логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

26.12.2010 год.

(недела)

 КОН СОВЛАДУВАЊЕ НА НОВО-ЗАВЕТНИОТ ПРЕДИЗВИК

Со почетокот на Божикниот пост, да го започнеме заедно и подвигот на читање на Новиот Завет, следејќи го 40 дневниот распоред.

29-ден

o.Damaskin.jpg

29 Ден:1 Коринтјани 1-9
1 | 2 | 3 | 4| 5| 6| 7| 8| 9


Глава  1                                     

1 Павле, преку Божјата волја повикан апостол на Исуса Христа, и братот Состен,
  2 до Божјата црква која е во Коринт, до осветените во Исуса Христа, до повиканите свети, со сите кои го призовуваат на секое место името на нашиот Господ Исус Христос, Кој е нивни и наш;
  3 благодат ви вам и мир од Бога, нашиот Татко, и од Господа Исуса Христа.
  4 Секогаш Му благодарам на својот Бог за вас, за Божјата благодат што ви е дадена во Христа Исуса,
  5 и зашто во Него се обогативте во сè, во секое слово и во секое знаење,
  6 како што Христовото сведоштво се зацврстило меѓу вас,
  7 така да не сте во недостаток од ниеден дар, чекајќи го откровението на нашиот Господ Исус Христос;
  8 Кој ќе ве утврдува и до крај, за да бидете беспрекорни во Денот на нашиот Господ Исус Христос.
  9 Верен е Бог, преку Кого сте повикани во заедништво со Неговиот Син, Исус Христос, нашиот Господ.
10 Браќа, ве прекорувам во името на нашиот Господ Исус Христос, сите да зборувате исто и да нема раздори меѓу вас, туку да бидете совршено соединети во еден ум и во една мисла.
11 Имено, ми јавија, браќа мои, Хлоините домашни дека меѓу вас има препирки.
12 Со ова сакам да кажам, дека секој од вас зборува: ‘Јас сум Павлов’, ‘Јас сум Аполосов’, ‘Јас пак Кифин’, а ‘Јас Христов’,
13 Дали Христос се раздели? Павле ли беше распнат за вас? Или сте крстени во Павлово име?
14 Му благодарам на Бога, што никого од вас не крстив, освен Криспа и Гаја,
15 за да не рече некој, дека сте крстени во мое име.
16 Го крстив уште Стефановиот дом; натаму не знам дали сум крстил некој друг.
17 Зашто Христос не ме испрати да крштавам, туку да го проповедам Евангелието, и не со говорничка мудрост - за да не го изгуби Христовиот крст своето значење.
18 Зашто, словото за крстот е безумство за оние, кои пропаѓаат, а за нас, кои се спасуваме, Божја сила,
19 зашто е напишано: „Ќе ја уништам мудроста на мудрите и ќе го отфрлам разумот на умните.”
20 Каде е мудриот? Каде е книжевникот? Каде е истражувачот на овој век? Не ја претвори ли Бог мудроста на светов во безумие.
21 Зашто светот со својата мудрост не Го позна Бога во Божјата мудрост, Бог благоволи да ги спаси оние, кои веруваат, преку безумството на проповедувањето.
22 И додека Јудејците сакаат знаци, а Грците бараат мудрост,
23 ние Го проповедаме распнатиот Христос, соблазан за Јудејците, безумство за Грците,
24 а за самите повикани - и Јудејци и Грци, Христос, Божја сила и Божја мудрост,
25 зашто безумното од Бога, помудро е од луѓето; и слабото од Бога, посилно е од луѓето.
26 Гледајте го, браќа, само своето повикување! Нема тука многу мудри по човечко сфаќање, нема многу силни, ниту многу од благороден род.
27 Туку, Бог го избра она што е безумно пред светот, за да ги посрами мудрите; што е слабо пред светот, Бог го избра, за да ги посрами силните;
28 и што е неблагородно и што е презрено во светот - и она што се смета за ништо - Бог го избра, за да го уништи она што е нешто,
29 за да не може ниедно тело да се пофали пред Бога.
30 Од Него сте и вие во Христа Исуса, Кој ни стана мудрост од Бога, праведност, и осветување, и искупување,
31 за да биде како што е напишано: „Кој се фали, во Господа да се фали!”
 

Глава  2                                     

1 И јас, кога дојдов при вас, браќа, не дојдов со висок говор или со мудрост, за да ви го проповедам Божјото сведоштво;
  2 зашто решив да не знам меѓу вас ништо друго, освен Исуса Христа, и тоа Распнатиот.
  3 И јас бев со вас во слабост, и во страв, и во многу трепет,
  4 и моето слово и мојата проповед не се состоеја во убедливи зборови на мудроста, туку во докажување на Духот и силата,
  5 та вашата вера да не биде основана на човечката мудрост, туку на Божјата сила.
  6 Па сепак, ја говориме мудроста меѓу совршените; но не мудроста на овој свет ни на владетелите на овој свет, кои пропаѓаат,
  7 туку ја навестуваме Божјата премудрост, во тајна, сокриена, која Бог, пред сите векови ја предопределил за наша слава;
  8 која не ја запознал ниеден од владетелите на светов, зашто ако ја беа познале, немаше да Го распнат Господа на славата, -
  9 туку, како што е напишано: „Што окото не виде, што увото не чу, што во човечкото срце не дојде, тоа Бог го приготви за оние, кои Го љубат.”
10 А Бог ни го откри тоа нам преку Духот, зашто Духот испитува сè, па дури и Божјите длабочини.
11 Зашто, кој од луѓето знае што е во човекот, освен човечкиот дух, кој е во него? Така никој не знае што има во Бога, освен Божјиот Дух.
12 А ние не го примивме духот на светов, туку Духот, Кој доаѓа од Бога, за да знаеме што Бог милостиво ни дарува.
13 Па и тоа не го зборуваме со зборови научени од човечката мудрост, туку со зборови научени од Духот Свети, споредувајќи ги духовните работи со духовното.
14 А душевниот човек не го прима она што е од Божјиот Дух, зашто тоа е безумство за него, и не може да сознае, зашто за тоа треба да расудува на духовен начин.
15 Духовниот човек пак испитува сè, а него никој не го испитува,
16 зашто: „Кој го познава Господовиот ум, за да го поучи?” А ние го имаме Христовиот ум.
 

Глава  3                                     

1 И јас, браќа, не можев да ви зборувам како на духовни, но како на телесни, како на младенци во Христа.
  2 Со млеко ве напоив, не со тврда храна, зашто уште не можевте да ја поднесувате. А ни сега не можете,
  3 зашто сте уште телесни. Не сте ли телесни и не живеете ли како обичните луѓе, штом меѓу вас има завист, спорови и поделба?
  4 Не сте ли телесни, имено, кога еден зборува: „Јас сум Павлов”, а друг: „Јас сум Аполосов?”
  5 Па што е Павле? Што е Аполос? Слуги преку кои вие поверувавте и тоа според она, колку кому Господ му дал.
  6 Јас посадив, Аполос навади, но Бог прави да расте.
  7 Затоа: ниту оној кој сади, е нешто; ниту оној кој навадува, туку Бог, Кој прави да расте.
  8 А оној, кој сади и оној, кој вади - едно се, но секој ќе ја прими својата награда според својот труд.
  9 Ние сме соработници на Бога, а вие сте Божја нива, Божја зграда.
10 Според Божјата благодат, која ми е дадена, јас, како мудар градител, ја поставив основата, а друг гради. Но секој да внимава како надградува.
11 Зашто, никој не може да постави друга основа, освен онаа што е поставена, која е Исус Христос.
12 И ако некој врз оваа основа ѕида злато, сребро, скапоцени камења, дрво, сено, слама,
13 сечие дело ќе излезе на видело; Денот ќе го покаже, зашто ќе се открие во оган; а огнот ќе покаже какво е чие дело.
14 Оној, кому ќе му остане тоа што го градел, ќе прими награда;
15 а оној чие дело ќе изгори, тој ќе претрпи загуба, но самиот ќе се спаси, но така, како низ оган.
16 Не знаете ли дека сте Божји храм и дека Божјиот Дух живее во вас?
17 Ако некој го разруши Божјиот храм, Бог ќе го разруши него, зашто Божјиот храм е свет, а тоа сте вие.
18 Никој нека не се измамува; ако некој меѓу вас мисли дека е мудар во овој свет, нека стане безумен, за да биде мудар,
19 зашто мудроста на овој свет е безумство пред Бога! Имено, напишано е: „Тој ги фаќа мудрите во нивното лукавство.”
20 И пак: „Господ знае дека мислите на мудрите се суетни.”
21 Затоа никој да не се фали со луѓето! Зашто сè е ваше:
22 било Павле, или Аполос, или Кифа, или светот, или животот, или смртта, или сегашноста, или иднината, сè е ваше,
23 а вие сте Христови, Христос е Божји.
 

Глава  4                                     

1 И така, секој човек нека нè смета за Христови служители и за управители на Божјите тајни!
  2 А од управителите натаму се бара секој да се покаже верен.
  3 За мене сосем малку ми значи, што ме осудувате вие, или друг човечки суд; а ни самиот јас не се судам себеси.
  4 Зашто не знам дека сум виновен во нешто, но со тоа не сум оправдан. Туку, Господ е Тој, Кој ќе ме суди.
  5 Затоа не судете ништо предвреме, пред да дојде Господ, Кој ќе го извади на видело скриеното во темнина и ќе ги открие намерите на срцата; и тогаш секој ќе ја прими пофалбата од Бога.
  6 А врз себе и врз Аполоса покажав пример, браќа, заради вас, за да научите од нас да не мудрувате повеќе од она, што е напишано, и да не се вообразувате еден над друг.
  7 Зашто, кој те прави да се разликуваш од другиот ? И што имаш, што не си примил? И така, ако си примил, зошто се фалиш како да не си примил?
  8 Веќе сте заситени! Веќе се збогативте! Без нас се зацаривте. И камо да се бевте зацариле, та и ние да царуваме со вас!
  9 Зашто ми се чини, Бог нè постави нас апостолите најпоследни, како осудени на смрт; зашто им станавме призор на светот, и на ангелите и на луѓето.
10 Ние сме безумни заради Христа, а вие сте мудри во Христа! Ние сме слаби, а вие, јаки; вие сте славни, а ние без чест.
11 До овој час гладуваме и жеднееме, и необлечени сме, и нè бијат, и скитаме,
12 и се трудиме работејќи со своите раце. Кога нè навредуваат, ние благословуваме; кога нè гонат, ние поднесуваме;
13 кога нè клеветат ние се обраќаме благо. Станавме како нечистотија на светот, како смет исфрлен од сите, сè досега.
14 Не го пишувам ова за да ве засрамам, туку за да ве предупредам како свои возљубени чеда,
15 зашто, ако имавте и десет илјади воспитувачи во Христа; сепак немате многу татковци, зашто јас ве родив во Христа Исуса преку Евангелието.
16 Затоа, ве молам подражавајте ме мене.
17 Затоа и го испратив при вас Тимотеја, моето возљубено и верно чедо во Господа. Тој ќе ви ги напомни моите патишта во Христа, како што ги учам насекаде, и во секоја црква.
18 Некои се вообразија, како јас да нема да дојдам при вас.
19 Но наскоро, ќе дојдам при вас, ако биде Господова волја, и тогаш не ќе сакам да знам за зборовите на оние вообразените, туку за нивната сила,
20 зашто Божјото Царство не е во зборови, туку во сила.
21 Што сакате: да дојдам при вас со прачка, или со љубов и со кроток дух?
 

Глава  5                                     

1 Општо се зборува дека меѓу вас има блудство, и тоа такво какво нема ни меѓу народите: дека некој ја има татковата жена.
  2 А вие уште се вообразивте, место да тагувате! - да се отстрани од вашата средина, оној, кој го направил тоа дело!
  3 Зашто, иако со телото не сум при вас, но присутен сум со духот, јас веќе го осудив, како да сум присутен, оној, кој го направил тоа:
  4 кога, во името на нашиот Господ Исус, ќе се соберете вие и мојот дух, со силата на нашиот Господ Исус,
  5 да го предадете таквиот на сатаната, за пропаст на неговото тело, за да се спаси неговиот дух во Денот на нашиот Господ Исус.
  6 Вашето фалење не е добро. Не знаете ли дека малку квас, го потквасува целото тесто?
  7 Очистете се од стариот квас, за да бидете ново тесто, како што сте бесквасни. Зашто и Христос, нашето пасхално јагне, беше жртвувано за нас.
  8 Затоа треба да празнуваме не со стариот квас, ниту со квасот на злобата и лукавството, туку со бесквасниот леб на искреност и вистина.
  9 Ви пишував во писмото, да не се мешате со блудници,
10 не воопшто со блудниците на овој свет, или со лакомците, или со разбојниците, или со идолопоклонците, зашто тогаш би требало да излезете од светот.
11 Но сега ви напишав да не се дружите со оној, кој се наречува брат, а блудник е или лакомец, или идолопоклоник, или хулник, или пијаница или разбојник. Со таков и да не јадете!
12 Зашто, не ми се паѓа мене да ги судам оние, кои се надвор? Зар вие не им судите на оние, кои се внатре?
13 А Бог ќе им суди на оние кои се надвор. „Отстранете го злиот од својата средина!”
 

Глава  6                                     

1 Смее ли некој од вас, ако има спор против друг, да се суди пред неправедните, а не пред светите?
  2 Или не знаете ли дека светите ќе му судат на светот? И ако вие ќе му судите на светот, не сте ли достојни да судите во сосем мали спорови?
  3 Не знаете ли дека ќе им судиме на ангелите! А колку повеќе тогаш, работите во животот!
  4 И така, ако имате обични спорови, дали ги поставувате за судии оние, кои се малку ценети во црквата!
  5 Зборувам за ваш срам. Вистина ли е дека меѓу вас нема ниеден мудар, кој би можел да пресуди меѓу своите браќа?
  6 Туку брат се суди со брат, и тоа пред неверници!
  7 Без сомнение, тоа е за сите вас неуспех, дека имате парници помеѓу себе. Зошто порадо не ја претрпите неправдата? Зошто порадо не ја прежалите штетата?
  8 Туку вие сами ги онеправдувате и оштетувате, и тоа браќата!
  9 Или не знаете ли дека неправедниците нема да го наследат Божјото Царство? Не измамувајте се! Ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубниците, ни мекушците, ни изопачените мажи (содомци),
10 ни крадците, ни лакомците, ни пијаниците, ни клеветниците, ни разбојниците, нема да го наследат Божјото Царство.
11 И некои од вас беа такви. Но, се измивте, и се осветивте, и се оправдавте во името на нашиот Господ Исус Христос и во Духот на нашиот Бог.
12 Сè ми е дозволено, но не е сè полезно. Сè ми е дозволено, но не сакам нешто да завладее над мене.
13 Храната е за стомакот, а стомакот за храната; Бог ќе ги уништи и едното и другото. А телото не е за блудство, туку за Господа, и Господ за телото;
14 а Бог, Кој Го воскресна Господа, ќе нè воскресне и нас со Својата сила.
15 Не знаете ли дека вашите тела се Христови членови? И така, ќе ги земам ли Христовите членови и да ги направам членови на блудница? Да не биде!
16 Или не знаете ли дека оној кој ќе се соедини со блудница е едно тело со неа? Зашто рече: „Обата ќе бидат едно тело.”
17 А кој се соединува со Господа, еден дух е со Него.
18 Бегајте од блудство! Секој грев, што човекот го прави, е надвор од телото; а блудникот греши против своето сопствено тело.
19 Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој е во вас, Кого го имате од Бога, па не си припаѓате само на себеси?
20 Зашто скапо сте купени. И така, прославете Го Бога во своето тело и во својот дух, кои се Божји.


Глава  7                                     

1 Што се однесува за она за што ми пишавте: добро е за човекот да не се допира до жена,
  2 но заради блудствата секој нека има своја жена и секоја жена свој маж.
  3 Мажот нека ја исполнува својата должност спрема жената; а исто така и жената спрема мажот!
  4 Жената нема власт над своето тело, туку мажот; исто така и мажот нема власт над своето тело, туку жената.
  5 Не лишувајте се еден од друг, освен по договор, за некое време, за да и се предадете на молитвата; потоа состанувајте се пак, за да не ве искушува сатаната, заради вашата невоздржаност.
  6 Ова ви го велам како дозвола, а не како заповед.
  7 Јас би сакал сите луѓе да бидат исто како и јас; но секој има од Бога свој дар, еден ваков друг онаков.
  8 На неженетите и на вдовиците им велам дека е добро за нив, да останат исто како и јас.
  9 Но, ако не можат да се воздржуваат, нека се женат и мажат, зашто е подобро да влегуваат во брак отколку да се распалуваат.
10 А на сопружниците не им наредувам јас, туку Господ: жената да не го напушта мажот;
11 ако го напушти нека остане немажена или нека се помири со својот маж; и мажот да не ја остава својата жена.
12 А на другите им велам јас, а не Господ: ако некој брат има жена која не верува, а која се согласува да живее со него, да не ја напушта!
13 А жената која има маж, кој не верува, а кој се согласува да живее со неа, да не го напушта мажот,
14 зашто мажот кој не верува се осветува преку жената, а жената која не верува се осветува преку мажот. Инаку вашите деца би биле нечисти, а сега се свети.
15 Но, ако оној кој не верува напушти - нека напушти! Во таков случај братот или сестрата не се врзани како робови, зашто Бог нè повикал да живееме во мир.
16 Зашто, откаде знаеш ти, жено, дали не ќе го спасиш мажот? Или откаде знаеш ти, мажу, дека не ќе ја спасиш жената?
17 Впрочем, секој нека оди онака, како што Господ му доделил, како што Бог го повикал! Така наредувам по сите цркви.
18 Обрезан ли е повикан некој, да не го крие обрезанието; необрезан ли е повикан некој, да не се обрезува!
19 Обрезанието е ништо, и необрезанието е ништо, туку извршувањето на Божјите заповеди.
20 Секој нека остане онаков каков е повикан!
21 Ако си повикан како роб? Не грижи се! Туку, ако можеш да станеш и слободен, подобро искористи го тоа,
22 зашто оној, кој е повикан како роб во Господа, слободен е во Господа; исто така и оној, кој е повикан како слободен, роб е на Христа.
23 Скапо сте купени! Не бидете им робови на луѓето!
24 Браќа, секој нека остане пред Бога во она во што е повикан.
25 За девиците немам заповед од Господа, но го кажувам своето мнение како оној, кој, добивајќи ја Господовата благодат, е достоен за доверба.
26 Според тоа, сметам дека ова е добро заради сегашната потреба; дека е добро за човекот да остане таков, како што си е.
27 Сврзан ли си со жена? Не барај развод! Разврзан ли си од жена? Не барај жена!
28 Но, иако се ожениш, не грешиш; а ни девицата не греши ако се омажи. Но, таквите ќе имаат телесни неволји, а јас пак се обидувам да ве поштедам.
29 Браќа, ви го велам ова: времето е кратко. Затоа, и оние кои имаат жени, да бидат како да ги немаат;
30 и кои плачат, како да не плачат; и кои се радуваат, како да не се радуваат; и кои купуваат, како да немаат;
31 и кои го ползуваат овој свет, како да не го ползуваат, зашто поминува обликот на светов.
32 Би сакал да бидете без грижи. Оној кој не е во брак се грижи за она што е Господово; како да Му угоди на Господа.
33 А женетиот се грижи за земното: како да и угоди на жената,
34 та вниманието му е поделено. И немажената жена, девицата, се грижи за Господовото, за да биде света во телото и во духот; а мажената се грижи за светското: како да му угоди на мажот.
35 Ова го зборувам за ваша сопствена полза. Не за да ви поставам јамка, туку за да бидете чесни и за да Му служите без пречки истрајно на Господа.
36 Мисли ли некој дека постапува неприлично со својата девственост, ако навлегол во години, и дека така треба да биде, нека прави како што сака: не греши, нека се женат!
37 А оној, кој стои цврсто во своето срце и нема потреба, туку владее со својата волја, па решил во своето срце да ја запази својата девственост, добро прави;
38 така, оној кој се жени, добро прави; а оној којшто не се жени, прави подобро.
39 Жената е сврзана додека мажот и е жив. Ако и умре мажот, слободна е да се премажи за кого сака, само во Господа!
40 Но, според моето мислење, ќе биде посреќна, ако остане така; а мислам дека и јас имам Божји Дух.


Глава  8                                     

1 Во однос на жртвите на идолите, знаеме дека сите ние имаме знаење. Но знаењето вообразува, а љубовта надѕидува.
  2 Ако некој мисли дека знае нешто, тој уште не знае како треба да знае!
  3 Но, ако некој Го љуби Бога, него Бог го познава.
  4 И така, во однос јадењето на идолски жртви, знаеме дека идолот не е ништо во светот и дека нема друг Бог освен Единиот.
  5 Зашто, ако и има таканаречени богови, било на небото, било на земјата, како што има многу богови и многу господари,
  6 но, ние имаме еден Бог, Татко, од Кого е сè и за Кого сме ние, и еден Господ Исус Христос, преку Кого е сè, и преку Кого сме и ние.
  7 Но, сите го немаат ова знаење. Имено, некои според својата досегашна навика на идолите - ја јадат храната како идолска жртва, и така се осквернува нивната слаба совест.
  8 Меѓутоа јадењето не нè прави угодни на Бога: ниту губиме нешто, ако не јадеме; ниту добиваме нешто, ако јадеме.
  9 Но внимавајте оваа ваша слобода да не им стане сопка на слабите!
10 Зашто ако некој те види тебе, кој имаш знаење, како седиш на трпеза во идолскиот храм, нема ли неговата совест, бидејќи е слаба, да биде поттикната да јаде од жртвуваното на идолите?
11 И заради твоето знаење загинува слабиот брат, за кого Христос умре.
12 Така, грешејќи против браќата и ранувајќи ја нивната слаба совест, грешите против Христа.
13 Затоа, ако јадењето го соблазнува мојот брат, нема воопшто да јадам месо довека, за да не го соблазнувам својот брат.


Глава  9                                     

1 Не сум ли апостол? Не сум ли слободен? Не го видов ли Исуса, нашиот Господ? Не сте ли вие мое дело во Господа?
  2 Ако не сум им апостол на другите, но вам ви сум: зашто вие сте печат на моето апостолство во Господа.
  3 Тоа е мојата одбрана пред оние, кои ме испитуваат.
  4 Немаме ли право да јадеме и пиеме?
  5 Немаме ли право да водиме жена од сестрите, како и другите апостоли и Господовите браќа, и Кифа?
  6 Или само јас и Варнава немаме право да се воздржиме од работа?
  7 Кој војник служи некогаш на своја сметка? Кој сади лозје, а не јаде од неговиот плод? Или кој пасе стадо, а не јаде млеко од стадото?
  8 Го зборувам ли ова само по човечки? Не го вели ли ова и Законот?
  9 Навистина, во Мојсеевиот Закон е напишано: „Не врзувај му ја устата на волот, што врши!”- Зар Бог се грижи за воловите?
10 Или го вели тоа главно за нас? Да, тоа е напишано за нас, зашто кој ора треба да ора во надеж, и кој врши, да врши во надеж дека ќе го добие својот дел.
11 Ако ние посеавме во вас духовни добра, дали е нешто големо ако ги жнееме вашите телесни добра?
12 Ако други го имаат тоа право над вас, немаме ли ние поголемо? Но ние не се служиме со тоа право, туку поднесуваме сè, за да не му поставиме некаква пречка на Христовото Евангелие.
13 Не знаете ли дека се хранат од храмот оние, кои исполнуваат света служба, и дека служителите на жртвеникот добиваат дел од жртвеникот?
14 Така, Господ им нареди на оние, кои го проповедаат Евангелието, да живеат од Евангелието.
15 А јас не се ползував со ништо од сè тоа. А и ова не го напишав за да ми биде така, зашто за мене е подобро да умрам, отколку некој да ми ја уништи пофалбата.
16 Ако пак го проповедам Евангелието нема за што да се фалам, зашто неопходноста ми е наложена. И тешко мене, ако не го проповедам Евангелието!
17 Ако го правам тоа доброволно, имам награда; но, ако не го правам по своја волја, сè уште мене ми е доверено управувањето.
18 Која е тогаш мојата награда? Проповедајќи, бесплатно да го давам Евангелието; и да не го исползувам наполно своето право во Евангелието.
19 Навистина, иако сум слободен од сите, се претворив во роб на сите, за да ги придобијам што повеќе.
20 На Јудејците им бев како Јудеец, за да ги придобијам Јудејците; на оние кои се под Законот им бев како и самиот да сум под Законот, иако јас не сум под Законот, за да ги придобијам оние, кои се под Законот.
21 На оние, кои се без закон, им бев како да сум и јас без закон, иако не сум без Божјиот Закон, туку сум под Христовиот Закон, за да ги придобијам оние, кои се без закон.
22 На слабите им бев слаб, за да ги придобијам слабите; на сите им станав сè, та по секаков начин да спасам некои.
23 А сè тоа го правам заради Евангелието, за да имам дел во него.
24 Не знаете ли дека во тркалиштето трчаат сите тркачи, но само еден добива награда! Трчајте така и вие, за да ја добиете!
25 Секој натпреварувач се воздржува од сè; тие, за да добијат распадлив венец, а ние нераспадлив.
26 Затоа јас трчам така, не како кон неизвесно; и се борам така, не како оној, кој го бие ветерот;
27 туку го совладувам своето тело и го правам свој роб, та јас кој им проповедав на другите, да не бидам самиот непожелен.


http://preminportal.com.mk/content/view/7250/54/

Превод од англиски: С.Л.

(Светото Писмо во електронски облик е преземено од веб-страницата   http://www.mkbible.net/biblija/index.php

 

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

« »

Православен календар

 

28/07/2024 - недела

+Св. ап.Акила; преп.Никодим Светогорец

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Нема ученик поголем од својот учител,но радоста учителска е потполна кога ученикот го продолжи делото, Христе Боже наш, Атиноген свети...

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Христос Тајновидецот очите на разумот ви ги отвори,а Павле апостолот во верата ве утврди,о свети сопружници Акиле и Прискило,вие кои...

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Водачу на небесните војски,ние недостојните секогаш те молиме,со твоите молитви да нѐ оградишпод кровот на крилјатана твојата слава бестелесна,пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная