логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Ilust.zadete2.jpg

Спомнувајќи си денес за големиот пророк Илија, ние истовремено се потсетивме и на незаборавните и славни собитија од херојското минато на нашиот народ, нераскинливо поврзани со овој небесен покровител. Еве врви 109-та година од оној херојски миг, кога нашиот народ востана, борејќи се за евангелска слобода против иноверниот поробувач, и 67-та од еден друг, не помалку значаен и славен настан, моментот во кој нашиот народ ја прогласи својата државност. Во овие мигови на сенародно веселие, оваа година славиме уште еден црковно-народен јубилеј: 170 години од изградбата на црквата „Св. вмч. Георгиј Победоносец“ во с. Лазарополе. Овој храм е непорекливо сведоштво за духовната широчина на нашиот народ, кој задоен со силна вера и воспитан во евангелската наука, иако во тоа време окован во прангите на ропството, сепак бил слободен по дух и успеал да се избори за подигањето на овој храм, а притоа и раскошно да го украси.
Затоа денес се собравме во големо мнозинство во прекрасното и живописно селце Лазарополе, на големиот народен собир, достојно да го прославивме, не само светиот пророк Илија, туку и делото на нашите предци, кои со натчовечка пожртвуваност се принесоа себеси во служба на Бога и на ближните. Оваа ретка и навистина величествена свеченост, устроена од црковниот одбор и Бигорското братство, беше збогатена и со присуството на Неговото Блаженство, архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, како и на Нивните Високопреосвештенства, митрополитите: г. Тимотеј и г. Агатангел.  На торжественото богослужение во византиски мелос, ни се придружи и протопсалтот Панајотис Сомалис од Атина, голем пријател на македонскиот народ, кој ја посети нашата татковина токму на денот на нејзиниот голем национален празник.
Всушност за тоа колку е значаен Илинден за сите нас кои живееме во оваа убава но со многу жртви платена татковина, не потсети и самиот архиепископ во своето послание во чест на големиот празник. „Илинден, нагласува архиепископот, треба да го одбележуваме како свој духовен и морален препород и како своевиден испит пред Бога и пред нашите славни предци: комити и војводи, борци и партизани, поборници и духовници... Илинден треба да го славиме како настан што трае и секој Македонец треба да го носи во себе каде и да оди. Илинден не завршил ни во 1903, ни во 1944, ни во 1991 година. Илинден бил и останува со секој Македонец, на секое место и во секое време“. На доксологијата, пак, што следуваше веднаш по литургијата, преку словото на митрополитот Тимотеј, научивме нешто повеќе за историјата на храмот „Св. Георгиј“ и за славните подвизи на неговиот храбар градител. Имено храмот бил изграден во 1832 година, без знаење на турските власти, но неговиот ктитор – великанот ќајата Ѓурчин Кокалески, потоа издејствувал дозвола од султанот. „Огормна е заслугата на Ѓурчин Кокалески во повеќе сфери и развивања на Лазарополе – истакна митрополитот за овој голем народнополезен деец. Тој како самоук ќе се ангажира со свештеникот Мартин Димковски за организирање на првото училиште за да ги просвети, пред сѐ, своите деца, но и сите оние што изразувале желба за учење. Овој заслужен човек покажал извонредна христијанска доблест, бидејќи им помагал на сите сиромаси, како од селото, така и од пошироката околина. Тој се одликувал со голема умереност и дипломатска способност... Ѓурчин се ангажирал лазарополската црква да добие и камбана, која во 1856 пристигнува од Австрија. Со ова, Лазарополе станало второ место во Македонија, после Бигорскиот манастир, кое се здобило со црковна камбана. Тој особено покажувал голем интерес за тоа луѓето од мијачкиот крај да не примаат ислам, а тие што примиле, пак, ги враќал во христијанство, при што особено се познати случаите во Галичник“. Така, лазарополската црква, бележита по прекрасниот животопис од познатиот македонски зограф Дичо, благодарение на Ѓурчин, била меѓу првите цркви од османлиското време која била изѕидана од камен и украсена со камбанарија.
Каков светол пример за сите нас е оваа така богоугодна и родољубива дејност на нашите предци, која нам, нивните потомци јасно ни го покажува вистинскиот начин за тоа како треба да се љуби татковината и светата Црква и да се ревнува за велелепието на Божјите домови.
Денешната прослава заврши со искрени желби и молитвени повици од многубројниот народ, Бог да ни ја чува нашата татковина.
На многаја лета света наша татковино!

 

Извор: http://bigorski.mk/index.php?content_type=sluzhbi_bdenija&action=details&record_id=678

 

Друго:

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

« »

Православен календар

 

31/07/2024 - среда

Св. маченик Емилијан; Преподобен Памво; Преподобните Пајсиј и Исаија; Преподобниот Јован многустрадален;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов маченик Емилијан 18 јули / 31 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Емилијан 18 јули / 31 јули 2024

Емилијане свети мачениче,од роб на луѓе слуга Божји постана,од лагата во вистината Мудроста те приведе.Идолите рушејќи ги прво во себе,

Тропар на св. Христова вмч-ца Марина 17 јули / 30 јули 2024

Тропар на св. Христова вмч-ца Марина 17 јули / 30 јули 2024

Како Елена света која по Крстот трагаше –Крст од Небесата за тебе испратен беше,како Јона кој во китова утроба патуваше...

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Нема ученик поголем од својот учител,но радоста учителска е потполна кога ученикот го продолжи делото, Христе Боже наш, Атиноген свети...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная