логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

02.01.2011 год.

(недела)

 КОН СОВЛАДУВАЊЕ НА НОВО-ЗАВЕТНИОТ ПРЕДИЗВИК

Со почетокот на Божикниот пост, да го започнеме заедно и подвигот на читање на Новиот Завет, следејќи го 40 дневниот распоред.

36-ден

 

Goran.sv.Erotej.jpg

36 ден: Послание до Тит и Послание до Филимон

Послание до Тит
1 | 2 | 3

Глава  1                                     
1 Павле, слуга Божји и апостол на Исуса Христа за верата на Божјите избраници и за познавање на вистината во побожноста,
  2 со надеж на вечен живот, што го вети вечниот Бог, Кој не лаже - пред вечни времиња,
  3 и во свое време го јави словото Свое преку проповедта, што ми ја повери по заповед на нашиот Спасител, Бога,
  4 со Тит, вистинското чедо по заедничката вера. Благодат, милост и мир од Бога Отецот и од Господа Исуса Христа, нашиот Спасител!
  5 Затоа те оставив во Крит, за да го довршиш несвршеното и во сите градови да поставиш превзитери, како што ти бев нарачал:
  6 кој е непорочен, маж на една жена и има деца верни, што не се укорувани за блудство или непокорност.
  7 Бидејќи епископот, како Божји распоредник, треба да е непорочен, не гневлив, не пијаница, не тепач, не лаком за гнасна печалба,
  8 туку гостољубив, доброљубив, трезвен, справедлив, свет, воздржлив;
  9 кој се држи според вистинското слово, онака како што е научен, та да биде силен и да поучува во здравото учење, и да ги изобличува оние, кои се противат.
10 Оти има и мнозина непокорни, празнословци и измамници, а особено меѓу обрезаните,
11 на кои треба да им се затвоти устата: тие растураат цели домови, учејќи на она што не треба, поради одвратна печалба
12 Еден од нив, нивни пророк, беше рекол: "Критјаните се секогаш лажливци, зли ѕверови, мрзливи трбуси".
13 Тоа сведоштво е вистинско. Поради таа причина озобличувај ги строго, за да бидат здрави во верата,
14 и да не слушаат јудејски бајки и заповеди од луѓе, кои одвраќаат од вистината.
15 За чистите, се е чисто, а за оскветнетите и неверните нема ништо чисто; ним им се оскврнети и умот и совеста:
16 тие зборуваат дека Го познаваат Бога, а со делата свои Го одречуваат, бидејќи се одвратни, непокорни и негодни за никакво добро дело.


Глава  2                                     
1 А ти, пак, зборувај го она што се согласува со здравото учење:
  2 старците да бидат трезвени, целомудрени, чисти, здрави во верата, во љубовта, во трпението;
  3 старичките, исто така, да живеат како што им прилега на светии - да не клеветат, да не се предаваат на многу вино, да учат за добро,
  4 за да гивразумуваат невестите да ги сакаат мажите свои и децата свои;
  5 да бидат целомудрени, чисти, добри домаќинки, благи, покорни на своите мажи, та да не се хули словото Божјо.
  6 Исто така, советувај ги младежите да бидат чесни,
  7 а во се претстави се сам како образец на добри дела, покажувајќи чистота на учењето, нерасипаност, чесност:
  8 Слово здраво, без укор, та да се посрами противникот, бидејќи не ќе има да рече ништо лошо за нас.
  9 Советувај ги слугите да ги слушаат своите господари, да им угодуваат во се, не повраќај им;
10 да не крадат, туку во се да покажуваат добра верност, та науката на нашиот Спасител, Бога, да ја украсуваат во се.
11 Бидејќи се јави Божјата благодат, спасителна за сите луѓе,
12 учејќи не да ги отфрлиме нечесноста и похотите од овој свет, чесно, преведно и побожно да поживееме во овој век,
13 да чекаме да се исполни блажената надеж и да се јави славата на великиот Бог и Спасител, нашиот Исус Христос,
14 Кој се даде самиот Себе за нас, за да не избави од секакво безаконие и да не очисти, та да Му бидеме народ избран, ревностен кон добри дела.
15 Ова зборувај, и советувај, и изобличувај со полна власт; никој да не те презира.


Глава  3
 1 Напомнувај им да се покоруваат на началствата и властите, да бидат готови за секое добро дело,
  2 никого да не хулат, да не се караат, туку да бидат мирни, и да покажуваат секаква кротост кон сите луѓе.
  3 Бидејќи и ние некогаш бевме неразумни, непокорни, заблудени, бевме робови на желби и на разни сладострастрастија, живеевме во злоба и завист, бевме одвратни, се мразевме еден со друг.
  4 “А кога се јави добротата и човекољубието на нашиот Спасител, Бога,
  5 Он не спаси, но не според извршените од нас праведни дела, туку по Својата милост, и преку Бањата на препородување - и обновата од Светиот Дух,
  6 Кого изобилно го излеа на нас преку Исуса Христа, нашиот Спасител,
  7 та оправдани со Неговата благодат да станете по надеж наследници на вечниот живот.”
  8 Верни се тие зборови; и јас сакам да го утврдуваш тоа, та оние, што поверувале во Бога, да се трудат и да се грижат за добри дела: ова е полезно и добро за луѓето.
  9 А од глупави распрашувањата, од препирки и расправии, по однос на Законот, клони се, зашто се безплодни и празни.
10 Бегај од човек еретик, откако еднаш или вторпат го советуваш,
11 знаејќи дека таков човек се изопачил, греши и дека се осудил сам себеси.
12 Кога ќе ги испратам при тебе Артема и Тихика, побрзај да дојдеш кај мене во Никопол, зашто решив таму да презимувам.
13 Законикот Зина и Аполос погрижи се да ги обезбедиш така, та од ништо да немаат потреба.
14 И нашите нека се учат да прават добри дела за неопходните потреби, та да не бидат безплодни.
15 Те поздравуваат сите што се со мене. Поздрави ги оние, кои не милуваат повера. Нека биде благодатта со сите вас. Амин!      

                            
Послание до Филимон
Глава  1                                     
1 Павле, затвореник на Исуса Христа, и братот Тимотеј, до возљубениот Филимон, нашиот сотрудник,
  2 и до Апфија, возљубената сестра, и до Архип, нашиот Другар во војувањето,
  3 Благодат вам и мир од Бога, нашиот Отец, и од Господа Исуса Христа!
  4 Секогаш Му благодарам на мојот Бог, кога те спомнувам во молитвите свои,
  5 бидејќи слушам за твојата љубов и вера, која ја имаш во Господа Исуса и кон сите светии,
  6 и молам твојата вера, што ја имаме заедно, да се полаже на дело во познавањето на секое добро, кое го имате во Христа Исуса.
  7 Зашто ние многу се радуваме и утешуваме поради твојата љубов, брате, бидејќи преку тебе се успокоија срцата на светиите.
  8 Затоа, иако имам во Христа голема победа да ти заповедам како што треба,
  9 сепак од љубов кон тебе, те молам јас, каков што сум, старецот Павле, а сега и затвореник Исус Христов,
10 те молам за моето чедо Онисим, што го родив во оковите свои:
11 и тој некогаш беше непотребен за тебе, а сега ни е многу потребен и на тебе и на мене, и го праќам назад;
12 а ти прими го како мое срце.
13 Јас сакав да го задржам при мене, за да ми служи место тебе во оковите на Благовестието;
14 но без твоја согласност не сакав ништо да направам, за да биде твојата добрина не како принуда, туку доброволна.
15 Зашто, можеби, тој поради тоа се одвои од тебе за малку време, за да го примиш засекогаш,
16 не веќе како роб, а повеќе од роб, како возљубен брат, а особено за мене, и уште повеќе за тебе - и по тело и во Господа.
17 И така, ако ме имаш за соучесник, прими го како мене.
18 Ако, пак, во нешто ти згрешил или ти е должен, префрли го тоа на моја сметка.
19 Јас, Павле, напишав со својата рака: јас ќе платам, за да не ти речам, дека ти и самиот цил си ми должен.
20 Да, брате, да го добијам од тебе во Господа она, за што Го молам; развесели го срцето мое во Господа.
21 Убеден во твојата послушност, ти напишав, знаејќи дека ќе направиш и повеќе отколку што ти велам.
22 А заедно со ова пригови ми и потслон, оти се надевам дека со вашите молитви ќе ви бидам даруван вам.
23 Те поздравува Епафрас, кој е со мене затвореник во Христа Исуса, Марко, Аристарх, Димас, Лука - моите сотрудници.
24 Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вашиот дух. Амин!

Извор: http://www.mkbible.net/biblija/index.php

 

 

http://preminportal.com.mk/content/view/7250/54/

Превод од англиски: С.Л.

(Светото Писмо во електронски облик е преземено од веб-страницата   http:

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

17/07/2024 - среда

Св.Андреј Критски;преп.Андреј Рубљов;преп.Марта

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

На твоето плотско живеење се восхитија ангелските чинови,телесно над невлидливите сплетени мрежи си се воздигнал,ранувајќи ги демонските полкови,

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная