Излезе од печат новиот број од списанието „Православна Светлина“ .

Примерокот е бесплатен, а може да се најде во седиштата на Архиерејските намесништва на Повардарската епархија во градовите:

Велес - Соборен храм „Св. вмч. Пантелејмон“, „Успение на Пресвета Богородица“, „Св. Спас“ ;

Кавадарци - Соборен храм „Св. Димитрија“

Неготино - Соборен храм „Св. Атанасиј“

Гевгелија - Соборен храм „Св. Кирил и Методиј“,

како и во сите цркви и манастири низ Повардарската епархија

 Повеќе:

http://issuu.com/cilak1/docs/svetlina16web?mode=embed&layout=http%3A%2F%2Fskin.issuu.com%2Fv%2Flight%2Flayout.xml

"И во овој број, во списанието се обработени теми  од учењето на нашата Мајка Црква , со цел да ги спознаеме позитивните моменти од нив и да се обидеме да ги примениме во нашиот живот, а со цел уште повеќе да ја зацврстиме нашата заедница со Бога и меѓу нас самите, да ги спознаеме и примиме Божјите добрини и убавини, за полесно да го пронајдеме своето смирение и да придонесеме за што поголем интерес кај сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко, за практикување на нашата православна христијанска вера."