логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

24.12.2010 год.

(петок)

 КОН СОВЛАДУВАЊЕ НА НОВО-ЗАВЕТНИОТ ПРЕДИЗВИК

Со почетокот на Божикниот пост, да го започнеме заедно и подвигот на читање на Новиот Завет, следејќи го 40 дневниот распоред.

26-ден

Carig.sv.Petar.Bogr.jpg

27 ден: Јуда и Римјани 1-8

Јуда

Глава 1

1 Јуда, слуга на Исуса Христа, а брат Јаковов, до повиканите, кои се возљубени од Бог Таткото и запазени за Исуса Христа:
  2 милоста, мирот и љубовта да ви се умножат!
  3 Возљубени кога покажав секаква ревност да ви пишувам за нашето заедничко спасение, почувствував потреба да ви пишам, опоменувајќи ве да се борите усрдно за верата, која им е предадена на светите еднаш за секогаш.
  4 Зашто, се вовлекоа некои луѓе, кои се одамна однапред определени за оваа осуда: безбожници, кои благодатта на нашиот Бог ја заменуваат во распуштеност и Го одречуваат единствениот Владетел, Бог, и нашиот Господ Исус Христос.
  5 А сакам да ви напомнам, иако вие знаете сè еднаш за секогаш, дека Господ првин го избави народот од Египетската земја; потоа ги погуби оние, кои не поверуваа,
  6 па и ангелите, кои не го запазија своето прво место, туку го оставија своето живеалиште, ги запази во вечни окови под мрак за судот на великиот Ден;
  7 како што Содом и Гомор и нивните околни градови, кои на ист начин како и овие се предадоа на блудство и одеа по други тела, стојат како пример, трпејќи ја казната на вечниот оган.
  8 Па сепак овие сонувачи на ист начин го осквернуваат своето тело, го презираат господството и хулат на славите.
  9 А Архангелот Михаил, кога се расправаше и препираше со ѓаволот за Мојсеевото тело, не се осмели да изрече хулна пресуда, туку рече: „Господ да те искара!”
10 А овие пак хулат на она, што не го знаат; а она што го знаат по природа како неразумните животни, во тоа пропаѓаат.
11 Тешко ним, зашто тргнаа по Каиновиот пат, и за печалба паднаа во Валаамовата заблуда и загинаа во Кореевата буна.
12 Тие се подводни скали на вашите трпези на љубовта, кои се гостат со вас без страв, пасејќи се себеси; безводни облаци носени од ветровите, есенски неплодни дрва, двапати умрени и откорнати;
13 бесни морски бранови, што се пенат со своите срамоти; ѕвезди скитнички, за кои се чува мрачна темнина довека.
14 А и за овие пророкуваше Енох, седмиот по Адама, велејќи: „Ете, Господ дојде со десет илјадници Свои свети,
15 за да им суди на сите и за да ги изобличи сите безбожници, за сите нивни безбожни дела, што безбожно ги направиле, и за сите навредливи зборови, што безбожните грешници ги изговориле против Него.”
16 Тие луѓе се мрморливци, кои стално се жалат, кои живеат според своите страсти, а нивната уста изговорува горделиви зборови, а кои им ласкаат на одделни личности заради печалба.
17 А вие, возљубени, спомнете си ги зборовите кажани порано од апостолите на нашиот Господ Исус Христос;
18 зашто ви кажаа: „Во последно време ќе се јават потсмевнувачи, кои ќе живеат според своите безбожни страсти.”
19 Тоа се оние што се одделуваат, телесни расположени луѓе - кои немаат Дух.
20 А вие, возљубени, изградувајте се себеси врз вашата пресвета вера, и молете се во Светиот Дух,
21 одржете се себеси во Божјата љубов, ревносно очекувајќи ја милоста на нашиот Господ Исус Христос за вечен живот.
22 И кон едните, кои се сомневаат, бидете милостиви;
23 а другите спасувајте ги, истргнувајќи ги од оган; кон другите пак бидете милостиви со страв, мразејќи ја и облеката онечистена од телото.
24 А на Оној, Кој може да ве запази од сопнување и да ве постави непорочни во радосно воскликнување пред Својата слава,
25 на Единствениот Бог, нашиот Спасител преку Исуса Христа нашиот Господ - слава, величие, сила и власт пред секое време и сега и во сите векови. Амин!
 
Послание до Римјаните
1 | 2 | 3 | 4 | 5| 6 | 7 | 8

 

Глава 1

1 Павле, слуга на Исуса Христа, повикан за апостол, одделен за Евангелието од Бога,
  2 кое Тој го вети однапред преку Своите пророци во Светите писма,
  3 а кое зборува за Неговиот Син, по тело роден од Давидовото семе,
  4 по Духот на осветувањето посведочен за Божји Син во сила - преку воскресението од мртвите - Исус Христос, нашиот Господ;
  5 преку Кого добивме благодат и апостолство, за да ги приведеме сите народи, кон послушноста на верата, заради Името Негово,
  6 меѓу кои сте и вие повикани од Исуса Христа,
  7 - до сите возљубени од Бога, повиканите свети, кои се во Рим: благодат вам и мир од Бога нашиот Татко и од Господа Исуса Христа.
  8 Пред сè Му благодарам на мојот Бог преку Исуса Христа за сите вас, зашто за вашата вера се зборува по целиот свет.
  9 И Бог, Кому Му служам со својот дух во објавувањето на Евангелието за Неговиот Син, ми е сведок дека постојано си спомнувам за вас
10 секогаш во моите молитви, да успеам барем еднаш, по Божја волја, да дојдам при вас;
11 зашто сакам да ве видам, да ви дадам некој духовен дар за ваше зацврстување,
12 односно: меѓу вас, заедно со вас, да најдам утеха преку заедничката вера - вашата и мојата.
13 Не сакам, браќа, да ви остане непознато, дека многупати имав намера да дојдам при вас - но бев спречуван досега - за да имам некој плод и меѓу вас, како и меѓу другите народи.
14 Јас сум им должник и на Грците и на варварите, и на мудрите и на неразумните.
15 И така, доколку е од мене, готов сум да ви го проповедам Евангелието и вам, кои сте во Рим.
16 Зашто, јас не се срамам од Евангелието, бидејќи тоа е Божја сила за спасение на секој кој верува, првин за Јудеецот, а и за Гркот.
17 Зашто во него се открива Божјата правда, од вера во вера, како што е напишано: „Праведникот ќе живее од верата.”
18 Зашто Божјиот гнев се открива од небото на секоја безбожност и неправда на луѓето, кои со неправдата ја задржуваат вистината;
19 зашто ним им е познато она што може да се знае за Бога; Бог им го јави тоа.
20 Па и Неговите невидливи својства, Неговата вечна сила и Божеството, можат да се согледаат од создавањето на светот, набљудувани преку творбите. Па така немаат изговор.
21 Зашто, иако Го познаа Бога, не Го прославија како Бог, ниту покажаа благодарност; туку станаа суетни во своите мисли и нивното неразумно срце се помрачи.
22 Зборувајќи дека се мудри, станаа безумни,
23 и ја заменија славата на нераспадливиот Бог со слика слична на распадлив човек, на птици, на четвороножни животни, и на лазачи.
24 Затоа Бог ги предаде, според желбите на нивните срца, на нечистотата, така што сами да ги обесчестат своите тела;
25 нив, кои Божјата вистина ја заменија со лага, и му се поклонуваа и служеа на созданието место на Создателот, Кој е благословен довека, Амин!
26 Затоа Бог ги предаде на срамни страсти: нивните жени го заменија природното општење со неприродно;
27 мажите, исто така, го оставија природното општење со жена и се распалија со сладострасност еден кон друг, правејќи - мажи со мажи - срамни работи, добивајќи заслужена плата во себе за својата заблуда.
28 И бидејќи не се обидоа да Го имаат Бога во нивните мисли, Бог ги предаде на нивниот изопачен ум, за да прават што не прилега:
29 исполнети со секаков вид неправда, расипаност, алчност, зло; полни со завист, убиства, расправии, лукавства, подмолност; озборувачи,
30 клеветници, мразители на Бога, насилници, горди, самопофалувачи, измислувачи на зла, непокорни на родителите,
31 неразумни, неповерливи, без љубов и без милосрдие.
32 Тие ја знаат Божјата правда: дека оние, кои прават така, заслужуваат смрт, па сепак не само што го прават тоа, туку им одобруваат и на другите, кои прават.
 
Глава 2

1 Затоа немаш изговор човеку, кој судиш - кој и да си ти - зашто судејќи го другиот, самиот се осудуваш; бидејќи ти кој судиш, го правиш истото.
  2 А знаеме дека Божјиот суд е според вистината врз тие, кои прават такви работи.
  3 Мислиш ли, о човеку, кој им судиш на оние, кои прават такви работи, а истото го правиш, дека ќе го избегнеш Божјиот суд?
  4 Или ги презираш: богатството на Неговата благост, кротоста и долготрпеливоста, а не знаеш дека Божјата добрина те води кон покајание?
  5 Но со твојата закоравеност и со непокајаното срце самиот собираш гнев врз себе, за денот на гневот и на откривањето на праведниот Божји суд,
  6 Кој ќе му даде секому според неговите дела:
  7 на оние, кои со трпение прават добро и бараат слава, чест и непропадливост - вечен живот;
  8 а на оние, кои се противаат и не и се покоруваат на вистината, а се покоруваат на неправдата - гнев и јарост.
  9 Неволја и мака на секоја човечка душа, која прави зло; а најпрвин на Јудеец, па и на Грк!
10 А слава, чест и мир за секого, кој прави добро; а најпрвин на Јудеец, па и на Грк!
11 Зашто Бог не гледа на лице.
12 Зашто, кои згрешиле без Закон, без Закон и ќе загинат; а сите кои згрешиле под Закон, според Законот ќе бидат осудени.
13 Бидејќи, пред Бога не се праведни оние, кои само го слушаат Законот, а ќе бидат оправдани оние, кои се извршители на Законот.
14 Зашто кога народите, кои немаат Закон, го исполнуваат - по природа - она што Законот го бара; тогаш тие се, немајќи Закон, сами за себе закон.
15 Тие покажуваат дека делото на Законот е напишано во нивните срца, за што сведочат: нивната совест и нивните мисли, што меѓусебно се обвинуваат или се бранат,
16 во Денот, кога Бог преку Исуса Христа, според моето Евангелие, ќе ги суди човечките тајни.
17 Ако ти, кој се наречуваш Јудеец, се потпираш на Законот и се фалиш со Бога,
18 ја знаеш Неговата волја и, поучен од Законот, знаеш да го избереш подоброто;
19 и си уверен дека си водач на слепци, светлина на оние, кои се во темнина,
20 воспитач на неразумните, учител на младите, зашто имаш во Законот олицетворување на знаењето и вистината;
21 и така, ти, кој го учиш другиот, не ли се учиш самиот себе? Ти, кој проповедаш да не се краде, крадеш ли?
22 Ти, кој зборуваш да не се прави прељуба, не вршиш ли прељуба? Ти, кој се гнасиш од идолите, ги ограбуваш ли нивните храмови?
23 Ти, кој се фалиш со Законот, Го обесчестуваш ли Бога со престапување на Законот?
24 ”Па заради вас се хули Божјото име меѓу народите” - како што е напишано.
25 Секако, обрезанието е полезно, ако го исполнуваш Законот; но ако си престапник на Законот, твоето обрезание станува необрезание.
26 И така, ако необрезаниот ги пази прописите на Законот, нема ли неговото необрезание да му биде сметано како обрезание?
27 И така, оној, кој не е телесно обрезан, а го исполнува Законот, ќе ти суди тебе, кој си престапник на Законот - и покрај тоа што го имаш словото на Законот и обрезанието.
28 Зашто не е Јудеец оној, кој е тоа надворешно, ниту е вистинско обрезание она, што е надворешно - врз телото -
29 туку Јудеец е оној, кој е тоа во внатрешноста; а вистинското обрезание на срцето е по Дух, а не по буква. Неговата пофалба не е од луѓето, а од Бога.
 

Глава 3

1 И така, каква предност има Јудеецот? Или: каква е ползата од обрезанието?
  2 Голема, во секој однос. Прво: ним им се доверени Божјите слова.
  3 Па што! Ако некои беа неверни, зар нивната неверност ќе ја уништи Божјата верност?
  4 Далеку од тоа! Но, Бог нека е вистинит, а секој човек лажец, како што е напишано: „Да бидеш оправдан во своите зборови и да победиш кога се судиш.”
  5 Ако нашата неправда ја покажува Божјата правда, што ќе речеме? Дали е Бог неправеден, кога се гневи? (човечки зборувам).
  6 Далеку од тоа! Како Бог би можел тогаш да му суди на светот?
  7 Зашто, ако преку мојата лага се покаже уште повозвишена Божјата вистина за Неговата слава, зошто ми се суди уште како на грешник?
  8 ”Зошто да не правиме зло, за да дојде добро?” - како што нè клеветат некои и велат за нас, дека ние зборуваме така? Осудувањето на таквите е праведно.
  9 Што тогаш! Дали имаме предност? Никако, зашто веќе ги обвинуваме Јудејците и Грците, дека се сите под грев,
10 како што е напишано: „Нема никој праведен, нема ниту еден;
11 нема разумен, нема кој да Го бара Бога;
12 сите застранија, сите заедно станаа неполезни, нема кој да прави добро, нема ниту еден.”
13 Нивното грло е отворен гроб, измамуваат со јазиците; змиски отров е под нивните усни.
14 Устата им е полна со клевета и горчина.
15 Нозете им се брзи за пролевање крв;
16 запустување и беда се по нивните патишта;
17 тие не го познаваат патот на мирот.
18 Нема Божји страв пред нивните очи.”
19 А знаеме дека сè што вели Законот, им го зборува на оние, кои се под Законот, за да занеми секоја уста и за да биде целиот свет виновен пред Бога,
20 зашто со делата на Законот ниедно тело нема да се оправда пред Него; зашто преку Законот доаѓа самото познавање на гревот.
21 А сега, независно од Законот, се јави Божјата правда, за која сведочат Законот и пророците,
22 и тоа Божјата правда, преку верата во Исуса Христа, за сите кои веруваат, бидејќи нема разлика;
23 зашто сите згрешија и им недостасува Божјата слава,
24 но се оправдуваат од Неговата благодат, преку откупот во Христа Исуса,
25 Кого Бог Го постави за жртва на помирувањето преку вера, во Неговата крв, за да се покаже Неговата правда во пропуштањето на поранешните гревови, во времето на Божјото долготрпение;
26 та да ја покаже Својата правда во сегашно време, за да биде Самиот праведен и за да го оправда оној, кој е од верата на Исуса.
27 И така, каде е фалењето? Исклучено е. Според кој закон? Според законот на делата ли? Не, туку според законот на верата.
28 И така, ние заклучуваме дека човекот се оправдува преку верата, без делата на Законот.
29 Или Бог е само на Јудејците, а не и на народите? Да, и на народите,
30 зашто е само еден Бог, Кој ќе ги оправда обрезаните по вера и необрезаните преку вера.
31 Според тоа, дали го укинуваме Законот преку верата? Далеку од тоа! Туку, со тоа го утврдуваме Законот.


Глава 4

1 И така, што ќе речеме дека нашиот прататко Авраам добил по тело?
  2 Зашто, ако е Авраам оправдан врз основа на своите дела, може да се фали, но не пред Бога!
  3 Но, што вели Писмото: „Авраам Му поверува на Бога и тоа му се засмета за праведност.”
  4 А на оној, кој работи, платата не му се засметува по милост, туку по долг;
  5 додека на оној, кој не работи, а верува во Оној, Кој го оправдува безбожникот, неговата вера му се засметува за праведност,
  6 така и Давид го наречува блажен човекот, кому Бог му ја засметува праведноста без дела:
  7 ”Блажени се оние, чии беззаконија се простени и чии гревови се покриени!
  8 ”Блажен е човекот, кому Господ не му засметува грев!”
  9 Дали блаженството се однесува само за обрезаните, или и за необрезаните? Зашто ние велиме: „На Авраама верата му се засмета за праведност.”
10 Па како му се засмета? Кога беше обрезан или кога беше необрезан? Не кога беше обрезан, туку кога беше необрезан.
11 И го прими знакот на обрезанието како печат на праведноста, што ја доби преку верата како необрезан, за да им биде татко на сите, кои веруваат како необрезани; за да им се засмета и ним тоа во праведност,
12 и да им биде татко и на обрезаните, но не на оние, кои се само обрезани, туку кои и одат по стапките на верата на нашиот татко Авраам, која ја имаше додека уште беше необрезан.
13 Зашто, ветувањето на Авраама, или на неговото потомство, дека ќе биде наследник на светот, не дојде преку Законот, туку преку праведноста од верата.
14 Имено, ако се наследници само оние од Законот, тогаш верата е без значење; и ветувањето е поништено.
15 Зашто Законот донесува гнев; а каде нема Закон нема ни престапување!
16 Затоа тоа е од верата, за да биде по благодат, така што ветувањето да му биде обезбедено на сето потомство; не само на она од Законот, туку и на она од Авраамовата вера; кој е татко на сите нас,
17 како што е напишано: „Те поставив татко на многу народи” - пред Бога; Кому Му поверува; Кој ги оживува мртвите и ги повикува оние нешта што не се во битие.
18 Без надеж, тој се надеваше и поверува дека ќе стане татко на многу народи, според реченото: „Такво ќе биде твоето семе.”
19 И не ослабна во верата, кога го имаше во предвид своето веќе умртвено тело, зашто беше околу сто години, и умртвеноста на Сарината утроба;
20 не се посомнева во Божјото ветување, туку зајакна во верата и Му даде слава на Бога,
21 наполно уверен дека е силен да го исполни она што го ветил.
22 Затоа тоа му се засмета за праведност.
23 Но не е напишано само за него „дека му се засмета”
24 туку и за нас на кои ќе ни се засмета, затоа што веруваме во Оној, Кој Го воскресна од мртвите Исуса, нашиот Господ.
25 Кој беше предаден за нашите гревови и беше воскреснат за наше оправдание.
 
Глава 5

1 И така, бидејќи оправдани преку верата, имаме мир со Бога, преку нашиот Господ Исус Христос,
  2 преку Кого и пристапивме со вера во оваа благодат, во која стоиме, и се фалиме во надежта на Божјата слава.
  3 Но не само тоа, туку се фалиме и во неволјите, знаејќи дека неволјата раѓа трпение,
  4 трпението - искуство, а искуството - надеж;
  5 а надежта пак не разочарува, зашто Божјата љубов е излеана во нашите срца преку Светиот Дух, Кој ни е даден.
  6 Зашто, додека уште бевме слаби, Христос умре во определено време за безбожниците.
  7 За праведник одвај некој ќе умре, а за добриот можеби некој и ќе се осмели да умре.
  8 Но Бог ја покажа Својата љубов кон нас со тоа, што Христос умре за нас, додека уште бевме грешници.
  9 Сега, откако сме оправдани во Неговата крв, многу повеќе ќе се спасиме од гневот Божји преку Него.
10 Зашто, ако сме помирени со Бога преку смртта на Неговиот Син, додека бевме непријатели; толку повеќе - веќе помирени - ќе се спасиме во Неговиот живот.
11 И не само тоа, туку и се фалиме со Бога преку нашиот Господ Исус Христос, преку Кого добивме сега помирување.
12 Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот - смртта; така смртта помина на сите луѓе, зашто сите згрешија.
13 Имено: гревот беше во светот уште пред Законот; но гревот не се засметува кога нема Закон.
14 Смртта пак царуваше од Адама до Мојсеја и над оние, кои не згрешија со сличен престап како Адам, кој е слика на Оној кој доаѓа.
15 Но дарот на благодатта не е како престапувањето; зашто ако преку престапувањето на еден изумреа мнозина; многу поизобилно се излеа на мнозина Божјата благодат и дарот преку благодатта на еден Човек, Исус Христос.
16 И дарот не бидува како што се случи кога згреши еден. Имено, судот произлезе од еден кој погреши и така доведе до осуда, а благодатниот дар доведе од многу престапи, до оправдување.
17 Зашто, ако смртта зацари, заради престапувањето на еден; тоа многу повеќе оние - кои примаат изобилство на благодатта и дар на правдата - ќе царуваат во животот преку Едниот - Исус Христос.
18 И така, како што преку еден престап дојде осудување на сите луѓе, така и преку едно праведно дело дојде за сите луѓе оправданието, што донесува живот;
19 зашто, како што со непослушноста на еден човек мнозина станаа грешници, така и со послушноста на Еден мнозина ќе станат праведни.
20 А покрај тоа, Законот дојде за да се зголеми престапувањето; но каде што гревот се зголеми, таму благодатта се излеа преизобилно:
21 и како што гревот царуваше во смртта, така и благодатта да царува преку правдата за вечен живот преку нашиот Господ Исус Христос!
 
Глава 6

1 И така, што ќе речеме? Да останеме ли и натаму во гревот, за да се умножи благодатта?
  2 Далеку од тоа! Ние, кои умревме за гревот, како ќе живееме уште во него?
  3 Или зар не знаете дека сите ние, кои сме крстени во Исуса Христа, крстени сме во Неговата смрт?
  4 И така, преку крштавањето во смртта, погребани сме заедно со Него, - та како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Таткото, - така и ние да одиме во нов живот.
  5 Зашто ако сме соединети со Него во смртта слична на Неговата, ќе бидеме и во воскресението слично на Неговото.
  6 Тоа го знаеме: нашиот стар човек е распнат заедно со Него, за да биде уништено телото на гревот, па да не му робуваме веќе на гревот,
  7 зашто тој кој умрел, е оправдан од гревот.
  8 А ако умревме со Христа, веруваме дека и ќе живееме со Него,
  9 зашто знаеме дека Христос, Кој воскресна од мртвите, веќе не умира: смртта нема веќе власт над Него.
10 Зашто, ако умрел - умрел за гревот еднаш засекогаш, а што живее - живее за Бога.
11 Така и вие сметајте се себеси мртви за гревот, но живи за Бога во Исуса Христа нашиот Господ!
12 И така, нека не царува гревот во вашето смртно тело, па да ги слушате неговите страсни желби!
13 И не давајте му ги вашите членови на гревот за оружје на неправдата, туку предавајте Му се сами себеси на Бога, како оживени од мртвите, а вашите членови на Бога за оружје на правдата!
14 Имено, гревот не ќе има веќе власт над вас, зашто не сте под Законот, туку под благодатта.
15 Па што? Да грешиме ли, зашто не сме под Законот, а под благодатта? Да не биде!
16 Не знаете ли: ако некому му се предадете за робови во послушност - робови сте му на оној, кому му се покорувате: или на гревот - за смрт; или на послушноста - за праведност?
17 Но благодарејќи Му на Бога, зашто вие, откако му бевте робови на гревот, му станавте послушни од сè срце на примерот на науката, на која и бевте предадени
18 па така, ослободени од гревот, станавте слуги на правдата.
19 Зборувам по човечки заради слабоста на вашето тело: како што некогаш ги предадовте вашите членови да им служат на нечистотата и на беззаконието, за беззаконство; така сега предадете ги вашите членови да и служат на правдата, за осветување!
20 Зашто, кога бевте робови на гревот, бевте слободни од правдата.
21 А каков плод имавте тогаш, од оние работи, заради кои се срамите денес, зашто нивниот крај е смртта?!
22 Но сега, откако сте ослободени од гревот и откако се поставивте во служба на Бога - го имате вашиот плод - осветувањето; а вечниот живот - за крај,
23 зашто смртта е плата за грев, но благодатниот Божји дар е - вечен живот во Христа Исуса, нашиот Господ.
 
Глава 7

  1 Или не знаете ли, браќа - им зборувам на оние, кои го познаваат Законот, дека законот има власт над човекот додека е жив?
  2 Така, омажената жена преку закон е врзана за мажот, додека е тој жив; но ако мажот умре, слободна е од законот, што ја сврзал со мажот.
  3 Според тоа, ако му стане жена на друг, додека нејзиниот маж живее, ќе биде прељубница; но ако мажот и умре, слободна е од законот, и не е прељубница, ако се омажи за друг.
  4 Така и вие, браќа мои, умревте за законот преку Христовото тело, за да Му припаднете на Другиот, Кој воскресна од мртвите, за да Му донесеме плод на Бога.
  5 Зашто, додека бевме во телото, во нашите членови дејствуваа грешни страсти, кои Законот ги побудуваше, така што ги донесувавме плодовите на смртта.
  6 А сега, се ослободивме од Законот, откако умревме за оној, кој нè потчинуваше, за да служиме во нов дух, а не во старата буква.
  7 И така, што да речеме? Дали е Законот грев? Далеку од тоа! Сепак, јас го запознав гревот само преку Законот, зашто не би ја запознал страсната желба, ако Законот не рече: „Не ќе пожелуваш!”
  8 А гревот најде повод во заповедта и предизвика во мене секаква желба, зашто без Закон - гревот е мртов.
  9 И јас живеев некогаш без Законот; но кога дојде заповедта гревот оживе, а јас умрев;
10 и се покажа дека заповедта, што беше дадена за живот, ме водеше во смрт;
11 имено, гревот, откако доби повод во заповедта, ме заведе и ме уби преку неа.
12 Затоа Законот е свет; а и заповедта е света, и праведна, и добра.
13 Дали тоа значи дека доброто стана смрт за мене? Да не биде! Туку гревот, за да се покаже како грев, се послужи со доброто и ми предизвика смрт, за да стане гревот - со посредство на заповедта - прекумерно грешен.
14 Зашто знаеме дека Законот е духовен, а јас сум телесен, продаден, под грев.
15 Така, не знам што правам; зашто не го правам она, што го сакам, туку го правам она, што го мразам.
16 Ако пак го правам, она што не го сакам, се согласувам со Законот дека тој е добар.
17 Зашто тоа веќе не го правам јас, туку гревот, кој живее во мене.
18 Имено, јас знам дека никакво добро не живее во мене, односно во моето тело; зашто, желба за добро има во мене, но не и сила за да го правам тоа,
19 зашто не го правам доброто, што го сакам, туку го правам злото, што не го сакам.
20 А ако го правам она што не го сакам, не го правам веќе јас, туку гревот, кој живее во мене.
21 И така, го наоѓам овој закон: дека кога сакам да правам добро, злото е близу.
22 Вистина, со мојот внатрешен човек наоѓам наслада во Божјиот Закон,
23 но, гледам друг закон во моите членови, кој војува против законот на мојот ум, и ме заробува под законот на гревот, што е во моите членови.
24 Беден човек сум јас! Кој ќе ме спаси од ова смртоносно тело!
25 Му благодарам на Бога преку Исуса Христа, нашиот Господ!
26 И така, јас самиот со умот му служам на Божјиот Закон, а со телото на законот на гревот.
 
Глава 8

1 И така, сега нема осудување за оние, кои се во Христа Исуса, и одат не по телото, а по Духот.
  2 Зашто законот на Духот на животот во Христа Исуса ме ослободи од законот на гревот и смртта.
  3 Зашто тоа, што му беше невозможно на Законот, зашто беше слаб заради телото, Бог го изврши: испраќајќи Го - заради гревот - Својот Син во обличје слично на грешното тело и, поради грев, го осуди гревот во телото,
  4 па, праведноста, што Законот ја бара, да се исполни во нас, - кои не одиме по телото, туку по Духот.
  5 Зашто, кои се по телото, мислат за телото, додека оние, по Духот, мислат за нештата на Духот.
  6 Бидејќи мудрувањето на телото, е смрт; а мудрувањето на Духот: живот и мир;
  7 зашто мудрувањето на телото е непријателство против Бога, бидејќи не му се покорува на Божјиот Закон, ниту пак може.
  8 Оние, кои се во телото, не можат да Му угодат на Бога.
  9 Но вие не сте во телото, туку во Духот, ако Божјиот Дух навистина живее во вас. Но, ако некој Го нема Христовиот Дух, не е Негов.
10 А ако е Христос во вас, тогаш телото е мртво заради гревот, а духот е жив заради правдата.
11 Ако навистина во вас живее Духот на Оној, Кој Го воскресна Исуса од мртвите; Оној Кој Го воскресна Христа, ќе ги оживи и вашите смртни тела преку Својот Дух, Кој живее во вас.
12 Според тоа, браќа, не сме му должници на телото, за да живееме по телото.
13 Зашто, ако живеете по телото, ќе умрете; но ако преку Духот ги умртвувате телесните дејства - ќе живеете.
14 Сите оние, кои ги води Божјиот Дух - тие се Божји синови.
15 Имено, не го примивте духот на ропството, за да бидете пак во страв, туку го примивте Духот на посинувањето, со кој викаме: „Ава - Татко!”
16 Самиот Дух сведочи заедно со нашиот дух дека сме Божји чеда.
17 Ако сме чеда, тогаш сме и наследници: Божји наследници, а Христови сонаследници - ако страдаме со Него, со Него и да се прославиме.
18 Зашто сметам дека страдањата на сегашното време не се ништо во споредба со славата, која ќе ни се открие нам.
19 Зашто сето создание со нетрпелив копнеж го очекува откривањето на Божјите синови -
20 имено, созданието и беше потчинето на суетата, не доброволно, туку од оној, кој го потчини - во надеж
21 дека и самото создание ќе биде ослободено од ропството на распаѓањето; во слобода на славата на Божјите деца.
22 Имено, знаеме дека целото создание заедно воздивнува и страда во родилни маки досега.
23 И не само тоа, туку и ние, кои го имаме Духот како прв дар; ние самите воздивнуваме во себе чекајќи го посинувањето: откупувањето на нашето тело.
24 Зашто, во оваа надеж ние се спасивме. А надежта која се гледа не е надеж; зашто, кога некој нешто гледа, зошто да му се надева?
25 Но ако се надеваме на она што не го гледаме, тогаш го чекаме со трпение.
26 Исто така и Духот и помага на нашата слабост, зашто ние не знаеме за што да се молиме, како што треба: но Самиот Дух посредува за нас со неискажливи воздишки.
27 А Оној, Кој ги испитува срцата, знае какво е значењето на Духот, зашто по Божјата волја се моли за светите.
28 Но знаеме дека сите работи содејствуваат за добро на оние, кои Го љубат Бога, кои се повикани по Неговата намера;
29 зашто оние кои ги познаваше однапред, нив и ги предопредели да се преобразат според ликот на Неговиот Син, за Тој да биде Првороденец меѓу многуте браќа.
30 А оние кои ги предопредели, тие и ги повика; кои ги повика, тие и ги оправда; кои ги оправда, тие и ги прослави.
31 И така, што да речеме на ова? Ако е Бог за нас, кој ќе биде против нас?
32 Оној, Кој не Го поштеди ни сопствениот Син, туку Го предаде за сите нас, како не ќе ни подари сè друго со Него?
33 Кој ќе ги обвини Божјите избраници? Бог ли, Кој ги оправдува?
34 Кој е оној кој ќе ги осуди? Христос Исус ли, Кој умре - но уште и воскресна - Кој е од десната страна на Бога и Кој се застапува за нас?
35 Кој ќе нè одвои од Христовата љубов? Неволјата ли, или притеснувањето, или гонењето, или гладот, или голотата, или гибелта или мечот?
36 Како што е напишано: „Заради Тебе нè убиваат постојано, нè сметаат како овци за клање.”
37 Но во сè ова победуваме надмоќно преку Оној, Кој нè возљуби.
38 Зашто сум уверен дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите,
39 ни височината, ни длабочината, ниту некое друго создание, ќе може да нè оддели од Божјата љубов, која е во Христа Исуса, нашиот Господ.

 

 

http://preminportal.com.mk/content/view/7250/54/

Превод од англиски: С.Л.

(Светото Писмо во електронски облик е преземено од веб-страницата   http://www.mkbible.net/biblija/index.php

 

 

(Светото Писмо во електронски облик е преземено од веб-презентацијата http://www.mkbible.net/biblija/index.php)


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

« »

Православен календар

 

28/07/2024 - недела

+Св. ап.Акила; преп.Никодим Светогорец

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Нема ученик поголем од својот учител,но радоста учителска е потполна кога ученикот го продолжи делото, Христе Боже наш, Атиноген свети...

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Христос Тајновидецот очите на разумот ви ги отвори,а Павле апостолот во верата ве утврди,о свети сопружници Акиле и Прискило,вие кои...

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Водачу на небесните војски,ние недостојните секогаш те молиме,со твоите молитви да нѐ оградишпод кровот на крилјатана твојата слава бестелесна,пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная