логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


06.01.2011 год.

(четврток)

КОН СОВЛАДУВАЊЕ НА НОВО-ЗАВЕТНИОТ ПРЕДИЗВИК

Со почетокот на Божикниот пост, да го започнеме заедно и подвигот на читање на Новиот Завет, следејќи го 40 дневниот распоред.

40-ден

 

 


Ден 40: Откровение: Глава 12 до крај (Глава 22)

 

Глава 12

Жената облечена во сонце и змевот

 

1И голем знак се покажа на небото: жена, облечена во сонце; под нозете нејзини беше месечината,  а на главата нејзина - венец од дванаесет
ѕвезди.
2 Таа беше бремена и викаше од породилни болки, и се мачеше да роди.
3 Потоа се јави друг знак на небото. Ете, голем црвен змев со седум глави и десет рогови, а на главите негови седум круни;
4 опашката негова повлече една тре-
тина од небеските ѕвезди и ги фрли на
земјата. Змевот застана пред жената,
која сакаше да роди, та, кога ќе роди, да
го изеде детето нејзино.
5 И таа роди машко дете, кое ќе ги па-
се сите народи со железен жезол; и де-
тето нејзино беше грабнато и однесено
кај Бога и Неговиот престол.
6 А жената побегна во пустина, каде
што имаше приготвено место од Бога за
да ја хранат таму илјада двесте и шеесет
дена.
7 И настана војна на небото: Михаил и
неговите ангели војуваа против змевот,
а змевот и неговите ангели војуваа про-
тив нив;
8 но беа поразени, и за нив веќе не се
најде место на небото.
9 И беше исфрлен големиот змев  -
старата змија, наречена ѓавол и сатана,
која ја мами целата вселена, беше собо-
рена на земјата, и заедно со неа и анге-
лите нејзини беа исфрлени.
10 И чув висок глас на небото како
зборува: „Сега настана спасението  и
силата и царството на нашиот Бог  и
власта на Неговиот Христос, бидејќи е
симнат клеветникот на браќата наши,
кој ги клеветеше пред нашиот Бог дење
и ноќе.
11 Тие го победија со крвта на Јагнето
и со словото на своето сведоштво и не
се грижеа за животот свој дури до сама-
та смрт.
12 Затоа веселете се, небеса, и вие, кои
живеете на нив! Тешко вам, кои живе-
ете на земјата и морето, зашто ѓаволот
слегол кај вас со голем гнев, бидејќи
знае дека му останува малку време!”
13 А кога виде змевот дека е фрлен на
земјата, почна да ја гони жената што го
беше родила машкото дете.
14 И и се дадоа на жената две крилја
како на голем орел за да одлета во
пустината на своето место, каде ќе се
храни време, две времиња и половина
време, далеку од лицето на змијата.
15 И змијата од устата своја испушти
по жената вода како река, за да ја од-
влече со реката.
16 Но земјата и помогна на жената: ја
отвори земјата устата своја и ја прогол-
та реката што ја беше испуштил змевот
од устата своја.
17 И се разлути змевот на жената  и
отиде да војува со другите од семето
нејзино што ги пазат Божјите заповеди
и го имаат сведоштвото на Исус Хрис-
тос.
18 И застана на морскиот песочен
брег.

Глава 13

Двата ѕвера

 

1И видов како од морето излегува
ѕвер со седум глави и десет рого-
ви; на роговите негови имаше десет
круни, а на главите негови - богохулни
имиња.
2 Ѕверот што го видов прилегаше на
леопард: нозете му беа како кај мечка,
а устата - како уста на лав. И змевот му
ја даде силата своја, и престолот свој, и
голема власт.
3 И видов дека една од главите негови
како да беше смртно ранета, но таа
смртна рана му заздраве. Тогаш се
зачуди целата земја и тргна по ѕверот;
4 и му се поклонија на змевот, кој му
беше дал власт на ѕверот; му се пок-
лонија и на ѕверот, велејќи: „Кој е како
ѕверот, и кој може да војува со него?”
5 Нему му се даде уста што зборуваше
големи зборови и богохулства; и му се
даде власт така да прави четириесет и
два месеци.
6 Тогаш ја отвори устата за хулење
против Бога за да го навредува името
Негово, живеалиштето Негово и оние
што живеат на небото.
7 И му се даде да војува против свети
ите и да ги победи; му се даде власт над
секое колено, јазик и народ.
8 И ќе му се поклонат сите земни
жители, чии имиња не се запишани во
книгата на животот на Јагнето заклано
од создавањето на светот.
9 Кој има уво, нека чуе:
10 кој во прогонство води, во прогон
ство ќе биде одведен; кој со меч убива
од меч треба да биде убиен. Тука  е
трпението и верата на светиите.
11 И видов друг ѕвер како излегува од
земјата. Тој имаше два рога како ка
јагне и зборуваше како змевот.
12 Ја извршува сета власт на првиот
ѕвер во негово присуство и ја присилува
целата земја и жителите нејзини да му
се поклонат на првиот ѕвер, чија смртна
рана се беше исцелила;
13 и правеше големи чуда, па дури  и
оган симнуваше од небото на земјата
пред луѓето.
14 И ги мамеше земните жители со
чудата што му беа дадени да ги врши
пред ѕверот, велејќи им на земните
жители да му направат биста на ѕверот,
кој имаше рана од меч и остана жив.
15 И му се даде да вложи дух во бис-
тата на ѕверот, та да прозборува тој и да
направи да бидат убиени оние кои нема
да се поклонат пред бистата на ѕверот.
16 И ќе направи на сите - мали и голе-
ми, богати и сиромаси, слободни  и
робови - да им се стави белег на десна-
та рака или на челата нивни,
17 та никој да не може ни да купува,
ниту да продава, освен оние што го
имаат тој белег, или името на ѕверот,
или бројот на името негово.
18 Тука е мудроста. Кој има ум, нека
го пресмета бројот на ѕверот, бидејќи е
број на човек, и бројот му е шестотини
шеесет и шест.

Глава 14

 

Јагнето и Неговиот народ

 
1Потоа видов: ете, Јагнето стои
на гората Сион, и со Него сто
четириесет и четири илјади, што го
имаа на челата свои напишано името на
Неговиот Отец.
2 И чув глас од небото како шум од
многу води и како звук од силен гром;
чув глас на харфисти што свират на
харфите свои
3 и како да пеат нова песна пред
престолот и пред четирите животни  и
старешините; и никој не можеше да ја
научи таа песна, освен оние сто четири-
есет и четири илјади, кои беа откупени
од земјата.
4 Тие се оние што не се осквернија со
жена, бидејќи се девствени; тие се оние
што го следеа Јагнето каде и да оди,
Тие се откупени меѓу луѓето, првенци
на Бога и на Јагнето,
5 и во устата нивна измама не се најде;
тие се непорочни пред престолот Бож-
ји.
Најавување на Божјиот Суд
6 И видов друг ангел како лета среде
небото, кој имаше вечно Евангелие, за
да им благовести на жителите земни, на
секое племе и колено, јазик и народ.
7 Тој зборуваше со висок глас: „Имај-
те страхопочит кон Бога и подајте Му
слава, зашто настапи часот на Неговиот
суд, и поклонете Му се на Оној Кој ги
создал небото и земјата, морето и вод-
ните извори!”
8 И друг ангел се појави по него, ве-
лејќи: „Падна, падна Вавилон, големиот
град, зашто сите народи ги напои со
жестокото вино на своето блудство!”
9 И трет ангел по него наиде,
зборувајќи со висок глас: „Кој ќе му се
поклони на ѕверот и на бистата негова,
и прими белег на челото свое или на
раката своја,
10 тој ќе пие од виното на јароста
Божја, вино неразводнето, излеано во
чашата на Неговиот гнев, и ќе биде ма-
чен со оган и сулфур пред светите анге-
ли и пред Јагнето.
11 Димот од мачењето нивно ќе се из-
дига во сите векови; нема да имаат мир
ни дење, ни ноќе оние што ќе му се пок-
лонат на ѕверот и на неговата биста, и
што ќе го примат белегот на неговото
име!”
12 Тука е трпението на светиите; тука
се оние што ги пазат заповедите Божји
и верата во Исус.
13 Чув глас од небото како да ми вели:
„Напиши - блажени се мртвите кои от-
сега умираат во Господ! Да - вели Ду-
хот - нека се одморат од трудот свој
зашто делата нивни ги следат!”
Жетвата на земјата
14 И видов: ете, светол облак, и на об-
лакот седеше сличен на Синот Човеч-
ки; на главата Своја Тој имаше златен
венец, а во раката - остар срп.
15 И друг ангел излезе од храмот и из-
вика со силен глас на Оној што седеше
на облакот: „Замавни со српот и жнеј
зашто дојде твојот час за жетва: бидејќи
житото на земјата е зрело!”
16 И Оној што седеше на облакот го
фрли српот свој на земјата и земјата бе-
ше пожнеана.
17 И друг ангел излезе од храмот, што
се наоѓаше на небото, и имаше исто та-
ка остар срп.
18 И друг ангел, кој имаше власт над
огнот, излезе од жртвеникот и со силен
глас извика кон оној што имаше остар
срп, велејќи: „Фрли го српот свој и обе-
ри го грозјето од земното лозје, зашто
зрната му се веќе зрели!”
19 И ангелот го фрли српот свој на
земјата, го обра земното лозје и го фрли
во големата каца на Божјиот гнев,
20 и се изгмечи кацата надвор од гра-
дот, и потече крв од кацата дури до уз-
дите на коњите, на илјада и шестотини
стадии.

Глава 15

Седумте ангели  и седумте последни казни

1И видов друг знак на небото, го-
лем и чуден: седум ангели што
ги држеа седумте последни казни, заш-
то со нив ќе се заврши Божјиот гнев.
2 И видов нешто како стаклено море,
измешано со оган; и оние што го побе-
дија ѕверот и неговата биста, неговиот
белег и бројот на неговото име, стоеја
на тоа стаклено море и имаа харфи
Божји.
3 И ја пееја песната на Мојсеј, Божји-
от слуга, и песната на Јагнето, велејќи:
„Големи и чудесни се делата Твои, Гос-
поди Боже Седржителе! Праведни  и
вистинити се Твоите патишта, Царе на
народите!
4 Кој нема да се уплаши од Тебе, Гос-
поди, и не ќе го прослави името Твое?
Зашто само Ти си свет; зашто сите на-
роди ќе дојдат и ќе се поклонат пред
Тебе; бидејќи се појавија Твоите правед-
ни судови!”
5 Потоа видов: ете, на небото се отво-
ри храмот на скинијата на собранието.
6 И излегоа од храмот седумте ангели,
што ги држеа седумте зла, облечени во
чисти и светли облеки од ленено плат-
но и опашани преку градите со златни
појаси.
7 И едно од четирите животни на се-
думте ангели им даде седум златни ча-
ши, полни со гневот на Бога, Кој живее
во вечни векови.
8 И се исполни храмот со дим од сла-
вата на Бога и од силата Негова, и никој
не можеше да влезе во храмот додека
не се извршија седумте казни на седум-
те ангели.

Глава 16

Седумте чаши на Божјиот гнев

1И чув од храмот висок глас како
им вели на седумте ангели:
Одете, излејте ги седумте чаши со гне-
от Божји на земјата!”
2 И отиде првиот ангел и ја излеа ча-
ата своја на земјата; и по луѓето, што
о имаа белегот на зверот и се поклону-
аа на неговата биста, се појавија лоши
лути рани.
3 И вториот ангел ја излеа чашата
воја во морето: и тоа стана како крв од
биен човек; и с# живо изгина во морето.
4 Третиот ангел ја излеа чашата своја
о реките и во изворите водни, и тие се
ретворија во крв.
5 Потоа го чув ангелот на водите како
ели: „Праведен си, Господи, Кој си,
ој беше, Свет си, зашто така пресуди,
6 бидејќи тие пролеаја крв на светии и
ророци, и Ти им даде да пијат крв - за-
лужуваат!”
7 И чув друг како зборува од жртве-
икот: „Да, Господи Боже Седржителе,
вистинити и праведни се Твоите пресуди!”
8 Четвртиот ангел ја излеа чашата
своја врз сонцето; и му се даде да ги
жари луѓето со оган.
9 И силна жега ги опфати луѓето, и го
похулија името на Бога Кој има власт
над тие зла, и не се покајаа да Му одда-
дат слава.
10 Петтиот ангел ја излеа чашата сво-
ја врз престолот на ѕверот; и царството
негово се помрачи и луѓето ги гризеа ја-
зиците свои од болка
11 и Го проколнуваа небесниот Бог по-
ради болките и раните свои, но не се
покајаа за делата свои.
12 Шестиот ангел ја излеа чашата сво-
ја во големата река Еуфрат; и пресуши
водата нејзина за да се приготви патот
за царевите од сончевиот исток.
13 И видов кога од устата на змевот и
од устата на ѕверот и од устата на лаж-
ниот пророк излегоа три нечисти духа,
како жаби;
14 зашто тоа се ѓаволски духови  кои
прават чуда; тие одат кај царевите на
целиот свет, за да ги соберат за војна во
оној голем ден на Бог Седржителот.
15 „Ете, Јас доаѓам како крадец; бла-
жен е оној кој бдее и пази на алиштата
свои за да не оди гол и да не се гледа
срамот негов!”
16 И ги собра на местото наречено по
еврејски Армагедон.
17 Седмиот ангел ја изли чашата своја
на воздухот; и од престолот на небесни-
от храм се пронесе силен глас кој изви-
ка: „Се сврши!”
18 И имаше светкавици, громови  и
гласови, и стана силен земјотрес, таков
голем и силен потрес, каков што нема-
ло откако има луѓе на земјата.
19 Големиот град се раздели на три де-
ла, и градовите на незнабошците пад-
наа; а великиот Вавилон се спомна пред
Бога за да му се даде чашата со вино од
јароста на Неговиот гнев.
20 Сите острови исчезнаа, и гори веќе
не се гледаа.
21 И град, голем како талант, падна
од небото на луѓето; а луѓето Го про-
колнуваа Бога поради злото од градот,
зашто тоа зло беше многу големо.

 

Глава 17

Вавилон - големата блудница

1Потоа дојде еден од седумте
ангели, што ги имаа седумте ча-
ши, и зборуваше со мене, велејќи ми:
„Дојди да ти ја покажам пресудата на
големата блудница која седи над многу
води;
2 со неа блудствуваа земните цареви, и
со виното на нејзиното блудство се опи-
ја жителите на земјата!”
3 И ме одведе со духот во пустина: и
видов жена како седи на црвен ѕвер, кој
беше полн со богохулни имиња и има-
ше седум глави и десет рогови.
4 А жената беше облечена во пурпур
и скерлет и накитена со злато, со драго-
цени камења и бисери. Во раката своја
држеше златна чаша, полна со гнасоти-
ја и нечистотија од блудството нејзино.
5 А на челото и беше напишано име-
то: „Тајна, великиот Вавилон, мајка на
блудниците и на земните гнасотии.”
6 И ја видов жената како се опива со
крвта на светиите и со крвта на сведо-
ците Исусови; и се зачудив многу кога
ја видов.
7 И ми рече ангелот: „Што се чудиш?
Јас ќе ти ја кажам тајната на оваа жена,
и на ѕверот, што ја носи и има седум
глави и десет рогови.
8 Ѕверот, што го виде ти, беше и го не-
ма; тој ќе излезе од бездната и ќе заги-
не; и земните жители, чии имиња не се
запишани во книгата на животот од
созданието на светот, ќе се почудат,
кога ќе видат дека ѕверот беше и го
нема, иако постои.
9 Овде е потребен ум што има муд-
рост. Седумте глави, тоа се седумте го-
ри врз кои седи жената;
10 а седумте цареви, од  кои петмина
паднаа, едниот постои, другиот уште не
дошол; и кога ќе дојде, малку ќе остане.
11 И ѕверот што беше и  кого што го
нема, е осми; тој е еден од седумте и ќе
загине.
12 А десетте рогови, што ги виде, се
десет цареви, кои царства уште не при-
мија, туку како цареви ќе добијат власт
само за извесно време заедно со ѕверот.
13 Тие имаат една мисла, и силата  и
власта своја ќе му ја предадат на ѕверот
14 Тие ќе војуваат против Јагнето,  и
Јагнето ќе ги победи, зашто Тој е Гос
подар над господарите и Цар над царе
вите, и оние, што ќе се со Него, се
повикани и избрани и верни.”
15 И ми рече: „Водите што ги виде ти
каде што седи блудницата, тоа се луѓе
то и народите, племињата и јазиците.
16 А десетте рогови, што ги виде на
ѕверот, тие ќе ја замразат блудницата
ќе ја запустат и оголат, и телото нејзи
но ќе го изедат, а неа самата на оган ќе
ја изгорат.
17 Зашто Бог им даде во срцата нивни
да ја исполнат волјата Негова, да се до
говорат и да го дадат царството свое на
ѕверот, додека не се исполни словото
Божјо.
18 А жената, која ја виде ти, е големи
от град кој царува над земните цареви.”

 

Глава 18

Падот на Вавилон

1А по ова видов како слегува од
небото друг ангел кој имаше го
18 лема власт: и земјата светна од него-
виот болскот.
2 И извика силно, зборувајќи со висок
глас: „Падна, падна великиот Вавилон,
и стана ѓаволско живеалиште и засол-
ниште на секаков нечист дух, врталиш-
те на сите нечисти и гадни птици;
3 зашто со отровното вино на своето
блудство ги напои сите народи. И царе-
вите земни блудствуваа со неа, а тргов-
ците земни се збогатија од нејзината го-
лема раскош!”
4 И чув друг глас од небото како вели:
„Излезете од неа, луѓе Мои, за да не со-
учествувате во гревовите нејзини, и да
не добиете од казните нејзини;
5 бидејќи гревовите нејзини стигнаа до
небото, и Бог си спомна за неправдите
нејзини.
6 Платете и како што и таа ви плати
вам и дајте и двојно онолку за делата
нејзини; со чашата, со која ве служеше,
послужете ја двојно.
7 Колку што се прослави и живееше
раскошно, толку мака и јад вратете и.
Зашто во срцето свое вели: ‚Седам како
царица, вдовица не сум и мака нема да
видам.‘
8 Затоа во еден ден ќе ја сполетаат
казните; смрт, жалост и глад, и ќе биде
изгорена во оган, зашто силен е Господ
Кој ја суди.
9 И ќе заплачат и ќе заридаат по неа
царевите земни, кои блудствуваа со неа
и живееја раскошно, кога ќе го видат
димот од горењето нејзино;
10 и стоејќи оддалеку, од страв пред
нејзините маки ќе велат: ‚Тешко, теш-
ко, голем граде Вавилоне, граде силни,
зашто во еден час дојде пресудата
твоја!‘
11 И трговците земни ќе плачат и ри-
даат за неа, бидејќи стоките нивни нема
веќе никој да ги купува;
12 стоки од злато и сребро, од драго-
цени камења и бисери, од висон и пор-
фир, од свила и скерлет, секакво мириз-
ливо дрво и секакви работи од слонова
коска: секакви изработки од скапоцено
дрво, од бакар, железо и мермер;
13 и цимет и темјан, миро и ливан, ви
но и масло, брашно и пченица, говеда и
овци, коњи и коли, тела и души човеч
ки.
14 И овошјата, за кои душата ти коп
нееше, повеќе ги немаш, и сето богат
тво и сјај исчезнаа за тебе, и нема веќе
да ги најдеш.
15 Трговците, кои со тие стоки се збо
атија од неа, ќе стојат оддалеку од
страв пред маките нејзини, и плачејќи
и ридајќи
16 ќе зборуваат: ,Тешко, тешко тебе
граде голем, облечен во свила, порфир
и скерлет, украсен со злато, драгоцени
камења и бисери,
17 зашто во еден миг пропадна толку
олемо богатство!‘ И сите сопственици
на кораби, и сите патници во корабите
и морнарите, и оние што тргуваат по
море, застанаа оддалеку
18 и викаа, па гледајќи го димот од го
рењето негово, велеа: ,Кој беше како
овој голем град?‘
19 И ги посипаа главите свои со пепел
и со плачење викаа и велеа: ,Тешко
тешко тебе, граде голем со чии скапоц
ености се обогатија сите што имаа кора
би по море; зашто за еден миг запусте!
20 Весели се поради тоа, небо, и вие
светии и апостоли и пророци, зашто Бог
ги заштити вашите права!
21 Тогаш еден силен ангел подигна
еден камен, голем како воденички ка-
мен, па го фрли во морето и рече: ,Со
такво бучење ќе биде сринат Вавилон,
големиот град, и ќе го нема веќе!‘
22 И глас на харфисти, пејачи, свирачи
и трубачи во тебе нема веќе да се чуе;
никаков уметник од  која и да е умет-
ност нема веќе да се најде во тебе, шум
од воденичен камен нема веќе да се чуе
во тебе.
23 И светлина од светила нема веќе да
осветлува во тебе, и глас на младоже-
нец и невеста нема веќе да се чуе во те-
бе, бидејќи трговците твои беа големи
луѓе на земјата, зашто преку твоите ма-
гии се заблудија сите народи.
24 И во него се најде крв на пророци и
светии, а и на сите што беа погубени на
земјата.”

 

Глава 19

Песна во чест на победата.

1Потоа чув висок глас како од
многу народ на небото, кој веле-
ше: „Алилуја, спасение и слава, чест и
сила на нашиот Бог,
2 зашто пресудите Негови се вистини-
ти и праведни; бидејќи Тој ја осуди го-
лемата блудница која со своето блудст-
во ја расипа земјата, и се одмазди за
крвта на слугите Свои, што загинаа од
раката нејзина.”
3 И повторно рекоа: „Алилуја! Димот
нејзин ќе се издига во векови!”
4 Тогаш паднаа дваесет и четирите
старешини и четирите животни, та Му
се поклонија на Бога, Кој седеше на
престолот велејќи: „Амин, алилуја!”
5 А од престолот излезе глас, кој веле-
ше: „Фалете Го нашиот Бог сите слуги
Негови и вие,  кои имате страхопочит
кон Него, големи и мали!”
6 И чув глас како од многу народ, глас
како од многу води, и глас како од сил-
ни грмотевици, кој велеше: „Алилуја,
зашто се зацари Господ Бог, Седр-
жителот!
7 Да се радуваме и да се веселиме и да
Му оддадеме слава, бидејќи дојде свад-
бата на Јагнето, и невеста Му се при-
готви!
8 И $ се даде да се облече во чист и
светол висон.” А висонот е праведноста
на светиите.
9 И ми рече: „Напиши - блажени се
поканетите на свадбената вечера кај
Јагнето!” А ми рече уште: „Ова се вис-
тински Божји зборови!”
10 И паднав пред нозете негови да му
се поклонам; но тој ми рече: „Стој, и јас
сум слуга како и ти и браќата твои, што
го имаат сведоштвото Исусово; пок-
лони Му се на Бога, зашто сведоштвото
Исусово е Духот на пророштвото!”
Јавачот на бел коњ
11 И го видов небото отворено, и ете,
бел коњ и Оној Кој јаваше на него се
вика Верен и Вистинит, и Тој праведно
суди и војува;
12 очите Му беа како огнен пламен, а
на главата имаше многу круни и напи-
шано име кое освен Него, никој не го
знаеше.
13 И беше облечен во облека натопена
со крв, и со името - Слово Божјо.
14 А небесните војски, облечени во
бел и чист висон, врвеа по Него на бели
коњи.
15 Од устата Негова излегуваше остар
меч за да ги казни со него идолопок-
лониците. Тој ќе ги пасе со железен же-
зол и ќе ја изгази кацата со вино на ја-
роста и гневот на Бога Седржителот.
16 На облеката и на бедрото Негово
беше напишано името: „Цар над царе-
вите” и „Господар над господарите.”
17 Потоа видов еден ангел како стои
на сонцето; тој извика со висок глас и
им рече на сите птици што летаа сред
небото: „Долетајте и соберете се на го-
лемата Божја вечера,
18 да јадете тела на цареви, тела на
војводи, тела на силни, тела на коњи и
на нивните јавачи, и тела на сите - сло-
бодни и робови, мали и големи!”
19 Тогаш го видов ѕверот и земните
цареви и нивните војски собрани за да
војуваат против Оној Кој седеше на
коњ, и Неговата војска.
20 Ѕверот беше фатен, а заедно со него
и лажниот пророк,  кој правеше чуда
пред него, та ги соблазни оние што беа
примиле белег од ѕверот и и се пок-
лонуваа на неговата биста: и обајцата
живи беа фрлени во огненото езеро со
запален сулфур;
21 другите, пак, беа убиени со мечот
што излегуваше од устата на Оној Кој
седеше на  коњот. И сите птици се
наситија од телата нивни.

 

Глава 20

Сатаната врзан на илјада години

1Потоа видов како од небото
слегуваше ангел кој го имаше
клучот од бездната и голема верига во
раката своја:
2 го фати змевот, древната змија, која
е ѓаволот и сатаната - и го врза за илја-
да години;
3 потоа го фрли во бездната и го зак-
лучи, ставајќи печат врз него за да не ги
лаже веќе народите до завршувањето
на илјада години; по ова време тој треба
да биде пуштен за малку време.
4 И видов престоли и седнати на нив,
на кои им беше дадено да судат, а и ду-
шите чии глави беа исечени поради све-
доштвото Исусово и заради словото
Божјо, а и оние што не му се поклонија
на ѕверот ниту на неговата биста, и не
примија белег на челата свои и на
рацете свои и оживеаја и царуваа со
Христос илјада години.
5 Другите, пак, од умрените не оживе-
аја додека не се навршија илјада години.
Тоа е првото воскресение.
6 Блажен и свет е оној кој има дел во
првото воскресение; над нив втората
смрт нема власт, а ќе бидат свештеници
на Бога и ќе царуваат со него илјада го-
дини.
Поразот на сатаната
7 А кога ќе се навршат илјада години,
сатаната ќе биде пуштен од затворот
свој,
8 и ќе излезе да ги лаже народите по
четирите краишта на земјата, Гог  и
Магог, и да ги собере за војна; нивниот
број е колку морскиот песок.
9 Тие излегоа по ширината земна и го
заобиколија живеалиштето на светиите
и возљубениот град; падна од Бога оган
небесен и ги проголта.
10 А ѓаволот, што ги лажеше, беше
фрлен во огнено и сулфурно езеро, каде
што е ѕверот и лажниот пророк; тие ќе
бидат мачени дење и ноќе во векови.
Конечниот Суд
11 И видов голем бел престол и Седна-
тиот на него, од Чие лице побегнаа зем-
јата и небото, и за нив место не се најде.
12 Потоа ги видов мртвите, мали и го-
леми, како стојат пред Бога; се отвори-
ја книги, и друга книга се отвори - кни-
гата на животот; и судени беа мртвите
според запишаното во книгите, според
делата нивни.
13 Морето ги поврати мртвите свои,
кои беа во него; смртта и пеколот ги
повратија мртвите свои, што беа во нив;
и секој прими суд според делата свои.
14 А смртта и пеколот беа фрлени во
Огненото Езеро. Тоа е втората смрт.
15 И кој не беше запишан во книгата
на животот, беше фрлен во Огненото
Езеро.

 

Глава 21

Ново небо и нова земја

 
1И видов ново небо и нова земја,
зашто поранешната земја поми-
на, и морето го немаше веќе.
2 Тогаш јас, Јован, го видов светиот
град Ерусалим, нов, како слегува од
Бога, од небото, стокмен како невеста
променета за својот маж.
3 И чув висок глас од небото како збо-
рува: „Ете го светиот шатор, светилиш-
тето на Бога меѓу луѓето, и Тој ќе жи-
вее со нив; тие ќе бидат Негов народ, а
Сам Бог ќе биде со нив - нивниот Бог.
4 И ќе ја избрише Бог секоја солза од
очите нивни, и смрт нема да има веќе;
ни плач, ни пискот, ниту болка нема да
има веќе, бидејќи поранешното поми-
на.”
5 И Седнатиот на престолот рече:
„Ете, с# ново создавам.” И ми рече:
„Напиши, зашто овие зборови се вис-
тинити и верни.”
6 Потоа ми рече: „Се сврши! Јас (сум)
Алфа и Омега, почетокот и крајот. На
жедниот ќе му дадам Јас од изворот на
жива вода дарум.
7 Кој победува, ќе наследи с#, и ќе му
бидам Бог, а тој ќе Ми биде син.
8 А на плашливците и неверниците,
на поганите и убијците, на блудниците и
маѓесниците, на идолопоклониците и на
сите што лажат, делот им е во езерото
што гори со оган и сулфур, тоа е втора-
та смрт.”
Новиот Ерусалим
9 Тогаш дојде кај мене еден од седум-
те ангели, што ги држеа седумте чаши,
полни со седумте последни казни, ми
прозборе и рече: „Дојди, ќе ти ја пока-
жам невестата - жената на Јагнето.”
10 Па ме одведе преку Духот во една
голема и висока гора и ми го покажа
големиот град, светиот Ерусалим,  кој
слегуваше од небото - од Бога,
11 и имаше Божја слава; светлината
негова прилегаше на најскапоцен ка-
мен, како светол камен јаспис;
12 тој имаше големи и високи ѕидови,
дванаесет порти, а над нив дванаесет ан-
гели и напишани имињата на дванаесет-
те колена на синовите Израелови:
13 спроти исток - три порти, спроти
север - три порти, спроти југ - три
порти, спроти запад - три порти.
14 Ѕидовите на градот имаа дванаесет
темели, и врз нив имињата на дванае-
сетте апостоли на Јагнето.
15 Оној што зборуваше со мене имаше
златна трска за да го измери градот  и
портите негови и ѕидовите негови.
16 Градот беше четириаголен, а дол-
жината му е колку што и широчината.
Тој го измери градот со трската и најде
дека изнесува дванаесет илјади стадии5;
должината, широчината и височината
негова - еднакви.
17 Потоа ги измери ѕидовите негови,
што беа сто четириесет и четири лакти,
со мерка човечка која е и ангелска.
18 Ѕидовите му беа изградени од јас-
пис; а градот - од чисто злато, како чис-
то стакло.
19 Темелите на градските ѕидови беа
украсени со секаков вид скапоцени
камења: првиот темел - јаспис, вториот
- сафир, третиот - халкидон, четвртиот
- смарагд,
20 петтиот - сардоникс, шестиот  -
сард, седмиот - хрисолит, осмиот  -
вирил, деветтиот - топаз, десеттиот  -
хрисопрас, единаесеттиот - хијацинт,
дванаесеттиот - аметист.
21 А дванаесетте порти беа дванаесет
бисери: секоја порта беше од еден би-
сер; улиците на градот беа од чисто зла-
то како проѕирно стакло.
22 Храм, пак, не видов во него, бидејќи
Господ Бог Седржителот и Јагнето се
неговиот храм.
23 И градот немаше потреба ни од
сонце, ни од месечина за да светат во
него, зашто Божјата слава го осветлува,
а светило му е Јагнето.
24 И спасените народи ќе одат по
неговата светлина, и царевите земни ќе
ја принесат во него својата слава и чест.
25 А портите негови нема да се заклу-
чуваат дење, бидејќи таму нема да има
ноќ.
26 И ќе ја внесат во него славата  и
честа на народите;
27 и нема во него да влезе ништо не-
чисто, ни оној кој врши гнасни работи и
лаже, а само оние кои се запишани во
книгата на животот на Јагнето.

 

Глава 22

Реката и дрвото на животот

1И ми покажа чиста река со вода
на животот, бистра како крис-
тал, која истечуваше од престолот на
Бога и на Јагнето.
2 Сред главната улица и од двете стр-
ани на реката - дрвото на животот, што
раѓа плодови дванаесет пати, давајќи
плод секој месец; а лисјата на дрвото
служат за исцелување на народите.
3 И нема веќе да има никакво прок-
летство; престолот на Бога и на Јагнето
ќе биде во градот; Неговите слуги ќе
Му служат
4 и ќе го гледаат лицето Негово,  а
името Негово ќе им биде на челата нив-
ни.
5 И ноќ нема да има таму, и не ќе има
потреба од светило, ниту од сончева
светлина, бидејќи Господ Бог ќе ги
осветлува, и ќе царува во вечни векови.
Исусовото враќање
6 И ми рече: „Овие зборови се верни и
вистинити. Господ, Бог на светите про-
роци, го испрати ангелот Свој, за да им
покаже на Своите слуги што ќе стане
наскоро.
7 ‚Еве, доаѓам скоро; блажен е оној
кој ги пази пророчките зборови на оваа
книга!‘“
8 И јас, Јован, го видов и го чув ова; и
кога го чув и видов, паднав за да се пок-
лонам пред нозете на ангелот, кој ми го
покажа ова.
Но тој ми рече: „Стој, немој, зашто
и јас сум слуга како ти, и браќата твои
- пророци и оние што ги држат зборови-
те на оваа книга. Поклони Му се на Бо-
га!”
10 И ми рече: „Не запечатувај ги про-
рочките зборови на оваа книга, бидејќи
времето е блиску!
11 Кој чини неправда, нека чини не-
правда уште; и кој е осквернет, нека се
осквернува уште; и кој е праведен, нека
чини правда уште; и кој е свет, нека се
осветува уште.
12 И еве, ќе дојдам скоро, и платата
Моја е со Мене, за да му дадам на секо-
го според делата негови.
13 Јас сум Алфа и Омега, Првиот  и
Последниот, Почетокот и Крајот!
14 Блажени се оние што ги исполну-
ваат заповедите Негови, за да бидат дос-
тојни за дрвото на животот и да влезат
во градот низ портите.
15 А надвор се кучињата, вражачите,
блудниците, убијците, идолопоклони-
ците и секој што сака да лаже и лаже.
16 Јас, Исус, го испратив Својот ангел
да ви го посведочи ова по црквите. Јас
сум корен и род Давидов, сјајната ѕвезда
Деница.”
17 И Духот и невестата велат: „Дојди!”
И кој ќе чуе, нека каже: „Дојди!” И кој
е жеден, нека дојде, и кој сака, нека зе-
ме од водата на животот дарум.

 

Заклучок

18 И Јас му сведочам на секого кој ги
слуша пророчките зборови на оваа
книга. Ако некој нешто додаде кон нив,
нему Бог ќе му наметне казни опишани
во оваа книга.
19 Ако некој одземе од пророчките
зборови на оваа книга, Бог ќе му го од-
земе делот од книгата на животот, и од
светиот град, и од она што е напишано
во оваа книга.
20 Зборува оној што го сведочи ова:
„Да, ќе дојдам скоро!” - Амин! „Да, дој-
ди, Господи Исусе!”
21 Благодатта на нашиот Господ Исус
Христос нека биде со сите вас. Амин!

СЛАВА МУ НА БОГА, УСПЕАВМЕ ЗАЕДНО ВО СОВЛАДУВАЊЕТО НА ОВОЈ НОВОЗАВЕТЕН ПРЕДИЗВИК!

ХРИСТОС СЕ РОДИ!!!   НАВИСТИНА СЕ РОДИ!!!

http://preminportal.com.mk/content/view/7250/54/

Превод од англиски: С.Л.

(Светото Писмо во електронски облик е преземено од веб-страницата   http:

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

17/07/2024 - среда

Св.Андреј Критски;преп.Андреј Рубљов;преп.Марта

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

На твоето плотско живеење се восхитија ангелските чинови,телесно над невлидливите сплетени мрежи си се воздигнал,ранувајќи ги демонските полкови,

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная