логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

35 ден: 1 и 2  Послание до Тимотеј

1 Послание до Тимотеј
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6

Глава  1

 1 Од Павла, апостолот на Исуса Христа, по повелба на Бога нашиот Спасител И Господ Исуса Христа, нашата надеж,
  2 до Тимотеја, вистинското чедо по вера, Благодат, милост, и мир од Бога Отецот наш и Христа Исуса нашиот Господ!
  3 Како што на тргнување за Македонија те молев да останеш во Ефес, така и сега те молам да им заповедаш на некои, да не проповедаат друго учење,
  4 ниту да се занимаваат со басни и бескрајни родословија, кои што предизвикуваат повеќе расправии, отколку распоредби Божји по верата.
  5 А целта на заповедта е: љубов од чисто срце, добра совест и нелицемерна вера.
  6 Некои, откако не ги постигнаа тие работи, се оддадоа во празнословија,
  7 сакајќи да бидат учители по Законот, но не разбираат ни што зборуваат, ниту што утврдуваат.
  8 А ние знаеме дека Законот е добар, ако се држи како што треба,
  9 знаејќи дека Законот не е установен за праведник, туку за безаконици и непокорници, за нечестивци и за грешници. за неправедни и погани, за оние што го оскрбуваат таткото свој и мајка си, за човекоубијци,
10 за блудници, за мажеложници, разбојници, клеветници, скотоложници, лажливци, клетвопрестапници и за се друго, што е противно на здравата наука,
11 според славното на блажениот Бог Благовестие, кое ми е поверено.
12 Му благодарам на Христа Исуса, нашиот Господ, Кој ми даде сили, со што ме призва за верен и ми определи служба,
13 мене, кој порано бев хулител, гонител и мачител; но ме помилува, бидејќи тоа го вршев, без да знам, во неверие.
14 Но со верата и љубовта во Христа Исуса се преумножи благодатта на нашиот Господ.
15 Верни се и достојни за секакво примање зборовите, дека Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците, меѓу кои сум прв јас.
16 Па затоа бев и помилуван, за да ја покаже Исус Христос прво на мене сета долготрпеливост, како пример на оние, кои што ќе поверуваат во Него за живот вечен.
17 А на Царот на вековите, на Нераспадливиот, Невидливиот, Единствен премудар Бог - нека е чест и слава во сите векови. Амин!
18 Чедо Тимотеј, оваа заповед ти ја давам според поранешните пророштва за тебе, за да се бориш согласно со нив како добар војник,
19 имајќи вера и добра совест, која што некои ја отфрлија и претрпеа бродолом во верата;
20 меѓу нив се и Иминеј и Александар, што ги предадов на сатаната, за да се научат да не хулат.
 

Глава  2

 1 Молам, пред се да се прават прозби, молитви, молби и благодаренија за сите луѓе:
  2 за царевите и за сите што се на власт, та да поживееме тих и мирен живот во потполна побожност и чистота;
  3 оти тоа е добро и угодно пред нашиот Спасител Бога,
  4 Кој сака сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината.
  5 Зашто еден е Бог, и еден е Посредникот помеѓу Бога и луѓето - Човекот Христос Исус,
  6 Кој се даде себеси како откпуп за сите - а тоа се посведочи во свое време;
  7 па затоа сум поставен како проповедник и апостол - зборувам вистина во Христа, не лажам - како учител на иноверците во верата и вистината.
  8 И така, мажите сакам да се молат на секое место, кревајќи ги чистите раце без гнев и сомневање.
  9 Исто така и жените, облечени пристојно, со срамежливост и чесност да се украсуваат, не со плетенки, ни со злато, или со бисери, или со скапоцени облеки,
10 туку со добри дела, како што им прилега на жени, што и се посветуваат на побожноста.
11 Жената да се учи во мир и потполно покорство.
12 На жена не е дозволувам да поучува, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна.
13 Бидејќи порано беше создаден Адам, а потоа Ева;
14 и Адам не беше измамен, туку жената беше измамена и направи престап:
15 но ќе се спаси преку раѓање деца, ако остане во верата, љубовта и во светоста со чесност.
 

Глава  3

 1 Верно е словото: сака ли некој епископство, тој сака добра работа.
  2 Но епископот треба да е непорочен, маж на една жена, трезвен, целомудрен, чесен, почитуван, гостољубив, поучлив;
  3 не пијаница, не силиџија, не лаком, туку кроток, мирољубив и не среброљубив;
  4 својата куќа добро да ја управува и да има деца послушни со полно достоинство;
  5 зашто, кој не умее да ја управува својата куќа, како тогаш ќе се грижи за Црквата Божја?
  6 Да не е новопокрстен, за да не се возгордее и падне во суд со ѓаволот.
  7 Тој треба уште да има и добро сведоштво од надворешните, за да не биде укоруван и да не падне во примката на ѓаволот.
  8 Ѓаконите, исто така, треба да бидат чесни, не двојазични, да не се страсни за вино, ниту лакоми за гнасна печалба;
  9 да ја пазат тајната на верата со чиста совест.
10 И тие треба најнапред да бидат испитани, та после, ако се непорочни, да станат ѓакони.
11 Исто така и нивните жени треба да бидат чесни, да не се клеветнички, туку трезвени и верни со се.
12 Секој од ѓаконите треба да биде маж на една жена, добро да управува со децата свои и куќата своја.
13 Оти оние, што служат добро, се здобиваат со висок чин и голема слобода во верата што ја имаат во Исуса Христа.
14 А ова ви го пишувам, со надеж дека скоро ќе дојдам при тебе.
15 Ако некако се забавам, да знаеш како треба да постапуваш во Божјиот дом, кој е Црква на живиот Бог, столб и тврдина на вистината.
16 И, навистина, голема е тајната на побожноста: Бог се јави во плот, посведочен веше од Духот, се покажа на ангелите, беше проповедан на народите, светот Му поверува, и се воснесе во слава.

Глава  4

 1 А Духот јасно зборува дека во последните времиња некои ќе отстапат од верата, слушајќи измамливи духови и ѓаволски учења,
  2 преку лицемерството на оние, што зборуваат лаги и имаат жигосана совест;
  3 кое што забрануваат да се стапува во брак и советуваат воздржување од јадење, што ги создал Бог, верните да ги јадат со благодарност и оние, што ја познаа вистината.
  4 Оти секое творение Божјо е добро и ништо не е за отфрлување, штом се прима за благодарност,
  5 бидејќи се осветува преку словото Божјо и со молитва.
  6 Кога ќе ги ги советуваш во ова браќата, ќе бидеш добар слуга на Исуса Христа, хранет со зборовите на верата и на доброто учење, што си го примил.
  7 Од погани и бапски приказни одбегнувај, туку обучувај се во побожност;
  8 оти телесното обучување и малку корисно, а побожноста и полезна од се, бидејќи во себе има ветуавање за сегашниот и за идниот живот.
  9 Тие зборови се верни и достојни за секакво примање,
10 затоа и се трудиме и укори трпиме, оти се надеваме на живиот Бог, Кој е Спасител на сите луѓе, а посебно на верните.
11 Ова препорачувај го и поучувај!
12 Никој да не ја презира твојата младост, туку на верните да им служиш како пример во словото, животот, духот, верата и чистотата!
13 Додека дојдам, занимавај се со читање, со утешување и со поучување!
14 Не занемавувај ја дарбата што е во тебе, и која што ти беше дадена преку пророштво преку полагање раце врз тебе од свештенството!
15 Грижи се за тоа, биде во него, та успехот твој да се покаже во се!
16 Пази на себе и на учењето; биди постојано во тоа, оти, ако постапуваш така, ќе се спасиш и сам и оние што те слушаат.

Глава  5

 1 Не укорувај старец, туку почитувавај го како татко; помладите, пак, како да ти се браќа;
  2 старите жени - како мајки, младите - како сестри, со секаква чистота.
  3 Вдовиците почитувај ги, но вистинските вдовици.
  4 Ако, пак, некоја вдовица има деца или внуци, тие најнапред нека се поучат да го почитуваат својот дом и со тоа да им се отплатуваат на родителите свои, бидејќи тоа и добро и угодно пред Бога.
  5 А онаа, што е вистинска вдовица и останала сама, таа се надева во Бога и пребива во молитва и молења дење и ноќе,
  6 но таа, пак, што живее распуштено, таа уште при животот умрела.
  7 Порачувај им го уште и тоа, да бидат непорочни.
  8 Ако некој се грижи за своите, а особено за своите домашни, тој се одрекол од верата и полош е од неверник.
  9 За вдовица да се прими жена не помлада од шеесет години, и тоа таква што имала само еден маж,
10 позната по добри дела; ако деца одгледувала, ако била гостољубива, нозе на светии миела; ако им помагала на пострадани и секое добро дело усрдно следувала.
11 А помлади вдовици не примај, оти кога ќе побеснат против Христа, ќе сакаат да се мажат.
12 Тие подпаѓаат под суд, зашто ја отфрлиле порано дадената верност.
13 Освен тоа, бидејќи без работа, навикнуваат да одат од куќа во куќа; и не само без работа, туку се и јазичарки, љубопитни и зборуваат што не прилега.
14 И така, сакам помладите вдовици да се мажат, да раѓаат деца, да вртат куќа и да не му даваат некаков повод на противникот за хулење;
15 оти некои веќе се повлекоа по сатаната.
16 Ако некој верен или верна има во куќата вдовици, нека се грижи за нив, та да не се товари Црквата, за да може да пригледува вистински вдовици.
17 А презвитерите, што добро ја извршуваат својат претстојна служба, нека се удостојуваат со двојама почит; а најмногу, пак, оние, кое се трудат во словото и во поуката.
18 Оти Писмото вели: "Не зауздувај ја устата на вол, кој врши", и: "работникот ја заслужува својата плата."
19 Обвинение против презвитер не примај, освен пред двајца или тројца сведоци.
20 А оние што грешат, искарај ги пред сите, та и другите да имаат страв.
21 Те заколнувам пред Бога, пред Господа Исуса Христа и пред избраните ангели да го пазиш ова без лицемерност и ништо да не правиш по пристрасност.
22 Раце на никого не полагај пребрзо, ниту, пак, на туѓу гревови да стануваш соучесник! Пази се себе чист!
23 Не пиј веќе само вода, но употребувај по малку и вино, поради стомакот и честите боледувања!
24 Гревовите на некои луѓе се познати и однапред ги водат на суд, а на некои по нив одат.
25 Исто така и добрите дела се познати; а оние што не се такви, не можат да се сокријат.
 

Глава  6

 1 Оние, кое се наоѓаат под ропско иго, господарите свои нека ги сметаат како достојни за секаква почеср, за да не хули името Божјо и учењето.
  2 Оние, пак, кои имаат господари што поверувале, нека не се однесуваат кон нив незаинтересирано, затоа што се браќа; туку со голема усрдност да служат, бидејќи тие, што ги добиваат нивните услуги, се верни и возљубени. Така поучувај и советувај!
  3 Кој поучува инаку и не врви по здравите зборови на нашиот Господ Исус Христос и според учењето за благочесноста,
  4 тој е помрачен од гордоста, не знае ништо и е болен од празни препирки и запрашувања, од кои произлегуваат зависта, карањето, хулењето лошите мисли;
  5 залудните препирки меѓу луѓето, што имаат изопачен ум, лишени се од вистината; тие мислат дека побожноста служи за трговија. Бегај од такви!
  6 А голема печалба е, навистина, да биде човек благочестив и задоволен со себеси.
  7 Бидејќи ништо не сме донеле на светов, јасно е дека не можеме и ништо да однесеме.
  8 Но кога имаме храна и облека, со тоа да бидеме задоволни.
  9 А оние, што сакаат да се збобогатуваат, паѓаат во искушение, во примки и неразумни и штетни желби, што го потопуваат човекот во пропаст и погибел.
10 Зашто коренот на сите зла е среброљубието, на кое што некои, откако му се предадоа, се отклонија од верата и си навлекоа многу маки.
11 Но ти, човеку Божји, бегај од ова и стреми се кон праведност, побожност, вера, љубов, трпеливост и кротост!
12 Бори се во добриот подвиг на верата; држи се за вечниот живот, за кој си и повикан и си дал добра исповед пред многу сведоци.
13 Ти заповедам пред Бога, Кој се оживотворува, и пред Исуса Христа, Кој ја посведочи добрата исповед пред Понтија Пилат,
14 да ја запазиш заповедта, чиста и безпрекорна дури по доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос,
15 кое што, кога ќе му дојде времето, ќе Го открие Блажениот и единствен Владетел, Цар над царевите и Господар над Господарите,
16 Кој е единствен бесмртен и живее во непристапна светлина, Кого никој од луѓето не го видел, ниту може да го види. Нему нека Му е чест и сила во сите векови. Амин!
17 Заповедај им на богатите од овој свет да не се гордеат, ниту да се надеваат на непостојано богатство, туку на живиот Бог, Кој ни дава за наслад се во изобилие;
18 нека правет добро, нека богатите со добри дела, да бидат штедри и пристапливи,
19 и по такова начин да си собираат сокровиште - добра основа за иднината, за да постигнат живот вечен.
20 О тимотеје, пази го она што ти е предадено, и клови се од нечисти и празни разговори и од расправии на лажната наука,
21 со која, откако некои се занимаваа, се отклонија од верата. Благодатта нека биде со тебе. Амин!
 

 

2 Послание до Тимотеј
 1 | 2 | 3| 4

Глава  1

 1 Павле, апостолот на Исуса Христа по волја Божја, според ветениот живот во Христа Исуса,
  2 до Тимотеја, возљубеното чедо. Благодат, милост и мир од Бога Отецот и од Христа Исуса, нашиот Господ!
  3 Му благодарам на Бога, Кому уште од преродителите Му служам со чиста совест, затоа што постојано те спомнувам во милитвите свое дење и ноќе;
  4 сеќавајќи се за твоите солзи, копнеам да те видам, за да се исполнам со радост,
  5 и спомнувајќи си за твојата нелицемерна вера, која порано се всели во твојата баба Лоида и во мајка ти Евника, а убеден сум дека ја има и во тебе.
  6 Поради тоа ти напоменувам да го распалуваш Божјиот дар, кој е во тебе преку моето ракополагање.
  7 Зашто Бог не ни го даде духот на стравот, туку духот на силата, љубовта и трезвеноста.
  8 И така, не срамувај се од страдањата на нашиот Господ Исус Христос, ниту од мене, Неговиот затвореник, туку стани учесник во страдањата за Благовестието Христово по силата на Бога,
  9 Кој не спаси и не повика кон свето знаење, не поради нашите дела, туку по Својата добра волја и благодатта, што ни е дадена во Христа Исуса пред вечните времиња,
10 а откриена сега со доаѓањето на нашиот Спасител Исус Христос, Кој ја уништи смртта и го осветли животот и нераспаѓањето преку Евангелието,
11 за кое сум поставен како проповедник, апостол и учител на иноверците.
12 Затоа така и страдам; но не се срамувам, зашто знам во Кого сум поверувал и уверен сум дека Он е мојот залог да го запази за оној ден.
13 Имај ги, како образец, здравите зборови, што си ги чул од мене, со вера и љубов во Христа Исуса!
14 Запази го добриот залог преку Светиот Дух, Кој живее во нас!
15 Го знаеш тоа дека од мене се одвратија сите Азијци, меѓу кои и Фигел и Ерноген.
16 Господ нека му даде милост на домот на Онисифора, зашто многу пати ме успокои и не се посрами од веригите мои;
17 а, кога ќе дојде во Рим, ме побара со уште поголема грижа и ме најде.
18 Господ нека му даде да најде милост во Него во оној ден! - А колку ми услужи тој во Ефес, ти тоа најдобро го знаеш.
 

Глава  2

  1 Чедо мое, потсилувај се во благодатта, што ти е дадена од Христа Исуса.
  2 и се, што си чул од мене пред многу сведоци, предај го на верни луѓе, кое се способно и други за научат.
  3 Па така, поднесувај страдања како добар војник на Исуса Христа.
  4 Оти ниеден војник не се вплетува во светски работи, за да му угоди на својот началник.
  5 А ако, пак, некој војува, сепак венец не добива, бидејќи не се борел според правилата.
  6 Земјоделецот што се труди, прв треба да вкуси од плодот.
  7 Разбери што ти зборувам; а Господ нека ти даде разум во се!
  8 Помни Го Господа Исуса Христа од родот Давидов, Кој воскресна од мртвите, онака како што ви проповедав,
  9 поради кое страдав дури до окови, како злочинец. Но словото Божјо не се врзува.
10 Затоа се трпам заради избраните, та и тие да добијат спасение во Христа Исуса со вечна слава.
11 Верни се зборовите: "Ако со Него сме умреле, со Него и ќе оживееме.
12 Ако трпиме, со Него и ќе царуваме; ако се оречеме од Него, и Он ќе се одрече од нас.
13 Ако не веруваме, Он останува верен, бидејќи Сам Себеси не може да се одрече."
14 Ова напомнувај го и сведочи пред Господа за да не се препираат, оти препирките ништо не помагаат, а дури им штетат на оние, што слушаат.
15 Погрижи се пред Бога да се покажеш како достоен и беспрекорно работлив, кој верно го проповеда словото на вистината.
16 А од непристојни и празни зборови клони се, зашто тие ги водат луѓето секогаш кон безбожност.
17 И словото нивно ќе се пренесува како жива рана. Такви се Иминеј и Филит,
18 кои отстапија од вистината, говорејќи дека воскресението веќе станало, и со тоа им попречуваат во верата на некои.
19 Но Божјата цврста основа стои непоколебливо, имајќи го овој печат: "Ги позна Господ Своите" и " Да отстапи од неправдата секој, што го произнесува името Господово!"
20 Во голем дом има не само златни и сребрени садови, туку и дрвени, и земјани; и едните се за почесна употреба, а другите за нечиста.
21 И така, ако некој се очисти од тоа, тој ќе биде сад за почест, осветен, приспособен за употреба на господарот и приготвен за секое добро дело.
22 Избегавај ги, исто така, и желбите на младоста, туку стреми се кој правда, вера, љубов, и мир со оние, што Го призовуваат Господа од чисто срце!
23 Глупави и празни расправии избегнувај, знаејќи дека тие породуваат кавги!
24 А слугата Господов не треба да влегува во расправии; туку да биде кроток кон сите, поучлив и незлоблив.
25 И со кротост поучувај ги оние што се притиват, та не би ли им дал Бог покајание, за да ја познаат вистината.
26 и да се ослободат од мрежата на ѓаволот, кој ги уловил живи, за да ја исполнуваат неговата волја.
 

Глава  3

 1 Но ова знај го: во последните денови ќе настанат времиња тешки.
  2 Зашто луѓето ќе станат саможиви, среброљубци, самофалци, горди, хулители, непокорни спрема родителите, неблагодарни, неправедни, недружељубиви,
  3 непомирливи, клеветници, невоздржливи, нескротливи, недоброљубци,
  4 предавници, пребрзи, надуени, повеќе сластољубци отколку богољубци,
  5 на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле. И од нив одвратувајте се!
  6 Кон нив припаѓаат и оние што се завлекле по куќите и намамуваат жени, што се преоптоварени со гревови и обземени со разни похоти,
  7 жени, кои секогаш се учат и никогаш не можат да дојдат до познавање на вистината.
  8 Па, како што му се противеа на Мојсеја Јаниј и Јамвриј, така и тие и се противат на вистината, бидејќи се луѓе со изопачен ум, неискусни во верата.
  9 Но нема да успеат повеќе, зашто безумието нивно ќе се открие пред сите, како и на оние двајца.
10 Ти се угледа на моето учење, животот, целта, верата, на мојата големодушност, љубовта, трпеливоста,
11 на моите гонења и страдања, што ми се случија во Антиохија, и во Иконија, и во Листра. Какви прогони претрпев; и од се Господ ме избави.
12 Па и сите, што сакаат да живеат побожно во Христа Исуса, ќе бидат гонети.
13 А лошите луѓе и лажливците ќе напредуваат во злото, заблудувајќи други како и себеси.
14 Но ти остани во тоа, што си го научил,
15 бидејќи како мал уште ги знаеш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса.
16 Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата,
17 за да биде Божјиот човек совршен за секое добро дело.
 

Глава  4

1 И така, те заколнувам пред Бога и Господ Исуса Христос, Кој ќе им суди на живите и мртвите, кога ќе дојде Он и Неговото царство:
  2 проповедај го словото, настојувај во погодно време и во невреме, изобличувај, забравувај, советувај со голема долготрпеливост и поука.
  3 Оти ќе дојде време, кога луѓето нема да го слушаат здравото учење, но водени по своите похоти, ќе си изберат учители да им го залажат слухот;
  4 тие ќе го одвратат слухот свој од вистината и ќе се обрнат кон бајки.
  5 Но ти во се биди трезвен, претрпи зло, направи дело достојно на евангелист, службата своја исполнувај ја добро!
  6 Зашто јас веќе станувам жртва, а времето на моето одење настапи.
  7 Добро се борев, патот го завршив, верата ја запазив;
  8 понатаму ме очекува венецот на правдата, што ќе ми го даде во оној ден Господ, преведниот Судија; но не само мена, туку и на сите кое се радуваат на Неговото доаѓање.
  9 Погрижи се да дојдеш при мене скоро!
10 Оти Димас ме остави, бидејќи го засака сегашниов свет, и отиде во Солун; Крискент - во Галатија, Тит - во Далмација. Само Лука е со Мене.
11 Земи го Марка и доведи го со себеси, оти ми е нужен во службата!
12 А Тихика го пратив во Ефес.
13 Кога ќе дојдеш, донеси ја наметката, што ја оставив во Троада, кај Карп и книгите, а особено пергаментите.
14 Ковачот Александар ми направи големо зло. Нека му врати Господ според делата негови!
15 Од него пази се и ти, бидејќи тој необично многу се воспротиви на нашите зборови!
16 При мојата прва одбрана никого немаше при мене: сите ме оставија. Нека не им се прими за грев!
17 Но Господ беше со мене и ме укрепи, та преку мене да се утврди Благовестието и да чујат сите незнабожци; и јас се избавив од устата на лавот.
18 Господ ќе ме избави од секакво лошо дело и ќе ме запази за Своето небесно царство. Нему нека му е слава во веки веков. Амин!
19 Поздрави ги Прискила и Акила, и Онисифоровиот дом.
20 Ераст остана во Коринт. А Трофим го оставив болен во Милет.
21 Побрзај да дојдеш пред зимата! Те поздравуваат Евул, Пуд, Лин, Клаудија и сите браќа.
22 Господ Исус Христос нека и со твојот дух! Благодат на сите вас. Амин!
 
(Светото Писмо во електронски облик е преземено од веб-презентацијата http://www.mkbible.net/biblija/index.php)

 

 

 

http://preminportal.com.mk/content/view/7250/54/

Превод од англиски: С.Л.

(Светото Писмо во електронски облик е преземено од веб-страницата   http:

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

17/07/2024 - среда

Св.Андреј Критски;преп.Андреј Рубљов;преп.Марта

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

На твоето плотско живеење се восхитија ангелските чинови,телесно над невлидливите сплетени мрежи си се воздигнал,ранувајќи ги демонските полкови,

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная