Верата и Надежта

Верата значи предаденост,
Да веруваш - значи да се предадеш,
Да веруваш - значи да се надеваш,
Да веруваш - значи да се откажеш,
да се откажеш од себеси,
и да се поробиш, верувајќи
и да се надеваш во Оној
во Кој веруваш - Кој те поробил
и во Него пак си слободен,
Врзан си со љубовта –
Која никогаш не престанува.

(Антонио Лазески)


stefan.varvara9.jpg

Манастирот на св. Никола- 17 декeмври, Лето Господово

До овој прекрасен манастир утрово за  да се отиде на Литургија,  неизбежно  беше да се отпешачи. Насекаде околу величествената тишина и снежната прекривка беа придружници. Тивката  молитва ја допира  душата и како смегулка нежно  се спушта во неа.

stefan.varvara3.jpg

 stefan.varvara4.jpg

Се наоколу е толку тивко, ниедно движење не го пореметува  совршениот мир кој владее тука.

stefan.varvara2.jpg

Доближувањето до манастирот ја појавува и мислата дека сеуште не е изграден конакот во овој женски манастир. Белината околу него како да ја потенцира неговата руинираност.

stefan.varvara5.jpg

Со пречекорување на манастирските порти, сликата сосема  се менува. Сестринството на манастирот(посветен на свети Никола ), со својата  постојана, пожртвувана љубов и  труд, а се во слава на Бога и светителот, преубаво го уреди домот Божји.

stefan.varvara1.jpg

stefan.varvara7.jpg

Секако , крајната цел на патеката по која чекориме, е домот Господов. Небесниот Ерусалим.

Амин!

stefan.varvara25.jpg

 

Други текстови:

Прва заповед

Христијанската етика и пороците во современиот живот

Само посета, или нешто повеќе ?!

посети:{moshits}