логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

 

28.12.2010 год.

(вторник)

 КОН СОВЛАДУВАЊЕ НА НОВО-ЗАВЕТНИОТ ПРЕДИЗВИК

Со почетокот на Божикниот пост, да го започнеме заедно и подвигот на читање на Новиот Завет, следејќи го 40 дневниот распоред.

31-ден

 

31Ден:2 Коринтјани 1-13
1 | 2| 3 |4| 5 | 6 |7
|8| 9|10 |11| 12| 13

ВТОРО ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОРИНТЈАНИТЕ
Глава  1                                             
  
  1 Павле, апостол на Исуса Христа, преку Божјата волја, и братот Тимотеј до Божјата црква која е во Коринт, со сите свети, кои се по цела Ахаја.

  2 Благодат вам и мир од Бога, нашиот Татко, и од Господа Исуса Христа!

  3 Благословен Бог и Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Татко на милосрдноста и Бог на секоја утеха,

  4 Кој нè утешува во секоја наша неволја, за да можеме и ние да ги утешуваме оние, кои се наоѓаат во каква и да е неволја, со утехата со која Бог нè утешува нас самите.

  5 Зашто, како што Христовите страдања изобилуваат во нас, така преизобилува и нашата утеха преку Христа.

  6 Ако сме измачувани, тоа е за ваша утеха и спасение. Ако се утешуваме, тоа е за ваша утеха, која дејствува во трпението на оние исти страдања, што ги трпиме и ние.

  7 Нашата надеж за вас е цврста, знаејќи дека вие учествувате како во страдањата така и во утехата.

  8 Браќа, не сакаме да останете во незнаење во однос на неволјата што ни се случи во Азија, додека бевме оптоварени преку секоја мерка и над нашите сили, така што не се надевавме ни да го запазиме својот живот.

  9 Па и сами во себеси дојдовме до заклучок, дека ќе и бидеме предадени на смртта, за да не се надеваме сами на себеси, туку на Бога, Кој ги воскреснува мртвите.

10 Тој нè избави и уште нè избавува од таква смрт; Тој, во Кого се надеваме, дека пак ќе нè избави,

11 со помош на вашата молитва за нас, за да му заблагодарат на Бога многу луѓе за нас, за благодатниот дар што го добивме.

12 Зашто нашата самопофалба е ова: сведоштвото на нашата совест, дека ние живееме во светот, а особено меѓу вас, во светост и Божја искреност, а не во телесна мудрост, туку во Божјата благодат.

13 Зашто, не ви пишуваме нешто друго, освен она, што го читате и разбирате; а се надевам дека ќе разберете до крај,

14 како што веќе нè разбравте делумно: дека ние сме пофалба за вас, а вие за нас, во Денот на нашиот Господ Исус.

15 Со таа увереност сакав да дојдам најпрвин при вас, за да примите двојна благодат;

16 и преку вас да поминам во Македонија, а од Македонија пак да дојдам при вас, и вие да ме испратите за Јудеја.

17 И така, да не постапив лесномислено кога го посакав тоа? Или моите намери, се намери по телото, така што во мене истовремено е „да-да” и „не-не.”

18 Бог е верен, дека: нашето слово кон вас не е „да” и „не.”

19 Зашто Божјиот Син, Исус Христос, Кого Го проповедавме меѓу вас: јас, Силуан и Тимотеј, не беше „да” и „не”, туку во Него беше „да”,

20 бидејќи Божјите ветувања, колку многу и да се, во Него се „да.” Затоа и ние велиме „Амин”, преку Него, за слава на Бога, преку нас.

21 А Бог нè утврдува заедно со вас во Христа и нè помаза,

22 и нè запечати и ни го даде Духот во нашите срца, како залог.

23 А јас Го повикувам Бога за сведок на својата душа: дека, штедејќи ве вас, не дојдов веќе во Коринт;

24 но не како ние да владееме со вашата вера, туку сме соработници во вашата радост, зашто во верата вие стоите цврсто.


Глава  2                                          
  
  1 Затоа го решив ова во себеси: за да не доаѓам при вас пак во жалост.

  2 Зашто, ако јас ве жалостам, тогаш кој ќе ме развеселува мене; ако не оној, кого јас го ожалостувам?

  3 И точно тоа ви го пишував, за да не бидам, кога ќе дојдам ожалостен од оние, кои би требало да ме радуваат; уверен во сите вас, дека мојата радост е радост и на сите вас.

  4 Зашто, ви пишував во голема тага и при тешкотија на срцето, и со многу солзи, не за да ве ожалостам, туку за да ја запознаете големата љубов, што ја имам кон вас.

  5 Ако некој ме ожалостил, не ме ожалостил мене, - туку - во извесна смисла, да не претерувам, сите вас.

  6 На таквиот му е доста казната од мнозинството,

  7 така што вие треба побргу да му простите и да го утешите, за да не падне преголема жалост на него.

  8 Затоа ве молам да покажете љубов кон него.

  9 Бидејќи, затоа и ви напишав, за да ве испитам дали сте послушни во сè.

10 А кому ќе му простите нешто вие, нему му проштавам и јас. Зашто, ако сум и простил нешто јас, доколку сум простил, сум простил заради вас во лицето на Христа; за да не земе сатаната предимство над нас;

11 зашто не ни се непознати неговите намери.

12 Кога дојдов во Троада да го проповедам Христовото Евангелие, и кога ми се отвори вратата во Господа,

13 немав мир во својот дух, зашто не го најдов својот брат Тит, и затоа откако се простив од нив, отидов во Македонија.

14 Но, да Му благодариме на Бога, Кој секогаш нè води во Неговата победа во Христа, и на секое место, преку нас, го шири мирисот на Своето познавање;

15 зашто, ние сме пред Бога Христов пријатен мирис меѓу оние, кои се спасуваат, и меѓу оние, кои загинуваат;

16 на едните смртен мирис за смрт, а на другите животен мирис за живот. И кој е способен за сè ова?

17 Зашто, ние не го изопачуваме Божјото слово, како што мнозина го прават тоа, туку зборуваме искрено, како од Бога пред Бога во Христа.

 

 Глава  3
 1
Почнуваме ли пак да се препорачуваме сами себеси? Или, можеби ни се потребни, како на некои, писмени препораки за вас или од вас?
  2 Вие сте нашето писмо напишано во нашите срца, кое го познаваат и го читаат сите луѓе.
  3 Зашто е очигледно дека сте Христово писмо, составено преку нашата служба; напишано не со мастило, туку со Духот на живиот Бог; не на камени плочи, туку врз плочи - на човечките срца.
  4 А такво уверување кон Бога имаме преку Христа.
  5 Не дека сме способни сами од себе да помислиме за нешто, како сами од себе, туку, нашата способност доаѓа од Бога,
  6 Кој и нè оспособи за служители на Новиот завет; не на буквата, туку на Духот, зашто буквата убива, а Духот оживува.
  7 Ако пак служењето на смртта, со букви издлабени во камења, беше толку славно, така што Израелевите синови не можеа да го гледаат Мојсеевото лице, поради сјајот на неговото лице, кој требаше да престане,
  8 како служењето на Духот не ќе биде уште пославно?
  9 Зашто, ако е славно служењето што донесува осуда, многу е поизобилно во слава служењето што донесува праведност.
10 Зашто и она што беше прославено, не е прославено во тој поглед, заради славата која го надвисува.
11 Зашто, ако беше со слава она што било поминливо, многу повеќе е во слава она што е трајно.
12 И така, имајќи ваква надеж, зборуваме со голема смелост;
13 и не сме како Мојсеј, кој ставаше покривало на своето лице, за да не го видат Израелевите синови свршетокот на она што се отстрануваше.
14 Но нивните умови беа закоравени. Зашто, до денешниот ден останува истото покривало при читањето на Стариот Завет, и не се открива, зашто се отстранува само во Христа.
15 И така до денес, кога го читаат Мојсеја, покривалото им лежи на нивното срце.
16 Но, кога Израел се обрати кон Господа, покривалото се отстранува.
17 Зашто Господ е Дух, а каде е Господовиот Дух, таму е слободата.
18 А ние сите, со откриено лице, ја одразуваме Господовата слава и се преобразуваме во ист лик, од слава во слава, како што го прави тоа Господовиот Дух.
                                    

Глава  4
1
Затоа, имајќи го ова служење по милоста, што ја придобивме, ние не се истоштуваме,
  2 туку се одрековме од тајните, срамни работи; не живееме во лукавство, ниту го изопачуваме Божјото слово, но преку откривањето на вистината се препорачуваме себеси на секоја човечка совест пред Бога.
  3 Ако пак е покриено нашето Евангелие, покриено е за оние, кои загинуваат;
  4 за неверните, на кои богот на овој свет им го заслепил разумот, за да не ги осветли светлината на Евангелието за славата на Христа, Кој е Божји лик.
  5 Зашто, ние не се проповедаме себеси, туку Христа Исуса како Господ; а себеси како за ваши слуги заради Исуса.
  6 Зашто, Бог, Кој рече светлина да засвети од темнината, Тој засвети во нашите срца, за да ги осветли со познавањето на Божјата слава во лицето на Исуса Христа.
  7 А ова благо го имаме во земни садови, та изврсноста на силата да биде од Бога, а не од нас.
  8 Во неволја сме отсекаде, но не сме притеснети; во двоумење сме, но не губиме надеж;
  9 нè гонат, но не сме оставени; нè соборуваат, но не сме погубени.
10 Каде и да одиме, секогаш го носиме Исусовото умирање во телото, па и животот Исусов да се покаже во нашето тело.
11 Зашто ние, живите, секогаш сме предавани на смрт заради Исуса, та и животот Исусов да се покаже во нашето смртно тело.
12 И така, смртта дејствува во нас, а животот во вас.
13 А бидејќи го имаме истиот дух на верата, како што е напишано: „Поверував, затоа зборував,” и ние веруваме и затоа зборуваме,
14 знаејќи дека Оној, Кој Го воскресна Господа Исуса, ќе нè воскресне и нас со Исуса и заедно со вас ќе нè постави пред Себе.
15 Зашто сè е ова заради вас, та благодатта - што се зголемила со посредство на мнозина, да направи да биде изобилна благодарноста за Божјата слава.
16 Затоа не се истоштуваме, па и ако се распаѓа нашиот надворешен човек, внатрешниот се обновува од ден на ден.
17 Зашто, нашата сегашна лесна неволја ни донесува прекумерно, и неизмерно, вечно изобилство на слава,
18 зашто ние не мислиме на она што е видливо, туку на она што е невидливо; зашто видливите работи се поминливи, а невидливите се вечни.                                     

Глава  5
1
Зашто, знаеме: ако се разурне нашиот земен дом, кој е како шатор, имаме од Бога зграда, вечен дом на небесата, што не го изградила човечка рака.
  2 Па затоа и воздивнуваме и копнееме да се облечеме со своето небесно живеалиште;
  3 само така облечени, нема да се најдеме голи.
  4 Зашто, ние кои сме во овој шатор, воздивнуваме обременети; зашто не сакаме да се соблечеме, туку да се облечеме и над него, и така животот да го проголта она што е смртно.
  5 А Бог нè приготви токму за ова, со тоа што ни Го даде Духот како залог.
  6 Така, бидејќи секогаш сме полни со верба и знаеме дека сме во телото, ние сме во туѓина, далеку од Господа,
  7 зашто, уште одиме во верата, а не со гледањето, -
  8 полни сме со вера, и повеќе сакаме да го напуштиме телово и да живееме при Господа.
  9 Затоа и се грижиме да Му угодиме Нему, било да сме дома или во туѓина,
10 зашто сите ние треба да се појавиме пред Христовиот суд, и секој да прими според она што направил во своето тело, било добро или зло.
11 И така, знаејќи го стравот пред Господа, ги уверуваме луѓето, а на Бога сме Му познати, и се надеваме дека сме им познати и на вашите совести.
12 Не ви се препорачуваме пак вам, туку ви даваме повод и вие да се фалите со нас, за да имате што да им одговорите на оние, кои се фалат со она што е надвор, но не во срцето.
13 Зашто, ако сме биле вон себе - тоа е заради Бога; ако сме со здрава памет, тоа е заради вас.
14 Зашто, Христовата љубов нè опфаќа,
15 кога дојдовме до заклучокот: еден умрел за сите, значи дека сите умреле. А Тој умре за сите, та живите да не живеат веќе сами за себеси, туку за Оној, Кој умре и воскресна за нив.
16 Затоа отсега и ние не познаваме никого по тело; иако Христа Го познаваме и по тело; сега веќе не Го познаваме така.
17 И така, ако е некој во Христа, тој е ново создание; старото помина, ете: сè стана ново.
18 А сè ова е од Бога, Кој нè измири со Себе преку Христа и ни ја даде службата на измирувањето,
19 зашто Бог го измири светот со Себе во Христа, не засметувајќи им ги нивните престапи и вложувајќи го во нас словото на измирувањето.
20 Според тоа, ние сме пратеници на Христа - на тој начин што Бог моли преку нас. Молиме во името на Христа: помирете се со Бога!
21 Оној, Кој не знаеше за грев, Бог Го направи грев за нас, за да станеме Божја правда во Него.
 
Глава  6                                     
1
А како Негови соработници ние ве молиме, да не ја примате напразно Божјата благодат.
  2 Зашто вели: „Во благопријатно време те послушав и во денот на спасението ти помогнав.” Еве, сега е благопријатното време, ете, сега е денот на спасението!
  3 Не даваме никакви соблазни, ни во што, за да не и се приговори на нашата служба;
  4 туку во сè се покажуваме како Божји слуги: во големо трпение, во неволји, во беди, во тешкотии,
  5 при удари, во темници, во буни, во напори, во бдеења, во пости;
  6 во чистота, во знаење, во трпеливост, во добрина, во Светиот Дух, во нелицемерна љубов;
  7 во словото на вистината, во Божјата сила, со оружје на правдата, со десната и левата рака,
  8 со слава и со срам, со лош глас и со добар глас, како измамници, а вистински луѓе,
  9 како непознати, а пак, добро познати, како оние кои умираат - и ете, живееме; како казнувани, но не убивани,
10 како жалосни, но секогаш радосни; како бедни, а збогатуваме други, како оние кои немаат ништо, а имаат сè.
11 Нашата уста се отвори кон вас, Коринтјани, нашето срце стана широко.
12 Вам не ви е тесно во нас, но тесно ви е во вашите срца;
13 ви зборувам како на свои деца: бидете широки и вие, за да ми вратите на ист начин.
14 Не впрегнувајте се во нееднаков јарем со неверниците! Зашто, што има правдата заедничко со беззаконието? Или какво заедништво има светлината со темнината?
15 Во што се сложува Христос со Велијал? Или каков дел има верникот со неверникот?
16 Или како се сложува Божјиот храм со идолите? Зашто, ние сме храм на живиот Бог, како што рекол Бог: „Ќе живеам во нив и ќе одам сред нив, и ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ.”
17 ”Затоа, излезете од меѓу нив и одвоете се - говори Господ, и не допирајте се до нечисто; и Јас ќе ве примам;
18 и ќе ви бидам Татко, а вие ќе бидете Мои синови и ќерки, говори Господ Сèмоќниот.”

Глава  7
 1 И така, возљубени, имајќи ги овие ветувања, да се очистиме од секоја духовна и телесна нечистота, довршувајќи ја својата светост во страв пред Бога.
  2 Дајте ни место во своите срца! Никому не му направивме неправда, никого не упропастивме, никого не искористивме.
  3 Не ви го велам ова за да ве осудам, зашто, реков пред малку, дека сте во нашите срца, за да умреме и за да живееме заедно.
  4 Имам голема доверба во вас, и многу се фалам со вас; исполнет сум со утеха; преизобилувам со радост, во сите наши неволји.
  5 Зашто, од кога дојдовме во Македонија, нашето тело немаше мир; туку отсекаде бевме во неволја; однадвор борби, внатре страв.
  6 Но, Бог, Кој ги утешува потиштените, нè утеши со доаѓањето на Тит;
  7 и не само со неговото доаѓање, туку и со утехата, со која тој се утеши заради вас, известувајќи нè за вашиот копнеж, за вашиот плач, за вашата ревност за мене, така што се зарадував уште повеќе.
  8 Зашто, ако ве и нажалив со ова писмо, не се кајам. Па ако сум се и покајал, навистина гледам дека посланието ве натажи, ако и за малку, -
  9 сега се радувам; не заради тоа што се нажаливте, но дека се нажаливте за покајание; зашто се нажаливте по Бога, така, за да не бидете оштетени од нас во што и да е.
10 Зашто, жалоста по Бога донесува покајание за спасение - за кое не се кае, а жалоста на светов донесува смрт.
11 Зашто, ете, тоа што се нажаливте по Бога, ви создаде вам не само голема сериозност, туку и одбрана, и негодување, и страв, и копнеж, и ревност и казнување. Покажавте во сè дека сте чисти во тоа дело.
12 Така, ако ви и пишав, не го напишав тоа заради навредувачот, ни заради навредениот, туку за да се покаже при вас, пред Бога, вашата ревносна грижа за нас.
13 Затоа се утешивте. Но покрај оваа наша утеха, многу повеќе се зарадувавме заради радоста на Тит, зашто сите вие го освеживте неговиот дух.
14 Ако му се пофалив со нешто за вас, не се посрамив, туку како што ви зборувавме сè во вистина; така и нашето фалење пред Тит се покажа вистина.
15 А неговото срце уште повеќе чувствува за вас, кога ќе се сети за послушноста на сите вас: како го примивте со страв и трепет.
16 Се радувам што можам во сè да се надевам на вас.
                                      
Глава  8
1 Ве известувам, браќа, за Божјата благодат дадена на црквите во Македонија;
  2 дека, иако во многу неволји, со кои беа искушувани, нивната преумножена радост и длабоката беда, покажаа преизобилно богатство на нивната дарежливост.
  3 Зашто сведочам, дека според своите можности, а и преку нив, дадоа доброволно
  4 и нè молеа многу да им ја укажеме милоста да можат да учествуваат во службата на светите.
  5 И даваа не само како што се надевавме, туку и самите себе Му се предадоа прво на Господа, и тогаш нам, преку Божјата волја.
  6 Затоа го замоливме Тит како што порано започна, така и да го заврши меѓу вас и ова дело на љубовта.
  7 И како што изобилувате во сè, во верата, во словото, во знаењето, во секаква ревност и во љубовта кон нас, покажете го своето изобилство и во ова дело на љубовта.
  8 Не го велам ова како заповед, туку ја испитувам искреноста на вашата љубов, преку ревноста на другите.
  9 Зашто позната ви е благодатта на нашиот Господ Исус Христос, како заради вас од богат стана сиромашен, за да се обогатите вие преку Неговата сиромаштија.
10 Со ова ви давам само совет, зашто тоа е полезно за вас, кои веќе од минатата година го почнавте не само со дело, туку и со својата волја.
11 А сега довршете го и тоа дело: како што бевте подготвени да сакате, така да бидете подготвени и да го довршите, според она што имате.
12 Зашто, ако има добра волја, таа е добро дошла според она што има, а не според она што нема.
13 Не сакам олеснувањето на другите да ви донесе неволја вам, туку да има рамноправност:
14 во сегашно време вашиот одвишок да ја покрие нивната скудност, и нивниот одвишок да послужи на вашата скудност, за да биде рамноправност,
15 според она што е напишано: „Кој собра многу, немаше одвишок, а кој собра малку, немаше недостиг.”
16 Но, Му благодарам на Бога, Кој истата грижа за вас му ја стави во срцето на Тит!
17 Зашто ја прифати нашата молба, но бидејќи многу ревносен, доброволно отиде при вас.
18 Со него го праќаме и братот пофалуван, за работење на Евангелието по сите цркви.
19 И не само тоа, туку црквите го избраа да патува со нас во ова дело на љубовта, на кое му служиме за слава на Самиот Господ и да ја покажеме својата подготвеност.
20 Со тоа сакаме да избегнеме да не ни се префрли заради овој изобилен подарок што го донесуваме.
21 Зашто, ние се грижиме за она што е добро не само пред Господа, туку и пред луѓето.
22 А со нив го испративме и нашиот брат, чија ревност ја испитавме повеќе пати во многу работи, а кој е уште поревносен сега, заради големата доверба во вас.
23 Што се однесува за Тит, тој е мој другар и соработник за вас. А што се однесува за нашите браќа, тие се пратеници на црквите и Христова слава.
24 И така, покажете им го пред црквите доказот на вашата љубов и на нашите пофалби за вас.
                                     

Глава  9
1 А во однос на собирање помош за светите, излишно е да ви пишувам,
  2 зашто ми е позната вашата усрдност, за која се фалам со вас пред Македонците, дека Ахаја, уште од лани, е приготвена и дека вашата ревност поттикнала мнозина.
  3 Сепак ги испраќам браќата, за да не се покаже, во овој однос, празно нашето фалење со вас и за да бидете, како што реков, приготвени,
  4 и ако дојдат со мене Македонците и ве најдат неприготвени, да не се засрамиме ние, да не речам вие.
  5 И така, сметав за потребно да ги замолам браќата да отидат пред нас при вас, и да го приготват однапред вашиот отпорано најавен дар на благослов, така што да биде готов како благослов, а не како користољубие.
  6 А ова го велам: кој сее скржаво, скржаво и ќе жнее; кој сее во благослов, во благослов и ќе жнее!
  7 Секој нека даде како што одлучил во срцето, а не со жал и не од принуда, зашто Бог го љуби радосниот дарител.
  8 А Бог е силен да направи сета благодат да се излее изобилно врз вас, за да имате во сè секогаш сè што е потребно и да ви остане за секое добро дело,
  9 како што е напишано: „Растури, им даде на бедните, Неговата правда останува вечна.”
10 Оној Кој му дава семе на сејачот, ќе му даде и леб за храна; и ќе го умножи вашето семе и ќе направи да израстат плодовите на вашата правда;
11 и да бидете богати во сè за секаква дарежливост, која преку нас предизвикува благодарност кон Бога.
12 Зашто извршувањето на оваа света служба, не само што им ја надополнува скудноста на светите, туку и се возвишува со тоа што мнозина Му благодарат на Бога;
13 тие се вредното извршување на оваа служба и се поттикнати да Го слават Бога, за вашето покорно признавање на Евангелието за Христа и за дарежливоста на вашето заедништво со нив и со сите,
14 и со својата молитва покажуваат дека копнеат по вас, заради преизобилната Божја благодат во вас.
15 Благодарение на Бога за Неговиот неискажлив дар.
                                     

Глава  10
1 А јас самиот, Павле, ве молам заради Христовата кротост и благост; јас, кој сум смирен пред вас, кога сум меѓу вас, но сум смел кон вас, кога сум далеку од вас;
  2 ве молам кога ќе бидам при вас, да не треба да истапам со онаа смелост, со која мислам да истапам против некои, кои мислат дека ние одиме по телото.
  3 Зашто, иако живееме во телото, не војуваме со телото,
  4 зашто оружјето на нашето војување не е телесно, туку е силно во Бога за разурнување на тврдини,
  5 па ги рушиме мудрувањата; и секое превознесување што се крева против познавањето на Бога; и ја поробуваме секоја мисла за послушност на Христа;
  6 и готови сме да казниме секаква непослушност, кога ќе се исполни вашата послушност.
  7 Зар надворешно гледате на работите? Ако е некој уверен во себе дека е Христов, нека го размисли уште еднаш во себеси ова: како што е тој Христов, така сме и ние!
  8 Зашто, ако се пофалам и малку повеќе со нашата власт, што Господ ни ја даде за ваше издигање, а не за ваша пропаст, нема да се засрамам;
  9 за да не се покажам дека ве заплашувам со писмата,
10 зашто, „писмата се, велат некои, значајни и силни; но при личното присуство тој е слаб, а зборот му е презрен.”
11 Таквиот нека знае дека она што сме на збор преку посланијата кога сме отсутни, тоа сме и на дело кога сме присутни.
12 Имено, ние не смееме да се вбројуваме или да се споредуваме со некои, кои се препорачуваат сами себеси; но не постапуваат разумно, зашто се мерат сами со себе и се споредуваат сами со себе.
13 А ние не сакаме да се фалиме преку мерка, туку само според мерката на правилото, што Бог ни ја определил како мерка, за да достигнеме и до вас.
14 Зашто, ние не преминуваме преку мерката, како да не сме достигнале до вас; зашто ние стигнавме и до вас со Евангелието на Христа.
15 Не се фалиме преку мерка со туѓи напори, туку се надеваме дека ќе се возвеличиме изобилно меѓу вас, според нашата мерка, кога ќе порасне вашата вера;
16 и да го проповедаме Евангелието подалеку од вас, а да не се фалиме со она што е направено во границите, што им се определени на други.
17 ”Кој се фали, во Господа да се фали.”
18 Зашто, не е достоен кој самиот се препорачува, туку оној кого Господ го препорачува.
                                       
Глава  11
  1 Ох, кога би сте можеле да истрпите малку безумие од моја страна! Но, вие и ме трпите!
  2 Зашто, ревнувам за вас со Божја ревност; бидејќи ве свршив со еден маж, за да ве приведам како чиста девица пред Христа.
  3 Но се плашам, како што змијата ја измами Ева со своето лукавство, така и вашите мисли да не се одвратат од простодушноста и од чистата верност во Христа.
  4 Зашто, ако некој дојде да ви проповеда друг Исус, кого ние не го проповедавме; или ако примате друг дух, кого не го примивте; или друго евангелие, кое не сте го примиле, вие сепак би сте го трпеле тоа.
  5 Имено, мислам дека во ништо не сум помал од најпрвите апостоли.
  6 Ако сум и невешт во говорот, не сум во знаењето, тоа ви го покажавме во сè и сешто.
  7 Грев ли сторив понижувајќи се самиот, за да ве издигнам вас, кога без награда ви го проповедав Божјото Евангелие?
  8 Ограбив други цркви, примајќи од нив плата, за да ви служам вам. И кога бев при вас, и кога бев во беда, никому не му бев на товар;
  9 зашто за моите потреби дадоа браќата, кои дојдоа од Македонија. И се пазев во сè, и ќе се пазам, да не ви бидам товар.
10 Христовата вистина е во мене, и оваа пофалба за мене нема да биде ограничена во ахајските краишта!
11 Зошто? Затоа ли што не ве љубам? Бог знае!
12 А она што го правам, ќе го правам и во иднина, за да го пресечам поводот на оние, кои бараат повод, за да се покажат како нас во она во што се фалат.
13 Зашто таквите луѓе се лажни апостоли, измамливи работници кои се преправаат во Христови апостоли.
14 И не е чудно, зашто самиот сатана се преправа во ангел на светлината.
15 Тогаш, не е ништо големо, ако и неговите слуги се преправаат во слуги на правдата. Но нивниот крај ќе им биде според нивните дела.
16 Велам пак: никој да не ме смета за безумен, ако пак ме смета како таков, примете ме како безумен, за да се пофалам и јас малку.
17 А она што го зборувам сега, не го зборувам по Господа, туку како во безумство, во смелоста на фалењето.
18 И кога веќе мнозина се фалат по тело, и јас ќе се фалам;
19 зашто вие, кои сте мудри, со задоволство ги трпите безумните!
20 Имено, трпите: ако некој ве заробува, ако некој ве јаде, ако некој ве ограбува, ако некој се возвишува себеси, ако некој ве удира по лице.
21 Зборувам за срам, како да бевме слаби во тоа. Но ако е некој смел во нешто (зборувам по безумство) и јас сум смел.
22 Евреи ли се? И јас сум. Израелци ли се? И јас сум. Авраамово потомство ли се? И јас сум.
23 Христови служители ли се? Зборувам во безумство. Јас сум уште повеќе. Повеќе се трудев, повеќепати бев во темници, бев биен премногу; многупати во смртни опасности.
24 Од Јудејците примив петпати по четириесет удари без еден.
25 Трипати бев бичуван, еднаш каменуван, трипати доживеав бродолом; ноќ и ден поминав на длабоко море.
26 Често патував: бев во опасности од реки, во опасности од разбојници, во опасности од сонародници, во опасности од народи; во опасности во град, во опасности во пустина, во опасности по море, во опасност меѓу лажни браќа,
27 во труд и тешкотија, многупати во неспиење, во глад и жед, во многу постење, на студ и во голота;
28 посебно, преку сè тоа што секојдневно напаѓа на мене - грижата за сите цркви.
29 Кој е слаб, а и јас да не сум слаб? Кој се соблазнува, а јас да не согорувам?
30 Ако треба да се фалам, ќе се фалам со своите слабости.
31 Бог и Таткото на нашиот Господ Исус, Кој е благословен довека, знае дека не лажам.
32 Во Дамаск, намесникот на царот Арета, го чуваше Дамаскиот град, сакајќи да ме фати,
33 и ме спуштија низ прозорец, во кош преку ѕидот, и избегав од неговите раце.
                                     

Глава  12
 1 Немам полза ако се фалам, но сепак ќе дојдам до виденијата и откровенијата Господови.
  2 Знам еден човек во Христа, кој пред четиринаесет години, не знам дали во телото, не знам дали вон телото, Бог знае, беше грабнат и издигнат до третото небо.
  3 И за таквиот човек знам, не знам дали во телото, не знам дали вон телото, Бог знае -
  4 дека беше грабнат и издигнат до рајот и дека чул неискажливи зборови, што човекот не смее да ги каже.
  5 Ќе се фалам со таков човек, а со себеси нема да се фалам, освен со своите слабости.
  6 Зашто, ако би посакал да се фалам; нема да бидам неразумен, зашто би ја зборувал вистината. Но се воздржувам, за да не помисли некој за мене повеќе, отколку што во мене гледа или од мене слуша.
  7 И за да не се возвишам поради прекумерните откровенија, даден ми е трн во телото, сатанин ангел, за да ме удира, за да не се возвишам.
  8 Трипати го молев Господа за тоа, за да го отстрани од мене.
  9 И Тој ми рече: „Доста ти е Мојата благодат, зашто Мојата сила се покажува совршена во слабоста.” Затоа, со поголема радост ќе се фалам во своите слабости, за да се всели во мене Христовата сила.
10 Останувам со добра волја во: слабостите, навредите, неволјите, прогонувањата, притеснувањата заради Христа, зашто кога сум слаб, тогаш сум силен.
11 Станав безумен; вие ме принудивте.Требаше вие да ме препорачувате, зашто во ништо не сум подолен од најпрвите апостоли, ако и не сум ништо.
12 Апостолските знаци направени се меѓу вас во секакво трпење, во знаци, чудеса и сили.
13 Во што добивте помалку од другите цркви, освен што јас не ви бев товар. Простете ми ја таа вина!
14 Еве, готов сум да дојдам при вас и по третпат, и нема да ви бидам товар, зашто не го барам вашето, туку вас. Зашто, децата не се должни да печалат блага за родителите, туку родителите за децата.
15 А јас со најголемо задоволство ќе потрошам сè и самиот ќе се потрошам за вашите души. Кога јас ве љубам толку многу; ќе бидам ли јас помалку љубен?
16 Па нека биде! Не ви бев товар, но како итар човек ве добив со измама.
17 Дали ве искористив преку некој од оние, кои ви ги испратив?
18 Го замолив Тит и со него го испратив оној брат. Зар Тит ве исползува? Зар не одевме во ист дух? Не по истите ли стапки?
19 Вие одамна мислите дека се оправдуваме пред вас! Пред Бога, во Христа, зборуваме, а сè е тоа, возљубени мои, за ваша надградба.
20 Зашто се плашам, кога ќе дојдам, да не ве најдам такви, какви што ве сакам; и да не се најдам и јас пред вас таков, каков што вие не ме сакате; да нема меѓу вас: кавги, зависти, гнев, соперништво, клевети, гордости, немири;
21 и кога ќе дојдам пак, да не ме понизи мојот Бог пред вас и да не треба да плачам за мнозина, кои згрешиле порано, а не се покајале за нечистотата, и блудството, и срамотата, што ги направиле.
                                     
Глава  13
1 Ова е по третпат како доаѓам при вас. „Од устата на двајца или тројца сведоци ќе биде потврдена секоја работа.”
  2 Порано реков и сега им зборувам однапред, како кога бев по вторпат; но сега во отсуство, на оние кои грешеле порано, и на сите други, дека нема да ги штедам кога ќе дојдам пак,
  3 зашто вие барате доказ дали зборува во мене Христос, Кој не е слаб кон вас, туку е силен меѓу вас.
  4 Зашто Тој беше распнат по слабост, но живее од Божјата сила. И ние исто сме слаби во Него, но ќе живееме со Него од Божјата сила, меѓу вас.
  5 Испитајте се сами себе: дали сте во верата, проверете се сами себе! Или не се познавате себеси, дека е Христос во вас? Инаку не сте потврдени.
  6 Но се надевам дека ќе познаете дека ние не сме непотврдени.
  7 Му се молам на Бога да не направите никакво зло, не затоа за да се покажеме ние потврдени, туку за да правите вие добро, а ние да бидеме како непотврдени.
  8 Затоа ние не можеме ништо против вистината, туку само за вистината.
  9 Имено, се радуваме кога сме ние слаби, а вие јаки; затоа и се молиме за вашето усовршување.
10 Затоа ви го пишувам ова, во отсуство, за да не постапам строго, кога ќе бидам при вас, според власта, што Господ ми ја даде за надградување, а не за разурнување.
11 Впрочем, браќа, радувајте се, усовршувајте се, утешувајте се, бидете едномисленици и живејте во мир, и Бог на љубовта и на мирот ќе биде со вас!
12 Поздравете се еден друг со свет целив!
13 Ве поздравуваат сите свети!
14 Благодатта на нашиот Господ Исус Христос, и љубовта на Бога и заедницата на Светиот Дух да бидат со сите вас! Амин!


(Светото Писмо во електронски облик е преземено од веб-презентацијата http://www.mkbible.net/biblija/index.php)

 

http://preminportal.com.mk/content/view/7250/54/

Превод од англиски: С.Л.

(Светото Писмо во електронски облик е преземено од веб-страницата   http://www.mkbible.net/biblija/index.php

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

« »

Православен календар

 

29/07/2024 - понеделник

Св. свештеномаченик Атиноген, епископ Севастиски во Ерменија; Св. маченичка и девица Јулија; Петанесет илјади Свети маченици; Св. маченик Атиноген; Споменот на шесте Вселенски Собори;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Нема ученик поголем од својот учител,но радоста учителска е потполна кога ученикот го продолжи делото, Христе Боже наш, Атиноген свети...

Тропар на св. Христови маченици Кирик и Јулита 15 јули / 28 јули 2024

Тропар на св. Христови маченици Кирик и Јулита 15 јули / 28 јули 2024

Младенци постојано кон Тебе итаат Христе Боже,душа не знае за години,Кирик топла љубов посакувајќи,

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Христос Тајновидецот очите на разумот ви ги отвори,а Павле апостолот во верата ве утврди,о свети сопружници Акиле и Прискило,вие кои...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная