http://www.youtube.com/watch?v=fzw3AZKYyeg
НЕДЕЛА ПО БОГОЈАВЛЕНИЕ (32.)
Вчера апостолот, Христијанинот кој што стапил на патот на спасението го наоружа со духовно сеоружје: а сега заради поткрепување во тешкотиите укажува на раководителите во тој тек на борбата и на последната света цел на се. Раководители се пастирите и учителите кои Господ и ги дарува на црквата (Еф. 4, 11-13) преку чии усти изрекол се што е потребно како раководствено укажување. Тие му помагаат на секој кој што ќе им се обрати со вера и со молитвено обраќање кон Бога. Оваа вистина ја знаат оние кои што, со самоодрекување, одат по Божјиот пат и не се жалат себеси, водат борба со непријателите на спасението. Тие кај своите пастири секогаш наидуваат на помош и вразумување, дури и тогаш кога од страна гледано, изгледа дека не можат да ги очекуваат. Затоа што тие му приоѓаат на Бог а не на луѓето. А Бог е секогаш подготвен преку овие луѓе да го раководи и да го вразумува секој кој што искрено и со вера бара помош од Него. Последна и светла цел е мерката за раст во Христа, израснување во совршен човек. Сите знаат што е совршен човек во обичен смисол и нема да се најде човек кој не би сакал да постигне такво совршенство. Меѓутоа, никој не знае што е совршен човек во Бога, освен оние кои тој раст го постигнале. Ова се разбира никому не треба да му послужи како повод за оладување на ревноста која што е неопходна за постигнување на тој раст, туку напротив, како причина таа да се разгори. Затоа што непознавањето на Бог зависи од висината на духовното совршенство кое се нарекува мажествен раст во животот по Бога. Апостолот го одредува како усвојување на сите полнотии на совршенството кои што ги пројавил нашиот Бог Спасител. Од ова секој гледа поради што на повикот треба да му се пријде со „сета ревност“.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (18.12.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
http://www.youtube.com/watch?v=dBc0pE4f50g&nofeather=True
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: С.Д.