заплачат; но и овие последните, ако се покајат откако ќе слушнат, исто така ќе се зарадуваат. Слушни го сега објаснувањето за Кулата, ќе ти откријам сè. И не задавај ми повеќе труд околу откровението. Зашто, овие откровенија се завршени, бидејќи имаат своја граница. А ти нема да престанеш да бараш откровение, зашто си упорен. И така, Кулата, чие што градење го гледаш, тоа сум јас – Црквата, којашто ти се јави сега, а ти се јавувала и порано. Во врска со Кулата, прашај што сакаш да разбереш, и јас ќе ти откријам, за да се зарадуваш заедно со светиите. Јас ì реков: - Госпоѓо, ако еднаш веќе си ме удостоила сè да ми откриеш, тогаш откриј ми и сега. А таа ми одговори: - Сè што треба да ти се открие, ќе ти биде откриено, под услов твоето срце да биде со Господа, и да не се сомневаш во ништо, што и да видиш.
- Госпоѓо – ја прашав – зошто Кулата се гради на вода?
Глава 4. - Тоа се првосоздадените ангели Божји, на коишто Господ им го доверил сето Свое создание, за тие да го умножуваат и изградуваат, и да управуваат со него: со нивни сили ќе биде завршено и градењето на Кулата. - А кои се останатите, коишто ги носат камењата?
- И тоа се свети ангели Господови, но првите се повисоки. Кога ќе заврши градењето на Кулата, тие сите заедно ќе се веселат околу Кулата и ќе Го прославуваат Господа, зашто завршило нејзиното градење. А таа ми одговори: - Дали си подобар од другите, за да ти се открие тоа? Има многу подостојни од тебе, на коишто би требало да им се открие ова видение. Но, за да се прослави Името Божјо, ова тебе ти се открива, и уште ќе ти се открива, заради оние коишто во своето срце се сомневаат дали сето ова ќе биде така или не. Кажи им дека сето тоа е вистина и дека ништо не е надвор од вистината, туку дека сè е силно и цврсто втемелено.
Глава 5. - Госпоѓо, сакам да знам и што значат оние други камења, земени од земјата.
- Оние коишто се вградуваат во темелите на зданието без да се обработуваат, означуваат луѓе коишто Бог ги одобрил, зашто живееле праведно пред Господа и ги исполнувале Неговите заповеди. А оние што се донесуваат и се вградуваат во самото здание, тоа се новообратените во вера и верните. Тие од Ангелите се поучувани да прават добро, зашто во нив не се најде лукавство.
Таа ми одговори:
Глава 6. - Да, сакам, госпоѓо. - Тоа се синовите на беззаконието, коишто верувале лицемерно, и од коишто не отстапило ниту едно лукавство; затоа тие и немаат спасение, зашто се непогодни за градење поради својата неправедност – нив ги раскршуваат и ги отфрлаат далеку, заради гневот Божји, зашто Го навредиле. А значењето на другите камења коишто ги виде како лежат наоколу и не бидуваат вградувани во здаднието, е следно. Оние, врз коишто се налепила мувла, се луѓе коишто ја спознале вистината, но не останале во неа и не се во општење со светиите – затоа и не се погодни за градба. Камењата со пукнатини – се луѓе коишто во своите срца имаат нешто едни против други и немаат мир меѓу себе; додека се заедно, тие се мирољубиви, но кога ќе се оддалечат еден од друг, ја задржуваат злобата во срцето. Таа злоба е – пукнатината во камењата. А оние што се помали – тоа се луѓе коишто, макар што поверувале и имаат поголем дел во правда, сепак имаат уште беззаконие во себе, и затоа се помали. - А кои се, госпоѓо, белите и тркалезни камења, коишто исто така се непогодни за градење? Таа ми одговори: - До кога ќе бидеш глупав и неразумен? Ти за сè прашуваш, а ништо не разбираш. Белите и тркалезни камења – тоа се луѓе коишто имаат вера, но имаат и богатства на овој век, па кога ќе наиде неволја (прогонување), заради своето богатство и заради своите грижи тие се откажуваат од Господа. - А кога тие ќе бидат погодни за зданието? - Кога ќе им биде ускратено нивото богатство, коешто им дава утеха, тогаш ќе Му бидат од полза на Господа за зданието. Зашто, како што тркалезен камен, додека не биде обработен и лишен од некои свои делови, не може да стане четвртаст, така и богатите во овој век, доколку не бидат лишени од своите богатства, не можат да му станат угодни на Бога. Тоа самиот треба да го знаеш по себе: кога беше богат, беше бесполезен; а сега си полезен и погоден за живот; и ти самиот беше дел од таквите камења. Подготви:д-р Драган Михајловиќ „ПАСТИР“ ( Видение I - Глава 2)
Посети:1379 Е-пошта
|
|||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Производство на темјан во манастир Успение на Пресвет... |
| во врска со те... |
| 14/10/08 01:12 Повеќе... |
| Од borjanka |
| Голема молитва - Благодарност кон Бога за даруваната р... |
| I jas se raduvam! :zzz |
| 14/10/08 00:32 Повеќе... |
| Од Tatko |
| Заедничко служење на поглаварите на помесните Правосл... |
| :) |
| 14/10/08 00:13 Повеќе... |
| Од презиме |
| Заедничко служење на поглаварите на помесните Правосл... |
| Da, i mene mi se blue... |
| 14/10/08 00:07 Повеќе... |
| Од Ime i Prezime |
| Заедничко служење на поглаварите на помесните Правосл... |
| посланието е ... |
| 14/10/08 00:02 Повеќе... |
| Од презиме |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
![]() Сè што е соединето со Бога, спасено е ![]() |
| 13/10/2008 - понеделник |
Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски; |
Свети Михаил, прв митрополит Киевски; |
![]() |
Православен календар за овој месец - МПЦ |
![]() Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ... Повеќе... |
![]() Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “... Повеќе... |
![]() Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност... Повеќе... |
![]() ... Зашто, како што тркалезен камен, додека не биде обработен и лишен од некои свои делови, не може да стане четвртаст, така и богатите во овој век, доколку не бидат лишени од своите богатства, не можат да му станат угодни на Бога.... Повеќе... |
![]() ...Според тоа во колкава мера е развиен опитот или предвкусот во тој надисториски егзистенцијален модус разликуваме есхатолошка, митолошка и идеолошка свест. Оваа последнава, како најтесна, не опфаќа никаква есхатологија, ...Повеќе... |
![]() – Една непостојана душа Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,... Повеќе... |
![]() ...Бог ни го дал овој живот за да имаме време да се подготвиме за оној. Овој е краток, а оној бескраен. Но иако е краток, во неговиот тек човек може да се опскрби за цела вечност. ... Повеќе... |
![]() ...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува... Повеќе... |
![]() ...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ... Повеќе... |
![]() ..." -Што е најважно во духовниот живот? - Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување. Повеќе... |
![]() ...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos. Повеќе... |
![]() |