Скопје /06/01/ 12:01

Највисоките државни раководители на православните верници и на Македонската православна црква (МПЦ), им го честитаа големиот христијански празник Божиќ.

bozik.jpg„На овој голем Господски празник кој се празнува во спомен на Христовото раѓање, ги упатувам своите уверувања и надежи дека Македонската Православна Црква и во иднина ќе продолжи да го дава својот придонес во одвивањето на реформите и интегративните процеси на нашата држава во демократска атмосфера и верска толеранција“, се вели во честитката на претседателот Бранко Црвенковски до поглаварот на МПЦ, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.

Во честитката шефот на државата истакнува дека преку афирмирањето на духовното богатство на луѓето, меѓусебното почитување, помагање и солидарност, заеднички се придонесува за подобра иднина на земјата.

Божиќна честитка до верниците и МПЦ упати и премиерот Никола Груевски. „Овој празник е повик кон сите нас, да се вратиме на патот по кој Свети Климент одеше и кој му го покажа на својот народ. Тоа е пат на помирување со самите себеси и со другите, пат на единство, слога, семејни вредности и духовен препород на сиот православен македонски народ, пат на мир и љубов помеѓу нас самите и со светот во кој живееме“, наведува Груевски.

Во честитката се додава дека „овој голем христијански празник е можност да се истакне благородната мисија на МПЦ во промовирањето на вистинските духовни вредности и културната особеност на македонскиот народ, мисија за мир и толеранција помеѓу луѓето“./крај/с/ег/

Посети:{moshits}