Gorazd.Kapistec1.jpg 

К А Т И 3 М А   1

Псалм 1
Блаженство за побожните. Зло за безбожниците

 

1 Блажен е оној, што не го следи советот на безбожниците, не застанува на пат на грешници и не седи во друштво на развратници,

2 туку му омилел Законот Господов и за Законот Негов дење и ноќе грижливо размислува;
3  тој е како дрво посадено крај вода изворска, кое својот род го дава навреме, и чиј лист не венее; и во се што прави, напредува.
4 Но не се такви безбожниците; тие се како прав, што го разнесува ветрот.
5  Затоа безбожниците нема да се одржат на судот, ниту грешниците - во соборот на праведните.
6  Зашто Господ го знае патот на праведните; патот, пак, безбожнички ќе пропадне.

 

Псалми 1, 2 и 3