логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


03.01.2011 год.

(понеделник)

 КОН СОВЛАДУВАЊЕ НА НОВО-ЗАВЕТНИОТ ПРЕДИЗВИК

Со почетокот на Божикниот пост, да го започнеме заедно и подвигот на читање на Новиот Завет, следејќи го 40 дневниот распоред.

37-ден

vtornik.svpetka2.jpg

Вовед
Посланието до Евреите е упатено до група христијани кои биле изложени на жестоко противење. Писателот ги охрабрува да останат во христијанската вера, укажувајќи им дека Исус Христос е вистинското и конечно откровение од Бога за луѓето. Притоа, посебно се нагласени три вистини, и тоа:
(1) Исус е вечниот Божји Син, Кој ни ја покажа вистинската послушност кон Бога преку Своето страдање. Како Божји Син, Исус е над пророците и над ангелите, а поголем е и од Мојсеј.
(2) Бог Го прогласува Исус за вечен Првосвештеник, Кој е над сите старозаветни свештеници и првосвештеници.
(3) Нашето спасение од гревот, стравот и смртта е можно само со вера во Господ Исус Христос, како наш Првосвештеник. Сите обреди и жртви на животни се само сенка на вистинското спасение, кое е во Христос.Наведувајќи низа примери на богоугодна вера кај познати библиски личности
(11), писателот ги повикува и читателите да останат верни до крај (12), со поглед вперен во Христос и ги охрабрува да ги издржат сите страдања и прогонства.
Посланието завршува со совети и предупредувања.

37 ден: Послание до Евреите 1-10
1 | 2 | 3 | 4 | 5| 6 | 7| 8 | 9| 10

1
Бог ни се објавува преку Синот
1Бог, Кој во старо време, откако многупати и на многу начини им зборуваше на нашите предци преку пророците,
2 во последниве денови ни зборува преку Синот, Кого Го постави за наследник над се , преку Кого ги создаде и вековите.
3 Тој е одблесок на Божјата слава и отпечаток на Неговата суштина и држи се со Својот моќен збор. Откако преку Себе ги очисти нашите гревови, седна од десната страна на престолот на Севиш ниот во висините.

Величието на Божјиот Син
4 И стана толку повозвишен од ангелите, колку што е пославно името што го наследи, во споредба со нивното.
5 Зашто кому од ангелите Бог некогаш му рекол: „Ти си Син Мој, Јас Те родив денес”, или пак: „Јас ќе Му бидам Татко, а Тој ќе ми биде Син?”
6 Исто така, кога Го воведе Првородениот во вселената, рече: „Нека Му се поклонат сите ангели Божји!”
7 За ангелите, пак, речено е: „Ти ги правиш ангелите Свои ветрови, а служителите Свои огнен пламен”,
8 а за Синот: „Твојот престол, Боже, е вечен и жезолот на правдата е жезол на царството Твое.
9 Тебе Ти омиле правдата, а го намрази беззаконието; затоа, Боже, Твојот Бог Те помаза со масло на радоста повеќе од Твоите придружници.”
10 И пак: „Во почетокот Ти, Господи, си ја основал Земјата, а и небесата се дело на Твоите раце;
11 тие ќе загинат, Ти остануваш; сите ќе изветвеат како облека;
12 ќе ги свиткаш како наметка, како облекло, и тие ќе бидат променети; но Ти си секогаш истиот, и Твоите години нема да се свршат.”
13 А на кого од ангелите Бог некогаш му рекол: „Седи од Мојата десна страна додека непријателите Твои не ги поставам за подножје на нозете Твои?”
14 Нели се тие сите служителски духови, испратени да им служат на оние што ќе го наследат спасението?

Нашето спасение

2 

Затоа треба да бидеме нарочно внимателни кон она што го чувме за да не отпаднеме некако.
2 Зашто, ако реченото слово преку ангелите се покажа верно, и ако секој престап и секоја непослушност прими праведна казна,
3 како ли тогаш ќе се извлечеме ако занемариме такво големо спасение кое,најнапред проповедано од Господ, се потврди од оние што го беа чуле од Него,
4 кога и Бог им го потврди сведоштвото со знаци и чудеса, со разни силни дела и со раздавање дарови преку Светиот Дух по Негова волја.
Предводникот на нашето спасение.

5 Зашто Бог не им ја потчини на ангелите идната вселена за која зборуваме,
6 туку, напротив - некој посведочил зборувајќи: „Што е човекот да мислиш на него, синот човечки, та да се грижиш за него?
7 Си го направил за кратко малку подолен од ангелите, но со слава и чест си го овенчал и си го поставил над делата од Твоите раце;
8 се си потчинил под нозете негови.” А кога сему потчини, ништо не му остави непотчинето; но сега уште не гледаме дека се му е потчинето.
9 А гледаме дека Исус Христос, Кој за кратко време беше поставен понискоод ангелите, поради претрпената смрт беше овенчан со слава и чест, та, по Божјата благодат, Тој да вкуси смрт за сите.
10 Зашто Му прилегаше на Оној, поради Кого е се и од Кого е се , при донесувањето на многубројните чеда во слава, преку страдања да го усоврши Зачетникот на нивното спасение.
11 Бидејќи и Оној што осветува, и оние што се осветуваат, сите се од Еден; и затоа Исус не се срамува да ги нарече браќа, велејќи:
12 „Ќе го возвестам името Твое меѓу браќата Мои, среде собранието ќе Те славам.”
13 И пак: „Јас ќе се надевам на Него.” И одново: „Ете Ме Мене и децата Мои што Ми ги даде Бог.”
14 А бидејќи децата се учесници во телото и крвта, така и Тој зеде еднакво учество во тоа, та преку смртта да го победи оној што ја има власта над смртта, односно ѓаволот;
15 па да ги ослободи оние што од страв пред смртта преку целиот живот беа подложени на ропство.
16 Зашто јасно е дека Тој не дојде да им помогне на ангелите, туку на Авраамовите потомци;
17 затоа Тој мораше во се  да личи на браќата, па да биде милостив и верен првосвештеник пред Бога, за да ги очисти гревовите на народот.
18 Зашто во она, што Сам претрпе, откако беше искушан, во тоа ќе може и на искушуваните да им помогне.


Христос е поголем од Мојсеј
3

Затоа, браќа свети, учесници во небесното призвание, размислете за Пратеникот и Првосвештеникот на нашата вера, Исус Христос.
2 Кој Му беше верен на Оној Кој Го поставил, како и Мојсеј - во целиот негов дом.
3 Зашто Тој се удостои со слава, толку поголема од Мојсеевата, колку што е поголема почитта што ја има оној што го изградил домот од почитта што ја има домот!
4 Зашто секој дом се гради од некого; а Оној, Кој изградил се, е Бог.
5 И Мојсеј Му беше верен како слуга на целиот Негов дом, за да го посведочи она што требаше да се соопшти.
6 Христос, како Син, е верен во Божјиот дом. Негов дом, пак, сме ние, само ако слободата и надежта, со кои се фалиме, ги запазиме до крај.
 

Спокој за Божјите луѓе
7 Поради тоа, како што вели Светиот Дух: „Денес, ако го чуете гласот Негов,
8 не жесточете ги срцата свои, како во огорченоста на денот на искушувањето во пустината,
9 каде што татковците ваши Ме искушаа, Ме испитуваа, иако ги гледаа делата Мои преку четириесет години.
10 Затоа се разгневив на тој род и реков,секогаш се заблудуваа во срцата свои и не ги познаа патиштата Мои.
11 Па така се заколнав во Својот гнев дека нема да влезат во Мојот спокој.”
12 Браќа, гледајте, да не би во некого од вас, да има зло и неверно срце, та да отстапи од живиот Бог.
13 Туку храбрете се секој ден еден по друг додека се  уште се вели: „Денес”, та никој од вас да не отрпне преку измамата на гревот;
14 зашто ние станавме соработници на Христос. Само ако ја задржиме цврсто до крај првобитната цврста подлога;
15 додека се вели: „Денес, кога ќе го чуете Неговиот глас, да не отрпнат срцата ваши онака како кога се побунивте.”
1 А кои беа тие што чуја и пак се побунија?
Зар не беа тоа сите оние кои со Мојсеј излегоа од Египет?
17 Против кого негодуваше Тој четириесет години? Нели против оние што погрешија и чии коски останаа во пустината?
18 А на кои им се заколнал дека нема да влезат во Неговиот спокој ако не на оние, што беа непослушни?
19 И така, гледаме дека тие не можеа да влезат поради неверието.

4

Да внимаваме пак, додека уште ни е оставено ветувањето за влегување во Неговиот спокој, да не би се открило дека некој од вас би можел да задоцни.
2 Зашто и нам ни се соопшти, како и ним. Но словото, што го беа чуле, не им донесе полза, бидејќи оние што го беа чуле не поверуваа.
3 А ние, кои поверувавме, влегуваме во Неговиот спокој, како што рекол Тој: „Затоа се заколнав во гневот Свој дека тие нема да влезат во Мојот спокој”, иако Неговите дела беа завршени уште при создавањето на светот.
4 Зашто негде за седмиот ден е речено вака: „И во седмиот ден Бог се одмори од сите Свои дела.”
5 И на тоа место пак: „Не ќе влезат во
спокојот Мој.”
6 И така, на некои им се отвори да
влезат во него, а оние, на кои им беше
порано проповедано Евангелието, не
влегоа поради непослушност;
7 Затоа Тој пак определи еден ден
„Денес”, велејќи преку Давид, по толку
време, како што е речено погоре:
„Денес, кога ќе го чуете гласот Негов,
не стврднувајте ги срцата ваши.”
8 Зашто, ако Исус Навин им беше дал
спокој, Бог немаше да зборува веќе
потоа за друг ден.
9 Но, за народот Божји с# уште останува
саботна починка.
10 Зашто, кој ќе влезе во спокојот Негов,
тој ќе се одмора од делата свои, како
и Бог од Своите.
11 И така, да се погрижиме да влеземе
во оној спокој, та да не би некој да падне
во слична непослушност.
12 Зашто, словото Божјо е живо и дејствува
и е поостро од секаков меч со две
острици; и навлегува до разделување на
душата и духот, до зглобовите и мозокот,
и ги проценува мислите и намерите
на срцето.
13 И нема создание сокриено за Него,
туку с# е голо и откриено за очите на
Оној пред Кого ние ќе одговараме.


Исус е нашиот Првосвештеник
14 Имајќи Го големиот Првосвештеник
Кој преминал преку небесата, Исус,
Синот Божји, ние треба да се држиме за
исповедувањето на верата.
15 Зашто, ние немаме таков Првосвеш
теник, што не може да сочувствува
во нашите слабости, туку таков Кој искусил
с# како и ние, освен грев.
16 И така, слободно да пристапуваме
кон престолот на благодатта, за да примиме
милост и да најдеме благодат за
благовремена помош.


Христос е вистински
Првосвештеник,

поголем од Арон


5

Зашто секој Првосвештеник, кој од
луѓе се избира, за луѓето се поставува
на служба Божја, да принесува дарови
и жртви за гревовите,
2 и да може да ги разбира оние што се
неумешни и заблудени, бидејќи и самиот
е со слабости;
3 и затоа е должен како за народот,
така исто и за своите гревови да принесува
жртви.
4 И никој сам не се здобил со таква
чест, туку само оној кој е повикан од
Бога, како што беше Арон.
5 Така и Христос не се прослави Сам
Себеси, станувајќи првосвештеник, туку
Го прослави Оној Кој Му рече: „Ти
си Син Мој, Јас Те родив денес.”
6 Како што е и на друго место речено:
„Ти си вечен свештеник по чинот Мелхиседеков.”
7 Во деновите на Својот земен живот,
Тој со силен вик и солзи упати молби и
молитви кон Оној Кој можеше да Го
спаси од смртта и поради Својата пот-
чинетост од почит беше чуен.
8 Иако беше Син, Тој се научи на послуш
ност од она што го пострада,
9 а, откако се усоврши, стана извор за
вечно спасение на сите оние кои Му се
послушни,
10 и од Бога беше наречен Првосвеш-
теник по чинот Мелхиседеков.


Да останеме во верата
11 За ова би имале многу да ви зборуваме,
што е и тешко да се толкува, бидејќ
и тешко сфаќате.
12 Зашто, иако според годините вие
требаше веќе да бидете учители, вие с#
уште имате потреба некој да ве учи кои
се првите начела на словото Божјо, и
дојдовте до таква состојба, што имате
потреба од млеко, а не од тврда храна.
13 Секој што се храни со млеко, е невеш
т во словото на правдата, бидејќи е
дете;
14 а тврдата храна е за зрелите, кои благодарејќи на поуката, имаат чувства и се научени да разликуваат добро од зло.
6

Затоа да го оставиме почетното учење за Христос и да се стремиме кон совршенство, да не ја поставуваме одново основата: покајанието од мртви дела и верата во Бога,
2 науката за крштавањето, ракополагањето,
воскресението на мртвите и
вечниот суд.
3 И ова ќе го направиме, ако допушти
Бог.
4 Зашто оние кои еднаш се просветија,
вкусија од небесниот дар, станаа
учесници на Светиот Дух,
5 и, откако вкусија од убавата Божја
реч и од силите на идниот век,
6 а потоа отпаднаа, - не е можно повторно
да бидат обновени за покајание,
кога повторно во себеси Го распнуваат
Синот Божји и Го хулат.
7 Зашто земјата, која го впива дождот
што често паѓа на неа и раѓа плод добар
за оние што ја обработуваат, од Бога
добива благослов;
8 а онаа што дава трње и боцки, таа е
непотребна и близу е до проклетството
кое завршува со изгорување.
9 Од вас, возљубени, ние очекуваме
нешто подобро и спасително, иако така
зборуваме.
10 Зашто Бог не е неправеден, та да го
заборави делото ваше и трудот на љубовта
што ги покажавте во Негово име,
откако им послуживте и им служите на
светиите.
11 А ние сакаме секој од вас да ја покаж
ува истата усрдност за одржување
на полната надеж докрај,
12 та да не станете мрзливи, туку да ги
следите оние кои преку вера и трпение
ги добиваат ветувањата.


Божјото сигурно ветување
13 Бог, кога му ветуваше на Авраам,
бидејќи немаше ништо поголемо во
што би се заколнал, се заколна во Себе,
14 велејќи: „Навистина ќе те благословам
и ќе те размножам и преумножам.”
15 И така, со долготрпение тој го доби
ветеното.
16 Луѓето, пак, се колнат во погорно
од себеси, и заклетвата како потврда на
секоја нивна препирка става крај.
17 Затоа Бог, кога на наследниците на
ветувањето сакаше јасно да им ја пока-
же Својата неизменлива волја, посведо-
чи со клетва,
18 та преку две неизменливи работи,
во кои не е можно Бог да излаже, да
имаме голема утеха и ние, кои прибегнуваме
да се прифатиме за надежта
што ни е дадена,
19 а која е за нашата душа цврста и сигурна
котва, и кој влегува дури зад завесата,
20 каде што Исус за нас влезе најнапред,
откако стана вечен Првосвештеник
по чинот Мелхиседеков.


Свештеникот Мелхиседек
7

Тој Мелхиседек беше цар салимски, свештеник на Севишниот Бог, кој го пресретна Авраам, кога се враќаше од борбата со царевите, и го благослови,
2 кому и Авраам му даде десеток од
с#, и кој по значењето на името негово
е прво цар на правдата, а потоа и цар на
Салим, односно цар на мирот.
3 Без татко, без мајка, без род, немаше
ниту почеток на дните, ниту крај на
животот и, по таков начин, е подобен на
Синот Божји, и останува вечен свеш-
теник.
4 Гледате ли колку е голем оној кому
прататкото Авраам му даде десеток од
најдобриот плен!
5 Оние од Левиевите синови, што примаат
свештенство, имаат заповед да
земаат по Законот десеток од народот,
односно од браќата свои, иако и тие
произлегле од бедрата Авраамови.
6 Но тој, кој не му припаѓаше на на-
шиот род, зеде десеток од Авраам и го
благослови оној што беше примил ветувања.
7 Не може да има никаков спор дека
помалиот се благословува од поголемиот.
8 Така, овде смртни луѓе земаат десетоци,
а таму - Оној, за Кого има сведош
тво дека е жив.
9 И, така да речам, Левиј, кој прима
десетоци, и сам даде десеток преку
Авраам,
10 бидејќи уште беше во бедрата на
татко си кога го сретна Мелхиседек.
11 Па така, ако совршенство можеше
да се постигне преку левитското свеш-
тенство, бидејќи врз основа на него народот
доби Закон, каква потреба има да
се воздигне друг свештеник по чинот на
Мелхиседек, наместо по чинот на
Арон?
12 Зашто, кога ќе се промени свештенството,
тогаш се јавува потреба да се измени
и законот.
13 А Оној за Кого се зборува ова, се
вбројува во друго колено, од кое никој
не беше пристапувал до жртвеникот;
14 зашто е познато дека Господ наш
произлезе од Јуда, а за свештенството
од ова колено Мојсеј ништо не рекол.
Друг свештеник како Мелхиседек
15 И уште појасно станува тоа кога се
воздига слично на Мелхиседек друг
свештеник,
16 Кој станал таков не по силата на телесна
заповед, туку по силата на вечниот
живот.
17 Зашто се посведочи: „Ти си вечен
свештеник по чинот на Мелхиседек.”
18 А, пак, одменувањето на поранеш-
ната заповед се изврши поради тоа што
таа беше слаба и бесполезна,
19 зашто Законот ништо не доведува
до совршенство; а се воведе подобра надеж,
преку која се приближуваме до Бога.
20 Тоа беше потврдено со заклетва.
21 Зашто оние беа станале свештеници
без заклетва, а Тој - со заклетва,
преку Оној Кој Му рече: „Се заколна
Господ и нема да се раскае: ,Ти си вечен
свештеник по чинот Мелхиседеков.‘“
22 Затоа Исус стана залог на толку подобар
завет.
23 А тие беа многу свештеници, зашто
смртта не им даваше да остане само
еден;
24 а Тој, бидејќи живее вечно, има
свештенство што нема да мине на друг.
25 Затоа Тој и може за вечно да ги
спаси оние што преку Него доаѓаат кон
Бога, бидејќи е секогаш жив за да се
моли за нив.
26 Таков Првосвештеник и ни треба-
ше: свет, непорочен, неосквернет, одвоен
од грешниците и возвишен над небесата.
27 Кој нема потреба, како и другите
првосвештеници, секојдневно да принесува
жртва прво за гревовите свои, а
потоа и за оние на народот, бидејќи Тој
го изврши тоа еднаш засекогаш, откако
Сам Себе се принесе како жртва.
28 Зашто Законот за првосвештеници
поставува луѓе што се немоќни; а словото
на клетвата што е по Законот -
Синот, Кој е вечно совршен.


Исус е нашиот Првосвештеник


8

А најважното од ова што го зборуваме, е дека имаме таков Првосвештеник, Кој седна од десната страна на престолот на величието на небесата,
2 и е служител на светилиштето и на вистинската скинија, што ја постави Господ, а не човек.
3 Секој првосвештеник се поставува за да принесува дарови и жртви; затоа беше потребно и Тој да има што да принесе.
4 Зашто, ако Тој беше на земјата, не
би бил ни свештеник, зашто има свеш-
теници што принесуваат дарови по Законот
5 и им служат на образот и на сенката
на небесните работи, како што му беше
речено на Мојсеј, кога ја подигаше скинијата:
„Гледај, рече, да направиш с#
според образецот, што ти беше пока-
жан на планината.”
6 А сега Тој доби толку подобра служ-
ба, и стана посредник на подобар завет,
кој е утврден врз подобри ветувања.
Промена на Заветот
7 Зашто, ако првиот завет беше без
недостаток, тогаш немаше да се бара
втор.
8 Но, укорувајќи ги, вели: „Ете идат
денови, вели Господ, и со домот Израелов
и со домот Јудин ќе склучам нов
завет,
9 но не таков завет каков што склучив
со татковците нивни во денот, кога ги
фатив за рака за да ги изведам од земјата
египетска, - зашто тие не останаа во
Мојот завет и Јас ги оставив, вели
Господ.
10 Но овој е заветот што ќе му го дадам
на домот Израелов во оние дни, вели
Господ: ќе ги врежам законите Свои
во мислите нивни, и во срцата нивни ќе
ги напишам, и ќе бидам нивни Бог, а
тие ќе бидат Мој народ.
11 И ниеден нема да го учи својот бли-
жен, и ниеден братот свој: ‚Познај Го
Господа‘, зашто сите, од мал до голем
меѓу нив, ќе Ме знаат,
12 бидејќи ќе бидам милостив кон нивните
неправди, а за гревовите и беззаконијата
нивни нема веќе да си спомнувам.”
13 А кога вели „нов завет”, првиот го
направи застарен; а она што е старо и
застарено, близу е до исчезнување.


Старото богослужение


9

Така и во првиот завет имаше уредби за богослужение и земно светилиште;
2 зашто скинијата беше направена вака: во првиот дел се наоѓаа светилникот, трпезата и изложените лебови;тој дел е наречен „Свето Место”.
3 А зад втората завеса од скинијата беше делот, наречен „Светиња над светињите”;
4 во неа се наоѓаше златната кадилница и од сите страни опкован со злато ковчегот на заветот, во кој стоеја златниот сад со мана и расцутениот жезолна Арон, како и плочите на заветот,
5 а над него - херувими на славата, што го осенуваа чистилиштето; за ова сега нема потреба да се зборува поопширно.
6 При ваков распоред, во првиот дел
од скинијата секогаш влегуваа свештениците
и извршуваа служба Божја;
7 а во вториот дел влегуваше по еднаш
во годината првосвештеникот и тоа
не без крв, што ја принесуваше како
жртва за себе и за гревовите на народот,
направени поради незнаење.
8 Преку ова Светиот Дух покажуваше
дека с# уште не е отворен патот за светилиш
тето с# додека стои првата скинија,
9 која е симбол на сегашното време,
во кое се принесуваат дарови и жртви,
кои не можат да го направат совршен
по совеста оној што служи,
10 туку се состојат само од јадења и
пиења, и разни миења и телесни обреди,
установени до времето кога сето ова ќе
се исправи.


Христовото жртвопринесување
11 Но Христос, кога стана Првосвештеник на идните добра, со поголемо и со посовршено светилиште, неракотворено, односно не онакво какво што се прави на земјата,
12 ниту со крв козја и телешка, туку со
Својата крв влезе во светилиштето еднаш
засекогаш и изврши вечен откуп.
13 Зашто, ако крвта на јунче и јарец, и
пепелта од јуница преку попрскување
ги осветуваат осквернетите за очистување
на телото,
14 тогаш, колку ли повеќе крвта на
Христос, Кој преку Светиот Дух се принесе
Себе на Бога непорочен, ќе ја
очисти совеста наша од мртви дела за
да Му служиме на живиот Бог.


Завет запечатен со крв
15 Затоа е Тој посредник на новиот завет,
та по Неговата смрт, што стана за
откуп на престапите од времето на првиот
завет, призваните да го добијат
ветеното вечно наследство.
16 Зашто, каде што има завет, таму е
неопходно да следува смртта на заветувач
от,
17 бидејќи заветот добива сила само по
смртта; тој нема никаква сила додека
заветувачот е жив.
18 Поради тоа ни првиот завет не беше
утврден без крв.
19 Зашто Мојсеј, откако ги прочита
сите заповеди од Законот пред сиот народ,
зеде крв телешка и јарешка со вода,
и со црвена волна и со исоп ја пороси
како самата книга, така и сиот народ,
20 велејќи: „Ова е крвта на заветот
што ви го одреди Бог.”
21 Исто така со крв ги попрска и светилиш
тето и сите садови за служење на
Бога.
22 И речиси с# според Законот со крв
се очистуваше, и без пролевање крв нема
проштевање.
23 И така, образите небесни требаше
да се очистат на таков начин, а самото
небесно со подобри жртви од овие.
Христовото влегување на небото
24 Зашто Христос не влезе во ракотворено
светилиште, кое е само образец на
вистинското, туку во самото небо, за да
се јави сега пред лицето на Бога за нас;
25 и не да се принесува Себе како жртва
повеќепати, како што првосвештеникот
влегува во светилиштето секоја година
со туѓа крв.
26 Инаку Тој би требало многупати да
пострада од созданието на светот. А
сега еднаш засекогаш, до крајот на
вековите, се јави за да го однесе гревот,
откако се принесе Сам Себе како жртва.
27 И како што им е на луѓето определено
да умрат еднаш, а потоа - суд,
28 така и Христос, откако еднаш се
принесе Самиот Себе како жртва, за да
ги однесе гревовите на мнозина, вторпат
ќе им се јави не веќе како жртва за
грев на оние што Го очекуваат, туку за
нивно спасение.


Силата на жртвата Христова


10

Бидејќи Законот ја има само сенкатна идните добра, а не суштината на работите, никогаш не може со оние исти жртви, што се принесуваат
секоја година, да ги усоврши оние кои пристапуваат.
2 Инаку би престанале да се принесуваат, бидејќи оние што служат, еднаш очистени, не ќе имаат веќе никаква свест за гревовите.
3 Но преку жртвите секоја година се потсетуваат на гревовите,
4 бидејќи не е можно телешката и јареш
ката крв да ги однесе гревовите.
5 Поради тоа, влегувајќи во светот,
вели: „Жртви и дарови Ти не посака, а
тело Ми приготви.
6 Сепаленици за гревот не Ти се угодни.”
7 Тогаш реков: „Ете, идам, напишано
е за Мене во книгата, да ја извршам,
Боже, волјата Твоја.”
8 Кога погоре рече: „Жртви и дарови
и сепаленици за гревот - што се принесуваат
според Законот, Ти не посака и
не Ти се угодни”,
9 а потоа рече: „Ете, идам, Боже, да ја
извршам волјата Твоја”, со тоа Тој го
укинува првото, за да го воспостави
второто.
10 Според таа волја сме осветени со
приносот на телото на Исус Христос
еднаш засекогаш.
11 И секој свештеник стои секој ден,
служејќи и принесувајќи многупати едни
и исти жртви, кои никогаш не можат
да ги отстранат гревовите;
12 а Тој, принесувајќи само една жртва
за гревовите, засекогаш седна оддесно
на Бога,
13 и оттогаш чека понатаму додека
непријателите Негови не бидат положени
како подножје за нозете Негови.
14 Зашто преку едно принесување Тој
осветените ги направи засекогаш совр-
шени.
15 И Светиот Дух ни посведочи,
зашто, откако порано рече:
16 „Ова е заветот што ќе им го дадам
по оние дни, вели Господ: ќе ги вградам
законите Свои во срцата нивни, и во
мислите нивни ќе ги напишам.” Тој додава:
17 „И за гревовите и беззаконијата
нивни нема веќе да си спомнувам.”
18 А каде што има проштевање за нив,
таму веќе нема приноси за грев.
Да Му пристапиме на Бога
19 И така, браќа, кога имаме слобода
да влегуваме во светилиштето преку
крвта на Исус Христос по нов и жив
пат,
20 што Тој ни го отвори низ завесата,
односно преку Своето тело,
21 имаме Врховен свештеник над домот
Божји.
22 Затоа да пристапиме со искрено
срце, во полна вера, откако ќе ги очистиме
срцата од зла совест со попрскување
и откако ќе го измиеме телото со
чиста вода.
23 И да го држиме исповеданието на
надежта цврсто, зашто верен е Оној Кој
се заветувал.
24 И да бидеме внимателни еден кон
друг за да се поттикнуваме кон љубов и
добри дела,
25 не изостанувајќи од собранијата како
што некои имаат обичај, туку да се
поучуваме еден друг, и тоа во толку повеќ
е, до колку гледате дека се прибли-
жува судниот ден.
26 Зашто, ако, откако ја познавме
вистината, своеволно продолжуваме да
грешиме, тогаш нема веќе жртва за
гревови,
27 туку страшно очекување на суд и
јаростен оган што ќе ги проголта противниците.
28 Ако оној што го прекршил Мојсеевиот
закон, пред двајца или тројца сведоци
безмилосно се казнува со смрт,
29 тогаш, колку ли потешка казна,
мислите, ќе заслужи оној што Го погазил
Синот Божји и ја осквернил крвта
на заветот преку која е осветен и Го похулил
Духот на благодатта?
30 Зашто ние Го знаеме Оној што рекол:
„Одмаздата е Моја, Јас ќе платам”,
вели Господ. И пак: „Господ ќе му суди
на Својот народ.”
31 Страшно е да се падне во рацете на
живиот Бог!
32 Потсетувајте се на вашите поранеш
ни денови кога, откако се просветивте,
поднесовте голема борба во страдањата,
33 било затоа што бевте изложени на
срам и маки, било затоа што станавте
соучесници на оние кои исто така страдаа,
34 зашто и на оковите мои се сожаливте
и со радост дозволивте вашиот имот
да се разграби, знаејќи дека на небесата
имате подобар и траен имот.
35 И така, не напуштајте ја вашата
слобода; таа ви носи голема награда.
36 Најнапред ви е потребно трпение,
па, откако ќе ја исполните волјата Бож-
ја, да го добиете ветеното;
37 зашто уште малку, сосем малку и
„Оној што иде, ќе дојде и нема да задоцни.
38 А праведниот преку верата ќе биде
жив; Јас не се радувам за ниеден кој
отстапува.”
39 Ние, пак, не сме од оние што отстапуваат
и гинат, туку од оние кои веруваат
и се спасуваат.

 

http://preminportal.com.mk/content/view/7250/54/

Превод од англиски: С.Л.

(Светото Писмо во електронски облик е преземено од веб-страницата   http:

 


 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

17/07/2024 - среда

Св.Андреј Критски;преп.Андреј Рубљов;преп.Марта

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

На твоето плотско живеење се восхитија ангелските чинови,телесно над невлидливите сплетени мрежи си се воздигнал,ранувајќи ги демонските полкови,

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная