
Во Неделата, на 30 Јануари 2011 година, на денот кога го празнуваме Свети Антониј Велики, во Македонската Црковна Општина Свети Никола во Виндзор, Канада беше отслужена Света Архирејска Литургија. На богослужбата чиноначелствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско - Канадски господин Методиј во сослужение со Прото-ставрофор д-р Александар Мустеников, епархискиот секретар и ѓакон Стефан Барјактаров и ипо-ѓаконот Димитар Башевски.
Митрополитот Методиј беседаше за улогата и значението на свети Антониј и свети Јован Крстител во воспоставувањето на монашкиот живот во христијанството.
Митрополитот Методиј беседаше за улогата и значението на свети Антониј и свети Јован Крстител во воспоставувањето на монашкиот живот во христијанството.




Подготви: Глигор Стефанов