логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

29.12.2010 год.

(среда)

 КОН СОВЛАДУВАЊЕ НА НОВО-ЗАВЕТНИОТ ПРЕДИЗВИК

Со почетокот на Божикниот пост, да го започнеме заедно и подвигот на читање на Новиот Завет, следејќи го 40 дневниот распоред.

32-ден

 

32 ден: Галатјани и Ефесјани

Галатјани
1 | 2 | 3 | 4| 5| 6                                

Глава  1
1 Павле - апостол, испратен не од луѓе, ниту преку посредство на човек, туку преку Исуса Христа и Бог Таткото, Кој Го воскресна од мртвите -
  2 и сите браќа, кои се со мене, до црквите во Галатија.
  3 Благодат и мир на вас од Бога, нашиот Татко, и од Господа Исуса Христа,
  4 Кој се даде Себеси за нашите гревови, за да нè избави од сегашниот лукав век, по волјата на нашиот Бог и Татко!
  5 Кому е слава во сите векови. Амин!
  6 Се чудам дека така брзо се одвратувате од Оној, Кој ве повика во Христовата благодат, и преминувате кон друго евангелие,
  7 кое не е друго, само има некои, кои ве збунуваат и сакаат да го изопачат Христовото Евангелие.
  8 Но ако и ние, или ангел од небото, ви проповеда друго евангелие, различно од она што ви го проповедавме, да биде проклет!
  9 Како што рековме порано и сега пак велам: ако некој ви проповеда евангелие, што се разликува од она што го примивте, да биде проклет!
10 Дали јас сега ги уверувам луѓето или Бога? Или настојувам да им угодам на луѓето? Ако уште би им угодувал на луѓето, немаше да бидам Христов служител.
11 Зашто, ве известувам, браќа, дека Евангелието кое го проповедав не е човечко,
12 бидејќи ниту јас го примив од човек ниту го научив, туку преку откровението на Исуса Христа.
13 Вие секако сте чуле за моето некогашно живеење во јудејството: како прекумерно ја гонев Божјата црква и ја запустував.
14 и во јудејството надминав многу свои врсници во својот народ, вдахновен од преголемата ревност за преданијата на своите прататковци.
15 А кога Му беше по волја на Оној, Кој ме оддели од утробата на мојата мајка и ме призва преку Својата благодат,
16 да Го открие во мене Својот Син, за да Го проповедам меѓу народите, не се посоветував веднаш со тело и крв,
17 ниту отидов горе во Ерусалим кај оние, кои пред мене беа апостоли, туку отидов понатаму во Арабија и пак се вратив во Дамаск.
18 А на три години потоа отидов горе во Ерусалим, за да го видам Петар, и останав при него петнаесет дена.
19 А некој друг од апостолите не видов, освен Јаков, братот Господов.
20 А пак што ви пишувам, еве пред Бога велам дека не лажам.
21 Потоа дојдов во краиштата на Сирија и Киликија.
22 А на црквите во Јудеја кои се во Христа, лично им бев уште непознат,
23 тие беа само слушале: „Оној, кој некогаш нè гонеше, сега ја проповеда верата, која некогаш ја разурнуваше.”
24 И го славеа Бога во мене.
 
Глава  2
1 На четиринаесет години потоа отидов горе пак во Ерусалим со Варнава, земајќи го со себе и Тит.
  2 А отидов горе по откровение и им го изложив Евангелието, кое го проповедам меѓу народите, но насамо на видните, можеби да не трчам или да не сум трчал напразно.
  3 Но ни Тит, кој беше со мене, иако Грк, не беше принуден да се обреже,
  4 и тоа заради тајно воведените лажни браќа, кои се вовлекле за да ја согледуваат нашата слобода, која ја имаме во Христа Исуса, за да нè поробат.
  5 На кои не им отстапивме ни за час, ниту им се покоривме, за да остане со вас вистината на Евангелието.
  6 А што се однесува за оние, кои беа сметани за видни, какви и да биле некогаш, мене ми е сеедно; Бог не гледа на човековото лице - тие видните ништо не ми придадоа.
  7 Туку, напротив, кога видоа дека мене ми е поверено Евангелието меѓу необрезаните, како на Петар меѓу обрезаните -
  8 зашто Оној, Кој го оспособи Петра за апостолство меѓу обрезаните, ме оспособи и мене за паганските народи -
  9 и кога ја познаа благодатта, што ми е дадена, Јаков, Кифа и Јован, кои беа сметани за столбови, ни ги дадоа, мене и на Варнава, десниците во знак на заедништвото; за да одиме ние до паганските народи, а тие до обрезаните;
10 само да си спомнуваме за бедните, за истото, што и ревнував да го правам.
11 А кога Кифа дојде во Антиохија, му се спротивставив во лице, зашто требаше да биде осуден.
12 Имено, пред да дојдат некои од Јакова, тој јадеше со многубошците, но кога дојдоа овие, тој се повлече и се отстрани, заради страв од обрезаните.
13 И дволичеа со него и другите Јудејци, така што нивното лицемерство го заведе и Варнава.
14 Кога видов дека не одат право според вистината на Евангелието, му реков на Кифа пред сите: „Ако ти, кој си Јудеец, живееш како народите; а не јудејски, како можеш да ги принудуваш народите да живеат јудејски.
15 Ние сме по раѓање Јудејци, а не грешници од народите.
16 Но бидејќи знаеме дека човекот не се оправдува од делата на Законот, туку само преку верата на Исуса Христа, и ние поверувавме во Христа Исуса, за да се оправдаме од верата во Христа, а не од делата на Законот ; зашто од делата на Законот нема да се оправда ниту еден човек.
17 Па ако и ние самите, сакајќи да се оправдаме во Христа, се најдовме грешници, дали е тогаш Христос служител на гревот? Далеку од тоа!
18 Зашто, ако повторно го ѕидам она што сум го разурнал, се покажувам како престапник:
19 зашто јас умрев преку Законот за Законот, за да живеам за Бога.
20 Со Христа сум распнат на крстот; и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене: а животот што сега го живеам во телото, го живеам преку верата во Божјиот Син, Кој ме возљуби и Се предаде Себеси за мене.
21 Не ја поништувам Божјата благодат, зашто ако правдата доаѓа преку Законот, тогаш Христос умрел напразно.
Глава  3
1 О неразумни Галатјани! Кој ве маѓепса вас, пред чии очи Исус Христос е јасно нацртан како распнат?
  2 Сакам само ова да го научам од вас: дали Го примивте Духот врз основа на делата на Законот или преку слушањето со вера?
  3 Толку ли сте неразумни? Што почнувајќи со Духот, сега сами завршувате со тело?
  4 Дали толку многу страдавте напразно? Ако е навистина напразно!
  5 А Оној, Кој ви дава Дух и прави силни дела во вас, дали го прави тоа врз основа на делата на Законот или преку слушањето со вера?
  6 Како што и Авраам „му поверува на Бога и тоа му се засмета за праведност.”
  7 И така, признајте, дека Авраамови синови се оние, кои се од верата.
  8 А и Писмото предвиде, дека Бог преку верата ги оправдува народите, и однапред му го навести Евангелието на Авраама: „Во тебе ќе бидат благословени сите народи.”
  9 И така, оние, кои веруваат се благословени заедно со верниот Авраам.
10 Имено, кои ги прават делата на Законот, под клетва се, зашто е пишано: „Проклет да е секој, кој не е постојан во сè што е напишано во Книгата на Законот, да го исполнува тоа.”
11 А дека никој не е оправдан пред Бога преку Законот, јасно е, зашто „праведникот ќе живее од верата.”
12 А Законот не е од верата, туку вели: „Кој ги исполнува, ќе живее преку нив.”
13 Христос нè откупи од проклетството на Законот, откако стана проклетство за нас, зашто е пишано: „Проклет да е секој, кој виси на дрво!” -
14 Та Авраамовиот благослов да дојде на народите во Христа Исуса, и да Го примиме преку верата ветувањето на Духот.
15 Браќа, зборувам по човечки: заветот што човек го потврдил, никој не го отфрла, ниту му додава нешто.
16 А ветувањата им беа дадени на Авраама и на неговото семе. И не вели: „и на семињата”, како за мнозина; туку како за еден: „и на твоето Семе” Кој е Христос.
17 Го велам и ова: Законот што стана по четири стотини и триесет години, не го поништува заветот, кого Бог го потврдил порано, ниту го поништува ветувањето.
18 Зашто, ако наследството доаѓа од Законот, тоа веќе не е од ветувањето; но Бог му го подари на Авраама преку ветувањето.
19 Тогаш, зошто е Законот? Тој е определен со посредство на ангели, со рака на еден посредник, па е додаден заради престапите, додека не дојде Семето, Кому Му е дадено ветувањето.
20 Посредник пак нема таму, каде што е само еден; а Бог е еден.
21 Според тоа, дали е Законот противен на Божјите ветувања? Далеку од тоа! Зашто, ако беше даден закон, што може да даде живот, тогаш навистина праведноста би била од законот.
22 Но Писмото сите ги затвори под грев, и врз основа на верата во Исуса Христа ветувањето да им биде дадено на оние, кои веруваат.
23 А пред да дојде верата, бевме под стражата на законот, затворени, до времето на верата која требаше да се открие.
24 Така, Законот ни беше наш воспитач до Христа, за да се оправдаме преку верата.
25 А сега дојде верата, и не сме повеќе под воспитувачот.
26 Зашто, сите сте Божји синови преку верата во Христа Исуса,
27 зашто сите, кои се крстивте во Христа, се облековте со Христа.
28 Нема веќе ни Јудеец ни Грк, нема веќе ни роб ни слободен, нема веќе ни машко ни женско, зашто вие сите сте едно во Христа Исуса.
29 А ако сте пак вие Христови, тогаш сте Авраамово семе, наследници по ветувањето.
 
Глава  4
1 Ви велам пак, додека е наследникот малолетен, со ништо не се разликува од робот, иако е господар на сè.
  2 Туку е под настојници и управители до рокот определен од таткото.
  3 Така и ние, додека бевме малолетни, бевме заробени под првобитните учења на светот;
  4 а кога се исполни времето, Бог Го испрати Својот Син, роден од жена, роден под Законот,
  5 за да ги откупи оние, кои беа под Законот, за да го примиме посинувањето.
  6 А бидејќи сте синови, Бог Го испрати во вашите срца: Духот на Својот Син, Кој вика: „Ава, Татко!”
  7 Затоа не си повеќе роб, туку син; а ако си син, тогаш си и наследник на Бога преку Христа.
  8 Но вие порано, не познавајќи Го Бога, им служевте ропски на боговите, кои по природа не се тоа.
  9 А сега, кога Го познавате Бога, или уште подобро: откако Бог ве позна вас - како можете пак да им се враќате на слабите и бедни елементарни учења, на кои сакате пак одново да им служите ропски?
10 Внимавате на деновите, и месеците, и времињата, и годините.
11 Се плашам за вас, да не се трудев напразно за вас.
12 Ве молам, браќа, бидете каков што сум јас, зашто и јас сум како вас! Вие со ништо не сте ме навредиле.
13 А знаете дека за првпат во телесна слабост, ви го проповедав Евангелието;
14 и искушението, кое беше за вас, во моето тело, не го отфрливте, ниту се згнасивте од него; туку ме примивте како Божји ангел, како Христа Исуса.
15 Сега, каде е она ваше блаженство? Зашто ви сведочам, дека кога би било можно, би ги извадиле своите очи и би ми ги дале мене.
16 Дали ви станав непријател затоа, што ви ја зборувам вистината?
17 Тие не ревнуваат добро за вас, туку сакаат да ве одвојат, за да ревнувате за нив.
18 Меѓутоа, добро е секогаш да ревнувате во доброто, а не само кога сум јас при вас,
19 деца мои, кои пак сум во породилни маки, додека Христос се вообличи во вас.
20 Би сакал да сум сега при вас, и да го изменам својот глас, зашто сум во сомнение за вас.
21 Кажете ми, вие, кои сакате да бидете под Законот: не го слушате ли Законот?
22 Зашто е напишано дека Авраам имал два сина: едниот од робинката, а другиот од слободната.
23 Но оној, од робинката, роден е по тело, а оној од слободната преку ветувањето.
24 Ова е речено сликовито: тие жени се двата завета; едниот од гората Синај, кој раѓа за ропство; тој е Агара -
25 зашто Агара е Синајската Гора во Арабија, и му одговара на сегашниот Ерусалим, кој робува со своите деца.
26 Но небесниот Ерусалим е слободен, тој е наша мајка,
27 зашто е напишано: „Весели се неплодна, која не раѓаш; воскликни и извикај ти, која не си имала породилни маки; зашто оставената има повеќе деца, отколку онаа, која има маж.”
28 И вие сте, браќа, деца на ветувањето како Исак.
29 И како што некогаш оној, кој се роди по тело, го гонеше оној, кој се роди по дух, така е и сега.
30 А што вели Писмото? „Истерај ја робинката и нејзиниот син, зашто синот на робинката нема да наследи со синот на слободната!”
31 Затоа, браќа, ние не сме деца на робинката, туку на слободната.
 
Глава  5
1 Христос нè ослободи за слободата. Според тоа, стојте цврсто и не потчинувајте му се пак на ропскиот јарем.
  2 Еве, јас, Павле, ви велам: ако се обрезувате, Христос никако нема да ви користи.
  3 И пак му сведочам на секој човек, кој се обрезува, дека е должен да го исполни целиот Закон.
  4 Се одвоивте од Христа вие, кои сакате да се оправдате преку Законот; отпаднавте од благодатта.
  5 Зашто ние, преку Духот, преку верата, ја очекуваме надежта на правдата.
  6 Зашто во Христа Исуса ниту обрезанието има вредност, ниту необрезанието, туку верата, која дејствува преку љубовта.
  7 Трчавте добро! Кој ви попречи да не се покорувате на вистината?
  8 Тоа одвраќање не е од Оној, Кој ве повика.
  9 Малку квас го потквасува целото тесто.
10 Јас сум уверен за вас во Господа, дека нема да мислите инаку. А кој ве буни ќе претрпи осуда, кој и да бил!
11 Ако пак јас, браќа, уште го проповедам обрезанието, зошто уште ме гонат? Во тој случај се укинува соблазната од крстот!
12 О, да се отсечеа оние, кои ве бунат!
13 Зашто вие, браќа, повикани сте кон слобода; само слободата да не ви биде повод за угодување на телото, туку со љубов служете си еден на друг.
14 Зашто целиот Закон е исполнет во еден збор - во: „Љуби го својот ближен како самиот себе!”
15 Ако пак се гризете и јадете еден со друг, пазете да не се истребите еден со друг.
16 А велам: одете во Духот и нема да ги исполнувате страстите на телото,
17 зашто телото копнее против Духот, а Духот против телото; зашто тие се противат еден на друг, за да не го правите она, што сакате.
18 Но, ако Духот ве води не сте под Законот.
19 А делата на телото се познати; тоа се: блудство, нечистота, бесрамност,
20 идолопоклонство, вражање, непријателства, препирка, ревнување, гнев, себичност, раздори, кривоверства;
21 зависти, убиства, пијанства, срамни гозби, и слични на овие, за кои ви зборувам однапред, како што ви реков и порано: дека оние, кои прават такви работи, нема да го наследат Божјото Царство.
22 А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, верноста, кротоста, самоконтролата;
23 нема закон против вакви нешта.
24 А оние кои се Христови го распнаа своето тело со неговите страсти и похоти.
25 Ако живееме во Духот, нека и да Го следиме Духот!
26 Да не бидеме полни со суетно славољубие! Да не се предизвикуваме еден со друг! Да не си завидуваме еден на друг!
 
Глава  6

  1 Браќа, ако и да падне некој во некаков грев, вие, кои сте духовни, поправувајте го таквиот во духот на кротоста, но чувај се себеси и ти да не бидеш искушан.
  2 Носете ги бремињата еден на друг, и со тоа ќе го исполните законот Христов!
  3 Зашто, ако некој мисли дека е нешто, а не е ништо, самиот се измамува.
  4 А секој да го испита своето дело, па тогаш ќе има пофалба само пред себеси, а не пред друг.
  5 Зашто секој ќе го носи своето бреме.
  6 А кој се учи на словото, нека ги дели сите свои добра со оној, кој го учи.
  7 Не лажете се: Бог не дозволува да биде изигран! Зашто што човекот ќе посее, тоа и ќе жнее:
  8 кој сее во своето тело, од телото ќе пожнее погибел; а кој сее во Духот, од Духот ќе пожнее вечен живот.
  9 Да не бидеме уморни да правиме добро, зашто ќе жнееме во право време, ако не се умориме.
10 Затоа, додека имаме време, да им правиме добро на сите, а најмногу на оние, кои припаѓаат на нашето семејство по вера.
11 Видете, колкави букви ви напишав со сопствена рака!
12 Сите оние, кои сакаат да се прават важни со телото, тие ве приморуваат да се обрезувате, само за да не бидат гонети заради Христовиот крст.
13 Зашто ни самите тие, кои се обрезуваат, не го пазат Законот, а сакаат вие да се обрезувате, за да се фалат со вашето тело.
14 А јас сум далеку од тоа да се фалам со нешто друго, освен во крстот на нашиот Господ Исус Христос, преку Кого светот е распнат за мене и јас за светот!
15 Зашто ниту обрезанието е нешто ниту необрезанието, туку ново создание.
16 И на сите, кои ќе го следат ова правило - мир и милост, на нив, и на Божјиот Израел.
17 Во иднина никој да не ми досадува повеќе, зашто ги носам Исусовите рани во своето тело.
18 Браќа, благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со вашиот дух! Амин!
 
Ефесјани
1 | 2 | 3 | 4| 5| 6                                

Глава  1
1 Павле, преку Божја волја апостол на Исуса Христа, до светите во Ефес и верните во Христа Исуса:
  2 благодат на вас и мир од Бога, нашиот Татко и од Господа Исуса Христа!
  3 Да биде благословен Бог и Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Кој нè благослови, во Христа, со секаков духовен благослов во небесните места;
  4 зашто нè избра во Него, пред создавањето на светот, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубов.
  5 Како што нè и определи однапред за да нè посини преку Исуса Христа, по благоволение на Својата волја,
  6 за да биде фалена славата на Неговата благодат, со која нè дарува во Возљубениот,
  7 во Кого имаме откуп преку Неговата крв, прошка на гревовите, според богатството на Неговата благодат,
  8 која ја излеа изобилно на нас во секоја мудрост и разумност, -
  9 соопштувајќи ни ја тајната на Својата волја, според Своето благоволение, што го одреди во Него,
10 за да ја спроведе кога ќе се исполнат времињата: за да соедини повторно во Христа: сè што е на небесата и што е на земјата - во Него,
11 во Кого и ние бевме избрани за наследници, зашто бевме определени однапред со одлуката на Оној, Кој прави сè по советот на Својата волја,
12 за да бидеме за пофалба на Неговата слава, ние, кои веќе отпорано се надевавме во Христа.
13 Во Него и вие, откако го чувте словото на вистината - Евангелието на вашето спасение - и откако и вие поверувавте, станавте запечатени со Светиот Дух на ветувањето.
14 Кој е залог за нашето наследство, за откупување на оние кои станаа Божја сопственост - за пофалба на Неговата слава.
15 Затоа и јас, откако чув за вашата вера во Господа Исуса и за вашата љубов кон сите свети,
16 не прекратувам да заблагодарувам за вас, спомнувајќи ве во своите молитви,
17 та Бог на нашиот Господ Исус Христос, Таткото на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение во вистинското познавање на Него:
18 и да ги избистри очите на вашето срце, за да знаете каква е надежта на Неговото повикување, колкаво е богатството на Неговото славно наследство во светите,
19 и колку е преголема Неговата сила кон нас, кои веруваме - според дејствувањето на Неговата моќна сила;
20 чие дејство го покажа во Христа, кога Го воскресна од мртвите и Го постави оддесно на Себеси во небесните места,
21 далеку над секое началство, и власт, и сила, и господство и над секое име, кое се спомнува не само во овој свет, туку и во идниот.
22 И сè Му покори под Неговите нозе, а Него Го постави за Глава над сè на Црквата,
23 која е Негово Тело - полнота на Оној, Кој исполнува сè во сè.
Глава  2
1 И вас, кои бевте мртви поради вашите престапи и гревови,
  2 во кои живеевте некогаш според векот на овој свет, според кнезот на воздушните сили - духот, кој дејствува сега меѓу синовите на непокорноста.
  3 Меѓу овие, и ние живеевме некогаш во своите телесни страсти, извршувајќи ги похотите на телото и на помислите и бевме по природа чеда на гневот како и сите други.
  4 Но Бог, Кој е богат во милост - поради Својата голема љубов со која нè возљуби нас,
  5 нè оживе заедно со Христа и нас, кои бевме мртви поради нашите гревови, - по благодат сте спасени! -
  6 и со Него нè воскресна и со Него нè седна во небесните места, во Христа Исуса,
  7 та, во идните векови да го покаже преголемото богатство на Својата благодат, според Својата добрина кон нас во Христа Исуса.
  8 Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар!
  9 Не од делата, за да не се фали некој.
10 Имено, Негово дело сме, создадени во Христа Исуса, за добри дела, кои Бог ги подготви однапред, за да живееме во нив.
11 Затоа спомнувајте си, дека вие, кои некогаш бевте незнабошци по тело, и наречувани необрезани од оние, кои се наречуваа обрезани, и кои се тоа по телото, по човечко дело;
12 во она време бевте без Христа, оттуѓени од израелското општество, и туѓи на заветите на ветувањето, без надеж и без Бога во светот.
13 А сега во Христа Исуса, вие кои некогаш бевте далеку, станавте близу преку Христовата крв.
14 Зашто Тој е нашиот мир, Кој од двете направи едно, и го разурна преградниот ѕид, што ги делеше,
15 и во Своето тело го уништи непријателството и законот со неговите заповеди и одредби, и создавајќи мир, од двата да создаде во Себе еден нов човек,
16 и обата во едно тело да ги помири со Бога преку крстот, откако го уби врз него непријателството.
17 Тој дојде да ви проповеда мир на вас, кои бевте далеку и мир на оние, кои беа близу:
18 зашто преку Него, и едните и другите, имаме пристап при Таткото во еден Дух.
19 Затоа, вие не сте веќе туѓинци и придојденици, туку сте сограѓани на светите и домашни на Бога,
20 надѕидани врз основата на апостолите и пророците, а аголниот камен е Самиот Христос Исус,
21 врз Кого целата стројно составена зграда расте во свет храм во Господа,
22 врз кого и вие во Духот заедно се соѕидувате во Божјо живеалиште.
 
Глава  3
1 Затоа јас, Павле, сум затвореник на Христа Исуса за вас народите,
  2 само ако сте чуле за управителството на Божјата благодат, која ми е дадена за вас;
  3 дека по откровение ми е соопштена тајната, како што порано пишав накратко.
  4 Читајќи оттаму можете да го разберете моето сфаќање на тајната на Христа,
  5 која што во другите поколенија не им беше кажана на човечките синови, како што сега преку Духот им е откриена на Неговите свети апостоли и пророци:
  6 дека народите се сонаследници и припадници на истото тело, и заедничари на Неговото ветување во Христа Исуса, преку Евангелието,
  7 на кое му станав служител според дарот на Божјата благодат, која ми е дадена според дејството на Неговата сила.
  8 На мене - најмалиот од сите свети - ми е дадена оваа благодат: да им го навестувам на народите Евангелието на неистражливото Христово богатство
  9 и на сите да им расветлам во што се состои распределбата на тајната, која од вечноста беше скриена во Бога - Создателот на сè;
10 та многуразличната Божја мудрост да им се соопшти сега преку Црквата на началствата и на властите во небесните места,
11 според вечната намера, која ја оствари во Христа Исуса, нашиот Господ,
12 во Кого имаме смелост и пристап кон Бога, полни со доверба - преку верата во Него.
13 Затоа ве молам да не се обесхрабрувате заради моите неволји, што ме снајдоа заради вас; тие се ваша слава.
14 Заради тоа ги преклонувам своите колена пред Таткото на нашиот Господ Исус Христос,
15 од Кого секој род на небесата и на земјата добива име;
16 да ви даде, според богатството на Својата слава - да зајакнете со сила преку Неговиот Дух во внатрешниот човек,
17 та преку вера да се всели Христос во вашите срца; да бидете вкоренети и засновани во љубовта:
18 за да можете да сфатите со сите свети, што е ширина и должина, и височина и длабочина,
19 и да ја познаете Христовата љубов, која го надминува знаењето; за да се исполните во целата Божја полнота.
20 А на Оној, Кој со Својата сила, што дејствува во нас, може да направи прекумерно над сè што ние молиме или мислиме -
21 Нему нека е слава во Црквата и во Христа Исуса на сите поколенија од века до века! Амин!
 
Глава  4
  1 Затоа ве молам, јас затвореник во Господа, да живеете достојно според звањето во кое сте повикани:
  2 со секаква понизност и кроткост, со трпеливост, поднесувајќи се едни со други во љубов!
  3 Настојувајте да го запазите единството на Духот во врската на мирот.
  4 Едно тело и еден Дух, како што сте и вие повикани во една надеж на вашето звање;
  5 еден Господ, една вера и едно крштавање;
  6 еден Бог и Татко на сите, Кој е над сите, и преку сите и во сите.
  7 А секому од нас му е дадена благодатта според мерката на Христовиот дар.
  8 Затоа се вели: „Издигајќи се на височина, поведе робје; им даде дарови на луѓето.”
  9 А „се издигна” - што значи друго, туку дека слегол во долните места на земјата?
10 Тој Кој слезе, тоа е Оној истиот, Кој се издигна над сите небеса, за да исполни сè.
11 И Тој даде едни за апостоли, а други за пророци; едни за евангелисти, а други за пастири и учители,
12 за да се усовршат светите за делото на службата, за изградување на Христовото Тело,
13 додека сите не дојдеме до единството на верата и на познавањето на Божјиот Син, до совршениот човек, до полната мерка на Христовиот раст:
14 за да не бидеме веќе деца, кои ги лулее и ги носи секој ветар на науката, што - со човечката измама и лукавство - доведува до итро измислени заблуди.
15 Туку, говорејќи ја вистината, во љубов, ние треба да растеме во сè - кон Него, Кој е Глава, Христос.
16 Од Него целото Тело е поврзано и соединето во едно, на тој начин што секој дел дава поткрепа според една мерка на секој одделен дел; тоа прави Телото да расте за својата сопствена надградба во љубов.
17 Ова го велам и сведочам во Господа, да не живеете веќе како што одат народите во суетата на својот ум,
18 помрачени во својот разум, оттуѓени се од Божјиот живот, заради незнаењето кое владее во нив, заради закоравеноста на нивното срце.
19 Откако го изгубија чувството, тие и се предадоа себеси на разузданоста, за да прават секаква нечистота во лакомост.
20 А вие не Го познавте така Христа,
21 ако сте чуле за Него и ако сте во Него поучени онака, како што е вистината во Исуса;
22 во однос на својот поранешен живот, вие треба да го соблечете од себе стариот човек, кој тлее заради измамливите страсни желби,
23 и да се обновувате во духот на својот ум,
24 и да се облечете во новиот човек, кој е создаден според Бога во правдата и светоста на вистината.
25 Затоа отфрлете ја лагата и зборувајте вистина секој со својот ближен, зашто сме членови едни на други!
26 Ако сте гневни, не грешете! Сонцето да не зајде во вашиот гнев,
27 и не давајте му место на ѓаволот!
28 Кој крадел, да не краде веќе! Подобро е да се труди и да работи со своите раце она што е добро, за да може да му дава на оној, кој има потреба!
29 Никаков гнил збор да не излегува од вашата уста, туку само полезен за изградување, - каде е потребно, за да им даде благодат на слушателите.
30 И не жалостете Го Светиот Дух Божји, со Кој сте запечатени за денот на избавувањето!
31 Секое огорчение, и јарост, и гнев, и викање и хулење, да бидат отстранети од вас, со секаква злоба.
32 Бидете еден кон друг добри, милостиви, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости вам во Христа.
 
Глава  5
  1 И така, угледајте се на Бога, како возљубени деца,
  2 и одете во љубов, како што и Христос ве љубеше вас и Се предаде Себеси за нас, како принос и жртва на Бога за благопријатен мирис.
  3 А блудството и секаква нечистота или лакомост, да не се спомнуваат меѓу вас, како што им прилега на светите!
  4 Ниту срамни и празни зборови, ниту смешки, што се неприлични, туку подобро благодарност!
  5 Зашто, знајте го ова добро: ниеден блудник, ниеден нечист, ниеден лакомец - кој е идолопоклоник - нема наследство во Христовото и Божјото Царство!
  6 Никој да не ве мами со празни зборови, зашто заради тие нешта доаѓа Божјиот гнев врз непокорните синови.
  7 И така, не бидете нивни соучесници!
  8 Зашто некогаш бевте темнина, но сега сте светлина во Господа; живеете како деца на светлината,
  9 а плодот на Духот се состои во секаква добрина, во праведност и во вистина!
10 Испитувајте што Му е угодно на Господа!
11 И не бидете соучесници во бесплодните дела на темнината, туку подобро: прекорувајте ги!
12 Зашто е срамно да се зборува и за она што тие го вршат потајно.
13 А сè што се прекорува станува јавно преку светлината, зашто сè што станува јавно, светлина е.
14 Затоа се вели: „Стани, ти кој спиеш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли!”
15 И така, внимавајте грижливо како живеете! Не како немудри, туку како мудри;
16 искупувајте го времето, зашто дните се зли!
17 Затоа не бидете неразумни, туку разберете што е Господова волја!
18 И не се пијанете со вино, во кое е разузданоста, туку полнете се со Духот!
19 Зборувајте си еден на другиот со псалми, и химни, и со духовни песни! Пејте Му на Господа и воспевајте Го во вашите срца!
20 Благодарете Му секогаш за сè на Бог и Таткото, во името на нашиот Господ Исус Христос!
21 Покорувајте се еден на друг во страв од Христа!
22 Жените да им се покоруваат на своите мажи, како на Господа,
23 зашто мажот е глава на жената, како што е и Христос Глава на Црквата, и Тој е Спасител на Телото!
24 И како што Црквата Му се покорува на Христа, така да им бидат и жените покорни во сè на своите мажи.
25 Мажи, љубете ги своите жени, како што и Христос ја возљуби Црквата и Се предаде Сам Себеси за неа,
26 за да ја освети, очистувајќи ја со водно капење во словото,
27 и да ја претстави пред Себе славната Црква, која нема дамка, ниту брчка, или нешто слично, за да биде света и непорочна.
28 Така и мажите се должни да ги љубат своите жени како своите тела. Кој ја љуби својата жена, се љуби себеси.
29 Зашто никој никогаш не го замразил своето тело. Но го храни и го стоплува како и Христос Црквата.
30 Зашто, ние сме членови на Неговото Тело - од Неговото месо и Неговите коски.
31 ”Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи кон својата жена, и двајцата ќе станат едно тело.”
32 Оваа тајна е голема - а јас зборувам гледајќи на Христос и на Црквата.
33 И така, секој од вас да ја љуби својата жена како себеси, а жената да го почитува својот маж.
Глава  6
1 Деца, слушајте ги своите родители во Господа, зашто тоа е право.
  2 ”Почитувај ги својот татко и мајка - тоа е првата заповед со ветување -
  3 за да ти биде добро и за да живееш долго на земјата!”
  4 А вие, татковци, не дразнете ги вашите деца, туку воспитувајте ги во науката и опомената на Господа.
  5 Робови, слушајте ги вашите господари по тело со страв и трепет, во простота на своето срце, како Христа!
  6 Не служете само пред очите, како оние кои им угодуваат на луѓето, туку како Христови служители, кои од сета душа ја извршуваат Божјата волја!
  7 Служете доброволно како на Господа, а не на луѓе,
  8 знаејќи дека секој - роб или слободен - ако направи нешто добро, ќе го добие тоа од Господа!
  9 А вие, господари, постапувајте исто така со нив, без закани, знаејќи дека нивниот и вашиот Господар е на небесата! И дека Тој не гледа кој е кој!
10 Најпосле, јакнете во Господа и во силата на Неговата моќ!
11 Облечете се во сето Божјо оружје, за да можете да им се спротивставите на измамите на ѓаволот.
12 Зашто нашата борба не е против крвта и телото, туку против началствата, против властите, против светските владетели на темнината на овој век: против духовните сили на злото во небесните места.
13 Затоа земете го сето Божјо оружје, за да можете да се браните во лош ден и откако ќе свршите сè, да се одржите!
14 И така, стојте цврсто! Препашани со вистината преку бедрата, облечени во оклопот на правдата,
15 обујте ги нозете со ревноста за Евангелието на мирот!
16 При сè тоа земете го штитот на верата, со кого ќе можете да ги угаснете сите огнени стрели на нечестивиот!
17 Земете го и шлемот на спасението и мечот на Духот - кој е Божјото слово,
18 со секаква просба и молитва, молете се во Духот во секое време, и заради тоа бдејте со сето постојанство и со молба за сите свети
19 и за мене, да ми се даде слово кога ќе ја отворам устата, за да можам да ја соопштувам смело тајната на Евангелието,
20 за кое сум пратеник во окови: за да зборувам смело како што и треба да зборувам.
21 А за да знаете и вие сè за мене што работам и како сум, за сè ќе ве извести Тихик, возљубениот брат и верен слуга во Господа,
22 кого го праќам при вас токму затоа, за да научите како сме ние и за да ги утеши вашите срца.
23 Мир на браќата и љубов со вера од Бог Таткото и од Господа Исуса Христа!
24 Благодат со сите, кои беспрекорно Го љубат нашиот Господ Исус Христос!
 
(Светото Писмо во електронски облик е преземено од веб-презентацијата http://www.mkbible.net/biblija/index.php)

 

 

http://preminportal.com.mk/content/view/7250/54/

Превод од англиски: С.Л.

(Светото Писмо во електронски облик е преземено од веб-страницата   http://www.mkbible.net/biblija/index.php

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

« »

Православен календар

 

29/07/2024 - понеделник

Св. свештеномаченик Атиноген, епископ Севастиски во Ерменија; Св. маченичка и девица Јулија; Петанесет илјади Свети маченици; Св. маченик Атиноген; Споменот на шесте Вселенски Собори;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Нема ученик поголем од својот учител,но радоста учителска е потполна кога ученикот го продолжи делото, Христе Боже наш, Атиноген свети...

Тропар на св. Христови маченици Кирик и Јулита 15 јули / 28 јули 2024

Тропар на св. Христови маченици Кирик и Јулита 15 јули / 28 јули 2024

Младенци постојано кон Тебе итаат Христе Боже,душа не знае за години,Кирик топла љубов посакувајќи,

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Христос Тајновидецот очите на разумот ви ги отвори,а Павле апостолот во верата ве утврди,о свети сопружници Акиле и Прискило,вие кои...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная