логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


05.01.2011 год.

(среда)

 КОН СОВЛАДУВАЊЕ НА НОВО-ЗАВЕТНИОТ ПРЕДИЗВИК

 

Со почетокот на Божикниот пост, да го започнеме заедно и подвигот на читање на Новиот Завет, следејќи го 40 дневниот распоред.

39-ден

Dorotea.sv.Teodot.jpg

39 Ден: ОТКРОВЕНИЕ    Глави: 1-11

Вовед
Книгата Откровение е пишувана во времето на силните прогони на христијаните, заради верата во Христос како Господ. Писателот се залага за смело запазување на ваквата вера, наспроти прогонствата и страдањата. Најголемиот дел од оваа книга се состои од неколку серии откровенија напишани со јазик богат со симболи. Ваквиот начин на претскажување можат да го разберат христијаните (особено оние од првиот век), но претставува тајна за останатите луѓе. Иако меѓу христијаните имало разлики во толкувањата за значењето на деталите, сепак, главната тема е јасна и недвосмислена: Бог преку Христос на
крајот ќе ги победи сите непријатели на доброто, вклучувајќи го тука на прво место ѓаволот (сатаната). Истовремено, Бог ќе ги награди оние што ќе Му останат верни, со вечен и благословен живот на новата Земја и новото Небо што Тој ќе ги создаде.

Вовед

Глава 1

1Откровение на Исус Христос,  кое
Му го даде Бог, за да им го покаже
на слугите Свои она што треба да стане
скоро. Тој го најави тоа испраќајќи го
Својот ангел на слугата Свој Јован,
2 Кој го посведочи словото Божјо  и
сведоштвото на Исус Христос, и с# што
иде.
3 Блажен е оној кој чита и оние кои ги
слушаат зборовите на ова пророштво и
пазат на напишаното во него; зашто
времето е блиску.

 

Поздрав до седумте цркви

 

4 Јован - до седумте цркви, што се во
Азија: благодат вам и мир од Оној, Кој
е, и Кој бил, и Кој иде, и од седумте
духови кои се пред Неговиот престол,
5 и од Исус Христос, Кој е верен све-
док. Првороден од мртвите и Господар
на земните цареви. Нему, Кој н# возљу-
би и изми од нашите гревови преку Сво-
јата крв
6 и Кој н# направи пред Бога  и
Неговиот Отец царство на свештеници,
слава и власт во вечни векови. Амин!
7 Ете, иде со облаци, и ќе го види
секое око, и оние што Го прободоа; и ќе
се расплачат пред Него сите племиња
на земјата. Да. Амин!
8 Јас сум Алфа и Омега, почеток  и
крај - вели Господ, Кој е, Кој беше,  и
Кој иде, Седржителот.

 

Визија за Исус

 
9 Јас, Јован, вашиот брат и соучесник
во скрбта и во царството и во трпението
на Исус, бев на островот, наречен
Патмос, заради словото Божјо и заради
сведоштвото на Исус.
10 Во Господовиот ден бев понесен од
Духот и зад себе чув силен глас како од
труба1,
11 кој велеше: „Тоа што ќе го видиш,
напиши го во книга и испрати го до
седумте Цркви, (што се во Азија): во
Ефес и во Смирна, во Пергам и во Ти-
атир, во Сард, во Филаделфија и во Ла-
одикија!”
12 И се свртев за да го видам гласот
што зборуваше со мене; и штом се
свртев, видов седум златни свеќници,
13 а сред седумте свеќници еден, како
Синот Човечки, облечен во долга обле-
ка до нозете и околу градите препашан
со златен појас;
14 главата и косата Му беа бели како
бела волна, како снег, а очите Негови
како огнен пламен;
15 нозете Негови - слични на усвитена
бронза, како во печка вжарена, а гласот
Негов - како шум од многу води.
16 Во Својата десна рака Тој држеше
седум ѕвезди, а од Неговата уста излегу-
ваше меч со две острици; лицето Него-
во светеше како што сонцето сјае во
полна сила.
17 Штом Го видов, паднав пред Него-
вите нозе како мртов. Тој ја стави Сво-
јата десна рака врз мене и ми рече: „Не
плаши се! Јас сум Првиот и Последниот
18 и Живиот. Бев мртов, и ете, жив
сум за сите векови и ги имам клучевите
од адот и смртта.
19 И така напиши што виде, што е и
што има да стане по тоа.
20 Ова е тајната на седумте ѕвезди што
ги виде во Мојата десница, а на седумте
златни свеќници: седумте ѕвезди се
ангелите на седумте цркви - а седумте
свеќници, што ги виде, тоа се седумте
цркви.”

Глава 2

Порака до црквата во Ефес

 
1На ангелот на Ефеската црква
напиши му: ова го вели Оној Кој ги
држи седумте ѕвезди во десницата
Своја, Кој оди среде седумте свеќници;
2 ги знам делата твои, трудот твој  и
трпението твое, и дека не можеш да ги
поднесеш лошите; знам дека си ги испи-
тал оние што себеси се нарекуваат
апостоли, а не се, и дека си утврдил
дека се лажговци;
3 дека имаш трпение, дека си поднесу-
вал за името Мое и дека не си се умо-
рил.
4 Но имам нешто против тебе, зашто
ја остави својата прва љубов.
5 Спомни си од каде си паднал и покај
се, и врши ги поранешните дела; ако не,
скоро ќе ти дојдам и ќе го преместам
свеќникот твој од местото негово, ако
не се покаеш.
6 А ова го имаш: ги мразиш делата на
николаитите, кои и Јас ги мразам.
е жеден, нека дојде, и кој сака, нека зе-
ме од водата на животот дарум.

7 Кој има уво, нека чуе што им збору-
ва Духот на Црквите: - на оној што
победува ќе му дадам да јаде од дрвото
на животот што е сред Божјиот рај.
Порака до црквата во Смирна
8 И на ангелот на Смирненската црк-
ва напиши му: така вели Првиот и Пос-
ледниот, Кој беше мртов и еве оживеа:
9 ги знам твоите дела, скрбта и сиро-
маштијата - но ти си богат: и хулењата
на оние, кои за себе велат дека се Јудеј-
ци, а не се, туку се сатанска збирштина.
10 Не плаши се воопшто од она што ќе
треба да го истрпиш. Ете, ѓаволот не-
кои од вас ќе фрли в затвор за да ве ис-
куша, и ќе бидете нажалени десетина
дни. Биди верен до самата смрт и ќе ти
го дадам венецот на животот.
11 Кој има уво, нека чуе што им збору-
ва Духот на црквите: на победникот,
втората смрт нема да му нанесе штета.
Порака до црквата во Пергам
12 А на ангелот на Пергамската црква
напиши му: вака вели Оној Кој држи
меч со две острици:
13 (ги) знам (делата твои) каде
живееш, каде е престолот на сатаната
и дека го држиш името Мое, и дека не
се одрече од верата Моја дури и во де-
новите кога Мојот верен сведок Антипа
беше убиен меѓу вас, во чија средина
живее сатаната.
14 Но за неколку работи сум против
тебе, зашто имаш таму некои што го
држат учењето на Валаам, кој го учеше
Валака да ги наведе на грев синовите
Израелови, та да јадат жртви идолски и
да блудствуваат.
15 А имаш и некои што го држат уче-
њето на николаитите, кое го мразам.
16 Покај се! Ако, пак, не, скоро ќе ти
дојдам и ќе стапам во борба против нив
со мечот на устата Своја.
17 Кој има уво, нека чуе што им збору-
ва Духот на црквите: на оној што побе-
дува ќе му дадам да јаде од сокриената
мана и ќе му дадам бело камче и на
камчето напишано ново име, што нико
не го знае, освен оној, што го добива!
Порака до црквата во Тиатир

18 И на ангелот на Тиатирската црква
напиши му: ова го вели Синот Божји,
Чии очи се како огнен пламен, а нозете
слични на усвитена бронза:
19 ги знам твоите дела, и  љубовта,  и
службата, и верата, и служењето,  и
трпението твое, и дека твоите последни
дела се побројни од првите.
20 Но за ова сум лут на тебе, зашто
позволуваш жената Језавела,  која себе
се нарекува пророчица, да ги учи и ма-
ми слугите Мои да блудствуваат и да ја-
дат идолски жртви.
21 А и дадов време да се покае за блуд-
ството свое, но таа не се покаја.
22 Ете, неа ја фрлам на постела,  и
оние што блудствуваа со неа, во маки
големи - ако не се покаат за делата
свои.
23 И чедата нејзини ќе ги казнам со
смрт, и сите цркви ќе дознаат дека Јас
сум Оној Кој ги истражува срцата  и
бубрезите; и секому од вас ќе му дадам
според делата негови.
24 А вам и на другите во Тиатир, што
не го држат тоа учење и не ги запознаа
таканаречените ‚длабочини сатански‘,
ви велам: нема да ви наложам друго
бреме.
25 Но држете го само она што го има-
те, додека не дојдам.
26 И кој победува и ги пази делата
Мои до крај, нему ќе му дадам власт над
незнабошците,
27 и ќе ги пасе со железен жезол;  и
тие ќе се строшат како земјени садови.
28 Како што и Јас примив власт од
Својот Отец, нему ќе му ја дадам ѕвез-
дата Деница.
29 Па,  кој има уво, нека чуе што им
зборува Духот на црквите.

 

Глава 3

Порака до црквата во Сард


1И на ангелот на Сардската црква
напиши му: еве што вели Оној Кој
ги има седумте ѕвезди: ги знам делата
твои; носиш име дека си жив, а мртов
си.
2 Биди буден и утврдувај ги оние што
се на умирање; бидејќи делата твои не
ги најдов совршени пред Мојот Бог.
3 Спомни си за она што си го примил
и чул, и послушај го, и покај се. Ако не
бидеш буден, ќе дојдам против тебе ка-
ко крадец, и нема да дознаеш  кога ќе
дојдам против тебе.
4 Но во Сард имаш неколку имиња
што не ги осквернија алиштата свои.
Тие ќе одат со Мене во бела облека, би-
дејќи се достојни.
5 Кој победува ќе биде облечен во бе-
ла облека, и нема да му го избришам
името негово од книгата на животот,
туку ќе го признаам името негово пред
Мојот Отец и пред Неговите ангели.
6 Кој има уво, нека чуе што им збору-
ва Духот на црквите.
Порака до црквата во Филаделфија
7 И на ангелот на Филаделфиската
црква напиши му: вака вели Светиот,
Вистинитиот, Оној, Кој го има клучот
Давидов, Кој отвора, и никој не може да
затвори, - и Кој затвора, никој не може
да отвори:
ги знам делата твои. Ете, ти дадов
отворена врата, што никој не може да ја
затвори; ти имаш мала сила и сепак го
запази словото Мое, и не одречувај се
од името Мое.
9 Ете, ќе направам некои од сатанска-
та синагога - оние што велат дека се Ју-
дејци, а не се, туку лажат, - да дојдат и
да се поклонат пред нозете твои и да
познаат дека Јас те засакав.
10 Бидејќи ти го запази словото на
трпението Мое, и Јас ќе те запазам од
часот на искушението кое ќе дојде над
целиот свет, за да ги искуша оние што
живеат на земјата.
11 Ете, доаѓам скоро: држи што имаш,
за никој да не го земе венецот твој.
12 Оној  кој победува, ќе го направам
столб во храмот на Мојот Бог, и нема
веќе да излезе надвор; и ќе го напишам
на него името на Мојот Бог и името на
градот на Мојот Бог, на новиот Еруса-
лим,  кој слегува од небото од Мојот
Бог, и Моето ново име.
13 Кој има уво, нека чуе што им збору-
ва Духот на црквите.

Порака до црквата во Лаодикија

 
14 И на ангелот на Лаодикиската црк-
ва напиши му: ова го вели Амин, Вер-
ниот и Вистинитиот Сведок. Почетокот
на Божјото создание:
15 ги знам делата твои: ти не си ни
студен, ни жежок; о, да беше студен
или жежок!
16 Така, бидејќи си млак, а не жежок,
или студен, ќе те изблујам од устата
Своја!
17 Зашто велиш: „Богат сум и се збо-
гатив, и ништо не ми треба”, а не знаеш
дека си беден и проколнат, сиромав,
слеп и гол;
18 те советувам да си купиш од Мене
злато низ оган пречистено, за да се збо-
гатиш; и бела облека, за да се облечеш,
и да не се гледа срамот на голотијата
твоја, и со очна маст намачкај ги очите
твои за да гледаш.
19 Оние што Јас ги сакам, нив ги ка-
рам и воспитувам. И така, биди искрен
и покај се.
20 Ете, стојам пред вратата и чукам.
Ако некој го чуе гласот Мој и ја отвори
вратата, ќе влезам кај него и ќе вечерам
со него, и тој со Мене.
21 На оној што победува, ќе му дозво-
лам да седне со Мене на Мојот престол,
како што и Јас победив и седнав со
Отецот Свој на Неговиот престол.
22 Кој има уво, нека чуе, што им збо-
рува Духот на црквите.

 

Глава 4

Отворено небо

 

1Потоа погледав, и ете, отворена
врата на небото, и поранешниот
глас, што го бев чул како од труба, кој
зборуваше со мене, рече: „Искачи се ов-
де и ќе ти покажам што треба да стане
потоа!”
2 И веднаш бев обземен од духот. И
ете, на небото стоеше престол, и на
престолот седеше Некој.
3 Оној што седеше изгледаше како ка-
мен јаспис и сардис, а околу престолот
виножито, кое прилегаше на смарагд.
4 Околу престолот, пак, имаше двае-
сет и четири престоли; и на престолите
видов седнати дваесет и четири старе-
шини, облечени во бели алишта, а на
главите светкавици, громови и гласови;
имаа златни венци.
5 И од престолот излегуваа молњи,
громови и гласови, а пред престолот го-
реа седум огнени светила, кои се седум-
те Божји духови;
6 пред престолот, пак, имаше стакле-
но море, слично на кристал; а сред
престолот и околу престолот - четири
животни, однапред и одназад полни со
очи:
7 првото животно прилегаше на лав,
второто - на теле, третото животно
имаше лице како на човек, а четвртото
личеше на орел во лет.
8 Четирите животни имаа по шест
крилја околу себе, а однатре беа полни
со очи, и без прекин дење и ноќе воск-
ликнуваа: „Свет, свет, свет е Господ Бог
Седржителот, Кој беше, Кој е и Кој ќе
дојде!”
9 А кога животните Му оддаваа слава,
чест и благодарност на Седнатиот на
престолот, на Живиот во сите векови,
10 дваесет и четирите старешини па-
ѓаа пред Седнатиот на престолот, Му се
поклонуваа на Живиот во сите векови и
ги полагаа своите венци пред престо-
лот, велејќи:
11 „Достоен си, Господи, да ја примиш
славата, честа и силата, зашто Ти си
создал сe, и според Твојата волја постои
сe и е создадено!”
Јагнето ја зема книгата
со седум печати

Глава 5

1И видов во десницата на Оној Кој
седеше на престолот, книга напи-
шана однатре и однадвор, запечатена со
седум печати.
2 И видов силен ангел што викаше со
висок глас: „Кој е достоен да ја отвори
книгата и да ги скрши печатите нејзи-
ни?”
3 И никој не можеше ниту на небото,
ниту на земјата, ниту под земјата, да ја
отвори книгата, ниту, пак, да ја гледа.
4 И јас многу плачев, што никој не се
најде достоен да ја отвори и да ја прочи-
та таа книга, ниту да ѕирне во неа.
5 А еден од старешините ми рече: „Не
плачи! Ете, Лавот, Кој е од Јудиното
колено, Коренот Давидов, победи да ја
отвори книгата и да ги скрши нејзините
седум печати!”
6 Погледав, и ете, сред престолот  и
четирите животни и сред старешините
стоеше Јагнето, како заклано, со
седумте рога и седумте очи, кои се се-
думте духови Божји, пратени по целиот
свет.
7 Тој дојде и ја зеде книгата од Оној,
Кој седеше на престолот.
8 И кога ја зеде книгата, четирите жи-
вотни и дваесет и четирите Старешини
паднаа пред Јагнето, држејќи секој од
нив харфа и златни чаши, полни со тем-
јан, кои се молитвите на светиите;
9 и пееја нова песна, велејќи: „Достоен
си да ја земеш книгата и да ги скршиш
нејзините печати, зашто Ти беше зак-
лан и со Својата крв н# откупи за Бога
од секое колено, јазик, народ и племе,
10 и н# направи пред нашиот Бог царе-
ви и свештеници, и ќе царуваме на зем-
јата!”
11 Потоа видов и чув глас на многу
ангели околу престолот и околу живот-
ните и старешините, а бројот им беше
илјадници и милиони,
12 кои зборуваа со висок глас: „Достој-
но е закланото Јагне да прими сила  и
богатство, мудрост и моќ, чест, слава и
благослов!”
13 И секое создание на небото и на
земјата, под земјата и во морето, и с#
што е во нив, чув како зборува: „На
Оној Кој седи на престолот, и на Јагне-
то - благослов и чест, слава и владеење
во сите векови!”
14 А четирите животни велеа:
„Амин!” И дваесет и четирите стареши-
ни паѓаа и Му се поклонуваа на вечно
Живиот.

Глава 6

Отворање на првите шест печати

 
1И видов кога Јагнето скрши еден од
седумте печати, и чув едно од чети-
рите животни  кое проговори како со
глас на грмотевица: „Дојди и види!”
2 И видов, ете, бел коњ, и на него ја-
вач со лак; и Му беше даден венец, и тој
излезе како победник, за да победи.
3 А кога го извади вториот печат, го
чув како проговори второто животно:
„Дојди и гледај!”
4 И излезе друг коњ, црвен; и на јава-
чот му беше дадено да го одземе мирот
од земјата, та еден со друг да се убива-
ат; и му беше даден голем меч.
5 А кога се отвори третиот печат, чув
како проговри третото животно: „Дојди
и види!” И видов, ете вран коњ, а на
него јавач со мерила во раката своја.
6 И чув глас сред четирите животни,
кој зборуваше: „Шиник пченица за де-
нариј, и три шиника јачмен за денариј;
а растителното масло и виното ќе ги не-
ма!”
7 И кога се раскрши четвртиот печат,
го чув гласот на четвртото животно кое
рече: „Дојди и гледај!”
8 И видов. И ете сив коњ, а на него
јавач, чие име беше смрт; и адот врвеше
по него, и му се даде власт над четврти-
на од земјата - да убива со меч и глад,
со помор и земни ѕверови.
9 А кога го симна петтиот печат, под
жртвеникот ги видов душите заклани
заради словото Божјо и за сведоштвото,
што го имаа
10 и викаа со висок глас, велејќи: „До
кога, Севишен, свети и вистинити, нема
да судиш и да им се одмаздуваш за
нашата крв на оние што живеат на зем-
јата?”
11 И на секого од нив им се дадоа бели
облеки, и им се рече да починат уште
малку време, додека не се дополни бро-
јот на нивните сотрудници и браќа, што
ќе бидат убиени, како и тие.
12 И видов, кога се крена шестиот
печат. И, ете, настана голем земјотрес,
и сонцето стана црно како вреќа од
кострет, и месечината стана како крв;
13 ѕвездите, пак, небесни паднаа на
земјата, како што смоквата лулана од
силен ветар, ги исфрли пупките свои;
14 и небото исчезна како свиткана хар-
тија, и секоја гора и секој остров се по-
местија од местата свои;
15 и царевите земни, и благородници-
те, и богатите, и војводите, и силните, и
секој роб и слободен се скрија во пеште-
ри и горски камењари,
16 велејќи им на планините и на кар-
пите: „Паднете врз нас и скријте н# од
лицето на Оној Кој седи на престолот и
од гневот на Јагнето,
17 зашто дојде големиот ден на
Неговиот гнев, и кој може да опстане?”

Глава 7

Црквата како Божји народ

 

1Потоа видов четири ангела како
стојат на четирите агли од земјата,
држејќи ги четирите земни ветрови, за
да не дува ветар ни на земјата, ни по мо-
рето, ниту на некое дрво.
2 И видов друг ангел како се подига-
ше од исток кој имаше печат на живиот
Бог. И тој извика со висок глас кон че-
тирите ангели, на  кои им беше дадено
да и пакостат на земјата и морето,
велејќи:
3 „Не пакостете $ на земјата, ниту на
морето, ниту, пак, на дрвјата, додека не
им ставиме печат врз челата на слугите
на нашиот Бог!”
4 И го чув бројот на одбележаните со
печат: сто четириесет и четири илјади
беа одбележани од сите колена на
синовите Израелови.
5 Од Јудиното колено со печат одбеле-
жани - дванаесет илјади; од Рувимовото
колено - дванаесет илјади; од Гадовото
колено - дванаесет илјади;
6 од Асировото колено - дванаесет
илјади; од Нефталимовото колено - два-
наесет илјади; од Манасиевото колено -
дванаесет илјади;
7 од Симеоновото колено - дванаесет
илјади, од Левиевото колено - дванаесет
илјади; од Исахаровото колено - дванае-
сет илјади;
8 од Завулоновото колено - дванаесет
илјади; од Јосифовото колено - дванае-
сет илјади; од Венијаминовото колено -
дванаесет илјади.
Црквата како мноштво
од избраните
9 Потоа видов, и ете, големо мноштво
народ, кое никој не можеше да го пре-
брои, - од сите племиња и колена, наро-
ди и јазици; тие стоеја пред престолот и
пред Јагнето, облечени во бели облеки
и со палмови гранчиња во рацете.
10 И воскликнуваа со висок глас, ве-
лејќи: „За спасението наше слава на на-
шиот Бог, Кој седи на престолот, и на
Јагнето!”
11 А сите ангели стоеја околу престо-
лот, старешините и четирите животни
и паднаа ничкум пред престолот и Му
се поклонија на Бога,
12 велејќи: „Амин! Благослов и слава
мудрост и благодарност, чест и сила и
моќ на нашиот Бог во сите векови
Амин!”
13 А еден од старешините прозборе и
ме праша: „Оние, облечени во бели об-
леки, кои се и од каде дошле?”
14 А јас му одговорив: „Ти знаеш
господине.” А тој ми рече: „Тие се што
дојдоа од големи маки; тие ги испраа
облеките свои и ги избелија со крвта на
Јагнето.
15 Затоа се пред престолот на Бога
Кому Му служат во Неговиот храм  и
дење и ноќе; и Оној, Кој седи на престо-
лот, ќе се всели во нив;
16 и нема веќе да огладнат, ниту, пак
да ожеднат; нив нема да ги пече сонце-
то и никаква горештина;
17 бидејќи Јагнето, Кое е среде прес-
толот, ќе ги пасе и води на живи извори
водни, и Бог ќе им ја избрише секоја
солза од очите нивни.”

Глава 8

Отворање на седмиот печат

 

1Кога го отвори седмиот печат, нас-
тана тишина на небото околу поло-
вина час.
2 И ги видов седумте ангели што стое-
ја пред Бога и им беа дадени седум
труби.
3 Тогаш дојде друг ангел со златна
кадилница и застана пред жртвеникот;
и му беше даден многу темјан, та со мо-
литвите на сите светии да го постави на
златниот жртвеник што беше пред
престолот.
4 Димот од темјанот, заедно со молит-
вите на светиите се издигна од раката
на ангелот пред Бога.
5 И ја зеде ангелот кадилницата, и ја
наполни со оган од жртвеникот, и ја фр-
ли на земјата, и тогаш се појавија гласо-
ви, грмотевици, светкавици и земјотрес.
Седумте труби
6 И седумте ангели што ги држеа се-
думте труби, се приготвија да затрубат.
7 Првиот ангел затруби, и се појави
град и оган, смешани со крв, и паднаа
на земјата. И една третина од дрвјата
изгореа, и сета зелена трева изгоре.
8 Затруби и вториот ангел - и како
некоја голема гора, пламната во оган, се
срина во морето; и третина од морето
се претвори во крв;
9 и умре една третина од морските
суштества, што имаа душа; и една тре-
тина од корабите пропаднаа.
10 И третиот ангел затруби, и од небо-
то падна голема ѕвезда, која гореше ка-
ко светило, и падна врз третината од ре-
ките и водните извори.
11 А името на таа ѕвезда е Пелин. И
третиот дел од водите загорчи како пе-
лин, и многу луѓе умреа од водите, би-
дејќи беа загорчени.
12 Потоа затруби и четвртиот ангел, и
беше удрена една третина од сонцето,
една третина од месечината и една
третина од ѕвездите, за да потемнее ед-
на третина од нив, та третина од денот,
како и на ноќта, да не свети.
13 И видов и чув еден орел како лета
среде небото и вика со висок глас:
„Тешко, тешко, тешко на оние што жи-
веат по земјата од другите трубни гла-
сови на трите ангели што ќе трубат!”

Глава 9

 
1Затруби и петтиот ангел, и видов
ѕвезда како падна од небото на зем-
јата. И и беше даден клучот од кладене-
цот на бездната;
2 па го отвори кладенецот на бездна-
та, и од кладенецот излезе дим како дим
од голема печка; сонцето и воздухот по-
темнеа од димот на изворот.
3 И од димот се појавија скакулци по
земјата, и им се даде власт, каква што
имаат земните скорпии.
4 И им се рече да не ја повредуваат
тревата по земјата, ниту какво и да би-
ло зеленило, ниту некое дрво, а само
оние луѓе,  кои немаат печат Божји на
челата свои.
5 И им се даде не да ги убиваат, туку
само да ги мачат пет месеци; и мачење-
то нивно беше како мачење од скорпи-
ја, кога ќе касне човек.
6 Во тие дни луѓето ќе ја бараат смрт-
та, но нема да ја најдат; ќе посакаат да
умрат, но смртта ќе бега од нив.
7 По својот облик скакулците личеа
на коњи приготвени за војна: на главите
нивни имаше нешто слично на златни
венци, а лицата им беа како лица човеч-
ки;
8 имаа  коси како косите на жени,  а
забите им беа како заби на лавови.
9 И имаа оклопи како оклопи од же-
лезо; а шумот на нивните крилја беше
како шум на коли со многу коњи кога
трчаат во војна.
10 Имаа, пак, опашки како скорпиите,
а на опашките осила и им беше дадена
сила да им пакостат на луѓето пет месе-
ци.
11 И за цар над себе го имаа ангелот
Авадон, а по грчки - Аполион2.
12 Едното зло помина, еве идат уште
две зла по него.
13 И шестиот ангел затруби, и чув
еден глас од четирите рога на златниот
жртвеник, што е пред Бога,
14 кој му зборуваше на шестиот ангел,
кај  кого беше трубата: „Ослободи ги
четирите ангели, врзани кај големата
река Еуфрат!”
15 И беа одврзани четирите ангели,
кои беа приготвени за часот и денот, за
месецот и годината, за да убијат една
третина од луѓето.
16 Бројот на коњаниците беше двесте
милиони - го чув нивниот број.
17 И така во видение ги видов коњите
и оние  кои јаваа на нив, што имаа
оклопи огнени и синкасти и сулфурни.
Главите на  коњите личеа на глави од
лавови, а од устата нивна излегуваше
оган, дим и сулфур.
18 А од тие три зла - огнот, димот  и
сулфурот, што излегуваа од нивната
уста, умре една третина од луѓето,
19 бидејќи нивната сила беше во нив-
ната уста, а опашките нивни, што личеа
на змии, имаа глави со кои пустошеа.
20 А другите луѓе, што не загинаа од
тие зла, не се покајаа за делата на ра-
цете свои, та да не се поклонуваат ни на
ѓаволи ни на идоли златни и сребрени,
бронзени, камени и дрвени,  кои не
можат ниту да гледаат, ниту да слуша-
ат, ниту, пак, да одат;
21 и не се покајаа ни за убиствата свои,
ниту, пак, за вражбите свои, ниту за
блудството свое, ниту за кражбите свои.

Глава 10

Ангелот и малата книга

 
1И видов друг силен ангел како
слегува од небото, обвиен со
облак, над главата виножито, а лицето
негово беше како сонце, додека нозете
како огнени столбови;
2 во раката своја тој држеше отворена
книшка; и ја постави својата десна нога
над морето, а левата - над земјата;
3 и извика со висок глас, како што ри-
ка лав; а  кога извика, седум громови
проговорија со своите гласови.
4 И кога седумте громови проговорија
со своите гласови, сакав да пишувам.
Но чув глас од небото, кој ми зборува-
ше: „Запечати го тоа што го зборуваа
седумте громови, и немој да го пи-
шуваш!”
5 И ангелот, кого го видов како стои
над морето и над земјата, крена рака
кон небото
6 и се заколна во Оној Кој живее во
вечни векови и Кој го создал небото и
с# што е на него, земјата и с# што е на
неа, и морето и с# што е во него - дека
не ќе има веќе време,
7 но во деновите, кога седмиот ангел
ќе се огласи и ќе затруби, тогаш ќе се
изврши тајната на Бога, како што им
беше објавил Тој на своите слуги - про-
роците.
8 И гласот што го бев чул од небото,
одново прозборува со мене и рече: „Оди
и земи ја отворената книшка од рацете
на ангелот што стои над морето и над
земјата!”
9 Тогаш отидов кај ангелот и му ре-
ков: „Дај ми ја книшката!” Тој ми одго-
вори: „Земи ја и изеди ја! Во стомакот
твој таа ќе ти биде горчлива, но во уста-
та ќе ти биде слатка како мед.”
10 Ја зедов книгата од рацете на анге-
лот, и ја изедов и во устата ми беше
слатка како мед, а  кога ја изедов, ми
беше горчлива во стомакот.
11 И ми рече: „Треба пак да пророку-
ваш меѓу многу народи и племиња, јази-
ци и цареви.”
Глава 11

Двата сведока

 
1И ми се даде мерна трска слична
на жезол, и ми се рече: „Стани и
измери го Божјиот храм и жртвеникот
и оние што се поклонуваат во него.
2 А дворот пред храмот остави го и не
мери го, бидејќи им е даден на незна-
бошците: тие ќе го газат светиот град
четириесет и два месеци.
3 И ќе им дадам на двајца Мои сведо-
ци, и тоа облечени во вреќи, да про-
рокуваат илјада двесте и шеесет дена.”
4 Тие се двете маслинови дрвца и два-
та светилника што стојат пред Господа-
рот на Земјата.
5 И, ако некој сака да им направи не-
правда, оган ќе излезе од устата нивна и
ќе ги проголта нивните непријатели; да,
така треба да биде убиен оној што ќе
посака тоа да го направи.
6 Тие ќе имаат власт да го затворат
небото за да не паѓа дожд во деновите
на нивното пророкување, и ќе имаат
власт над водите да ги претвораат во
крв и да ја поразат земјата со секаква
мака, кога ќе посакаат.
7 И кога ќе го завршат сведоштвото,
тогаш ѕверот, кој ќе излезе од бездната,
ќе им објави војна и ќе ги победи, и ќе
ги убие.
8 А труповите нивни ќе ги остави по
улиците на големиот град, кој духовно
се нарекува Содом и Египет, каде што
и нивниот Господ беше распнат.
9 И многу од народите и племињата и
јазиците ќе ги гледаат нивните трупови
три и пол дена и нема да дозволат нив-
ните трупови да бидат погребани во
гробови.
10 И жителите на земјата ќе се зараду-
ваат и развеселат поради нив, и ќе си
праќаат подароци еден на друг, бидејќи
тие два пророка ги мачеа оние што жи-
веат на земјата.
11 Но по три и пол дена во нив ќе вле-
зе животен дух од Бога, и тие ќе се
исправат на нозете свои, и голем страв
ќе ги обземе оние што ќе ги гледаат.
12 Тогаш тие ќе чујат висок глас од
небото како им вели: „Искачете се
ваму!” И тие ќе се искачат на небото во
облаци, и непријателите нивни ќе ги
видат.
13 Во тој час ќе настане голем земјот-
рес и една десетина од градот ќе се сру-
ши; а од земјотресот ќе загинат седум
илјади човечки имиња: другите, пак, ќе
се исплашат и ќе Му оддадат слава на
небесниот Бог.
14 Второто зло мина. Ете, брзо иде
третото зло.
Седмата труба
Затруби и седмиот ангел, и по небо-
Седмата труба
15 Затруби и седмиот ангел, и по небо-
то одекнаа силни гласови,  кои викаа:
„Царството на светот стана царство на
нашиот Господ и на Неговиот Хрис-
тос3, и Тој ќе царува во сите векови!”
16 И дваесет и четирите старешини,
кои седеа пред Бога на престолите свои,
паднаа ничкум и Му се поклонија на
Бога,
17 велејќи: „Ти благодариме, Господи
Боже Седржителе, Кој си, Кој беше  и
Кој ќе бидеш, зашто ја прими Својата
голема сила и се зацари!
18 Народите збеснаа, но дојде Твојот
гнев и времето да им се суди на мртвите
и да дадеш награда за слугите Твои - на
пророците, на светиите и на оние кои
имаат страхопочит кон името Твое, ма-
ли и големи, и да ги погубиш оние што
а уништуваа земјата!”
19 Тогаш на небото се отвори храмот
на Бога, и се јави ковчегот на заветот во
Неговиот храм; и имаше светкавици  и
гласови, громови и земјотрес, и град голем.

 

http://preminportal.com.mk/content/view/7250/54/

Превод од англиски: С.Л.

(Светото Писмо во електронски облик е преземено од веб-страницата   http:


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

17/07/2024 - среда

Св.Андреј Критски;преп.Андреј Рубљов;преп.Марта

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

На твоето плотско живеење се восхитија ангелските чинови,телесно над невлидливите сплетени мрежи си се воздигнал,ранувајќи ги демонските полкови,

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная