логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 
{mp3}Deca_Ninje_sovershilos{/mp3}
{mp3}Deca_Tropar_na_Rozdestvo{/mp3}
 
Подготовките за Празникот започнаа со генерално чистење на Храмот и негово украсување.  Во оваа „мисија“ учество зедоа и најмладите!
  ChBozik1.jpg
ChBozik2.jpg
 
 
Духовните подготовки за дочекување на Празникот станаа поинтензивни со Светите Богослужби кои започнаа во средата навечер (5 Јануар), кога беше отслужено Бдение за Навечерие на Рождеството Христово. 
 
ChBozik4.jpg
 
Утредента, пак, во четвртокот, се служеа Царски Часови, и Вечерна Богослужба со Света Архиерејска Литургија.

Прекрасно беше да се слушаат Царските Часови, кои така премудро го навестуваа раѓањето на Месијата! Сите читања на Пророштвата, сите Евангелија и Апостоли, сите химни што се пееа, не носеа чекор поблиску до долгоочекуваниот Празник!

Со Светата Архиерејска Литургија чиноначалствуваше епископот Кливландски Петар, во сослужение со отец Матеј, отец Валериј и отец Андреј.

Храмот беше преполн и голем број на верници (вклучувајќи многу дечиња) и пристапија на Светата Чаша, соединувајќи се со Телото и Крвта на Нашиот Господ.
 
ChBozik4.jpg
 
ChBozik4.jpg
 
ChBozik4.jpg
 
ChBozik4.jpg
 
 
На самиот крај од Литургијата, на средината на Храмот свечено беше изнесена свеќата, која, како што образложи епископ Петар, ја симболизира ѕвездата која на мудреците им го покажувала патот до Новородениот Цар.
 
ChBozik10.jpg
 
Потоа торжествено беа отпеани Тропарот и Кондакот на Христовото Рождество!

Епископ Петар во претходните денови напомена дека на овој ден (6 Јануар, ден пред Рождеството Христово), мнозина се одлучуваат воопшто да не вкусат храна додека не се појави првата ѕвезда на небото, а на присутните верници им препорача да се обидат да се воздржат од храна барем до пладне, додека не заврши Светата Литургија.
 
ChBozik11.jpg
 
ChBozik12.jpg
 
Во четвртокот вечерта, на 6 Јануар беше отслужено Празнично Бдение (Големо Повечерие и Утрена Богослужба), а на самиот ден Божик, Часови и Света архиерејска Литургија.
 
ChBozik13.jpg 
 
Посебно беше торжествено за време на Светата Литургија. Храмот беше претесен да ги собере верниците собрани во навистина огромен број!
   

Во Петокот вечерта празнувањата продолжија со прекрасно Бдение во чест на втор ден Божик посветен на Пресвета Богородица, а утредента се отслужи Света Архиерејска Литургија. Во неделата, пак, прва по Христовото Рождество кога се празнуваат светите Богоносни оци, а воедно и трет ден Божик,  и споменот на Св.Првомаченик Стефан, повторно беше отслужена Света Архиерејска Литургија, а во саботата, наспроти овој ден во кој се соединија неколку Празници, беше отслужено свечено Бдение.

Во неделата, по Литургијата, дечињата од училиштето „Св.Јон Ханкоуски“ кое дејствува при Рускиот Храм имаа прекрасна Божикна приредба, по руски наречена „Јолка“. Приредбата беше отворена со настап на детскиот хор предводен од диригентката на нашата македонска Црква „Св.Петка“ од Чикаго, која во руското школо ги учи дечињата на црковно пеење.
 
ChBozik15.jpg

ChBozik15.jpg

Фото: С.Лазареска и Руска Катедрална Црква

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

17/07/2024 - среда

Св.Андреј Критски;преп.Андреј Рубљов;преп.Марта

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная