Нашиот личносен однос со Богочовекот Исус Христос е секогаш определен од односот спрема нашиот ближен, па кој било да е тој. Страдаме во овој свет бидејќи обземени од своето самољубие се повредуваме меѓусебно.
Делегацијата од Македонија во предвидените свечености присуствуваше и на Литургијата која се служеше при параклисот на Богословскиот факултет во Софија, а со неа чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Западно-и Средноевропски митрополит г. Антониј заедно со професорите при Факултетот.