логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Молитви за лекување и исцелување

Господи, Ти си Извор на Животот. Испрати ми ја животворната сила на Духот да ми го излекува умот, душата, волјата и телото. Дарувај ми исцеление од сите психички и физички слабости и страдања. Дарувај ми здравје, сила и живот, младост и убавина и да се развијат во мене благодатните дарови и способности да можам да живеам, да се учам и да Ти служам.

Господи, помогни ми во овој тежок час да се ослободам од болеста за да Ти служам со радост. Сакам да го посветам животот во служба на Твојата Љубов, на исполнувањето на Твојата Волја.

Повеќе...


Naum.Velig4.jpg


 

Naum.Velig4.jpg

 

 Naum.Velig4.jpg

 

  Зар не гореа срцата наши? (втор дел)

 Деца, ем умиление ем теолошки восхит секој пат ни носи мислата дека срцата на Апостолите гореа од внатре уште додека Воскреснатиот Христос им говореше по патот, но дека очите им се отворија дури при прекршувањето на лебот. Господ јасно ни ја предочува светата Тајна Евхаристија (или Литургија), односно Црквата како единствено место, а и време, но и заедница на дарот на Боговидението и на Богопознанието. Затоа, чувствувам потреба овојпат малку повеќе да се задржиме на односот помеѓу нашето срце и светата Евхаристија, за да ни стане појасно од каде и како се разгорува огинот во него.

Личноста и заедницата, односно личносниот однос со Бог и личносните односи со нашите ближни во Него се заедничка содржина и онтолошка врска помеѓу срцето и светата Евхаристија. Поконкретно кажано, во сеопфатната Тајна на Црквата нашето срце станува лично духовно средиште на нашето битие и во аскетско-исихастичка и во литургиско-соборна смисла.

Знаеме од учењето на светите Отци дека Господ Исус Христос од моментот на светото Крштение преку благодатта на Светиот Дух го зазема средиштето на нашето срце. Но, што конкретно значи тоа дека срцето е лично духовно средиште во аскетско-исихастичка смисла? Сигурно ви е познато едно од, барем за мене, најсилните места во светото Евангелие: „Лисиците имаат легла и птиците небески – гнезда, а Синот Човечки нема каде главата да ја потслони“ (Лука 9, 58). Со овие зборови, за нас - до срж прекорувачки и актуелни, Богочовекот Христос ни потврдува дека човековото срце како духовно средиште е единственото место на лична средба помеѓу Бог и човекот. Дека само во очистеното, просветлено и обожено срце Господ наоѓа Свој спокој и почивалиште. Дека многу малку подвижници во една генерација го достигнуваат дарот на обожение, на непрестајна умносрдечна молитва и на гледање на божествената несоздадена светлина.

Што, пак, значи тоа дека срцето е лично духовно средиште и во литургиско-соборна смисла? Заедницата и единството коешто го засноваме ние, православните христијани, низ светата Евхаристија, причестувајќи се со Христос Бог и во Него меѓу себе, е единство, длабоко битијно и благодатно, коешто го ослободува човекот од ограничувањата на времето и на просторот. Така што, секој член на Црквата живее, љуби и се спасува со помош на сите членови на Црквата, земни и небесни. Секој од нас живее благодатно и молитвено во сите и заради сите, и сите живеат во секого и заради секого. Тоа е соборниот живот на Црквата, овозможен од благодатта на Светиот Дух Господ. Притоа, животот на секого е негов сопствен живот и личноста на секого е негова сопствена личност, според икона и подобие на единството и личната заедница на нашиот Бог Света Троица.

Ние живееме во Христос, во Неговото срце, и Христос живее во нас, во нашето срце. Затоа тајната на нашето претходно опишано меѓусебно проземање и проникнување се случува во нашето срце. И затоа Богочовекот Христос е средиште на нашето средиште, односно средиште на нашето срце и на нашиот живот и постоење. Тој е средиште на нашето лично битие и на нашата словесност, како Слово на нашиот Творец, преку Кого сè станало; на нашето лично благобитие како Син Божји, Кој го исполни целиот Домострој на спасението на нашиот Отец Небесен; и на нашето лично вечно благобитие во бесконечното Царство и Заедница на Отецот и Синот и Светиот Дух. Но, оваа тајна ќе им се открие на оние кои ќе ги очистат своите срца. „Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бог“ (Мат. 5, 8).

Сите останати места во литургискиот текст, на пример од свети Јован Златоуст, во кои непосредно или посредно се спомнува срцето, само го потврдуваат аскетско-исихастичкото и литургиско-соборното значење на срцето на човекот. И сите тие места само од овие два аспекта правилно се сфаќаат и се толкуваат:

„Запали ја во нашите срца, човекољубив Владико, бесмртната светлина на Твоето богопознание“.

            „Погледни на мене грешниот и непотребен Твој слуга, и очисти ја мојата душа и срце од нечестива совест и оспособи ме со силата на Светиот Твој Дух, облечен во благодатта на свештенството, да застанам пред оваа Твоја света Трпеза, и да го свештенодејствувам светото и пречисто Тело Твое и чесна Крв“.

„Господи Боже Седржителу, единствен свет Кој ја примаш пофалната жртва од оние што од цело срце Те призиваат, прими ја молитвата и од нас грешните и принеси ја на Твојот свет жртвеник и оспособи нè за нашите гревови и за незнаењата на народот да Ти принесуваме дарови и духовни жртви“.

„Горе да ги имаме срцата“.

„И дај ни со една уста и едно срце да го славиме и воспеваме пречесното и величествено име Твое, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови“.

„Христе Боже наш, Ти Самиот си исполнување на Законот и Пророците; Ти си го исполнил сиот спасителен Домострој на Отецот; исполни ги [подеднакво толку] со радост и веселба нашите срца, постојано, сега и секогаш и во вечни векови. Амин!“

Деца, дали забележувате што ни недостасува, и во редоследот на претходно спомнатите молитви, и во нивната комплетност, и во нивното толкување, за да ни станат уште појасни и аскетско-исихастичкиот и литургиско-соборниот аспект на нашето срце како лично духовно средиште на нашето битие? Ни недостасува да го објасниме односот помеѓу светата Тајна свештенство и умносрдечната литургиска молитва.

Многупати сум ви зборувал дека принесувањето на даровите на олтарот (на светата Трпеза) од храмот, односно излегувањето на свештеникот во тело пред олтарот, внатрешно духовно соодветствува на излегувањето на умот пред олтарот на срцето – значи, со умносрдечна молитва и словесната жртва на човековата личност што во срцето на Бог Му се принесува и посветува. Ако свештенослужителот со својот ум не излегува пред престолот Божји во своето срце, што ако со телото стои пред престолот Божји во храмот? Затоа после Големиот Вход, кога ги предлагаме чесните Дарови на светата Трпеза, втора молитва што ја изговараме после првата е следната: „Според милосрдието Твое, Господи, чини му добро на Сион и нека се возвишат ѕидините ерусалимски. Тогаш ќе Ти бидат угодни жртвите на правдата, приносите и сепалениците; тогаш на Твојот олтар ќе се полагаат телци“. Го молиме Бог да го возобнови ерусалимскиот храм на Сион, односно да ја возобнови чистотата на нашето срце; и да ги возобнови и подигне ѕидините ерусалимски, односно да го просветли нашиот ум, кој како таков нема да дозволи ниту една валкана помисла да влезе во нашето срце – за тогаш да Му бидат угодни нашите молитви принесени од умот во срцето, но и нашата служба при принесувањето на евхаристиските Дарови. Во ова се состои и персонално-сотириолошкото значење на севкупниот Домострој на Богочовекот Христос за нашето спасение доживеан во светата Тајна Свештенство.

Претпоставувате и самите дека сите соодветни молитви за време на светата Литургија, оние што се носители на Божјиот дар на умносрдечната молитва, ги изговараат во своето срце. Затоа кога ќе се сетам на молитвата – „Достојно и праведно е Тебе да Ти пееме, Тебе да Те благословуваме, Тебе да Те фалиме, Тебе да Ти благодариме, Тебе да Ти се поклонуваме на секое место од Твоето владеење“ – се запрашувам себеси, кој апсурд е тоа за нас монасите да го посветиме нашиот живот на Бог и да Му се поклонуваме на Христос секаде и во секое време, а токму таму каде што е најважно тоа да го сториме – во нашите срца – сè уште да немаме пристап.

            Овде повторно се враќаме на нашата болна тема за нашето срце извалкано, затворено  и заробено од страстите, како место каде што Синот Човечки нема каде „глава да потслони“. И бидејќи нашиот ум не може да влезе во затвореното срце и да допре до Синот Човечки, Тој престојува таму осамен, гладен, жеден, странец, необлечен, во затвор... заради нашата љубов, заради нас и заради наше спасение. Затоа, за да допреме до Христос и да Му послужиме, уште еднаш ќе се потсетиме дека најнапред треба доволно да го очистиме своето срце од страстите, да го осознаеме ‘местото на срцето’, да го откриеме влезот на Царството Небесно внатре во себе, и со својот ум смирено да застанеме пред Царот на славата.

            После сè што чувме деца, барем три работи теоретски ни стануваат појасни:

            Прво, ни станува појасно дека патот до Бог, како и до срцето на нашиот ближен, минува само преку нашето очистено срце.

Второ, ни станува појасно како нашите Отци и Учители успеваа да го одржат и разгорат духовниот огин во своето срце – и додека се молеа насамо во својата ќелија непрестајно соединети со својот Господ, и додека молитвено сострадуваа за сите луѓе, и додека се молеа и служеа Литургија за живот на светот, и додека им враќаа со зло оние за чие добро и за чие спасение се молеа и на кои им го продолжуваа времето предвидено за нивно покајание. Тие знаеја дека ако само еднаш вратат со зло на зло и дека ако само еден човек остане надвор од нивната молитва, огнот во нив ќе се задуши и згаси.

            Трето, ни стануваат појасни и зборовите на нашиот Господ и Спасител, Богочовекот Исус Христос: „Јас дојдов да фрлам оган на земјата и колку би сакал да се беше веќе разгорел“ (Лука 12, 49).

 Митрополит Струмички Наум

 

Посети:{moshits}


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5857
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6662
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6466
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5652
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1300
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1626
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

« »

Сè што е соединето со Бог, спасено е

Whatever is united to God, it is saved

Православен календар

 

28/04/2024 - недела

Велигденски пости; (пост на риба)

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници; Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим; Светиот маченик Сава Готски; Светите маченички Василиса и Анастасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная